модуларна болница тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/modularna-bolnitsa-tetovo/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 08:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png модуларна болница тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/modularna-bolnitsa-tetovo/ 32 32 Пред три години во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-tri-godini-vo-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-izgorea-14-luge/ Sun, 08 Sep 2024 07:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=814266

Денес се навршуваат три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Од 14-те луѓе кои починаа поради пожарот, 12 беа на болничко лекување таму како заболени од Ковид-19, додека двајца беа членови на семејствата на болните.

Основен суд Тетово веќе спроведе судски процес во текот на 2022 и 2023 година, а со решение на Апелациски суд годинава требаше да почне и повторено судење за дел од обвинетите.

По пожарот на 8 септември 2021 година, почна истрага, која резултираше со обвинителен предлог до Основен суд Тетово на 27 јули 2022. Првиот судско рочиште беше закажано за 6 септември 2022 година, но по неколку одложување процесот почна на 4 декември 2022 година.

По шест месеци, на 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за Флорин Бесими и Артан Етеми, директори на Клиничка болница Тетово за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.

Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Основното јавно обвинителство Тетово на 10 јули 2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда.

По оваа жалба расправаше Апелацискиот суд во април 2024 година, а при тоа донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 26 јуни 2024 година беше закажано првото рочиште за повторното судење за двајцата директори, но беше одложено за 25 септември 2024 година поради отсуство на претставници на Клиничка болница Тетово.

Во првичната пресуда од 5 јуни 2023 година на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

На 8 септември 2023 година на двегодишнината беше одржан јавен марш и протест пред судот во Тетово во организација на семејствата на 14 луѓе кои ги изгубија животите во пожарот во тетовската модуларна. Семејствата организираа јавен марш и протест и на 15 септември 2023 година и во Скопје. Протестниот марш почна на плоштадот Скендербег и заврши пред зградата на Јавното обвинителство.

The post Пред три години во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 луѓе appeared first on Република.

]]>

Денес се навршуваат три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Од 14-те луѓе кои починаа поради пожарот, 12 беа на болничко лекување таму како заболени од Ковид-19, додека двајца беа членови на семејствата на болните. Основен суд Тетово веќе спроведе судски процес во текот на 2022 и 2023 година, а со решение на Апелациски суд годинава требаше да почне и повторено судење за дел од обвинетите. По пожарот на 8 септември 2021 година, почна истрага, која резултираше со обвинителен предлог до Основен суд Тетово на 27 јули 2022. Првиот судско рочиште беше закажано за 6 септември 2022 година, но по неколку одложување процесот почна на 4 декември 2022 година. По шест месеци, на 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за Флорин Бесими и Артан Етеми, директори на Клиничка болница Тетово за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“. Основното јавно обвинителство Тетово на 10 јули 2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда. По оваа жалба расправаше Апелацискиот суд во април 2024 година, а при тоа донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него. На 26 јуни 2024 година беше закажано првото рочиште за повторното судење за двајцата директори, но беше одложено за 25 септември 2024 година поради отсуство на претставници на Клиничка болница Тетово. Во првичната пресуда од 5 јуни 2023 година на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата. На 8 септември 2023 година на двегодишнината беше одржан јавен марш и протест пред судот во Тетово во организација на семејствата на 14 луѓе кои ги изгубија животите во пожарот во тетовската модуларна. Семејствата организираа јавен марш и протест и на 15 септември 2023 година и во Скопје. Протестниот марш почна на плоштадот Скендербег и заврши пред зградата на Јавното обвинителство.

The post Пред три години во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 луѓе appeared first on Република.

]]>
Сѐ оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел како за модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/s-odi-kon-toa-i-za-onkologija-vinoven-da-bide-prodolzheniot-kabel/ Fri, 03 Nov 2023 09:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=697698

Скандалот „Диво Месо“ на онкологија ја покажува целата монструозност на канцер мафијата која се богатела на грбот на најтешко болните пациенти. После два месеци предистрага Обвинителството молчи за скандалот со Онкологија, нема ни обвинение, па дури ни официјална истрага. Тоа покажува дека власта на СДС и ДУИ го води и овој случај исто како и процесот со трагедијата со модуларната болница, со трагедијата кај Ласкарци или трагедијата со Беса транс. Се оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Монструозноста во овој случај е во тоа што иако траел со месеци и години наназад, па дури и во 2023 кога наголемо се говорело веќе за злоупотребите со терапијата и третманот на клиниката за Онкологија, реакција од надлежните немало. Ниту министерството за здравство, ниту МВР, ниту ЈО. Согласно документите кои ги презентиравме клиниката за Онкологија и покрај доволните залихи со лекови, набавувала нови количини од омилената веледрогерија на власта. Иако ги “оќореле“ од пари, сепак пациентите биле оставани без терапија и за тоа никој не бил повикуван на одговорност. Како е тоа возможно? Добавувачот на скапата терапија правел дефектури, доцнења, со доставата и никој за тоа не алармирал или не повел постапка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/

Исто така, она кое што е видливо од документите кои ги претставивме во јавноста, во клиниката веројатно свесно не се водело сметка за трошењето на вијалите со скапата терапија. Односно, ако една вијала се потрошела до половина за еден третман на еден пациент, другата половина не се знае дали и на кого била искористена, затоа што не се водела евиденција. Тоа остава простор за злоупотреби, препродавање на црно или во најмала рака несовесно користење на екстремно скапа терапија која е купена со народни пари. На крајот она кое што особено загрижува е што скапата терапија била давана во торби на лица кои биле заведени како пациенти за да ја аплицираат надвор од клиниката за онкологија, без да се знае дали воопшто била аплицирана или била злоупотребена.

Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикал екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се се правел на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале.

За овој случај не смее да нема одговорност. Овде се работи за диво месо кое го уништува системот на здравствена заштита. Колку и да го кријат, одолговлекуваат или забошотуваат овој скандал, треба да знаат дека документите покажуваат дека се работи за грозоморен криминал за кој сега или наскоро ќе има одговорност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-za-germancite-vinoven-e-kabelot-shto-izgorea-14-lugje-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post Сѐ оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел како за модуларната болница appeared first on Република.

]]>

Скандалот „Диво Месо“ на онкологија ја покажува целата монструозност на канцер мафијата која се богатела на грбот на најтешко болните пациенти. После два месеци предистрага Обвинителството молчи за скандалот со Онкологија, нема ни обвинение, па дури ни официјална истрага. Тоа покажува дека власта на СДС и ДУИ го води и овој случај исто како и процесот со трагедијата со модуларната болница, со трагедијата кај Ласкарци или трагедијата со Беса транс. Се оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Монструозноста во овој случај е во тоа што иако траел со месеци и години наназад, па дури и во 2023 кога наголемо се говорело веќе за злоупотребите со терапијата и третманот на клиниката за Онкологија, реакција од надлежните немало. Ниту министерството за здравство, ниту МВР, ниту ЈО. Согласно документите кои ги презентиравме клиниката за Онкологија и покрај доволните залихи со лекови, набавувала нови количини од омилената веледрогерија на власта. Иако ги “оќореле“ од пари, сепак пациентите биле оставани без терапија и за тоа никој не бил повикуван на одговорност. Како е тоа возможно? Добавувачот на скапата терапија правел дефектури, доцнења, со доставата и никој за тоа не алармирал или не повел постапка. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/
Исто така, она кое што е видливо од документите кои ги претставивме во јавноста, во клиниката веројатно свесно не се водело сметка за трошењето на вијалите со скапата терапија. Односно, ако една вијала се потрошела до половина за еден третман на еден пациент, другата половина не се знае дали и на кого била искористена, затоа што не се водела евиденција. Тоа остава простор за злоупотреби, препродавање на црно или во најмала рака несовесно користење на екстремно скапа терапија која е купена со народни пари. На крајот она кое што особено загрижува е што скапата терапија била давана во торби на лица кои биле заведени како пациенти за да ја аплицираат надвор од клиниката за онкологија, без да се знае дали воопшто била аплицирана или била злоупотребена.
Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикал екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се се правел на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале. За овој случај не смее да нема одговорност. Овде се работи за диво месо кое го уништува системот на здравствена заштита. Колку и да го кријат, одолговлекуваат или забошотуваат овој скандал, треба да знаат дека документите покажуваат дека се работи за грозоморен криминал за кој сега или наскоро ќе има одговорност. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-za-germancite-vinoven-e-kabelot-shto-izgorea-14-lugje-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post Сѐ оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел како за модуларната болница appeared first on Република.

]]>
Јовески тврди дека немало влијание и притисоци за случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-tvrdi-deka-nemalo-vlijanie-i-pritisotsi-za-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Wed, 04 Oct 2023 16:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=687943

Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модулараната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците - Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај немало обид за влијание и притисоци.

Во одговорот на барањето за интерпелација, јавниот обвинител наведува дека за овој трагичен настан, за дејствијата што ги преземаше Јавното обвинителство, јавноста во континуитет била известувана без да се наруши текот на постапката, која во еден дел веќе завршила со осудителна пресуда.

