модерна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moderna/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 11:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png модерна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moderna/ 32 32 Стефковски: Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-gazi-baba-dobiva-lik-na-moderna-i-urbana-opshtina/ Wed, 05 Oct 2022 11:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=557592

Денес 05.10.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на населното место Кирил Петрушевски, каде беше пуштено во употреба новото спортско игралиште изградено на тартан подлога.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Жителите на населеното место Кирил Петрушевски добија спортски терен на најсовремена тартан подлога, нови детски реквизити и урбана опрема. Денес бев во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде го пуштивме во употреба новиот спортски терен на тартан подлога, како и реконструираното детско катче и уредениот простор со урбана опрема. Жителите на Кирил Петрушевски добија уреден простор за спорт и рекреација. Продолжува реализацијата на проекти во населените места низ општината. Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина, напиша Стефковски.

 

The post Стефковски: Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина appeared first on Република.

]]>

Денес 05.10.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на населното место Кирил Петрушевски, каде беше пуштено во употреба новото спортско игралиште изградено на тартан подлога. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Жителите на населеното место Кирил Петрушевски добија спортски терен на најсовремена тартан подлога, нови детски реквизити и урбана опрема. Денес бев во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде го пуштивме во употреба новиот спортски терен на тартан подлога, како и реконструираното детско катче и уредениот простор со урбана опрема. Жителите на Кирил Петрушевски добија уреден простор за спорт и рекреација. Продолжува реализацијата на проекти во населените места низ општината. Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина, напиша Стефковски.
 

The post Стефковски: Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина appeared first on Република.

]]>
„Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-gi-tuzi-fajzer-i-biontek-za-vakcinata-mrna/ Fri, 26 Aug 2022 13:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=544486

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата.

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.

Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.

 

The post „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА appeared first on Република.

]]>

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата. Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.
Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.
 

The post „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА appeared first on Република.

]]>
КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kzb-preporachuva-chetvrta-doza-vakcina-protiv-kovid-so-fajzer-ili-moderna-treba-da-ima-chetiri-meseci-pauza-megju-tretata-i-chetvrtata/ Wed, 06 Jul 2022 11:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=524769

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување.

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерствтото за здравство.

 

The post КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.
Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерствтото за здравство.
 

The post КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата appeared first on Република.

]]>
Модерна веќе подготвува вакцина против мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-vekje-podgotvuva-vakcina-protiv-majmunski-sipanici/ Tue, 24 May 2022 19:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=506508

Додека вирусот на мајмунски сипаници се шири во САД и Европа, фармацевтската компанија Модерна тестира во претклинички испитувања потенцијална вакцина против болеста.

Светската здравствена организација денеска објави дека се потврдени 131 инфекција со вирусот на мајмунски сипаници и уште 106 сомнителни пациенти откако на 7 мај беше откриен првиот случај надвор од земјите каде што инфекцијата традиционално се шири.

Од Модерна не одговорија веднаш на барањето да дадат повеќе детали за вакцините против мајмунски сипаници.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека владата е во процес на одобрување на дистрибуција на вакцина против мали сипаници, направена од компанијата Bavarian Nordik A/S С, за употреба во случаи на мајмунски сипаници.

 

The post Модерна веќе подготвува вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Додека вирусот на мајмунски сипаници се шири во САД и Европа, фармацевтската компанија Модерна тестира во претклинички испитувања потенцијална вакцина против болеста. Светската здравствена организација денеска објави дека се потврдени 131 инфекција со вирусот на мајмунски сипаници и уште 106 сомнителни пациенти откако на 7 мај беше откриен првиот случај надвор од земјите каде што инфекцијата традиционално се шири. Од Модерна не одговорија веднаш на барањето да дадат повеќе детали за вакцините против мајмунски сипаници. Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека владата е во процес на одобрување на дистрибуција на вакцина против мали сипаници, направена од компанијата Bavarian Nordik A/S С, за употреба во случаи на мајмунски сипаници.  

The post Модерна веќе подготвува вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Еве по колку пари поделија извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eve-po-kolku-pari-podelija-izvrshnite-direktori-na-fajzer-biontek-i-moderna/ Tue, 05 Apr 2022 14:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=483678

Извршните директори на Фајзер (Pfizer), Бионтек (BioNTech) и Модерна (Moderna) поделија повеќе од 100 милиони долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании.

