Моќта на кучето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mokjta-na-kucheto/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Feb 2022 17:50:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моќта на кучето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mokjta-na-kucheto/ 32 32 Дванаесет номинации за „Оскар“ за филмот „Моќта на кучето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dvanaeset-nominacii-za-oskar-za-filmot-mokjta-na-kucheto/ Tue, 08 Feb 2022 17:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=455851

Американската академија за филмски уметности и науки ги соопшти овогодишните номинации за 94-тото издание на Оскарите. На листата со кандидати за филмските награди кои секоја година се доделуваат како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, „Моќта на кучето“ води меѓу номинираните филмови со 12 номинации, пренесе Си-Ен-Ен.

Режисерката на филмот, Џејн Кемпион, влезе во историјата со тоа што стана првата жена која повеќе пати била номинирана за најдобар режисер, бидејќи нејзината претходна номинација беше за филмот „Пијано“.

Филмот, „Дина“ има десет номинации, а „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“ добија по седум номинации.

Нов рекорд постави и режисерот Стивен Спилберг. Како продуцент на „Приказна од западната страна“, филм којшто заработи 7 номинации, Спилберг стана продуцент на 11 филма номинирани во категоријата најдобар филм, што е нов рекорд на „Оскарите“.

Дензел Вашингтон го продолжи рекордот што веќе го држи како најноминиран афроамерикански актер, добивајќи ја својата десетта номинација за „Оскар“ за неговата изведба во „Трагедијата на Магбет“.

Доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи на 27 март.

Во продолжение се дел од категориите и номинациите:

Најдобар филм

„Белфаст“

„КОДА“

„Не гледај нагоре“

„Вози го мојот автомобил“

„Дина“

„Кралот Ричард“

„Ликориш пица“

„Алејата на кошмарот“

„Моќта на кучето“

„Приказна од западната страна“

Најдобра актерка во споредна улога

Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“

Аријана ДеБозе, „Приказна од западната страна“

Џуди Денч, „Белфаст“

Кирстен Данст, „Моќта на кучето“

Онџану Елис, „Кралот Ричард“

Најдобар актер во споредна улога

Киран Хајндс, „Белфаст“

Трој Котсур, „КОДА“

Џеси Племонс, „Моќта на кучето“

Џ.К. Симонс, „Да се биде Рикардо“

Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“

Најдобар странски филм

„Вози го мојот автомобил“

„Бегство“

„Божјата рака“

„Лунана: Јак во училницата“

„Најлошата личност на светот“

Најдобар анимиран филм

„Енканто“

„Бегство“

„Лука“

„Мишел наспроти машините“

„Раја и последниот змеј“

Најдобра песна

„Be alive“ од „Кралот Ричард“

„Dos Oruguitas oд“„Енканто“

„Down to joy“ од „Белфаст“

„No Time To Die“ од „Нема време за умирање“

„Somehow You Do“ од „Четири добри денови“

Најдобро адаптирано сценарио

„КОДА“

„Вози го мојот автомобил“

„Дина“

„Изгубената ќерка“

„Моќта на кучето“

Најдобро оригинално сценарио

„Белфаст“

„Не гледај нагоре“

„Кралот Ричард“

„Ликориш пица“

Најдобар актер во главна улога

Хавиер Бардем, „Да се биде Рикардо“

Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“

Ендрју Гарфилд, „Тик, тик … бум!“

Вил Смит, „Кралот Ричард“

Дензел Вашингтон, „Трагедијата на Магбет“

Најдобра актерка во главна улога

Џесика Честејн, „Очите на Тами Феј“

Оливија Колман, „Изгубената ќерка“

Пенелоп Круз, „Паралелни мајки“

Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“

Кристен Стујарт, „Спенсер“

Најдобар режисер

Кенет Брана, „Белфаст“

Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“

Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“

Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“

Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“

 

The post Дванаесет номинации за „Оскар“ за филмот „Моќта на кучето“ appeared first on Република.