-Меѓутоа, поднесената интерпелација за овој предмет уште еднаш потврди дека „Институцијата со која раководам постојано е изложена на неосновани напади и обиди за дискредитација, кои во крајна линија се една од основните причини за ниска јавна доверба во правосудните органи воопшто. Повод за оваа интерпелација се непроверени и неиздржани, наводи во новинарски текст, кој неодговорно манипулира со чувствата на засегнатите од оваа трагедија и кај пошироката јавност, но очигледно и кај дел од пратениците, креира погрешни перцепции за текот на овој предмет, пишува во одговорот од јавниот обвинител.

Како што вели, во интерес на вистината, уште еднаш, детално и целосно ја објаснува постапката која од самиот почеток се водела „одговорно, непристрасно и согласно сите законски прописи“.

Јовески наведува дека од самиот почеток, веднаш по настанот, цел обвинителски тим составен од сите јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Тетово и двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје кои биле дежурни во моментот на несреќата биле задолжени да извршат увид и да ги преземат сите дејствија неопходни за утврдување на причините.

По спроведената претходна постапка, во рамки на која биле преземени многу истражни дејствија, Основното јавно обвинителство Тетово, како што пишува Јовевски, поднесело обвинение против три лица, од кои двајцата директори на болницата кои се товарат дека „иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово, па се до денот на настанување на пожарот во Модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар со што сториле „тешки дела против општата сигурност“ по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, додека третообвинетиот како одговорно лице дозволил влез на членови на семејствата на болните од Ковид 19 со што се товари за кривично дело - непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинението, потсетува Јовески, го опфаќаше и правното лице Клиничка болница Тетово.

Јовески наведува дека обвинението се темели на обезбедените докази и извршени вештачења, кои вклучуваат - вешт наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, Службена експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија, вешт наод на стручно лице електроинжинер, вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата, како и вештачење на Електротехничкиот Факултет Скопје во поглед на усогласеноста на изведената инсталација со законските прописи за ваков тип градби.

Сите овие докази и вештачења се комплементарни, не се спротивставуваат и јасно ја утврдуваат причината за настанување на пожарот, но и одговорноста на службените лица, се вели во писмото.

-По вака поднесеното обвинение, врз основа на сите презентирани докази, Основниот суд во Тетово донесе осудителна пресуда за двајцата директори, изрекувајќи условна осуда, додека за третиот обвинет е донесена ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство Тетово ја обжали пресудата и по основ на одредената санкција за двајцата обвинети и по основ на ослободителната пресуда за еден од обвинетите. Свои жалби вложија и осудените. Во тек е жалбена постапка. За тендерот за набавка на сите модуларни болници, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се води уште еден предмет, кој е во предистражна постапка и во кој интензивно се преземаат дејствија на проверки, се наведува во одговорот од јавниот обвинител.

Во однос на прашањата за интерпелацијата за тоа кои се неправилностите во тендерската постапка за градење на модуларните болници и дали и зошто Обвинителството не ги смета како релевантни овие околности во самото обвинение, Јовески одговара дека „евентуалните неправилности во тендерската постапка се испитуваат во предметот во кој во предистражна постапка постапува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал корупција“.

-И документацијата побарана и обезбедена во овој предмет е обемна и е поврзана со јавна набавка за изведба на повеќе објекти, под надзор и во рамките на посебен проект финансиран од Светската банка. Од тие причини, потребно е време за анализа на сите тие документи и утврдување на евентуални неправилности. Во рамки на постапката на Основното јавно обвинителство Тетово, која директно ги испитуваше причините за пожарот, тие причини беа недвосмислено утврдени со неколку вештачења и на ниту еден начин не беа поврзани со тендерски документи, посочува Јовевски.

За тоа зошто е занемарен извештајот и наодите од германскиот тим од форензичари, кои го утврдиле главниот причинител на пожарот и другите причини за толкав интензитет на пожар, јавниот обвинител одговара дека „ова прашање е најдобра илустрација за дезинформациите и лажните наводи изнесени во новинарскиот текст, кои се повод за ваквата интерпелација“.

-Имено, апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка, тврди Јовески.

Нагласува дека од самиот почеток на истрагата, Обвинителството преку меѓународна правна соработка побарало правна помош од германските експерти кои ги истражуваа причините за пожарот.

-Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно, пишува Јовески.

Според него, неосновани се и информациите за наводна спротивставеност на вештачењата.

-Имено, и вештиот наод на Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот, наведува Јовески.

За ваквата груба манипулација, потсетува тој, Јавното обвинителство уште веднаш по емисијата ја информираше целата јавност.

-За да се спречи ширењето на невистини за овој трагичен настан, Јавниот обвинител на Република Македонија им наложи на надлежните јавни обвинители во овој предмет да поднесат барање до Апелациониот суд за одржување на јавна седница по жалбите на која уште еднаш пред целата јавност ќе бидат изложени сите докази од првостепената постапка, пишува Јовески.

На прашањето зошто обвинител кој ја води постапката за модуларните болници се иззема од таа функција и кои се наодите од постапката која е реализирана, Јовески тврди дека ниту еден јавен обвинител кој ја водел постапката не се изземал од функцијата туку наведува дека „една од јавните обвинителки во ОЈО Тетово кои во почетокот биле вклучени во овој предмет, била разрешена од функцијата со одлука на дисциплинската комисија на Јавното обвинителство, потврдена од Советот на јавните обвинители“.

-Причината беше нестручно и несовесно работење, но во сосема друг предмет, односно повеќе други предмети, кои на ниту еден начин не беа поврзани со постапката за модуларната болница. Меѓутоа, новинарите на ИРЛ свесно одбегнуваат да и го презентираат на јавноста овој факт кој сериозно ја доведува во прашање кредибилноста на нивниот соговорник, и дозволуваат поранешната јавна обвинителка да дава неоснована и со ништо непоткрепена правна оценка за оваа тешка трагедија, иако по нејзиното разрешување таа нема никакви сознанија за предметот. Не може човек да не реагира кога со леснотија се изнесуваат оценки дека станува збор за убиство, истакнати и во самиот наслов на новинарскиот прилог, без притоа и најмалку да се покаже грижа за болката која со тоа се предизвикува кај семејствата на жртвите на оваа трагедија, пишува Јовески.

Тврди дека во ниту еден момент немало обид за влијание и притисоци.

-Најодговорно изјавувам дека никогаш во ниту еден момент во текот на оваа постапка немало обид за влијание и притисоци. Имајте предвид дека во текот на глобалната светска здравствена криза, во која на тест беа ставени здравствените системи на сите држави во светот, десетици вакви слични или потешки катастрофални несреќи со човечки жртви, од речиси идентични причини, се случија во повеќе европски и други земји. До овој момент, Република Македонија е една од ретките земји, ако не и единствена, каде што за ваквиот настан беше поведена кривична постапка која веќе резултираше со првостепена осудителна пресуда. Тоа јасно ја покажува решеноста на јавното обвинителство за кривичен прогон, посочува Јовески.

Зад секоја одлука во овој предмет стои тим од јавни обвинители, кои и покрај својата посветена работа,како што наведува, по објавата на наведениот новинарски текст, се директно изложени на напади и неосновани критики.

Обраќајќи се до пратениците, Јовески тој бара тие со своето општествено и политичко влијание да поттикнат создавање клима во која јавните обвинители ќе можат непристрасно и одговорно да ja извршуваат својата должност.

-Јавнообвинителската работа, па и работата на другите правосудни органи, е јавна и постојано оценувана од повеќе домашни и странски фактори, меѓутоа таа не смее да биде злоупотребувана за политички калкулации и пресметки. Секое обвинување за наводни пропусти и злоупотреби мора да биде поткрепено со сериозни докази, а не паушално и неиздржано. Во спротивно, и онака кревката доверба на јавноста во правосудниот сектор дополнително неосновано се нарушува, а тоа може да има несогледливи последици за целото општество, пишува Јовески.

Во исто време, тој апелира на „внимателност со оглед на тоа што поставување на интерпелација за предмет во кој се води активна судска и предистражна постапка, отвора можност за нарушување на начелата на поделба на власта и независност на правосудните институции, но и за директно загрозување на постапки кои се во тек“.

