Мој Термин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moj-termin/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 11:58:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мој Термин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moj-termin/ 32 32 Во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле, се бара решение за овој проблем во јавното здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-skopje-za-kompjuterska-tomografija-od-4-070-zakazhani-termini-970-ne-doshle-se-bara-reshenie-za-ovoj-problem-vo-javnoto-zdravstvo/ Fri, 22 Nov 2024 11:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=840785

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура.

Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини.

Само треба да се решиме на кој начин тоа ќе се направи, одговори Андовски на новинарско прашање.

Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период.

Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

The post Во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле, се бара решение за овој проблем во јавното здравство appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски. Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.
Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало, посочи Андовски.
Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура. Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини.
Само треба да се решиме на кој начин тоа ќе се направи, одговори Андовски на новинарско прашање.
Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период.
Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме, подвлече тој.
Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

The post Во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле, се бара решение за овој проблем во јавното здравство appeared first on Република.

]]>
„Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/moj-termin-vecherva-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski-na-mnt/ Thu, 19 Sep 2024 10:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=817747

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов.
Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски.

Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.

The post „Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски. Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.  

The post „Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>
Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени установи, приватни и јавни, ФЗОМ и фармации да бидат во еден ист систем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-na-makedonija-trebaat-site-zdravstveni-ustanovi-privatni-i-javni-fzom-i-farmatsii-da-bidat-vo-eden-ist-sistem/ Mon, 12 Aug 2024 10:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=805775

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација.

На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции, изјави Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реновиарните простории на Универзитетскиот институт за радиологија.

Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина - консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот и да го прегледа физички.

Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова потврди дека како институција, имаат испратено неколку дописи до „Мој термин“ за настанат проблем, особено за итни пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар.

- Значи, немаме можност и да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени, кој е проблемот со што доаѓаат кај нас, за да им се изврши одредена дијагностичка процедура. Се надеваме дека „Мој термин“ ќе покаже слух за овој проблем, затоа што, верувајте, за да се постави една дијагноза за состојбата на пациентот и тоа како ни се потребни информациите што доаѓаат однадвор - дали е тоа лабораторија, дали е тоа клинички преглед, дали се тоа други дополнителни иследувања, појасни Николова.

Министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој беше прашан и каде е заглавен процесот во врска со нови лекови на Позитивната листа.

Не е заглавен воопшто. Со директорот на ФЗОМ сме во редовна комуникација, чекаме да се формира УО на ФЗОМ. На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лека што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа, подвлече Таравари.

The post Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени установи, приватни и јавни, ФЗОМ и фармации да бидат во еден ист систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација. На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции, изјави Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реновиарните простории на Универзитетскиот институт за радиологија. Како што информираше тој, веќе се разговарало и за користење телемедицина - консултации од дистанца. За одредени прашања, појасни министерот, пациентот не мора да доаѓа на клиника, туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца. Доколку има потреба, потоа докторот би го повикал пациентот и да го прегледа физички. Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова потврди дека како институција, имаат испратено неколку дописи до „Мој термин“ за настанат проблем, особено за итни пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар. - Значи, немаме можност и да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени, кој е проблемот со што доаѓаат кај нас, за да им се изврши одредена дијагностичка процедура. Се надеваме дека „Мој термин“ ќе покаже слух за овој проблем, затоа што, верувајте, за да се постави една дијагноза за состојбата на пациентот и тоа како ни се потребни информациите што доаѓаат однадвор - дали е тоа лабораторија, дали е тоа клинички преглед, дали се тоа други дополнителни иследувања, појасни Николова. Министерот информираше дека најверојатно денеска ќе биде распишан нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој беше прашан и каде е заглавен процесот во врска со нови лекови на Позитивната листа.
Не е заглавен воопшто. Со директорот на ФЗОМ сме во редовна комуникација, чекаме да се формира УО на ФЗОМ. На првиот состанок на УО ќе бидат поминати деветте лека што се веќе испратени од Министерството за здравство, а штом се помине таму, јас ќе ги потпишам истиот ден и ќе го промовираме и ќе го кажеме тоа, подвлече Таравари.
   
The post Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени установи, приватни и јавни, ФЗОМ и фармации да бидат во еден ист систем appeared first on Република.

