Мој ДДВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moj-ddv/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 18:31:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мој ДДВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moj-ddv/ 32 32 Почнува исплатата на „Мој ДДВ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-isplatata-na-moj-ddv/ Tue, 12 Nov 2024 14:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=836853

Ако скенирате фискални, проверете ги сметките. Од денеска започна исплатата на Мој ДДВ за третото тримесечје од годинава, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ. Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари.

Како што беше практиката и досега, се очекува парите за сите оние кои што денеска ги немаат парите на своја сметка, а скенирале, да бидат исплатени до крајот на неделава.

The post Почнува исплатата на „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

]]>

Ако скенирате фискални, проверете ги сметките. Од денеска започна исплатата на Мој ДДВ за третото тримесечје од годинава, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ. Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари. Како што беше практиката и досега, се очекува парите за сите оние кои што денеска ги немаат парите на своја сметка, а скенирале, да бидат исплатени до крајот на неделава.

The post Почнува исплатата на „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

]]>
Добра вест: До крајот на неделата ќе легнат парите на сметка за „Мој ДДВ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dobra-vest-do-krajot-na-nedelata-ke-legnat-parite-na-smetka-za-moj-ddv/ Mon, 26 Aug 2024 15:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=810336

До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април - јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи.

- Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација, велат од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка да ја внесат точно својата трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот на ДДВ.

Исплатата на средствата се реализира по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

The post Добра вест: До крајот на неделата ќе легнат парите на сметка за „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

]]>

До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април - јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи.
- Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација, велат од УЈП.
Апелираат до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка да ја внесат точно својата трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот на ДДВ. Исплатата на средствата се реализира по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

The post Добра вест: До крајот на неделата ќе легнат парите на сметка за „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

]]>
Деновиве се очекува исплата на „Мој ДДВ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/denovive-se-ochekuva-isplata-na-moj-ddv/ Sat, 24 Aug 2024 16:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=809802

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираа од УЈП.

Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот. Тој беше изгласан на 12 август, по што следуваа и реакции на граѓаните за доцнењето на исплатата.

The post Деновиве се очекува исплата на „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

Поврат на пари од „Мој ДДВ“, чекајте од наредната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/povrat-na-pari-od-moj-ddv-chekajte-od-narednata-nedela/ Thu, 15 Aug 2024 09:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=806764

Повратот на данок, во рамки на проектот Мој ДДВ, за второто тромесечје од годинава, на сметките на граѓаните ќе започне да легнува од наредната недела, брифираат за Република, извори од Управата за јавни приходи.

Ова е информација која многу ги интересираше сите кои скенираат сметки, но поради ребалансот на Буџетот, оваа активност беше малку пролонгирана.

Сепак, велат од УЈП, се се врши во рамки на законскиот рок од 60 дена од завршување на тромесечјето.

The post Поврат на пари од „Мој ДДВ“, чекајте од наредната недела appeared first on Република.

]]>

Повратот на данок, во рамки на проектот Мој ДДВ, за второто тромесечје од годинава, на сметките на граѓаните ќе започне да легнува од наредната недела, брифираат за Република, извори од Управата за јавни приходи. Ова е информација која многу ги интересираше сите кои скенираат сметки, но поради ребалансот на Буџетот, оваа активност беше малку пролонгирана. Сепак, велат од УЈП, се се врши во рамки на законскиот рок од 60 дена од завршување на тромесечјето.  

The post Поврат на пари од „Мој ДДВ“, чекајте од наредната недела appeared first on Република.

]]>
Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proektot-moj-ddv-prodolzhuva-isplatata-na-parite-od-vtoroto-tromesechie-po-rebalansot-na-budhetot/ Tue, 30 Jul 2024 12:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=801691

Директорката на УЈП Елена Петрова ги смирува граѓаните дека проектот „Мој ДДВ“ ќе продолжи и оти наскоро ќе започне исплатата на парите за второто тромесечие.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=670s

Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.

На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/

Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.

Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија

The post Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот appeared first on Република.

]]>

Директорката на УЈП Елена Петрова ги смирува граѓаните дека проектот „Мој ДДВ“ ќе продолжи и оти наскоро ќе започне исплатата на парите за второто тромесечие. https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=670s
Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.
На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува. https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/
Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор. Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија
 
The post Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот appeared first on Република.

]]>
Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-isplatata-na-parite-od-moj-ddv-nema-da-pochne-pred-da-ima-rebalans-na-budhetot/ Mon, 29 Jul 2024 13:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=801350

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните.

Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије.

https://www.youtube.com/watch?v=RuHvpd2cC18

Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. https://www.youtube.com/watch?v=RuHvpd2cC18
Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.
 