The post Јовески тврди дека немало влијание и притисоци за случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модулараната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците - Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај немало обид за влијание и притисоци. Во одговорот на барањето за интерпелација, јавниот обвинител наведува дека за овој трагичен настан, за дејствијата што ги преземаше Јавното обвинителство, јавноста во континуитет била известувана без да се наруши текот на постапката, која во еден дел веќе завршила со осудителна пресуда.
-Меѓутоа, поднесената интерпелација за овој предмет уште еднаш потврди дека „Институцијата со која раководам постојано е изложена на неосновани напади и обиди за дискредитација, кои во крајна линија се една од основните причини за ниска јавна доверба во правосудните органи воопшто. Повод за оваа интерпелација се непроверени и неиздржани, наводи во новинарски текст, кој неодговорно манипулира со чувствата на засегнатите од оваа трагедија и кај пошироката јавност, но очигледно и кај дел од пратениците, креира погрешни перцепции за текот на овој предмет, пишува во одговорот од јавниот обвинител.
Како што вели, во интерес на вистината, уште еднаш, детално и целосно ја објаснува постапката која од самиот почеток се водела „одговорно, непристрасно и согласно сите законски прописи“. Јовески наведува дека од самиот почеток, веднаш по настанот, цел обвинителски тим составен од сите јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Тетово и двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје кои биле дежурни во моментот на несреќата биле задолжени да извршат увид и да ги преземат сите дејствија неопходни за утврдување на причините. По спроведената претходна постапка, во рамки на која биле преземени многу истражни дејствија, Основното јавно обвинителство Тетово, како што пишува Јовевски, поднесело обвинение против три лица, од кои двајцата директори на болницата кои се товарат дека „иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово, па се до денот на настанување на пожарот во Модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар со што сториле „тешки дела против општата сигурност“ по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, додека третообвинетиот како одговорно лице дозволил влез на членови на семејствата на болните од Ковид 19 со што се товари за кривично дело - непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинението, потсетува Јовески, го опфаќаше и правното лице Клиничка болница Тетово. Јовески наведува дека обвинението се темели на обезбедените докази и извршени вештачења, кои вклучуваат - вешт наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, Службена експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија, вешт наод на стручно лице електроинжинер, вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата, како и вештачење на Електротехничкиот Факултет Скопје во поглед на усогласеноста на изведената инсталација со законските прописи за ваков тип градби. Сите овие докази и вештачења се комплементарни, не се спротивставуваат и јасно ја утврдуваат причината за настанување на пожарот, но и одговорноста на службените лица, се вели во писмото. -По вака поднесеното обвинение, врз основа на сите презентирани докази, Основниот суд во Тетово донесе осудителна пресуда за двајцата директори, изрекувајќи условна осуда, додека за третиот обвинет е донесена ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство Тетово ја обжали пресудата и по основ на одредената санкција за двајцата обвинети и по основ на ослободителната пресуда за еден од обвинетите. Свои жалби вложија и осудените. Во тек е жалбена постапка. За тендерот за набавка на сите модуларни болници, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се води уште еден предмет, кој е во предистражна постапка и во кој интензивно се преземаат дејствија на проверки, се наведува во одговорот од јавниот обвинител. Во однос на прашањата за интерпелацијата за тоа кои се неправилностите во тендерската постапка за градење на модуларните болници и дали и зошто Обвинителството не ги смета како релевантни овие околности во самото обвинение, Јовески одговара дека „евентуалните неправилности во тендерската постапка се испитуваат во предметот во кој во предистражна постапка постапува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал корупција“.
-И документацијата побарана и обезбедена во овој предмет е обемна и е поврзана со јавна набавка за изведба на повеќе објекти, под надзор и во рамките на посебен проект финансиран од Светската банка. Од тие причини, потребно е време за анализа на сите тие документи и утврдување на евентуални неправилности. Во рамки на постапката на Основното јавно обвинителство Тетово, која директно ги испитуваше причините за пожарот, тие причини беа недвосмислено утврдени со неколку вештачења и на ниту еден начин не беа поврзани со тендерски документи, посочува Јовевски.
За тоа зошто е занемарен извештајот и наодите од германскиот тим од форензичари, кои го утврдиле главниот причинител на пожарот и другите причини за толкав интензитет на пожар, јавниот обвинител одговара дека „ова прашање е најдобра илустрација за дезинформациите и лажните наводи изнесени во новинарскиот текст, кои се повод за ваквата интерпелација“.
-Имено, апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка, тврди Јовески.
Нагласува дека од самиот почеток на истрагата, Обвинителството преку меѓународна правна соработка побарало правна помош од германските експерти кои ги истражуваа причините за пожарот.
-Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно, пишува Јовески.
Според него, неосновани се и информациите за наводна спротивставеност на вештачењата. -Имено, и вештиот наод на Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот, наведува Јовески. За ваквата груба манипулација, потсетува тој, Јавното обвинителство уште веднаш по емисијата ја информираше целата јавност.
-За да се спречи ширењето на невистини за овој трагичен настан, Јавниот обвинител на Република Македонија им наложи на надлежните јавни обвинители во овој предмет да поднесат барање до Апелациониот суд за одржување на јавна седница по жалбите на која уште еднаш пред целата јавност ќе бидат изложени сите докази од првостепената постапка, пишува Јовески.
На прашањето зошто обвинител кој ја води постапката за модуларните болници се иззема од таа функција и кои се наодите од постапката која е реализирана, Јовески тврди дека ниту еден јавен обвинител кој ја водел постапката не се изземал од функцијата туку наведува дека „една од јавните обвинителки во ОЈО Тетово кои во почетокот биле вклучени во овој предмет, била разрешена од функцијата со одлука на дисциплинската комисија на Јавното обвинителство, потврдена од Советот на јавните обвинители“.
-Причината беше нестручно и несовесно работење, но во сосема друг предмет, односно повеќе други предмети, кои на ниту еден начин не беа поврзани со постапката за модуларната болница. Меѓутоа, новинарите на ИРЛ свесно одбегнуваат да и го презентираат на јавноста овој факт кој сериозно ја доведува во прашање кредибилноста на нивниот соговорник, и дозволуваат поранешната јавна обвинителка да дава неоснована и со ништо непоткрепена правна оценка за оваа тешка трагедија, иако по нејзиното разрешување таа нема никакви сознанија за предметот. Не може човек да не реагира кога со леснотија се изнесуваат оценки дека станува збор за убиство, истакнати и во самиот наслов на новинарскиот прилог, без притоа и најмалку да се покаже грижа за болката која со тоа се предизвикува кај семејствата на жртвите на оваа трагедија, пишува Јовески.
Тврди дека во ниту еден момент немало обид за влијание и притисоци.
-Најодговорно изјавувам дека никогаш во ниту еден момент во текот на оваа постапка немало обид за влијание и притисоци. Имајте предвид дека во текот на глобалната светска здравствена криза, во која на тест беа ставени здравствените системи на сите држави во светот, десетици вакви слични или потешки катастрофални несреќи со човечки жртви, од речиси идентични причини, се случија во повеќе европски и други земји. До овој момент, Република Македонија е една од ретките земји, ако не и единствена, каде што за ваквиот настан беше поведена кривична постапка која веќе резултираше со првостепена осудителна пресуда. Тоа јасно ја покажува решеноста на јавното обвинителство за кривичен прогон, посочува Јовески.
Зад секоја одлука во овој предмет стои тим од јавни обвинители, кои и покрај својата посветена работа,како што наведува, по објавата на наведениот новинарски текст, се директно изложени на напади и неосновани критики. Обраќајќи се до пратениците, Јовески тој бара тие со своето општествено и политичко влијание да поттикнат создавање клима во која јавните обвинители ќе можат непристрасно и одговорно да ja извршуваат својата должност.
-Јавнообвинителската работа, па и работата на другите правосудни органи, е јавна и постојано оценувана од повеќе домашни и странски фактори, меѓутоа таа не смее да биде злоупотребувана за политички калкулации и пресметки. Секое обвинување за наводни пропусти и злоупотреби мора да биде поткрепено со сериозни докази, а не паушално и неиздржано. Во спротивно, и онака кревката доверба на јавноста во правосудниот сектор дополнително неосновано се нарушува, а тоа може да има несогледливи последици за целото општество, пишува Јовески.
Во исто време, тој апелира на „внимателност со оглед на тоа што поставување на интерпелација за предмет во кој се води активна судска и предистражна постапка, отвора можност за нарушување на начелата на поделба на власта и независност на правосудните институции, но и за директно загрозување на постапки кои се во тек“.

The post Јовески тврди дека немало влијание и притисоци за случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>
„Во оваа држава не се почитува најсветото – човечкиот живот“, се порача на протестот за пожарот во модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-ovaa-drzhava-ne-se-pochituva-najsvetoto-chovechkiot-zhivot-se-poracha-na-protestot-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/ Fri, 15 Sep 2023 16:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=682236

Под мотото „32 години, 32 години корупција што убива“ претставници на семејствата на 14 луѓе кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово денеска во Скопје одржаа протестен марш поради, како што посочија, незадоволство од работата и постапките на Обвинителството. Протестниот марш почна од пред плоштадот Скендербег и заврши пред зградата на Јавното обвинителство, каде ги залепија транспарентите.

Тие побараа разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески со другите обвинители Бесир Алиу, Ханефи Амети, Зорица Павловиќ и Дејан Петрески, за кои сметаат дека се инволвирани во прикривање на делото. Побараа и отворање на судска постапка за причините на пожарот и повторно постапување и преиспитување на пресудата од судот во Тетово.

Мумин Исмаили, роднина на еден од жртвите истакна дека се додека не се земат во предвид нивните барања, како што посочи, ќе бидат принудени да ја сменат формата на мирните протести.

Тие, денес, не се меѓу нас само заради тоа што не се почитуваа градежни стандарди.  Животот на граѓаните во оваа држава е заложник за пазарење и тендери без критериуми и материјална корист, но се докажа дека корупцијата убива во оваа држава. Сите зборуваат за интеграција во ЕУ и владеење на правдата, но во оваа држава не се почитува најсветото човечкиот живот. 14 жртви - нула дена затвор. Од оваа зграда не видовме ниту П од правда. Токму од оваа зграда се уништува перспективата и надежта за достоинствен живот во оваа земја. Ова Обвинителство е газда за организиран криминал, корупција, зло и олигархија, рече тој.

