Модуларна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/modularna/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Aug 2023 14:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Модуларна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/modularna/ 32 32 Касами: Казнете ги главните актери на трагедијата во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-kaznete-gi-glavnite-akteri-na-tragedijata-vo-tetovo/ Wed, 16 Aug 2023 14:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=672796

Билал Касами преку прес-конференција за медиумите ја повикува Владата да не си поигрува со чувствата на семејствата на 14-те жртви кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Ја повикуваме Владата да не си поигрува со чувствата на членовите на семејствата на загинатите од модуларната болница во Тетово, сериозно да го сфати ова прашање и да ги казни главните актери на трагедијата. Ќе бидеме дел од кревањето на гласот на граѓаните и одговорните за овој случај ќе ги изведеме пред лицето на правдата“ – изјави Билал Касами.

Меѓу другото, Касами рече дека деновиве како опозиција ќе го покренат ова прашање и во Собранието на Македонија.

The post Касами: Казнете ги главните актери на трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>

Денеска пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-presuda-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Mon, 05 Jun 2023 07:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=647843

Во Основниот суд во Тетово денес во 12 часот треба да биде изречена пресудата за обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. На 29 мај беа искажани завршните зборови на Обвинителство и адвокатите на обвинетите по што судијата Јордан Велковски истакна дека заврши главната расправа и дека пресудата ќе ја соопшти на 5 јуни понеделник во 12 часот.

Поранешните директори на Клиничка болница Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

И за денеска е најавена мирен протест за поддршка и барање за ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски од група граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи.

На завршните зборови адвокатите на обвинетите истакнаа дека Обвинителството не ја докажало вината. Претставниците на Обвинителството, пак посочија дека со изведените докази и искажани сведочења обвинетите ги сториле кривичните дела и побара судот да ги огласи за виновни.

The post Денеска пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Тетово денес во 12 часот треба да биде изречена пресудата за обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. На 29 мај беа искажани завршните зборови на Обвинителство и адвокатите на обвинетите по што судијата Јордан Велковски истакна дека заврши главната расправа и дека пресудата ќе ја соопшти на 5 јуни понеделник во 12 часот. Поранешните директори на Клиничка болница Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. И за денеска е најавена мирен протест за поддршка и барање за ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски од група граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи. На завршните зборови адвокатите на обвинетите истакнаа дека Обвинителството не ја докажало вината. Претставниците на Обвинителството, пак посочија дека со изведените докази и искажани сведочења обвинетите ги сториле кривичните дела и побара судот да ги огласи за виновни.

The post Денеска пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>