]]>

Американската академија за филмски уметности и науки ги соопшти овогодишните номинации за 94-тото издание на Оскарите. На листата со кандидати за филмските награди кои секоја година се доделуваат како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, „Моќта на кучето“ води меѓу номинираните филмови со 12 номинации, пренесе Си-Ен-Ен. Режисерката на филмот, Џејн Кемпион, влезе во историјата со тоа што стана првата жена која повеќе пати била номинирана за најдобар режисер, бидејќи нејзината претходна номинација беше за филмот „Пијано“. Филмот, „Дина“ има десет номинации, а „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“ добија по седум номинации. Нов рекорд постави и режисерот Стивен Спилберг. Како продуцент на „Приказна од западната страна“, филм којшто заработи 7 номинации, Спилберг стана продуцент на 11 филма номинирани во категоријата најдобар филм, што е нов рекорд на „Оскарите“. Дензел Вашингтон го продолжи рекордот што веќе го држи како најноминиран афроамерикански актер, добивајќи ја својата десетта номинација за „Оскар“ за неговата изведба во „Трагедијата на Магбет“. Доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи на 27 март. Во продолжение се дел од категориите и номинациите: Најдобар филм „Белфаст“ „КОДА“ „Не гледај нагоре“ „Вози го мојот автомобил“ „Дина“ „Кралот Ричард“ „Ликориш пица“ „Алејата на кошмарот“ „Моќта на кучето“ „Приказна од западната страна“ Најдобра актерка во споредна улога Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“ Аријана ДеБозе, „Приказна од западната страна“ Џуди Денч, „Белфаст“ Кирстен Данст, „Моќта на кучето“ Онџану Елис, „Кралот Ричард“ Најдобар актер во споредна улога Киран Хајндс, „Белфаст“ Трој Котсур, „КОДА“ Џеси Племонс, „Моќта на кучето“ Џ.К. Симонс, „Да се биде Рикардо“ Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“ Најдобар странски филм „Вози го мојот автомобил“ „Бегство“ „Божјата рака“ „Лунана: Јак во училницата“ „Најлошата личност на светот“ Најдобар анимиран филм „Енканто“ „Бегство“ „Лука“ „Мишел наспроти машините“ „Раја и последниот змеј“ Најдобра песна „Be alive“ од „Кралот Ричард“ „Dos Oruguitas oд“„Енканто“ „Down to joy“ од „Белфаст“ „No Time To Die“ од „Нема време за умирање“ „Somehow You Do“ од „Четири добри денови“ Најдобро адаптирано сценарио „КОДА“ „Вози го мојот автомобил“ „Дина“ „Изгубената ќерка“ „Моќта на кучето“ Најдобро оригинално сценарио „Белфаст“ „Не гледај нагоре“ „Кралот Ричард“ „Ликориш пица“ Најдобар актер во главна улога Хавиер Бардем, „Да се биде Рикардо“ Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“ Ендрју Гарфилд, „Тик, тик … бум!“ Вил Смит, „Кралот Ричард“ Дензел Вашингтон, „Трагедијата на Магбет“ Најдобра актерка во главна улога Џесика Честејн, „Очите на Тами Феј“ Оливија Колман, „Изгубената ќерка“ Пенелоп Круз, „Паралелни мајки“ Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“ Кристен Стујарт, „Спенсер“ Најдобар режисер Кенет Брана, „Белфаст“ Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“ Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“ Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“ Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“  

The post Дванаесет номинации за „Оскар“ за филмот „Моќта на кучето“ appeared first on Република.

]]>
„Моќта на кучето“ и „Приказна од Вест Сајд“ триумфираа на доделувањето на „Златните глобуси“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/mokjta-na-kucheto-i-prikazna-od-vest-sajd-triumfiraa-na-dodeluvanjeto-na-zlatnite-globusi/ Mon, 10 Jan 2022 10:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=442518

Вестернот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) и римејкот на „Приказна од западната страна“ (West Side Story) освоија најмногу награди на мала церемонија на доделување „Златни глобуси“ што се одржа без вообичаената сјајна постава на врвни холивудски телевизиски и филмски ѕвезди.

Актерите, режисерите и филмските студија годинава во голема мера го игнорираа настанот по критиките во 2021 година дека неговите организатори, Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA), работеле со сомнителни етички политики и без афроамерикански членови.

Телевизијата „Ен-би-си“, која со години наназад ја пренесуваше церемонијата, одлучи да не ги емитува овогодинешните награди.

„Приказната од западната страна“ на Стивен Спилберг, сторија за млада љубов што се раѓа во рамки на ривалски улични банди, беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија филм. Во продукција на „Волт Дизни ко“, филмот заработи вкупно три трофеи, вклучувајќи го и тој за најдобрата актерка, кој заврши во рацете на Рејчел Зеглер.

„Моќта на кучето“ на „Нетфликс“ исто така освои три награди, вклучително и за најдобра режија, Џејн Кемпион.

Други актерски почести му припаднаа на Вил Смит за улогата на решителниот татко на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во King Richard и Никол Кидман за улогата Лусил Бол во „Being the Ricardos“. Ендрју Гарфилд ја освои наградата најдобар актер за улогата на драматургот Џонатан Ларсон во мјузиклот Tick, Tick… Boom.

The post „Моќта на кучето“ и „Приказна од Вест Сајд“ триумфираа на доделувањето на „Златните глобуси“ appeared first on Република.

]]>

Вестернот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) и римејкот на „Приказна од западната страна“ (West Side Story) освоија најмногу награди на мала церемонија на доделување „Златни глобуси“ што се одржа без вообичаената сјајна постава на врвни холивудски телевизиски и филмски ѕвезди. Актерите, режисерите и филмските студија годинава во голема мера го игнорираа настанот по критиките во 2021 година дека неговите организатори, Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA), работеле со сомнителни етички политики и без афроамерикански членови. Телевизијата „Ен-би-си“, која со години наназад ја пренесуваше церемонијата, одлучи да не ги емитува овогодинешните награди. „Приказната од западната страна“ на Стивен Спилберг, сторија за млада љубов што се раѓа во рамки на ривалски улични банди, беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија филм. Во продукција на „Волт Дизни ко“, филмот заработи вкупно три трофеи, вклучувајќи го и тој за најдобрата актерка, кој заврши во рацете на Рејчел Зеглер. „Моќта на кучето“ на „Нетфликс“ исто така освои три награди, вклучително и за најдобра режија, Џејн Кемпион. Други актерски почести му припаднаа на Вил Смит за улогата на решителниот татко на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во King Richard и Никол Кидман за улогата Лусил Бол во „Being the Ricardos“. Ендрју Гарфилд ја освои наградата најдобар актер за улогата на драматургот Џонатан Ларсон во мјузиклот Tick, Tick… Boom.

The post „Моќта на кучето“ и „Приказна од Вест Сајд“ триумфираа на доделувањето на „Златните глобуси“ appeared first on Република.

]]>