Исмаили истакна дека довербата во правосудниот систем е нула и посочи дека сме „сведоци на едно тотална неодговорност на криминалното владеење во сите ниво во системот“.

Тивкото игнорирање на германската експертиза која обвинителот гласно ја бараше претставува скандал и фатален неуспех на правосудниот систем. Културата на неказнивост метастазирала на секое ниво на системот и не знаеме која онкологија може да го излечи ракот што го има зафатено цела Македонија. Бараме отворање на судска постапка за причините на пожарот во која на обвинителна клупа ќе седнат челниците на Министерство за здравство како нарачател и фирмата „Брако“ како победник на тендерот.  И повторно постапување и преиспитување на пресудата од судот во Тетово, рече Исмаили.

Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени.

На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека, правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Основното јавно обвинителство Тетово, еден месец подоцна на 10 јули 2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште води предистражна постапка во врска со тендерот за набавка на модуларните болници.

The post „Во оваа држава не се почитува најсветото – човечкиот живот“, се порача на протестот за пожарот во модуларната болница appeared first on Република.

]]>

Под мотото „32 години, 32 години корупција што убива“ претставници на семејствата на 14 луѓе кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово денеска во Скопје одржаа протестен марш поради, како што посочија, незадоволство од работата и постапките на Обвинителството. Протестниот марш почна од пред плоштадот Скендербег и заврши пред зградата на Јавното обвинителство, каде ги залепија транспарентите. Тие побараа разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески со другите обвинители Бесир Алиу, Ханефи Амети, Зорица Павловиќ и Дејан Петрески, за кои сметаат дека се инволвирани во прикривање на делото. Побараа и отворање на судска постапка за причините на пожарот и повторно постапување и преиспитување на пресудата од судот во Тетово. Мумин Исмаили, роднина на еден од жртвите истакна дека се додека не се земат во предвид нивните барања, како што посочи, ќе бидат принудени да ја сменат формата на мирните протести.
Тие, денес, не се меѓу нас само заради тоа што не се почитуваа градежни стандарди.  Животот на граѓаните во оваа држава е заложник за пазарење и тендери без критериуми и материјална корист, но се докажа дека корупцијата убива во оваа држава. Сите зборуваат за интеграција во ЕУ и владеење на правдата, но во оваа држава не се почитува најсветото човечкиот живот. 14 жртви - нула дена затвор. Од оваа зграда не видовме ниту П од правда. Токму од оваа зграда се уништува перспективата и надежта за достоинствен живот во оваа земја. Ова Обвинителство е газда за организиран криминал, корупција, зло и олигархија, рече тој.
Исмаили истакна дека довербата во правосудниот систем е нула и посочи дека сме „сведоци на едно тотална неодговорност на криминалното владеење во сите ниво во системот“.
Тивкото игнорирање на германската експертиза која обвинителот гласно ја бараше претставува скандал и фатален неуспех на правосудниот систем. Културата на неказнивост метастазирала на секое ниво на системот и не знаеме која онкологија може да го излечи ракот што го има зафатено цела Македонија. Бараме отворање на судска постапка за причините на пожарот во која на обвинителна клупа ќе седнат челниците на Министерство за здравство како нарачател и фирмата „Брако“ како победник на тендерот.  И повторно постапување и преиспитување на пресудата од судот во Тетово, рече Исмаили.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека, правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“. Основното јавно обвинителство Тетово, еден месец подоцна на 10 јули 2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште води предистражна постапка во врска со тендерот за набавка на модуларните болници.

The post „Во оваа држава не се почитува најсветото – човечкиот живот“, се порача на протестот за пожарот во модуларната болница appeared first on Република.

]]>
Протест во Тетово со барање за одговорност за жртвите од модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-vo-tetovo-so-barane-za-odgovornost-za-zhrtvite-od-modularnata-bolnitsa/ Fri, 08 Sep 2023 17:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=680048

Ново обвинение и одговорност за жртвите кои пред 2 години загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово, бараат семејствата на загинатите. Со транспаренти и 14 изгорени маици кои ги симболизираат жртвите во пожарот, семејставата на загинатите прашуваат – колку чини човечкиот живот? Зошто нема ниту една затворска казна? Незадоволни од пресудата за изречените условни казни за двајцата директори на болницата, бараат пред правдата да одговараат оние кои се навистина виновни за пожарот.

Црниот чад што го прекри градот таа ноќ, денеска ја покрива правдата во оваа земја. Довербата во правосудниот систем е нула. Корупцијата убива. Судството и Обвинителството се дел и бранители на организираниот криминал, корупцијата, злото и олигархијата. 14 жртви, нула денови затвор, изјави Мумин Исмаили, организатор на протестот, чија мајка беше една од жртвите во пожарот.

Основното обвинителство пред две години вината за пожарот ја лоцираше во продолжениот кабел, на кој биле приклучени дефирилатор, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Поднесени беа кривични пријави против 2 директори, докторот и Клиничката боница, по што беа изречени 2 условни казни и една ослободителна пресуда. Токму против правосудниот систем беа искажани најмногу осуди, а се побара и смена на главниот обвинител Јовески, заедно со обвинителите од Тетово. Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат и во иднина.

Извор: Сител

The post Протест во Тетово со барање за одговорност за жртвите од модуларната болница appeared first on Република.

Обвинение за вистинските виновници бараат семејствата на загинатите во модуларата болница, најавувајќи протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinenie-za-vistinskite-vinovnitsi-baraat-semejstvata-na-zaginatite-vo-modularata-bolnitsa-najavuvajki-protesti/ Tue, 05 Sep 2023 09:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=678908

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.

Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.

Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.

Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.

На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

The post Обвинение за вистинските виновници бараат семејствата на загинатите во модуларата болница, најавувајќи протести appeared first on Република.

]]>

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.
Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.
Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.
Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.
На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

The post Обвинение за вистинските виновници бараат семејствата на загинатите во модуларата болница, најавувајќи протести appeared first on Република.

]]>
За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-jo-audio-snimkata-od-sudeneto-za-tetovskata-bolnitsa-e-zloupotreba-na-protsesot-za-neosnovana-lichna-i-institutsionalna-diskreditatsija/ Fri, 18 Aug 2023 09:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=673280

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/

Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.

Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.
Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.
Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>
Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-joveski-i-timot-dolzhat-mnogu-odgovori-i-itno-soochuvane-so-javnosta/ Fri, 18 Aug 2023 05:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=673177

Наместо да пишуваат деманти, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговиот тим должат итно соочување со јавноста, бара поранешниот министер Никола Димитров, по објавувањето на аудиозаписите од рочиштето за пожарот во модуларната болница, во кои се гледа дека Обвинителството како „беспредметно“ го отфрла вештачењето за несреќата на германските експерти.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmeten-od-obvinitelstvoto/

Распитот на германските форензичари, претставени и поздравени како гарант јавноста да не се сомнева во истрагата за причините за ужасот во Тетово бил „беспредметен” за обвинението?
Јовески и тимот должат многу одговори. Наместо да пишуваат деманти должат итно соочување со јавноста. За почеток…, реагира Димитров.

The post Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста appeared first on Република.

]]>

Наместо да пишуваат деманти, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговиот тим должат итно соочување со јавноста, бара поранешниот министер Никола Димитров, по објавувањето на аудиозаписите од рочиштето за пожарот во модуларната болница, во кои се гледа дека Обвинителството како „беспредметно“ го отфрла вештачењето за несреќата на германските експерти. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmeten-od-obvinitelstvoto/
Распитот на германските форензичари, претставени и поздравени како гарант јавноста да не се сомнева во истрагата за причините за ужасот во Тетово бил „беспредметен” за обвинението? Јовески и тимот должат многу одговори. Наместо да пишуваат деманти должат итно соочување со јавноста. За почеток…, реагира Димитров.

The post Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста appeared first on Република.

]]>
Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Fri, 18 Aug 2023 05:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=673176

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.

Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/

Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува.

Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење.

Целото аудио тука

The post Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес. Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот. https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува. Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење. Целото аудио тука

The post Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Платформата за борба против корупција бара оставка од jавниот обвинител Љубомир Јовески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platformata-za-borba-protiv-koruptsija-bara-ostavka-od-javniot-obvinitel-lubomir-joveski/ Thu, 17 Aug 2023 12:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=673032

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара оставка од функцијата Јавен обвинител на обвинителот Љубомир Јовески.

Според денешната изјава на Платформата пред Јавното обвинителство, од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово", истрагата на јавното обвинителство за пожарот во модуларната болница во Тетово не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти.

Како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за најпрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица, велат од платформата.

Дополнуваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од Законот за кривична постапка.

Притоа, во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продлжуван рокот согласно ставовите 2 и 3 од истиот член, ниту зашто и покрај ова продолжување, истрагата не резултира со завршница, дополнуваат оттаму.

Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година својот живот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, Тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“.

The post Платформата за борба против корупција бара оставка од jавниот обвинител Љубомир Јовески appeared first on Република.

