модна ревија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/modna-revija/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 09:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png модна ревија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/modna-revija/ 32 32 Tрадиционалната модна ревија на студентите од ТМФ годинава е на тема „Време“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/traditsionalnata-modna-revija-na-studentite-od-tmf-godinava-e-na-tema-vreme/ Thu, 20 Jun 2024 09:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=789260

По повод прославата на 65-годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, ја подготвија традиционалната модна ревија на тема „Време“., што ќе се одржи вечерва, во 19 часот на ТМФ.

Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките кон иднината. Приказната за влијанието на времето врз модата, ја доловува нејзината суштина низ дијалогот на бои, текстури и форми. Со изработка на уникатни дизајни, студентите ги пренесоа нивните различни толкувања – некои креации се инспирираат од елеганцијата на минатото, со оригинални детали и ткаенини, додека други гледаат кон иднината, прикажувајќи иновативни силуети кои ги симболизираат безграничните можности на утрешницата. Дизајните ги одразуваат моментите на транзиција, каде што старото се среќава со новото, отелотворувајќи го трансформативниот дух на креација што го дефинира нашиот факултет.

Брзото темпо на технолошкиот напредок го нагласува забрзувањето на времето во модерното време. Откритијата, за кои некогаш биле потребни децении да се развијат, сега се појавуваат за само години или месеци. Ова забрзување влијае на индустријата, економијата и секојдневниот живот, преобликувајќи го начинот на кој го перципираме и користиме времето. Развојот на вештачката интелигенција дополнително влијае врз течението на времето, овозможувајќи моментална комуникација, брза обработка на податоци и решавање проблеми. Како што технологијата се развива, таа постојано ги редефинира нашите временски граници, создавајќи иднина во која времето станува сè повредно. Па така, дигиталната ера, ги разниша границите помеѓу работата и слободното време, создавајќи општество 24/7 каде традиционалните временски одредници се губат.

Модата ја доловува суштината на времето, рефлектирајќи изгледи од различни ери и предвидување на идните трендови. Дизајнерите често се осврнуваат кон минатото за инспирација, па цикличната природа на модата покажува како таа не се движи линеарно, туку спирално, па старите стилови се постојано реобмислени. Оваа интеракција на минатото, сегашноста и иднината во модата го истакнува времето како динамичен концепт кој постојано се развива и каде коегзистираат историјата и иновациите.

Времето, во своите различни манифестации, останува длабок и повеќеслоен концепт. Во квантната физика, тоа го предизвикува нашето разбирање за реалноста; во модата, инспирира креативност и континуитет; во технологијата, ги поттикнува иновациите и напредокот; и како општествен конструкт, го обликува нашиот секојдневен живот и културните практики.

 

 

The post Tрадиционалната модна ревија на студентите од ТМФ годинава е на тема „Време“ appeared first on Република.

]]>

По повод прославата на 65-годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, ја подготвија традиционалната модна ревија на тема „Време“., што ќе се одржи вечерва, во 19 часот на ТМФ. Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките кон иднината. Приказната за влијанието на времето врз модата, ја доловува нејзината суштина низ дијалогот на бои, текстури и форми. Со изработка на уникатни дизајни, студентите ги пренесоа нивните различни толкувања – некои креации се инспирираат од елеганцијата на минатото, со оригинални детали и ткаенини, додека други гледаат кон иднината, прикажувајќи иновативни силуети кои ги симболизираат безграничните можности на утрешницата. Дизајните ги одразуваат моментите на транзиција, каде што старото се среќава со новото, отелотворувајќи го трансформативниот дух на креација што го дефинира нашиот факултет. Брзото темпо на технолошкиот напредок го нагласува забрзувањето на времето во модерното време. Откритијата, за кои некогаш биле потребни децении да се развијат, сега се појавуваат за само години или месеци. Ова забрзување влијае на индустријата, економијата и секојдневниот живот, преобликувајќи го начинот на кој го перципираме и користиме времето. Развојот на вештачката интелигенција дополнително влијае врз течението на времето, овозможувајќи моментална комуникација, брза обработка на податоци и решавање проблеми. Како што технологијата се развива, таа постојано ги редефинира нашите временски граници, создавајќи иднина во која времето станува сè повредно. Па така, дигиталната ера, ги разниша границите помеѓу работата и слободното време, создавајќи општество 24/7 каде традиционалните временски одредници се губат. Модата ја доловува суштината на времето, рефлектирајќи изгледи од различни ери и предвидување на идните трендови. Дизајнерите често се осврнуваат кон минатото за инспирација, па цикличната природа на модата покажува како таа не се движи линеарно, туку спирално, па старите стилови се постојано реобмислени. Оваа интеракција на минатото, сегашноста и иднината во модата го истакнува времето како динамичен концепт кој постојано се развива и каде коегзистираат историјата и иновациите. Времето, во своите различни манифестации, останува длабок и повеќеслоен концепт. Во квантната физика, тоа го предизвикува нашето разбирање за реалноста; во модата, инспирира креативност и континуитет; во технологијата, ги поттикнува иновациите и напредокот; и како општествен конструкт, го обликува нашиот секојдневен живот и културните практики.    