Алберт Бурла од Фајзер , Угур Шахин од Бионтек и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс.

Цените на акциите на Фајзер се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на Бионтек е зголемена три пати, а на Модерна пет пати.

Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Модерна и Бионтек. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна, со проценета вредност од 5,4 милијарди долари. Шахин поседува 17,1 отсто од Бионтек, во вредност од 7,8 милијарди долари.

Вакцините развиени од Бионтек и Фајзер им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Модерна оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity.

Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Борла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор.

Шахин заработи бонус од 30,8 милиони долари во двете години од пандемијата, додека во 2018-2019 година. неговата заработка била 8,5 милиони долари. Бонусот на Бензел падна од 67,5 милиони долари на 31,1 милиони во 2020-2021 година, пред се поради котација на компанијата Модерна на берзата, која на овој извршен директор му донесе приход од акции од 58,6 милиони долари.

Вкупниот износ на бонуси за сите три компании во периодот 2020-2021 година достигна 107,2 милиони долари, од 103,7 милиони долари две години порано.

 

The post Еве по колку пари поделија извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна appeared first on Република.

]]>

Извршните директори на Фајзер (Pfizer), Бионтек (BioNTech) и Модерна (Moderna) поделија повеќе од 100 милиони долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании. Алберт Бурла од Фајзер , Угур Шахин од Бионтек и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс. Цените на акциите на Фајзер се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на Бионтек е зголемена три пати, а на Модерна пет пати. Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Модерна и Бионтек. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна, со проценета вредност од 5,4 милијарди долари. Шахин поседува 17,1 отсто од Бионтек, во вредност од 7,8 милијарди долари. Вакцините развиени од Бионтек и Фајзер им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Модерна оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity. Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Борла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор. Шахин заработи бонус од 30,8 милиони долари во двете години од пандемијата, додека во 2018-2019 година. неговата заработка била 8,5 милиони долари. Бонусот на Бензел падна од 67,5 милиони долари на 31,1 милиони во 2020-2021 година, пред се поради котација на компанијата Модерна на берзата, која на овој извршен директор му донесе приход од акции од 58,6 милиони долари. Вкупниот износ на бонуси за сите три компании во периодот 2020-2021 година достигна 107,2 милиони долари, од 103,7 милиони долари две години порано.  

The post Еве по колку пари поделија извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна appeared first on Република.

]]>
ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fda-odobri-chetvrta-doza-od-vakcinite-fajzer-i-moderna-za-lugje-nad-50-godini/ Wed, 30 Mar 2022 11:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=480853

ФДА - Управата за храна и лекови на САД одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години.

Претходно, четвртата доза беше дозволена само за лица од 12 години и повеќе, кои се имунокомпромитирани.

Центрите за превенција и контрола на болести на САД сега размислуваат за тоа како да се спроведе овластувањето на ФДА.

Луѓето кои сакаат четврта доза вакцина против ковид-19 треба да го сторат тоа само најмалку четири месеци по претходниот засилувач, соопштиja денес од ФДА.

Загрижува податокот на новата подваријанта БA.2, која се шири во Европа и во САД.

Приближно две третини од Американците се целосно вакцинирани, што значи дека примиле две дози Фајзер или Модерна или една доза од вакцината на Џонсон и Џонсон. Само половина од оние кои ги исполнуваат условите го добиле првото засилување.

Иако вакцините не ја спречија омикрон варијантата кон нејзиното ширење, здравствените власти велат дека им помогнале на заразените да избегнат сериозна болест или смрт.

Владата, исто така, размислува да одобри четврта доза за секого на есен, кога случаите би можеле повторно да се зголемат.

 

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес.

The post ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години appeared first on Република.