]]>

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара оставка од функцијата Јавен обвинител на обвинителот Љубомир Јовески. Според денешната изјава на Платформата пред Јавното обвинителство, од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово", истрагата на јавното обвинителство за пожарот во модуларната болница во Тетово не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти.
Како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за најпрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица, велат од платформата.
Дополнуваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од Законот за кривична постапка.
Притоа, во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продлжуван рокот согласно ставовите 2 и 3 од истиот член, ниту зашто и покрај ова продолжување, истрагата не резултира со завршница, дополнуваат оттаму.
Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година својот живот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, Тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“.

The post Платформата за борба против корупција бара оставка од jавниот обвинител Љубомир Јовески appeared first on Република.

]]>
Обвинителството игнорира три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот, нарачува четврто пази – на Електро каде Кочо е професор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-ignorira-tri-veshtachena-koi-utvrduvaat-odgovornost-kaj-izveduvachot-narachuva-chetvrto-pazi-na-elektro-kade-kocho-e-profesor/ Wed, 16 Aug 2023 08:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=672595

Адвокатот Јанаки Митровски бара правно гонење на државниот обвинител Љубомир Јовески, поради пропустите во истрагата околу пожарот во тетовската модуларна болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот обвинителство ги игнорира, нарачува четврто пази на Електро каде Кочо е професор и види чудо вештачењето не вели нема вина туку дека е градено согласно спецификација, а спецификацијата ја прави мадам Вања која потоа се запослува кај Кочо!!!
Нити обвинителство смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради очигледен конфликт на интереси. Апс за Љубомир Јовевски!!!, порача Митровски.

На забелешката дека Анѓушев не е професор на Електро, туку на Машински факултет, тој потсетува „Она као до вчера беше еден факултет во иста зграда“.

The post Обвинителството игнорира три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот, нарачува четврто пази – на Електро каде Кочо е професор appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Јанаки Митровски бара правно гонење на државниот обвинител Љубомир Јовески, поради пропустите во истрагата околу пожарот во тетовската модуларна болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/
Три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот обвинителство ги игнорира, нарачува четврто пази на Електро каде Кочо е професор и види чудо вештачењето не вели нема вина туку дека е градено согласно спецификација, а спецификацијата ја прави мадам Вања која потоа се запослува кај Кочо!!! Нити обвинителство смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради очигледен конфликт на интереси. Апс за Љубомир Јовевски!!!, порача Митровски.
На забелешката дека Анѓушев не е професор на Електро, туку на Машински факултет, тој потсетува „Она као до вчера беше еден факултет во иста зграда“.

The post Обвинителството игнорира три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот, нарачува четврто пази – на Електро каде Кочо е професор appeared first on Република.

]]>
Сали: Владата го награди еден од посочените виновници за трагедијата во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-vladata-go-nagradi-eden-od-posochenite-vinovnitsi-za-tragedijata-vo-tetovo/ Tue, 15 Aug 2023 11:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=672309

Не може да не се постави прашањето - чија вистинска иницијатива била амнестијата на БРАКО и продолжувањето на исплатата, не почитувајќи ја препораката од ревизијата? Дали ова било барање на Ковачевски, добра можност за Фатмир Меџити или наредба на Артан Груби?, истакна на денешната прес-конференција поранешниот министер за здравство, Беким Сали, во однос на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Тој претходно ја потврди процедурата спомената во емисијата „Убиство во Тетово“ објавена од страна на Институтот за репортерска лабораторија (ИРЛ) каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од страна на Министерството. Но, како што кажа Сали, и покрај препораките на внатрешната ревизија, неговиот наследник, преку Владата, иницирал исплата на долгот кон оваа компанија.

Која е обврската што оваа власт ја има кон Кочо Анѓушев и зошто власта дозволува да гази над лешовите од пожарот на 8 септември 2021 година само за да има корист уште неколку милиони евра? А што друго треба да се случи за Ковачевски и Фатмир Меџити да поднесат оставки и да се извинат за сите овие штети што им ги нанесуваат на граѓаните, посочи Сали.

Тој постави и прашање за одговорноста на главниот обвинител Љубомир Јовевски, кој, како што потенцираше Сали, наместо да му се обрати на виновникот и да бара виновници меѓу оние што ги изградија тие модуларни болници, поднел тужба за споредна одговорност, игнорирајќи ја основната одговорност на фирмата изведувач, на нарачателите и поддржувачите на оваа компанија.

Уште колку жртви треба да се случат, колку луѓе треба да изгорат во пламен за обвинителството да почне да се занимава со виновниците? Во земја каде пациентите горат во болница, каде што функционерите бројат милиони, каде што обвинителите се потсмеваат на жртвите и каде што виновниците се наградуваат со милиони повеќе, дошло време да се каже дека оваа земја е целосно банкротирана и треба да се рестартира, подвлече поранешниот министер за здравство, Сали.

На новинарско прашање дали останатите болници се од истиот материјал според извршената ревизија, тој потврдно одговори дека се работи за ист материјал и дека за останатите модуларни болници со финансиерите на проектот имале договор за обезбедување на противпожарен систем на сите модуларни болници и начелно тие не би биле користени како модуларни болници или за подолг престој на пациенти, туку би биле користени како вакцинални пунктови или пак како лаборатории каде што престојот на пациентите не би бил подолг од еден ден.

Во однос на прашањето околу проблемот со инсулинот, Сали појасни дека сите процедури коишто биле вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури биле навремено објавени.

Знаете за првпат оваа година обезбедивме сензори за деца, односно за пациент од типот еден, и тие наскоро ќе добијат сензори, меѓутоа ние веќе не бевме во Министерство за да можеме да склучуваме договори или пак нашата екипа која што беше во јавните набавки не беше со мандат за да ја заврши целосната процедура. Јас не знам зошто доцни инсулинот. Тука е новиот министер да каже зошто доцни. Меѓутоа одговорно тврдам дека ние сите процедури коишто беа вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури беа навремено објавени и со препораки на Комисијата која што требаше да даде спецификации за набавка на инсулин и останатиот дел, додаде тој.

The post Сали: Владата го награди еден од посочените виновници за трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>

Не може да не се постави прашањето - чија вистинска иницијатива била амнестијата на БРАКО и продолжувањето на исплатата, не почитувајќи ја препораката од ревизијата? Дали ова било барање на Ковачевски, добра можност за Фатмир Меџити или наредба на Артан Груби?, истакна на денешната прес-конференција поранешниот министер за здравство, Беким Сали, во однос на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/   Тој претходно ја потврди процедурата спомената во емисијата „Убиство во Тетово“ објавена од страна на Институтот за репортерска лабораторија (ИРЛ) каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од страна на Министерството. Но, како што кажа Сали, и покрај препораките на внатрешната ревизија, неговиот наследник, преку Владата, иницирал исплата на долгот кон оваа компанија.
Која е обврската што оваа власт ја има кон Кочо Анѓушев и зошто власта дозволува да гази над лешовите од пожарот на 8 септември 2021 година само за да има корист уште неколку милиони евра? А што друго треба да се случи за Ковачевски и Фатмир Меџити да поднесат оставки и да се извинат за сите овие штети што им ги нанесуваат на граѓаните, посочи Сали.
Тој постави и прашање за одговорноста на главниот обвинител Љубомир Јовевски, кој, како што потенцираше Сали, наместо да му се обрати на виновникот и да бара виновници меѓу оние што ги изградија тие модуларни болници, поднел тужба за споредна одговорност, игнорирајќи ја основната одговорност на фирмата изведувач, на нарачателите и поддржувачите на оваа компанија.
Уште колку жртви треба да се случат, колку луѓе треба да изгорат во пламен за обвинителството да почне да се занимава со виновниците? Во земја каде пациентите горат во болница, каде што функционерите бројат милиони, каде што обвинителите се потсмеваат на жртвите и каде што виновниците се наградуваат со милиони повеќе, дошло време да се каже дека оваа земја е целосно банкротирана и треба да се рестартира, подвлече поранешниот министер за здравство, Сали.
На новинарско прашање дали останатите болници се од истиот материјал според извршената ревизија, тој потврдно одговори дека се работи за ист материјал и дека за останатите модуларни болници со финансиерите на проектот имале договор за обезбедување на противпожарен систем на сите модуларни болници и начелно тие не би биле користени како модуларни болници или за подолг престој на пациенти, туку би биле користени како вакцинални пунктови или пак како лаборатории каде што престојот на пациентите не би бил подолг од еден ден. Во однос на прашањето околу проблемот со инсулинот, Сали појасни дека сите процедури коишто биле вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури биле навремено објавени.
Знаете за првпат оваа година обезбедивме сензори за деца, односно за пациент од типот еден, и тие наскоро ќе добијат сензори, меѓутоа ние веќе не бевме во Министерство за да можеме да склучуваме договори или пак нашата екипа која што беше во јавните набавки не беше со мандат за да ја заврши целосната процедура. Јас не знам зошто доцни инсулинот. Тука е новиот министер да каже зошто доцни. Меѓутоа одговорно тврдам дека ние сите процедури коишто беа вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури беа навремено објавени и со препораки на Комисијата која што требаше да даде спецификации за набавка на инсулин и останатиот дел, додаде тој.