]]>
Термините за магнетна резонанца ќе бидат објавувани на Мој Термин, нема да има снимање преку ред https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/terminite-za-magnetna-rezonantsa-ke-bidat-objavuvani-na-moj-termin-nema-da-ima-snimane-preku-red/ Mon, 04 Mar 2024 09:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=750972

Министерот за здравство Илир Демири во гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека има решение за потешкотиите што се јавуваат за закажување на магнетна резонанца и приоритет треба да им се даде на пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување и малигни заболувања, а сите други треба да се дисперзираат.

„Има решение, оти има злоупотреба, а пропо закажување на магнетна резонанца, оти има критериуми прво со кое „миџинг* техника се оди, па после доаѓаме до магнетна резонанца. Јас имам чувство дека многу пати се назначува магнетна резонанца без да има крајна цел, јасна индикација. Затоа е воведено во „Мој Термин“ некое ограничување кое важи за пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување, така, малигни заболувања, на тие да им се даде приоритет. Додека, сите други кои имаат потреба за магнетна резонанца треба да се дисперзираат. Значи, што сметам за тоа? Има магнетна резонанца во Прилеп, има магнетна резонанца во Тетово и треба да се дисперзираат пациентите со одредени патологии“, рече Демири.

Демири информираше дека веќе разговарал со директорот на „Мој Термин“ и се договориле листа на чекање да биде објавена во „Мој Термин“.

И според таа листа која е електронска, откако ќе се внесат пациенти не може да се има упат, мој, твој, па да се прескокне редот. Тоа веќе е воведено и дадено како задолжение за да може да има покоректен пристап секој и да се чувствува посигурен. Ќе овозможам колегите оператори, хирурзи кои сакаат дополнителна пракса да може да работат и дополнително, но не на сметка на овие кои се комплетно покриени од Фондот за здравство. И нешто друго со што мислам дека ќе се согласи целата јавност за приватни пациенти ќе има една категорија независно дали се државјани на Македонија или доаѓаат од Сиднеј да се лекуваат тука. Значи тие ќе бидат приватни пациенти. Мислам дека меѓународно право вака ќе биде задоволно, како нашите граѓани кои одат по странство да се лекуваат, па плаќаат приватно и не се дискриминирани со нивните државјани. Ова е многу важно, јас повеќе сум за промоција на нашите стручњаци отколку за промоција на цени. Имаме доста квалитетни стручњаци кои може да повлечат пациенти тука и да одиме кон развој на медицински туризам, изјави Демири.

The post Термините за магнетна резонанца ќе бидат објавувани на Мој Термин, нема да има снимање преку ред appeared first on Република.

МВР бара да смениме документи со „Северна“ а на нивната страница стои „Република Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-bara-da-smenime-dokumenti-so-severna-a-na-nivnata-stranitsa-stoi-republika-makedonija/ Fri, 11 Aug 2023 09:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=671072

Најавата на МВР дека до февруари мора да се сменат личните документи со новото име ги револтираше граѓаните. Тие оправдано негоуваат дека е неразбирливо важечки документи да мора да се сменат и тоа да биде на нивен грб. Ако е така, велат тие промената на документите треба да биде на сметка на државата.

Но, власта на СДСМ и ДУИ сугурно нема да се откаже од неколку милиони евра за промена на документите па граѓаните деновиве го „сардисаа“ сајтот на МВР во обид да закажат термин. На телефонскиот број за закажување со часови никој не се јавува и „сите оператори се зафатени“, додека на интернет страницата на Министерството најчестиот одговор што го дава е „Не постои слободен термин за бараниот термин“.

Така е за секој термин, велат граѓаните.

Но, она што најмногу ги револтира граѓаните е што на интернет страницата на МВР за закажување стои „Република Македонија“ а се бара да извадиме документи со „Северна“.

The post МВР бара да смениме документи со „Северна“ а на нивната страница стои „Република Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Најавата на МВР дека до февруари мора да се сменат личните документи со новото име ги револтираше граѓаните. Тие оправдано негоуваат дека е неразбирливо важечки документи да мора да се сменат и тоа да биде на нивен грб. Ако е така, велат тие промената на документите треба да биде на сметка на државата. Но, власта на СДСМ и ДУИ сугурно нема да се откаже од неколку милиони евра за промена на документите па граѓаните деновиве го „сардисаа“ сајтот на МВР во обид да закажат термин. На телефонскиот број за закажување со часови никој не се јавува и „сите оператори се зафатени“, додека на интернет страницата на Министерството најчестиот одговор што го дава е „Не постои слободен термин за бараниот термин“.
Така е за секој термин, велат граѓаните.
Но, она што најмногу ги револтира граѓаните е што на интернет страницата на МВР за закажување стои „Република Македонија“ а се бара да извадиме документи со „Северна“.  