]]>

ФДА - Управата за храна и лекови на САД одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години. Претходно, четвртата доза беше дозволена само за лица од 12 години и повеќе, кои се имунокомпромитирани. Центрите за превенција и контрола на болести на САД сега размислуваат за тоа како да се спроведе овластувањето на ФДА. Луѓето кои сакаат четврта доза вакцина против ковид-19 треба да го сторат тоа само најмалку четири месеци по претходниот засилувач, соопштиja денес од ФДА. Загрижува податокот на новата подваријанта БA.2, која се шири во Европа и во САД. Приближно две третини од Американците се целосно вакцинирани, што значи дека примиле две дози Фајзер или Модерна или една доза од вакцината на Џонсон и Џонсон. Само половина од оние кои ги исполнуваат условите го добиле првото засилување. Иако вакцините не ја спречија омикрон варијантата кон нејзиното ширење, здравствените власти велат дека им помогнале на заразените да избегнат сериозна болест или смрт. Владата, исто така, размислува да одобри четврта доза за секого на есен, кога случаите би можеле повторно да се зголемат.   Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес.

The post ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години appeared first on Република.

]]>
Модерна тестира вакцина против омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-testira-vakcina-protiv-omikron/ Fri, 18 Mar 2022 08:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=474751

Американската фармацевтска компанија Модерна соопшти дека во САД почна втората фаза од тестирање вакцина, што ја вклучува нивната против Ковид-19, но и потенцијална за заштита од варијантата омикрон.

Новата двовалентна вакцина веќе ја прими едно лице, а се очекува да се вклучат околу 375 лица на 20 тестирачки места во САД, информираше Модерна, јави Хина.

Извршниот директор Стефан Бансел тврди дека нивната платформа, базирана на технологијата mRNA, овозможува брзина и флексибилност во развивање вакцина, прилагодена на новите варијанти на вирусот.

Од Модерна очекуваат вакцината да биде достапна веќе идната сезона за вакцинирање.

Вакцината е наменета за лица постари од 18 години, кои се примарно вакцинирани и примиле бустер доза пред повеќе од три месец

 

The post Модерна тестира вакцина против омикрон appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија Модерна соопшти дека во САД почна втората фаза од тестирање вакцина, што ја вклучува нивната против Ковид-19, но и потенцијална за заштита од варијантата омикрон. Новата двовалентна вакцина веќе ја прими едно лице, а се очекува да се вклучат околу 375 лица на 20 тестирачки места во САД, информираше Модерна, јави Хина. Извршниот директор Стефан Бансел тврди дека нивната платформа, базирана на технологијата mRNA, овозможува брзина и флексибилност во развивање вакцина, прилагодена на новите варијанти на вирусот. Од Модерна очекуваат вакцината да биде достапна веќе идната сезона за вакцинирање. Вакцината е наменета за лица постари од 18 години, кои се примарно вакцинирани и примиле бустер доза пред повеќе од три месец  

The post Модерна тестира вакцина против омикрон appeared first on Република.

]]>
Квалитетот на антителата се подобрува по вакцинацијата со „Фајзер“ и „Модерна“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kvalitetot-na-antitelata-se-podobruva-po-vakcinacijata-so-fajzer-i-moderna/ Tue, 22 Feb 2022 09:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=461795

Квалитетот на антителата индуцирани од вакцините против ковид-19 базирани на генетски вакцини, односно оние базирани на РНК гласникот, континуирано се подобрува најмалку шест месеци, додека имунолошкиот систем продолжува да ги „тренира“ своите Б-клетки што произведуваат антитела, покажа нова американска студија.

По вакцинацијата, некои Б-клетки (Б-лимфоцити) стануваат краткотрајни клетки кои произведуваат антитела, а некои се приклучуваат на таканаречените „герминални центри“, кои се формираат во лимфните јазли по инфекцијата или вакцинацијата и се важни за созревањето на Б-клетките.

Научниците од Универзитетот во Вашингтон во Св. Луис, предводен од имунологот, д-р Али Елебеди, живописно ги спореди герминалните центри со камп за обука каде Б-лимфоцитите созреваат и ги усовршуваат своите вештини.

Б-лимфоцитите или Б-клетките припаѓаат на белите крвни зрнца (леукоцити) и само тие можат да произведат плазма клетки кои лачат антитела. Б-лимфоцитите и Т-лимфоцитите заедно го формираат таканаречениот „адаптивен имунолошки систем“ кој може да се прилагоди на нови или изменети патогени.

Ако Б-клетките се активираат преку овие за телото страни антигени, тие може да се развијат во плазма или мемориски клетки кои произведуваат антитела. И колку подолго овие Б-лимфоцити остануваат во телото, толку поуспешно имунолошкиот систем може да се бори со различните варијанти на вирусот.

Бидејќи мемориските клетки се сеќаваат на првиот контакт кога повторно ќе се сретнат со антигенот, тие можат побрзо да се активираат и да гарантираат поефективен имунолошки одговор од телото.

– Клетките од герминативните центри кои успешно „дипломираат“ можат да станат долготрајни клетки кои произведуваат антитела, и тие живеат во нашата коскена срцевина и стануваат мемориски Б-клетки, подготвени да се вклучат доколку некое лице се зарази – објасни д-р Елебеди.

Тој исто така рече дека претходните студии на животни покажале дека реакциите во герминативните центри траат само неколку недели.

Научниците не тестирале дали антителата можат да неутрализираат различни варијанти на вирусот

Сепак, анализите на крвта, ткивото на лимфните јазли и коскената срцевина на волонтери кои примиле вакцина „Фајзер“ покажале дека инјекциите во герминалниот центар траеле најмалку шест месеци, а антителата станале поуспешни во препознавање и напад на протеинот, т.н „спајк протеин“ на оригиналната верзија на САРС-КоВ-2, објавен од Елебеди и неговите колеги во напис објавен во списанието „Nature“.

Научниците велат дека не тестирале дали зрелите антитела се способни да ги неутрализираат различните варијанти на коронавирусот, но Елебеди вели, теоретски, антителата треба подобро да ги препознаваат деловите од „шилото“ што се заеднички за различни варијанти и оригиналниот вид.

Тим експерти од Универзитетот Св. Луиза верува дека се потребни дополнителни истражувања за да се открие дали овој робустен одговор на герминалниот центар е единствен само во случај на вакцини базирани на гласник РНК или може да биде активиран од повеќе традиционални вакцини.

The post Квалитетот на антителата се подобрува по вакцинацијата со „Фајзер“ и „Модерна“ appeared first on Република.

]]>

Квалитетот на антителата индуцирани од вакцините против ковид-19 базирани на генетски вакцини, односно оние базирани на РНК гласникот, континуирано се подобрува најмалку шест месеци, додека имунолошкиот систем продолжува да ги „тренира“ своите Б-клетки што произведуваат антитела, покажа нова американска студија. По вакцинацијата, некои Б-клетки (Б-лимфоцити) стануваат краткотрајни клетки кои произведуваат антитела, а некои се приклучуваат на таканаречените „герминални центри“, кои се формираат во лимфните јазли по инфекцијата или вакцинацијата и се важни за созревањето на Б-клетките. Научниците од Универзитетот во Вашингтон во Св. Луис, предводен од имунологот, д-р Али Елебеди, живописно ги спореди герминалните центри со камп за обука каде Б-лимфоцитите созреваат и ги усовршуваат своите вештини. Б-лимфоцитите или Б-клетките припаѓаат на белите крвни зрнца (леукоцити) и само тие можат да произведат плазма клетки кои лачат антитела. Б-лимфоцитите и Т-лимфоцитите заедно го формираат таканаречениот „адаптивен имунолошки систем“ кој може да се прилагоди на нови или изменети патогени. Ако Б-клетките се активираат преку овие за телото страни антигени, тие може да се развијат во плазма или мемориски клетки кои произведуваат антитела. И колку подолго овие Б-лимфоцити остануваат во телото, толку поуспешно имунолошкиот систем може да се бори со различните варијанти на вирусот. Бидејќи мемориските клетки се сеќаваат на првиот контакт кога повторно ќе се сретнат со антигенот, тие можат побрзо да се активираат и да гарантираат поефективен имунолошки одговор од телото. – Клетките од герминативните центри кои успешно „дипломираат“ можат да станат долготрајни клетки кои произведуваат антитела, и тие живеат во нашата коскена срцевина и стануваат мемориски Б-клетки, подготвени да се вклучат доколку некое лице се зарази – објасни д-р Елебеди. Тој исто така рече дека претходните студии на животни покажале дека реакциите во герминативните центри траат само неколку недели. Научниците не тестирале дали антителата можат да неутрализираат различни варијанти на вирусот Сепак, анализите на крвта, ткивото на лимфните јазли и коскената срцевина на волонтери кои примиле вакцина „Фајзер“ покажале дека инјекциите во герминалниот центар траеле најмалку шест месеци, а антителата станале поуспешни во препознавање и напад на протеинот, т.н „спајк протеин“ на оригиналната верзија на САРС-КоВ-2, објавен од Елебеди и неговите колеги во напис објавен во списанието „Nature“. Научниците велат дека не тестирале дали зрелите антитела се способни да ги неутрализираат различните варијанти на коронавирусот, но Елебеди вели, теоретски, антителата треба подобро да ги препознаваат деловите од „шилото“ што се заеднички за различни варијанти и оригиналниот вид. Тим експерти од Универзитетот Св. Луиза верува дека се потребни дополнителни истражувања за да се открие дали овој робустен одговор на герминалниот центар е единствен само во случај на вакцини базирани на гласник РНК или може да биде активиран од повеќе традиционални вакцини.

The post Квалитетот на антителата се подобрува по вакцинацијата со „Фајзер“ и „Модерна“ appeared first on Република.

]]>
По четири месеци бустер дозата ја губи силата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-chetiri-meseci-buster-dozata-ja-gubi-silata/ Sat, 12 Feb 2022 20:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=457694

Ефективноста на третата доза на „Фајзер“ и „Модерна“ против корона вирусот е значително намалена до четвртиот месец по примањето на вакцината, според новата студија објавена во петокот од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

До денес, научните докази покажаа дека ефикасноста на вакцината се намалува по две дози, но релативно малку е објавено за времетраењето на заштитата по третата засилувачка доза.

The post По четири месеци бустер дозата ја губи силата appeared first on Република.

]]>

Ефективноста на третата доза на „Фајзер“ и „Модерна“ против корона вирусот е значително намалена до четвртиот месец по примањето на вакцината, според новата студија објавена во петокот од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). До денес, научните докази покажаа дека ефикасноста на вакцината се намалува по две дози, но релативно малку е објавено за времетраењето на заштитата по третата засилувачка доза.

The post По четири месеци бустер дозата ја губи силата appeared first on Република.

]]>
ЕУ ги истражува извештаите за менструални нарушувања од „Фајзер“ и „Модерна“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eu-gi-istrazuva-izveshtaite-za-menstrualni-narushuvanja-od-fajzer-i-moderna/ Sat, 12 Feb 2022 17:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=457645

Одборот за безбедност на Европската агенција за лекови во петокот соопшти дека ги разгледува извештаите за обилно менструално крварење и отсуство на менструација од жени кои примиле вакцини за ковид од Pfizer (PFE.N)/BioNTech (22UAy.DE) и Moderna (МРНа.О).

Проценката била во поглед на извештаите за менструални нарушувања по примањето на која било од двете вакцини, обете базирани на технологијата на РНК трансмитер, и сè уште не е јасно дали постои причинско-последична врска, соопшти агенцијата, пренесува Ројтерс.

Сè уште не е јасно дали има причинско-последична врска помеѓу вакцините и извештаите, соопшти агенцијата.

Менструалните нарушувања може да се појават поради низа основни медицински состојби, како и од стрес и замор, соопшти ЕМА, додавајќи дека случаи на такви нарушувања биле пријавени и по инфекцијата КОВИД-19.

Вакцинацијата против КОВИД-19 била поврзана со мала, привремена промена во должината на менструалниот циклус, според една неодамнешна студија финансирана од Националниот институт за здравје, која собрала податоци од речиси 4.000 корисници на апликација за паметни телефони која ги следи менструалните циклуси.

Но, ЕМА во декември соопшти дека не воспоставила врска помеѓу промените во менструалните циклуси и вакцините за Ковид-19, откако една студија во Норвешка сугерираше дека некои жени имале потешки периоди откако биле вакцинирани.

По разгледувањето на достапните докази, Комитетот за проценка на ризикот за фармаковигиланца (PRAC) на ЕМА соопшти дека одлучил да побара евалуација на сите достапни податоци, вклучувајќи извештаи од пациенти и здравствени работници, клинички испитувања и објавена литература.

Агенцијата во петокот додаде дека исто така нема докази кои сугерираат дека вакцините за Ковид-19 влијаеле на плодноста.

The post ЕУ ги истражува извештаите за менструални нарушувања од „Фајзер“ и „Модерна“ appeared first on Република.

]]>

Одборот за безбедност на Европската агенција за лекови во петокот соопшти дека ги разгледува извештаите за обилно менструално крварење и отсуство на менструација од жени кои примиле вакцини за ковид од Pfizer (PFE.N)/BioNTech (22UAy.DE) и Moderna (МРНа.О).
Проценката била во поглед на извештаите за менструални нарушувања по примањето на која било од двете вакцини, обете базирани на технологијата на РНК трансмитер, и сè уште не е јасно дали постои причинско-последична врска, соопшти агенцијата, пренесува Ројтерс.
Сè уште не е јасно дали има причинско-последична врска помеѓу вакцините и извештаите, соопшти агенцијата. Менструалните нарушувања може да се појават поради низа основни медицински состојби, како и од стрес и замор, соопшти ЕМА, додавајќи дека случаи на такви нарушувања биле пријавени и по инфекцијата КОВИД-19. Вакцинацијата против КОВИД-19 била поврзана со мала, привремена промена во должината на менструалниот циклус, според една неодамнешна студија финансирана од Националниот институт за здравје, која собрала податоци од речиси 4.000 корисници на апликација за паметни телефони која ги следи менструалните циклуси. Но, ЕМА во декември соопшти дека не воспоставила врска помеѓу промените во менструалните циклуси и вакцините за Ковид-19, откако една студија во Норвешка сугерираше дека некои жени имале потешки периоди откако биле вакцинирани. По разгледувањето на достапните докази, Комитетот за проценка на ризикот за фармаковигиланца (PRAC) на ЕМА соопшти дека одлучил да побара евалуација на сите достапни податоци, вклучувајќи извештаи од пациенти и здравствени работници, клинички испитувања и објавена литература. Агенцијата во петокот додаде дека исто така нема докази кои сугерираат дека вакцините за Ковид-19 влијаеле на плодноста.

The post ЕУ ги истражува извештаите за менструални нарушувања од „Фајзер“ и „Модерна“ appeared first on Република.

]]>
Модерна доби целосно одобрение од ФДА за примена на вакцината против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-dobi-celosno-odobrenie-od-fda-za-primena-na-vakcinata-protiv-kovid-19/ Tue, 01 Feb 2022 07:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=452185

Фармацевтската компанија Модерна соопшти дека добила целосно одобрение од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за примена на нејзината вакцина против Ковид-19 на лица постари од 18 години.

Вакцината доби одобрение за итна употреба во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година извести дека е завршена целата процедура за аплицирање за целосното одобрување на вакцината.

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек доби целосно одобрение во САД минатата година.

Вакцината на Модерна е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји низ светот, вклучувајќи ги и Канада и членките на Европската унија.

The post Модерна доби целосно одобрение од ФДА за примена на вакцината против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Фармацевтската компанија Модерна соопшти дека добила целосно одобрение од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за примена на нејзината вакцина против Ковид-19 на лица постари од 18 години. Вакцината доби одобрение за итна употреба во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година извести дека е завршена целата процедура за аплицирање за целосното одобрување на вакцината. Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек доби целосно одобрение во САД минатата година. Вакцината на Модерна е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји низ светот, вклучувајќи ги и Канада и членките на Европската унија.

The post Модерна доби целосно одобрение од ФДА за примена на вакцината против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Moдерна развива вакцина против Омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moderna-razviva-vakcina-protiv-omikron/ Thu, 27 Jan 2022 07:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=450036

Американската компанија Модерна синоќа објави дека започнала клинички испитувања на засилувачка доза на вакцина дизајнирана специјално за борба против варијантата на коронавирусот Омикрон.

Во истражувањето учествуваат вкупно 600 возрасни лица, од кои повеќето примиле две дози од вакцината Модерна пред шест месеци. Но, има и такви ревакцинирани пред три месеци. Така, новата вакцина ќе се тестира и како трета и четврта доза.

Компанијата, исто така, ги објави резултатите од ефикасноста против Омикрон на бустер вакцината што се користеше досега. Шест месеци по ревакцинацијата, нивоата на неутрализирачки антитела против Омикрон се намаличе шест пати од врвот забележан 29 дена по инјектирањето, но сепак биле присутни кај сите имунизирани пациенти. Тие податоци се добиени од тест на крвта на 20 луѓе кои примиле засилувачка доза.

На 25 јануари Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек почнаа клинички испитувања на новата верзија на нивната вакцина против Ковид-19, која е конкретно против варијантата Омикрон.

The post Moдерна развива вакцина против Омикрон appeared first on Република.

]]>

Американската компанија Модерна синоќа објави дека започнала клинички испитувања на засилувачка доза на вакцина дизајнирана специјално за борба против варијантата на коронавирусот Омикрон. Во истражувањето учествуваат вкупно 600 возрасни лица, од кои повеќето примиле две дози од вакцината Модерна пред шест месеци. Но, има и такви ревакцинирани пред три месеци. Така, новата вакцина ќе се тестира и како трета и четврта доза. Компанијата, исто така, ги објави резултатите од ефикасноста против Омикрон на бустер вакцината што се користеше досега. Шест месеци по ревакцинацијата, нивоата на неутрализирачки антитела против Омикрон се намаличе шест пати од врвот забележан 29 дена по инјектирањето, но сепак биле присутни кај сите имунизирани пациенти. Тие податоци се добиени од тест на крвта на 20 луѓе кои примиле засилувачка доза. На 25 јануари Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек почнаа клинички испитувања на новата верзија на нивната вакцина против Ковид-19, која е конкретно против варијантата Омикрон.

The post Moдерна развива вакцина против Омикрон appeared first on Република.

]]>
„Модерна“ ја најави вакцината против ковид и грип за есента 2023 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-ja-najavi-vakcinata-protiv-kovid-i-grip-za-esenta-2023/ Thu, 20 Jan 2022 09:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=446996

Заедничка вакцина против ковид-19 и грип би можела да биде достапна есента 2023 година, соопшти извршниот директор на „Модерна“ Стефан Бансел.

Работиме на вакцина против грип,  ковид и респираторен синцицијален вирус. Целта ни е еднаш годишно да имаме бустер, бидејќи луѓето не сакаат да одат неколку пати на вакцина, рече Бансел.

The post „Модерна“ ја најави вакцината против ковид и грип за есента 2023 appeared first on Република.

]]>

Заедничка вакцина против ковид-19 и грип би можела да биде достапна есента 2023 година, соопшти извршниот директор на „Модерна“ Стефан Бансел.
Работиме на вакцина против грип,  ковид и респираторен синцицијален вирус. Целта ни е еднаш годишно да имаме бустер, бидејќи луѓето не сакаат да одат неколку пати на вакцина, рече Бансел.

The post „Модерна“ ја најави вакцината против ковид и грип за есента 2023 appeared first on Република.

]]>
Модерна најавува комбинирана вакцина против корона и грип https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-najavuva-kombinirana-vakcina-protiv-korona-i-grip/ Tue, 18 Jan 2022 10:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=446251

Првиот човек на американската фармацевтска компанија Модерна, Стефан Бансел изјави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против ковид-19 и сезонски грип.

Говорејќи на видео-конференција на Светскиот економски форум (СЕФ), Бансел се огради велејќи дека најавениот рок е оптимистичка прогноза, но и изрази уверување дека следната година во некои земји може да се појави нова вакцина, објави Ројтерс.

Директорот на Модерна објасни дека целта на компанијата е да произведе една вакцина за да се избегнат „проблеми“, а на луѓето ќе им обиде овозможено да примаат само комбинирана доза секоја зима.

The post Модерна најавува комбинирана вакцина против корона и грип appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на американската фармацевтска компанија Модерна, Стефан Бансел изјави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против ковид-19 и сезонски грип. Говорејќи на видео-конференција на Светскиот економски форум (СЕФ), Бансел се огради велејќи дека најавениот рок е оптимистичка прогноза, но и изрази уверување дека следната година во некои земји може да се појави нова вакцина, објави Ројтерс. Директорот на Модерна објасни дека целта на компанијата е да произведе една вакцина за да се избегнат „проблеми“, а на луѓето ќе им обиде овозможено да примаат само комбинирана доза секоја зима.

The post Модерна најавува комбинирана вакцина против корона и грип appeared first on Република.

]]>