The post Сали: Владата го награди еден од посочените виновници за трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>
Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-memedi-od-dd-drzhavata-e-zarobena-od-nedopirlivite-koi-duri-i-pravdata-ja-tretiraat-kako-svoja-sopstvenost/ Mon, 14 Aug 2023 20:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=672145

Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ, смета доктор Реџеп Мемеди од новата партија Демократското движење на Изет Меџити.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) расветли многу непознати, но и познати, кои се поврзуваат со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 пациенти. Овој настан од трагични размери немаше природен епилог, бидејќи никој не ја доби заслужената казна. Никој не беше казнет, затоа што државата е заробена од оние кои немаат совест, затоа што државата ја заробиле недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост, а се казнуваат само оние кои се без „мускули“. Компромитирањето на судството е веќе докажано и преку различни анкети, но и преку реакциите на меѓународниот фактор. Сега дури и птиците знаат кој може да биде казнет, а кој не. Одговорноста на оние што ја контролираат власта е голема и чудно е како сè уште удобно спијат по таа ужасна трагедија во модуларната болница во Тетово, вели тој.

Додава дека ИРЛ го објави она што судските органи го премолчуваа, што ја прави трагично-комична фарсата на тетовскиот суд, кој по неколку седници едвај „собра“ сили да ги „изрече“ условните казни.

Јасно е зошто е минимизирана одговорноста за катастрофата која за неколку минути ги однесе животите на 14 пациенти. Оставката е чин кој се поврзува со морална одговорност. Значи тоа е нешто што ја покажува зрелоста и сериозноста на секој поединец кој се согласува да го преземе раководството на државен орган. А што се однесува до условните оставки на министрите од ДУИ кои ги направија за театар, овој настан кој им ги одзеде животите на 14 граѓани е вистинска причина за неотповиклива оставка, за одговорноста што министрите треба да ја сносат пред целата јавност, да го докажат минимумот на моралот во политиката! Но, неодговорноста стана карактеристика на албанската партија на власт, која многуте страдања и трагедии на Албанците ги одбележува со скапи концерти и забави и без воопшто им поцрвени образот. Всушност, за да поцрвени образот, треба да имаш образ..., вели д-р Мемеди.

The post Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост appeared first on Република.

]]>

Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ, смета доктор Реџеп Мемеди од новата партија Демократското движење на Изет Меџити. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) расветли многу непознати, но и познати, кои се поврзуваат со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 пациенти. Овој настан од трагични размери немаше природен епилог, бидејќи никој не ја доби заслужената казна. Никој не беше казнет, затоа што државата е заробена од оние кои немаат совест, затоа што државата ја заробиле недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост, а се казнуваат само оние кои се без „мускули“. Компромитирањето на судството е веќе докажано и преку различни анкети, но и преку реакциите на меѓународниот фактор. Сега дури и птиците знаат кој може да биде казнет, а кој не. Одговорноста на оние што ја контролираат власта е голема и чудно е како сè уште удобно спијат по таа ужасна трагедија во модуларната болница во Тетово, вели тој.
Додава дека ИРЛ го објави она што судските органи го премолчуваа, што ја прави трагично-комична фарсата на тетовскиот суд, кој по неколку седници едвај „собра“ сили да ги „изрече“ условните казни.
Јасно е зошто е минимизирана одговорноста за катастрофата која за неколку минути ги однесе животите на 14 пациенти. Оставката е чин кој се поврзува со морална одговорност. Значи тоа е нешто што ја покажува зрелоста и сериозноста на секој поединец кој се согласува да го преземе раководството на државен орган. А што се однесува до условните оставки на министрите од ДУИ кои ги направија за театар, овој настан кој им ги одзеде животите на 14 граѓани е вистинска причина за неотповиклива оставка, за одговорноста што министрите треба да ја сносат пред целата јавност, да го докажат минимумот на моралот во политиката! Но, неодговорноста стана карактеристика на албанската партија на власт, која многуте страдања и трагедии на Албанците ги одбележува со скапи концерти и забави и без воопшто им поцрвени образот. Всушност, за да поцрвени образот, треба да имаш образ..., вели д-р Мемеди.

The post Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост appeared first on Република.

]]>
Ги препознавате лицава заштитени под сенка? За нив денес збори половина Фејсбук… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gi-prepoznavate-litsava-zashtiteni-pod-senka-za-niv-denes-zbori-polovina-fejsbuk/ Mon, 14 Aug 2023 20:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=672142

Фотографија од плажа на која се гледаат пораншниот премиер Зоран Заев, заедно со неговото мото-другарче, Венко Филипче, денеска кружи на социјалните мрежи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kade-e-filipche-kade-e-brako-izgorevme-po-vtor-pat-velat-razocharanite-rodnini-na-zhrtvite-od-modularnata-bolnitsa/

Ја начекав на нет сликава, анонимниот објавувач тврди дека лицата, добро заштитени под сенката на Егејот (да не изгорат), се извесни лица кои ги збори половина фејсбук денес. Што знам шо да мислам, сигурно не се до толку безгрижни, си велам..., пишува Богдан Илиевски, споделувајќи ја фотографијата.

Фотографијата, наводно, е сликана денеска, ден по објавувањето на документарниот филм „Убиство во Тетово“, во кој Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите.

The post Ги препознавате лицава заштитени под сенка? За нив денес збори половина Фејсбук… appeared first on Република.

]]>

Фотографија од плажа на која се гледаат пораншниот премиер Зоран Заев, заедно со неговото мото-другарче, Венко Филипче, денеска кружи на социјалните мрежи. https://republika.mk/vesti/makedonija/kade-e-filipche-kade-e-brako-izgorevme-po-vtor-pat-velat-razocharanite-rodnini-na-zhrtvite-od-modularnata-bolnitsa/
Ја начекав на нет сликава, анонимниот објавувач тврди дека лицата, добро заштитени под сенката на Егејот (да не изгорат), се извесни лица кои ги збори половина фејсбук денес. Што знам шо да мислам, сигурно не се до толку безгрижни, си велам..., пишува Богдан Илиевски, споделувајќи ја фотографијата.
Фотографијата, наводно, е сликана денеска, ден по објавувањето на документарниот филм „Убиство во Тетово“, во кој Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите.

The post Ги препознавате лицава заштитени под сенка? За нив денес збори половина Фејсбук… appeared first on Република.

]]>
„Каде е Филипче, каде е Брако, изгоревме по втор пат“, велат разочараните роднини на жртвите од модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kade-e-filipche-kade-e-brako-izgorevme-po-vtor-pat-velat-razocharanite-rodnini-na-zhrtvite-od-modularnata-bolnitsa/ Mon, 14 Aug 2023 17:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=672117

Вистинските виновници не се зад решетки. Ова е главната грижа на роднините кои ги загубија своите најблиски во модуларната болница во Тетово, вечерта на 8 септември. Оние кои ги загубија своите најблиски во оваа трагедија, велат дека не се чувствуваат исполнети додека вистинските виновниците не ја добијат заслужената казна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Повеќе од 10 пати споменав дека за оваа трагедија има голем синџир на обвинети. Синоќа сведочеа оние новинари кои ја објавија веста. На тој начин ние изгоревме по втор пат. Во оваа држава секогаш се случуваат работи што не треба, ние како членови на семејството апелираме до институциите и судиите посериозно да го сфатат овој случај, да видат кој навистина треба да биде обвинет, а не како што заврши овде со 1 година и шест месеци условна казна. Од друга страна изгореа 14 лица. Како членови на семејството бараме од државата, од партиите во Владата за кои гласавме 25 години, посериозно да ја сфатат оваа работа и да не се повторуваат овие трагедии во Македонија, вели Мумин Исмаили за ТВ21.

Според Исмаили, во овој случај треба да бидат обвинети и луѓето кои ја изградиле и финансирале модуларната болница.

Неколку пати кажав дека обвинетите не се вистинските луѓе кои треба да бидат осудени за овој случај. Флорин Бесими, Артан Етеми и Бобан. Не велам дека тие немаат воопшто одговорност, бидејќи работеле во таа институција, но каде е министерот, поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Градежна фирма Брако?, вели Мумин Исмаили.

Повеќе на ТВ21

The post „Каде е Филипче, каде е Брако, изгоревме по втор пат“, велат разочараните роднини на жртвите од модуларната болница appeared first on Република.

]]>

Вистинските виновници не се зад решетки. Ова е главната грижа на роднините кои ги загубија своите најблиски во модуларната болница во Тетово, вечерта на 8 септември. Оние кои ги загубија своите најблиски во оваа трагедија, велат дека не се чувствуваат исполнети додека вистинските виновниците не ја добијат заслужената казна. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/
Повеќе од 10 пати споменав дека за оваа трагедија има голем синџир на обвинети. Синоќа сведочеа оние новинари кои ја објавија веста. На тој начин ние изгоревме по втор пат. Во оваа држава секогаш се случуваат работи што не треба, ние како членови на семејството апелираме до институциите и судиите посериозно да го сфатат овој случај, да видат кој навистина треба да биде обвинет, а не како што заврши овде со 1 година и шест месеци условна казна. Од друга страна изгореа 14 лица. Како членови на семејството бараме од државата, од партиите во Владата за кои гласавме 25 години, посериозно да ја сфатат оваа работа и да не се повторуваат овие трагедии во Македонија, вели Мумин Исмаили за ТВ21.
Според Исмаили, во овој случај треба да бидат обвинети и луѓето кои ја изградиле и финансирале модуларната болница.
Неколку пати кажав дека обвинетите не се вистинските луѓе кои треба да бидат осудени за овој случај. Флорин Бесими, Артан Етеми и Бобан. Не велам дека тие немаат воопшто одговорност, бидејќи работеле во таа институција, но каде е министерот, поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Градежна фирма Брако?, вели Мумин Исмаили.
Повеќе на ТВ21

The post „Каде е Филипче, каде е Брако, изгоревме по втор пат“, велат разочараните роднини на жртвите од модуларната болница appeared first on Република.