The post Tрадиционалната модна ревија на студентите од ТМФ годинава е на тема „Време“ appeared first on Република.

]]>
Пролетна модна ревија на домашни миленици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/proletna-modna-revija-na-domashni-milenitsi/ Sun, 05 May 2024 08:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=774417

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

The post Пролетна модна ревија на домашни миленици appeared first on Република.

]]>

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија. Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери. Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици. Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

The post Пролетна модна ревија на домашни миленици appeared first on Република.

]]>
„Диор“ претстави „заштитна облека“ за криза https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/dior-pretstavi-zashtitna-obleka-za-kriza/ Wed, 02 Mar 2022 08:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=466223

Ревијата на „Диор“ на Mодната недела во Париз беше „борбена“ и по малку „мрачна”… Дизајнерката Марија Грација Чиури изјави дека нагласокот на комбинирањето на „убавината и заштитата“ е соодветен при војна.

Колекцијата за есен-зима 2022-2023 е создадена долго пред да почне конфликтот во Украина. Но, бидејќи моделите на „Диор“ носеа разновидна „заштитна опрема“ – од перничиња за рамена до корсети со воздушни перничиња кои личеа на панцири, тешко е сѐ тоа да не се поврзе со случувањата од Источна Европа, пишуваат западните весници.

Дури и пред конфликтот во Украина, светот веќе беше во војна, рече Чиури, уметнички директор за жени на „Диор“. Ковид е уште еден „облик на војна“. Сите ние минавме низ многу тешки месеци. А, овие тешки времиња многу се размислува како да се комбинираат убавината, естетиката и заштитата - вели Чиури .

Нејзините најнови креации се насочени кон технички решенија функционални за женското тело. Тие вклучуваат и технолошка адаптација на култната креација на Кристијан Диор – јакната „Бар“… Во соработка со италијанската компанија за додатоци за мотоцикли – „Д-лаб“, новата јакна има дополнителен внатрешен систем за греење.

Самата облека е еден вид заштита… Таа нè смирува. Ова гледиште е многу присутно и во она што го правам – емоционалната заштита, како и – заштита во буквална смисла на зборот - вели Чиури.

Во сенка на случувањата во Украина, во понеделникот организаторите објавија соопштение каде што ги повикуваат посетителите да ги искусат новитетите „свечено, но размислувајќи за овие мрачни часови“.

The post „Диор“ претстави „заштитна облека“ за криза appeared first on Република.

]]>

Ревијата на „Диор“ на Mодната недела во Париз беше „борбена“ и по малку „мрачна”… Дизајнерката Марија Грација Чиури изјави дека нагласокот на комбинирањето на „убавината и заштитата“ е соодветен при војна. Колекцијата за есен-зима 2022-2023 е создадена долго пред да почне конфликтот во Украина. Но, бидејќи моделите на „Диор“ носеа разновидна „заштитна опрема“ – од перничиња за рамена до корсети со воздушни перничиња кои личеа на панцири, тешко е сѐ тоа да не се поврзе со случувањата од Источна Европа, пишуваат западните весници.
Дури и пред конфликтот во Украина, светот веќе беше во војна, рече Чиури, уметнички директор за жени на „Диор“. Ковид е уште еден „облик на војна“. Сите ние минавме низ многу тешки месеци. А, овие тешки времиња многу се размислува како да се комбинираат убавината, естетиката и заштитата - вели Чиури .
Нејзините најнови креации се насочени кон технички решенија функционални за женското тело. Тие вклучуваат и технолошка адаптација на култната креација на Кристијан Диор – јакната „Бар“… Во соработка со италијанската компанија за додатоци за мотоцикли – „Д-лаб“, новата јакна има дополнителен внатрешен систем за греење.
Самата облека е еден вид заштита… Таа нè смирува. Ова гледиште е многу присутно и во она што го правам – емоционалната заштита, како и – заштита во буквална смисла на зборот - вели Чиури.
Во сенка на случувањата во Украина, во понеделникот организаторите објавија соопштение каде што ги повикуваат посетителите да ги искусат новитетите „свечено, но размислувајќи за овие мрачни часови“.

The post „Диор“ претстави „заштитна облека“ за криза appeared first on Република.

]]>