The post МВР бара да смениме документи со „Северна“ а на нивната страница стои „Република Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Функционира „Моe oсигурување“, велат од Фонд за здравство чиј систем е хакиран од 6 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/funktsionira-moe-osiguruvane-velat-od-fond-za-zdravstvo-chij-sistem-e-hakiran-od-6-fevruari/ Mon, 20 Feb 2023 09:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=610971

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.

До овој момент „Мој термин" ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.

Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.

Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници.

The post Функционира „Моe oсигурување“, велат од Фонд за здравство чиј систем е хакиран од 6 февруари appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.
До овој момент „Мој термин" ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.
Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста. Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници.

The post Функционира „Моe oсигурување“, велат од Фонд за здравство чиј систем е хакиран од 6 февруари appeared first on Република.

]]>
МЗ: „Мој термин“ функционира непречено https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-moj-termin-funktsionira-neprecheno/ Fri, 10 Feb 2023 09:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=607282

Од Управата за електронско здравство информираат дека националниот систем за електронска евиденција во здравството, „Мој термин“, функционира непречено.

Пациентите можат континуирано да се лекуваат во сите здравствени установи и матичните лекари можат да вршат секојдневни прегледи, да издаваат упати и рецепти, кои се подигнуваат во аптеките без застој, се наведува во соопштението.

The post МЗ: „Мој термин“ функционира непречено appeared first on Република.

Во „Мој термин“ се воведува поле „женско здравје“ каде што ќе ги има извештаите од ехо, мамографија, преглед на дојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-moj-termin-se-voveduva-pole-zhensko-zdravje-kade-shto-ke-gi-ima-izveshtaite-od-eho-mamografija-pregled-na-dojka/ Wed, 25 Jan 2023 07:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=600685

Националниот систем „Мој термин“ на барање на Македонското лекарско друштво (МЛД) ќе воведе поле „женско здравје“ каде што лекарот кој ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија.

– На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е незјиниот вакцинален статус, изјави проф. д-р Горан Димитров, претседаттел на МЛД.

Од 23 до 29 јануари се одбележува Недела на борба против ракот на грлото на матката. На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија (членки на МЛД) беше истакнато ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак.

На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години.

Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.

Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза.

Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.

Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.

Во однос на вакцините на прес-конфернецијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век.

Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.

ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска.

Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира.

Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат.

Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување.

Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

The post Во „Мој термин“ се воведува поле „женско здравје“ каде што ќе ги има извештаите од ехо, мамографија, преглед на дојка appeared first on Република.

]]>

Националниот систем „Мој термин“ на барање на Македонското лекарско друштво (МЛД) ќе воведе поле „женско здравје“ каде што лекарот кој ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија. – На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е незјиниот вакцинален статус, изјави проф. д-р Горан Димитров, претседаттел на МЛД. Од 23 до 29 јануари се одбележува Недела на борба против ракот на грлото на матката. На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија (членки на МЛД) беше истакнато ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак. На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години.
Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.
Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза. Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.
Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.
Во однос на вакцините на прес-конфернецијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век. Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.
ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска.
Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира. Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат. Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување. Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

The post Во „Мој термин“ се воведува поле „женско здравје“ каде што ќе ги има извештаите од ехо, мамографија, преглед на дојка appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари утре ќе протестираат, нема да издаваат рецепти и нема да користат „Мој термин“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/matichnite-lekari-utre-kje-protestiraat-nema-da-izdavaat-recepti-i-nema-da-koristat-moj-termin/ Thu, 17 Feb 2022 11:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=459831

Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, додека ќе примаат само итни случаи. Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија.

Матичните бараат и воведување на минимална партиципација. Тие предлагаат да се плаќа 50 денари за прв влез во месецот, а останатите прегледи да не ги плаќа пациентот.

За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.

The post Матичните лекари утре ќе протестираат, нема да издаваат рецепти и нема да користат „Мој термин“ appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, додека ќе примаат само итни случаи. Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија. Матичните бараат и воведување на минимална партиципација. Тие предлагаат да се плаќа 50 денари за прв влез во месецот, а останатите прегледи да не ги плаќа пациентот. За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.

The post Матичните лекари утре ќе протестираат, нема да издаваат рецепти и нема да користат „Мој термин“ appeared first on Република.

]]>