]]>
585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/ Mon, 14 Aug 2023 17:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=672104

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во својот најнов документарен филм „Убиство во Тетово“ открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите. Денеска новинарите ги објавија документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите.

Истражувањето покажува дека модуларните ковид-болници, вклучувајќи ја и изгорената во Тетово, биле градени несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и низа други законски пропусти. Документите до кои дојдоа новинарите на ИРЛ покажуваат дека за несоодветната тендерска постапка, аларм се вклучил уште при првиот повик за изградба на модуларен ковид-центар, кога надлежноста беше во Министерството за локална самоуправа. Тогашниот министер Горан Милевски ја поништил постапката бидејќи биле прекршени повеќе закони, а се сомневал дека одредени фирми се фаворизираат, велат од ИРЛ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/

Додаваат дека по ова, надлежностите за спроведување тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка, тендерот го добива македонската компанија „Брако“, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Подоцна се реализира уште еден тендер за изградба на 17 модуларни ковид-центри во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ја и таа во Тетово. Овој тендер е спроведен од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство. Пет од болниците ќе ги гради валандовската фирма „ЈБТ Ари и Том“, а останатите 12 вклучувајќи ја и тетовската ќе ги гради „Брако“.

Техничката спецификација за изградбата на овие модуларни објекти е подготвена и потпишана од архитектката Вања Андонова, тогаш кабинетски службеник кај министерот Филипче. Андонова по заминувањето на Филипче од министерската функција, се вработува во „Брако“. Непосредно пред да се случи пожарот, почнува да се подготвува уште еден тендер за модуларни објекти, овој пат за замена на старите објекти на амбулантите во Скопје. Овој тендер го добива фирма-ќерка на „Брако“, компанијата „ЕМС“, покажува истражувањето на ИРЛ.

Само што почнаа да се градат првите три модуларни амбуланти, се случи пожарот во Тетово. Истражувањето на ИРЛ покажало дека неколку денови по пожарот, изведувачот побарал да се подобрат стандардите за изградбата на амбулантите. За изградбата на овие 10 амбуланти била ангажирана и фирма за надзор над изградбата, што не е случај со претходните модуларни објекти. Сега, новововедениот надзор ќе каже дека техничката спецификација не ги исполнува ниту минимум стандардите за безбедност и отпорност од пожар.

Документите покажуваат дека далеку од очите на јавноста, изведувачот и Министерството за здравство потпишале анекс на договор за да ги подобрат стандардите, а со тоа се зголемила и цената на изведбата за околу 15 отсто. Овој анекс на договор, иако е законска обврска, Министерството за здравство нема да го достави до Бирото за јавни набавки, институција надлежна да ги објавува сите склучени договори на институции. Покрај спорните елементи околу тендерските постапки, документацијата што новинарите на ИРЛ ја обезбедија, покажува дека истрагата за пожарот првично се водела во насока кон тоа да се откријат причините за пожарот и зошто толку брзо изгоре целиот објект, но неколку месеци подоцна се поднесува обвинение за сосема други кривични дела, велат од ИРЛ.

Документацијата покажува дека обвинителите, тројца од Тетово и двајца од Скопје, уште во првиот месец знаеле дека спорна е техничката спецификација, нарачале и четири вештачења што ги лоцираат причинско-последичните врски за пожарот, покажува истражувањето на ИРЛ, а меѓу овие документи се и вештачењето за електричната инсталација и извештајот од германските форензичари. Меѓутоа, сосема нејасно обвинителите ќе се одлучат да нарачаат уште едно, петто вештачење, изработено од професори од Факултетот за електротехнички науки, кое, пак, изнесува спротивни гледишта за настанувањето на пожарот од претходните вештачења.

Неколку денови по ова вештачење, поднесено е и обвинението, кое опфаќа три физички лица, двајцата директори, Флорим Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“.

Судскиот процес ја збуни јавноста, бидејќи во ниту еден момент од главните расправи не се дискутираше за причините за пожарот, а не беше презентирано ниту германското вештачење. На крајот од судскиот процес, дури и судијата Јордан Велковски самоиницијативно им појасни на новинарите дека ова судење не беше за пожарот и дека Обвинителството е тоа што ги носи предметите кај нив, а овој предмет е за други кривични дела.

Втора шанса за правдата има во уште една обвинителска истрага што се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Беше најавено дека ова обвинителство ќе ја проверува тендерската документација, но таа истрага е сè уште во фаза на предистрага и не бележи никаков напредок, велат од ИРЛ.

Истражувачката сторија „Убиство во Тетово“ се темели на документација што новинарите ја обезбедија од институциите преку Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, како и материјали доставени од свиркачи од тендерската постапка за градењето на модуларните објекти и од истрагата водена од Основното јавно обвинителство во Тетово.

Материјалите содржат 585 документи напишани на 5.455 страници.

https://youtu.be/6EIyQKTyc8Q?si=Kn9lvP1ffEUNCnpW

The post 585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите appeared first on Република.

]]>

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во својот најнов документарен филм „Убиство во Тетово“ открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите. Денеска новинарите ги објавија документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите. Истражувањето покажува дека модуларните ковид-болници, вклучувајќи ја и изгорената во Тетово, биле градени несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и низа други законски пропусти. Документите до кои дојдоа новинарите на ИРЛ покажуваат дека за несоодветната тендерска постапка, аларм се вклучил уште при првиот повик за изградба на модуларен ковид-центар, кога надлежноста беше во Министерството за локална самоуправа. Тогашниот министер Горан Милевски ја поништил постапката бидејќи биле прекршени повеќе закони, а се сомневал дека одредени фирми се фаворизираат, велат од ИРЛ. https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/ Додаваат дека по ова, надлежностите за спроведување тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка, тендерот го добива македонската компанија „Брако“, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Подоцна се реализира уште еден тендер за изградба на 17 модуларни ковид-центри во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ја и таа во Тетово. Овој тендер е спроведен од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство. Пет од болниците ќе ги гради валандовската фирма „ЈБТ Ари и Том“, а останатите 12 вклучувајќи ја и тетовската ќе ги гради „Брако“.
Техничката спецификација за изградбата на овие модуларни објекти е подготвена и потпишана од архитектката Вања Андонова, тогаш кабинетски службеник кај министерот Филипче. Андонова по заминувањето на Филипче од министерската функција, се вработува во „Брако“. Непосредно пред да се случи пожарот, почнува да се подготвува уште еден тендер за модуларни објекти, овој пат за замена на старите објекти на амбулантите во Скопје. Овој тендер го добива фирма-ќерка на „Брако“, компанијата „ЕМС“, покажува истражувањето на ИРЛ.
Само што почнаа да се градат првите три модуларни амбуланти, се случи пожарот во Тетово. Истражувањето на ИРЛ покажало дека неколку денови по пожарот, изведувачот побарал да се подобрат стандардите за изградбата на амбулантите. За изградбата на овие 10 амбуланти била ангажирана и фирма за надзор над изградбата, што не е случај со претходните модуларни објекти. Сега, новововедениот надзор ќе каже дека техничката спецификација не ги исполнува ниту минимум стандардите за безбедност и отпорност од пожар.
Документите покажуваат дека далеку од очите на јавноста, изведувачот и Министерството за здравство потпишале анекс на договор за да ги подобрат стандардите, а со тоа се зголемила и цената на изведбата за околу 15 отсто. Овој анекс на договор, иако е законска обврска, Министерството за здравство нема да го достави до Бирото за јавни набавки, институција надлежна да ги објавува сите склучени договори на институции. Покрај спорните елементи околу тендерските постапки, документацијата што новинарите на ИРЛ ја обезбедија, покажува дека истрагата за пожарот првично се водела во насока кон тоа да се откријат причините за пожарот и зошто толку брзо изгоре целиот објект, но неколку месеци подоцна се поднесува обвинение за сосема други кривични дела, велат од ИРЛ.
Документацијата покажува дека обвинителите, тројца од Тетово и двајца од Скопје, уште во првиот месец знаеле дека спорна е техничката спецификација, нарачале и четири вештачења што ги лоцираат причинско-последичните врски за пожарот, покажува истражувањето на ИРЛ, а меѓу овие документи се и вештачењето за електричната инсталација и извештајот од германските форензичари. Меѓутоа, сосема нејасно обвинителите ќе се одлучат да нарачаат уште едно, петто вештачење, изработено од професори од Факултетот за електротехнички науки, кое, пак, изнесува спротивни гледишта за настанувањето на пожарот од претходните вештачења. Неколку денови по ова вештачење, поднесено е и обвинението, кое опфаќа три физички лица, двајцата директори, Флорим Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“.
Судскиот процес ја збуни јавноста, бидејќи во ниту еден момент од главните расправи не се дискутираше за причините за пожарот, а не беше презентирано ниту германското вештачење. На крајот од судскиот процес, дури и судијата Јордан Велковски самоиницијативно им појасни на новинарите дека ова судење не беше за пожарот и дека Обвинителството е тоа што ги носи предметите кај нив, а овој предмет е за други кривични дела. Втора шанса за правдата има во уште една обвинителска истрага што се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Беше најавено дека ова обвинителство ќе ја проверува тендерската документација, но таа истрага е сè уште во фаза на предистрага и не бележи никаков напредок, велат од ИРЛ.
Истражувачката сторија „Убиство во Тетово“ се темели на документација што новинарите ја обезбедија од институциите преку Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, како и материјали доставени од свиркачи од тендерската постапка за градењето на модуларните објекти и од истрагата водена од Основното јавно обвинителство во Тетово. Материјалите содржат 585 документи напишани на 5.455 страници. https://youtu.be/6EIyQKTyc8Q?si=Kn9lvP1ffEUNCnpW

The post 585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите appeared first on Република.

]]>
МЗ: Министерството за здравство нема исплатено ниту денар за модуларните амбуланти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mz-ministerstvoto-za-zdravstvo-nema-isplateno-nitu-denar-za-modularnite-ambulanti/ Mon, 14 Aug 2023 15:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=672083

Министерството за здравство ги демантира и ги отфрла како невистина наводите дека од негова страна биле исплатени пари за модуларните објекти на Здравствен дом Скопје. Ова е апсолутна невистина, потенцираат од МЗ.

Министерството за здравство и министерот д-р Фатмир Меџити го поддржуваат истражувачкото новинарство, слободата на говорот и јавното мислење бидејќи тоа е одлика на секое слободно и демократско општество какво што е и нашето. Во целост соработувавме и ќе соработуваме со сите институции во врска со судските постапки поврзани со пожарот во Тетово. Во овој контекст, МЗ во целост ги демантира и ги отфрла како невистина наводите кои се шират на социјалните мрежи дека од страна на МЗ има исплатено пари за модуларните објекти на ЗД Скопје. Ова е апсолутна невистина, истакнуваат од МЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/

Оттаму, посочуваат дека министерот Меџити со стапување на функцијата во МЗ се заложил за откочување на сите постапки, процедури и проекти, кои една година биле заглавени од страна на претходното раководство на министерството.

Една од постапките беше и изградбата на скопските модуларни амбуланти. Една година претходното раководство на МЗ не дало никаков одговор на компанијата која ги правеше објектите. Во врска со таа постапка, а за да се избегнат судски постапки, за кои отштета би се платила од буџетот, односно од парите на граѓаните, МЗ изготви информација до Владата од каде се чека одговор од неколку институции дали МЗ треба да ги исплати трите направени амбуланти, од планираните 10, со што би се избегнало плаќање на затезни камати и отштета, објаснуваат од Министерството за здравство.

Од МЗ нагласуваат дека оваа постапка сè уште не е завршена и од страна на МЗ самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти.

МЗ работи согласно законот и пред сè ги штити граѓаните и нивните права, тврдат од МЗ.

The post МЗ: Министерството за здравство нема исплатено ниту денар за модуларните амбуланти appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ги демантира и ги отфрла како невистина наводите дека од негова страна биле исплатени пари за модуларните објекти на Здравствен дом Скопје. Ова е апсолутна невистина, потенцираат од МЗ.
Министерството за здравство и министерот д-р Фатмир Меџити го поддржуваат истражувачкото новинарство, слободата на говорот и јавното мислење бидејќи тоа е одлика на секое слободно и демократско општество какво што е и нашето. Во целост соработувавме и ќе соработуваме со сите институции во врска со судските постапки поврзани со пожарот во Тетово. Во овој контекст, МЗ во целост ги демантира и ги отфрла како невистина наводите кои се шират на социјалните мрежи дека од страна на МЗ има исплатено пари за модуларните објекти на ЗД Скопје. Ова е апсолутна невистина, истакнуваат од МЗ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/ Оттаму, посочуваат дека министерот Меџити со стапување на функцијата во МЗ се заложил за откочување на сите постапки, процедури и проекти, кои една година биле заглавени од страна на претходното раководство на министерството.
Една од постапките беше и изградбата на скопските модуларни амбуланти. Една година претходното раководство на МЗ не дало никаков одговор на компанијата која ги правеше објектите. Во врска со таа постапка, а за да се избегнат судски постапки, за кои отштета би се платила од буџетот, односно од парите на граѓаните, МЗ изготви информација до Владата од каде се чека одговор од неколку институции дали МЗ треба да ги исплати трите направени амбуланти, од планираните 10, со што би се избегнало плаќање на затезни камати и отштета, објаснуваат од Министерството за здравство.
Од МЗ нагласуваат дека оваа постапка сè уште не е завршена и од страна на МЗ самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти.
МЗ работи согласно законот и пред сè ги штити граѓаните и нивните права, тврдат од МЗ.

The post МЗ: Министерството за здравство нема исплатено ниту денар за модуларните амбуланти appeared first on Република.

]]>
Една компанија и еден човек успеа да го корумпира целиот систем и да се извлече со 14 извршени убиства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/ Mon, 14 Aug 2023 07:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=671836

Документарецот на ИРЛ за трагедијата во тетовската модуларна болница вчера го привлече вниманието на граѓаните.

Со реакција на социјалните мрежи се јави и новинарот Фуркан Салиу кој побара оставка од владата на СДСМ и ДУИ.

 Државата уби 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. Ако и овој настан нема да не собере на улица тогаш не заслужуваме подобро, Обвинителството за одбрана на криминалот должи одговори! Монструмот Јовевски и неговата криминална банда треба да одговорат зошто го прикриле убиството на 14 невини луѓе. На улица луѓе, сите на улица се додека овие криминалци не си поднесат оставки и не седнат на обвинителна клупапорача Салиу.Една компанија, еден човек успеа да ви го корумпира цел систем и да се извлече со 14 извршени убиства. #СДСМ, #ДУИ да ви се мо*ам во европските вредности што не ги вадите од уста. ОСТАВКА!!!, порача новинарот.

https://www.youtube.com/watch?v=6EIyQKTyc8Q&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnewz24live.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Една компанија и еден човек успеа да го корумпира целиот систем и да се извлече со 14 извршени убиства appeared first on Република.

]]>

Документарецот на ИРЛ за трагедијата во тетовската модуларна болница вчера го привлече вниманието на граѓаните. Со реакција на социјалните мрежи се јави и новинарот Фуркан Салиу кој побара оставка од владата на СДСМ и ДУИ.
 Државата уби 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. Ако и овој настан нема да не собере на улица тогаш не заслужуваме подобро, Обвинителството за одбрана на криминалот должи одговори! Монструмот Јовевски и неговата криминална банда треба да одговорат зошто го прикриле убиството на 14 невини луѓе. На улица луѓе, сите на улица се додека овие криминалци не си поднесат оставки и не седнат на обвинителна клупапорача Салиу.Една компанија, еден човек успеа да ви го корумпира цел систем и да се извлече со 14 извршени убиства. #СДСМ, #ДУИ да ви се мо*ам во европските вредности што не ги вадите од уста. ОСТАВКА!!!, порача новинарот.
  https://www.youtube.com/watch?v=6EIyQKTyc8Q&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnewz24live.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Една компанија и еден човек успеа да го корумпира целиот систем и да се извлече со 14 извршени убиства appeared first on Република.

]]>
На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-5-juni-presuda-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Mon, 29 May 2023 12:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=645784

На 5 јуни судијата Јордан Велковски од Основниот кривичен суд Скопје ќе ја изрече пресудата за пожарот во модуларната болница во септември 2021 година во кој загинаа 14 лица.

Обвинети во случајот се двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се гонат за тешки дела против општата сигурност, како и докторот Бобан Вучевски кој е обвинет за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. За предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, пак, како правно лице се гони и Клиничката болница Тетово.

Закажувањето на пресудата доаѓа откако денеска во тетовскиот суд беа дадени завршните зборови од странките.

The post На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

На 5 јуни судијата Јордан Велковски од Основниот кривичен суд Скопје ќе ја изрече пресудата за пожарот во модуларната болница во септември 2021 година во кој загинаа 14 лица. Обвинети во случајот се двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се гонат за тешки дела против општата сигурност, како и докторот Бобан Вучевски кој е обвинет за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. За предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, пак, како правно лице се гони и Клиничката болница Тетово. Закажувањето на пресудата доаѓа откако денеска во тетовскиот суд беа дадени завршните зборови од странките.  

The post На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>
Завршни зборови за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zavrshni-zborovi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Mon, 29 May 2023 06:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=645540

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе.

Ова е трет обид да има завршни зборови откако рочиштата на 25 април и 10 мај беа одложени.

The post Завршни зборови за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе. Ова е трет обид да има завршни зборови откако рочиштата на 25 април и 10 мај беа одложени.

The post Завршни зборови за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>