The post Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>
„Мој ДДВ“ ќе продолжи со Владата на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/moj-ddv-ke-prodolzhi-so-vladata-na-vmro-dpmne/ Thu, 27 Jun 2024 10:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=791244

Петта година по ред функционира проектот на Управата за јавни приходи – МојДДВ, каде граѓаните преку скенирање на фискални сметки прават поврат на данокот. Но, каков е планот на новата Влада, и дали овој проект ќе опстане?

На ова прашање за Призма одговори министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска.

Таа вели дека проектот ќе продолжи, но со корекции.

Секако дека проектот ќе продолжи, но со многу корекции што не се поврзани со граѓаните, туку со системските решенија и начинот на работа на УЈП околу овој проект. Најважно од сѐ е дека за граѓаните нема да почувствуваат никакви промени во овој дел“, вели Димитриеска- Кочоска.

The post „Мој ДДВ“ ќе продолжи со Владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Петта година по ред функционира проектот на Управата за јавни приходи – МојДДВ, каде граѓаните преку скенирање на фискални сметки прават поврат на данокот. Но, каков е планот на новата Влада, и дали овој проект ќе опстане? На ова прашање за Призма одговори министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска. Таа вели дека проектот ќе продолжи, но со корекции.
Секако дека проектот ќе продолжи, но со многу корекции што не се поврзани со граѓаните, туку со системските решенија и начинот на работа на УЈП околу овој проект. Најважно од сѐ е дека за граѓаните нема да почувствуваат никакви промени во овој дел“, вели Димитриеска- Кочоска.

The post „Мој ДДВ“ ќе продолжи со Владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Еве кога ќе легнат парите од „МојДДВ“ на сметките на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eve-koga-ke-legnat-parite-od-mojddv-na-smetkite-na-graganite/ Mon, 29 Jan 2024 08:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=738000

Се очекува парите од „Мој ДДВ“ да легнат на сметките на граѓаните што скенираат фискални сметки, на крајот од јануари или на почеток од февруари. Станува збор за исплата на повраток од данок преку проектот „Мој ДДВ“ за октомври, ноември и за декември минатата година.

Според Законот, УЈП треба да ги исплати средствата во рок од 60 дена од завршувањето на тримесечјето.

За нешто повеќе од четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „Мој ДДВ“ на сметките на граѓаните легнале без малку 120 милиони евра.

The post Еве кога ќе легнат парите од „МојДДВ“ на сметките на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Се очекува парите од „Мој ДДВ“ да легнат на сметките на граѓаните што скенираат фискални сметки, на крајот од јануари или на почеток од февруари. Станува збор за исплата на повраток од данок преку проектот „Мој ДДВ“ за октомври, ноември и за декември минатата година. Според Законот, УЈП треба да ги исплати средствата во рок од 60 дена од завршувањето на тримесечјето. За нешто повеќе од четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „Мој ДДВ“ на сметките на граѓаните легнале без малку 120 милиони евра.  

The post Еве кога ќе легнат парите од „МојДДВ“ на сметките на граѓаните appeared first on Република.

]]>
УЈП: Поради надградба во системот можни се прекини во работењето на Мој ДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-poradi-nadgradba-vo-sistemot-mozhni-se-prekini-vo-raboteneto-na-moj-ddv/ Fri, 26 Jan 2024 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=737000

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – персонален данок, дека се врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата Мој ДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници, велат од УЈП

Од таму додаваат дека поради вршење на оваа надградба ќе биде отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, и од тие причини рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

The post УЈП: Поради надградба во системот можни се прекини во работењето на Мој ДДВ appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – персонален данок, дека се врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира. Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата Мој ДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници, велат од УЈП Од таму додаваат дека поради вршење на оваа надградба ќе биде отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, и од тие причини рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

The post УЈП: Поради надградба во системот можни се прекини во работењето на Мој ДДВ appeared first on Република.

]]>
Важно соопштение од УЈП за апликацијата МојДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vazhno-soopshtenie-od-ujp-za-aplikatsijata-mojddv/ Thu, 25 Jan 2024 13:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=736798

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е-ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници“, се наведува во соопштението од УЈП.

Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

The post Важно соопштение од УЈП за апликацијата МојДДВ appeared first on Република.

Еве кога ќе ги добиете парите од „Мој ДДВ“ за последното тромесечје од 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eve-koga-ke-gi-dobiete-parite-od-moj-ddv-za-poslednoto-tromesechje-od-2023-godina/ Mon, 15 Jan 2024 09:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=733193

Во текот на јануари 2024 или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.

The post Еве кога ќе ги добиете парите од „Мој ДДВ“ за последното тромесечје од 2023 година appeared first on Република.

]]>

Во текот на јануари 2024 или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални. Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието. Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра. Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.

The post Еве кога ќе ги добиете парите од „Мој ДДВ“ за последното тромесечје од 2023 година appeared first on Република.

]]>
УЈП: Во текот на месец ноември граѓаните ќе ги добијат парите од „Мој ДДВ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-vo-tekot-na-mesets-noemvri-graganite-ke-gi-dobijat-parite-od-moj-ddv/ Wed, 25 Oct 2023 11:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=694899

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека граѓаните ќе можат да ги добијат парите за фискалните купони скенирани во текот на месеците јули, август и септември во месец ноември.

Ве известуваме дека плаќањето од „Мој ДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка.

За третиот квартал (јули, август, септември) 2023 година исплатата ќе се изврши во ноември.

The post УЈП: Во текот на месец ноември граѓаните ќе ги добијат парите од „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

]]>

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека граѓаните ќе можат да ги добијат парите за фискалните купони скенирани во текот на месеците јули, август и септември во месец ноември.
Ве известуваме дека плаќањето од „Мој ДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка. За третиот квартал (јули, август, септември) 2023 година исплатата ќе се изврши во ноември.
 
The post УЈП: Во текот на месец ноември граѓаните ќе ги добијат парите од „Мој ДДВ“ appeared first on Република.

]]>
Со „Мој ДДВ“ за 4 години вратени се 107 милиони евра кај граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-moj-ddv-za-4-godini-vrateni-se-107-milioni-evra-kaj-graganite/ Sat, 15 Jul 2023 11:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=661650

„Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра. Тоа се сериозни пари кои Владата директно ги исплаќа на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети на сите корисници на мерката Мој ДДВ“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август. За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919“, рекоа од СДСМ на денешната прес-конференција.

The post Со „Мој ДДВ“ за 4 години вратени се 107 милиони евра кај граѓаните appeared first on Република.

]]>

„Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра. Тоа се сериозни пари кои Владата директно ги исплаќа на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети на сите корисници на мерката Мој ДДВ“, велат од СДСМ. Од партијата велат дека граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник.
Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август. За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919“, рекоа од СДСМ на денешната прес-конференција.
 
The post Со „Мој ДДВ“ за 4 години вратени се 107 милиони евра кај граѓаните appeared first on Република.

]]>
Штипјанка скенирала 74.866 фискални сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtipjanka-skenirala-74-866-fiskalni-smetki/ Sat, 01 Jul 2023 13:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=657123

По повод 4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Клубот на пратеници оддржаа брифинг за новинари.

Пред присутните се информираше дека од воведувањето на апликацијата до денеска на апликацијата МојДДВ регистрирани се 538.919 корисници и тој број континуирано расте. На почетокот на мерката во 2019 година, апликацијата имаше 213.055 корисници, во 2020 кон МојДДВ, се приклучиле нови 149.753 лица, во 2021 година апликацијата почнале да ја користат нови 74.668 лица, односно 70.314 нови корисници во 2022 година.

Во првите шест месеци од годинава, на апликацијата МојДДВ се регистрирале нови 31 129 корисници. Освен бројот на корисници, Лукаревска рече дека расте и бројот на скенирани фискални сметки на остварен промет. Во 2020 година, остварениот промет изразен во фискалните сметки изнесувал 106,5 милијарди денари, во 2021 година прометот изнесува 148,3 милијарди денари додека во 2022 година прометот од скенираните фискални сметки е 178,7 милијарди денари.

Најмногу скенирани фискални сметки се оние издадени од ланците маркети и бензиските пумпи. Најголем број односно 74.866 фискални сметки скенирала штипјанка, веднаш по неа е жителка на Валандово со 52 731 скенирана фискална сметка, а со 41 647 скенирани фискални сметки е жител на Кичево, потоа следат граѓани од Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија.

Лукаревска кажа дека 293.348 корисници на апликацијата се жени, а 245.571 се мажи, а ја користат лица од 15 до над 90 години.

The post Штипјанка скенирала 74.866 фискални сметки appeared first on Република.

