мода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moda/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 08:18:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moda/ 32 32 Новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска е инспирирана од Брач https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/novata-kolektsija-koga-modata-ja-sledi-arhitekturata-na-makedonskata-dizajnerka-evgenija-zafirovska-e-inspirirana-od-brach/ Thu, 15 Aug 2024 08:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=806689

Македонската модна дизајнерка Евгенија Зафировска која работи во Скопје и во Љубљана во понеделникот, на 12 август на брегот во Сутиван, на хрватскиот остров Брач ја претстави новата колекција наречена „Кога модата ја следи архитектурата“, потпишана од брендот ЕЗ (Евгенија Зафировска Дизајн).

За поубава атмосфера на модната ревија свирел познатиот хрватски музичар Роко Вушковиќ. Zа презентација на креациите е подготвен каталог со сите модели фотографирани во Сутиван. Фотографиите се дело на Сања Гргиќ Ќуриќ, а како заштитни лица се појавуваат Ника Шунара и Николина Петров Вушковиќ.

Во колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, облеката ја претставувам како тело, архитектура, создадов „носливи предмети“. Преку истражување, пристапив и ја најдов најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3Д структура и простор за телото, притоа дозволувајќи неограничено движење. Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат сè повеќе свесни за квалитетот и одржливоста што ни ги нудат малите серии облека, со што нè доближуваат до уникатноста, исто како што куќите, улиците и плоштадите се единствени на свој начин, вели Зафировска.

Сутиванската архитектура, изградена од бел камен, е инспирација за колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, која создава рамнотежа помеѓу архитектурата и природата. Колекцијата е изработена од природни материјали, надополнети со елементи од рециклиран рачно ткаен материјал со извезени и плетени мотиви. Модните дизајни претставуваат комбинација на геометриски форми во просторот, што создава чувство на проток и нежни струи.

Негувањето на етичка мода, рециклирање и производство на нула отпад за мене е совршенство при дизајнирање креација. Моја лична заложба е заштита на животната средина, вели Зафировска.

Резултатот е современа колекција, препознатлива и единствена, базирана на корисни,
иновативни рачни техники и материјали.

Модата и архитектурата отсекогаш имале меