Могадишу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mogadishu/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Jun 2023 09:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Могадишу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mogadishu/ 32 32 Претставник на СЗО меѓу загинатите во напад на хотел во Могадишу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretstavnik-na-szo-megu-zaginatite-vo-napad-na-hotel-vo-mogadishu/ Sun, 11 Jun 2023 09:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=650086

Вработен во Светската здравствена организација е убиен во напад на радикалните исламисти Шебаб врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус.

Шест цивили загинаа, а десет се ранети во нападот на група од седум исламистички борци врз хотелот Перл Бич на брегот на Могадишу ноќта во саботата. Загинаа и тројца припадници на безбедносните сили.

Срцето ми е скршено по загубата на работник на СЗО во неодамнешниот напад во Могадишу, напиша Тедрос во пораката на Твитер, додавајќи дека СЗО ги осудува сите напади врз цивили и хуманитарни работници.

Групата Шебаб, која ја презеде одговорноста за нападот, рече дека цел на нападот било место посетувано од владини претставници.

Околу 15 години групата води бунт против федералната влада поддржана од меѓународната заедница и често ги напаѓа хотелите во кои престојуваат високи сомалиски функционери и странци.

Групата, која беше протерана од градовите во 2011-2012 година, има упоришта во големи делови од руралните области.

Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд објави „тотална војна“ против групата и во септември минатата година започна воена офанзива поддржана од американски воздушни напади.

The post Претставник на СЗО меѓу загинатите во напад на хотел во Могадишу appeared first on Република.

]]>

Вработен во Светската здравствена организација е убиен во напад на радикалните исламисти Шебаб врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус. Шест цивили загинаа, а десет се ранети во нападот на група од седум исламистички борци врз хотелот Перл Бич на брегот на Могадишу ноќта во саботата. Загинаа и тројца припадници на безбедносните сили. Срцето ми е скршено по загубата на работник на СЗО во неодамнешниот напад во Могадишу, напиша Тедрос во пораката на Твитер, додавајќи дека СЗО ги осудува сите напади врз цивили и хуманитарни работници. Групата Шебаб, која ја презеде одговорноста за нападот, рече дека цел на нападот било место посетувано од владини претставници. Околу 15 години групата води бунт против федералната влада поддржана од меѓународната заедница и често ги напаѓа хотелите во кои престојуваат високи сомалиски функционери и странци. Групата, која беше протерана од градовите во 2011-2012 година, има упоришта во големи делови од руралните области. Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд објави „тотална војна“ против групата и во септември минатата година започна воена офанзива поддржана од американски воздушни напади.

The post Претставник на СЗО меѓу загинатите во напад на хотел во Могадишу appeared first on Република.

]]>