]]>

По повод 4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Клубот на пратеници оддржаа брифинг за новинари. Пред присутните се информираше дека од воведувањето на апликацијата до денеска на апликацијата МојДДВ регистрирани се 538.919 корисници и тој број континуирано расте. На почетокот на мерката во 2019 година, апликацијата имаше 213.055 корисници, во 2020 кон МојДДВ, се приклучиле нови 149.753 лица, во 2021 година апликацијата почнале да ја користат нови 74.668 лица, односно 70.314 нови корисници во 2022 година. Во првите шест месеци од годинава, на апликацијата МојДДВ се регистрирале нови 31 129 корисници. Освен бројот на корисници, Лукаревска рече дека расте и бројот на скенирани фискални сметки на остварен промет. Во 2020 година, остварениот промет изразен во фискалните сметки изнесувал 106,5 милијарди денари, во 2021 година прометот изнесува 148,3 милијарди денари додека во 2022 година прометот од скенираните фискални сметки е 178,7 милијарди денари. Најмногу скенирани фискални сметки се оние издадени од ланците маркети и бензиските пумпи. Најголем број односно 74.866 фискални сметки скенирала штипјанка, веднаш по неа е жителка на Валандово со 52 731 скенирана фискална сметка, а со 41 647 скенирани фискални сметки е жител на Кичево, потоа следат граѓани од Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија. Лукаревска кажа дека 293.348 корисници на апликацијата се жени, а 245.571 се мажи, а ја користат лица од 15 до над 90 години.

The post Штипјанка скенирала 74.866 фискални сметки appeared first on Република.

]]>
Проверете ги сметките: Почнаа да легнуваат парите од Мој ДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proverete-gi-smetkite-pochnaa-da-legnuvaat-parite-od-moj-ddv/ Wed, 08 Feb 2023 10:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=606400

Средствата од повратот на ДДВ преку проектот Мој ДДВ за последниот квартал од 2022 година почнаа да легнуваат на сметките на граѓаните кои скенираат сметки.

Државата од оваа година ќе враќа и до 2.100 денари за секој граѓанин кој скенира фискални, со оглед што е најавено зголемување на сумата од 1800 до 2100 денари за еден квартал.

The post Проверете ги сметките: Почнаа да легнуваат парите од Мој ДДВ appeared first on Република.

]]>

Средствата од повратот на ДДВ преку проектот Мој ДДВ за последниот квартал од 2022 година почнаа да легнуваат на сметките на граѓаните кои скенираат сметки. Државата од оваа година ќе враќа и до 2.100 денари за секој граѓанин кој скенира фискални, со оглед што е најавено зголемување на сумата од 1800 до 2100 денари за еден квартал.

The post Проверете ги сметките: Почнаа да легнуваат парите од Мој ДДВ appeared first on Република.

]]>
Ажурирајте го профилот на Мој ДДВ: Новата верзија на апликацијата е во функција за сите мобилни https://arhiva3.republika.mk/vesti/azurirajte-go-profilot-na-moj-ddv-novata-verzija-na-aplikacijata-e-vo-funkcija-za-site-mobilni/ Wed, 10 Aug 2022 07:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=538593

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денеска е достапна и на „Гугл плејстор“ (Google playstore).

Корисниците на апликацијата, треба првин да направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

The post Ажурирајте го профилот на Мој ДДВ: Новата верзија на апликацијата е во функција за сите мобилни appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денеска е достапна и на „Гугл плејстор“ (Google playstore). Корисниците на апликацијата, треба првин да направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

The post Ажурирајте го профилот на Мој ДДВ: Новата верзија на апликацијата е во функција за сите мобилни appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари ќе се зголеми сумата за исплата на ,,Мој ДДВ” https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-januari-kje-se-zgolemi-sumata-za-isplata-na-moj-ddv/ Fri, 05 Aug 2022 17:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=537212

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон” и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор” уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето” на Канал 5.

– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

The post Од 1 јануари ќе се зголеми сумата за исплата на ,,Мој ДДВ” appeared first on Република.

]]>

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари. Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.
– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон” и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор” уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето” на Канал 5.
– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска. Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП. Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

The post Од 1 јануари ќе се зголеми сумата за исплата на ,,Мој ДДВ” appeared first on Република.

]]>
УЈП со најнова информација за корисниците на апликацијата МОЈ ДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-so-najnova-informacija-za-korisnicite-na-aplikacijata-moj-ddv/ Fri, 05 Aug 2022 08:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=536997

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање ( update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден “.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

The post УЈП со најнова информација за корисниците на апликацијата МОЈ ДДВ appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google. Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање ( update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден “. МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

The post УЈП со најнова информација за корисниците на апликацијата МОЈ ДДВ appeared first on Република.

]]>
УЈП благодари за трпението, „Мој ДДВ“ ќе биде во функција до крајот на неделава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-blagodari-za-trpenieto-moj-ddv-kje-bide-vo-funkcija-do-krajot-na-nedelava/ Wed, 27 Jul 2022 18:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=533991

До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.

– Тимот на УЈП, целосно е ангажиран, со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања,  очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога  повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки, велат во УЈП. 

Затоа, додаваат од УЈП, се прави дополнителна надградба на софтверот за да се овозможи напреден начин на скенирање, со што ќе се изедначат можностите на сите граѓани, без разлика каков телефон поседуваат.

– Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено  бар код читачот кој го овозможува телефонот, појаснуваат од УЈП. 

Оттаму информираат дека во август на граѓаните ќе им бидат исплатени средства од МојДДВ. 

The post УЈП благодари за трпението, „Мој ДДВ“ ќе биде во функција до крајот на неделава appeared first on Република.

Ажурирањето на апликацијата „МојДДВ“ создаде гужви пред апаратите за скенирање сметки во УЈП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azuriranjeto-na-aplikacijata-mojddv-sozdade-guzvi-pred-aparatite-za-skeniranje-smetki-vo-ujp/ Mon, 25 Jul 2022 15:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=533042

Ажурирањето на апликацијата за скенирање фискални сметки „МојДДВ“ направи турканици и редици пред апаратите за читање на бар-кодови во просториите на УЈП. Како што соопштија од УЈП, на тие апарати со баркод читачи може да бидат скенирани сите оние сметки за кои граѓаните ќе имаат проблем при скенирањето со нивните телефони.

За да се изврши тој процес, граѓаните треба на апаратот да ги внесат пин кодот за најавување на апликацијата и нивниот Кориснички број, што може да го најдат во делот „Профил“ по отворањето на апликацијата.

Откако ќе се најават на апаратот, баркодот од фискалната сметка треба да го проближат до делот за скенирање и на тој начин да ја извршат операцијата, односно скенирањето.

Ваквиот процес се применува откако од Управата за јавни приходи известија дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација „МојДДВ“ и дека за граѓаните да може да скенираат фискални сметки потребно е да направат прилагодување на апликацијата.

Додека трае ажурирањето и прилагодувањето, граѓаните зада ги скенираат фискалните сметки, граѓаните треба во мобилната апликација во делот „профил“, во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберат опцијата „Основен“ - информираа од УЈП.

Оттаму додаваат дека ваквиот начин и поставки за скенирање на фискалните сметки ќе важи до завршување на процес на ажурирање на апликацијата, по што од УЈП ќе ги известат граѓаните повторно во „Тип на баркод скенер“ да ја изберат опцијата „Напреден“ при скенирање на фискалните сметки.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-se-vrshi-prilagoduvanje-i-azuriranje-na-aplikacijata-mojddv/

The post Ажурирањето на апликацијата „МојДДВ“ создаде гужви пред апаратите за скенирање сметки во УЈП appeared first on Република.

]]>

Ажурирањето на апликацијата за скенирање фискални сметки „МојДДВ“ направи турканици и редици пред апаратите за читање на бар-кодови во просториите на УЈП. Како што соопштија од УЈП, на тие апарати со баркод читачи може да бидат скенирани сите оние сметки за кои граѓаните ќе имаат проблем при скенирањето со нивните телефони. За да се изврши тој процес, граѓаните треба на апаратот да ги внесат пин кодот за најавување на апликацијата и нивниот Кориснички број, што може да го најдат во делот „Профил“ по отворањето на апликацијата. Откако ќе се најават на апаратот, баркодот од фискалната сметка треба да го проближат до делот за скенирање и на тој начин да ја извршат операцијата, односно скенирањето. Ваквиот процес се применува откако од Управата за јавни приходи известија дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација „МојДДВ“ и дека за граѓаните да може да скенираат фискални сметки потребно е да направат прилагодување на апликацијата.
Додека трае ажурирањето и прилагодувањето, граѓаните зада ги скенираат фискалните сметки, граѓаните треба во мобилната апликација во делот „профил“, во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберат опцијата „Основен“ - информираа од УЈП.
Оттаму додаваат дека ваквиот начин и поставки за скенирање на фискалните сметки ќе важи до завршување на процес на ажурирање на апликацијата, по што од УЈП ќе ги известат граѓаните повторно во „Тип на баркод скенер“ да ја изберат опцијата „Напреден“ при скенирање на фискалните сметки. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-se-vrshi-prilagoduvanje-i-azuriranje-na-aplikacijata-mojddv/

The post Ажурирањето на апликацијата „МојДДВ“ создаде гужви пред апаратите за скенирање сметки во УЈП appeared first on Република.

]]>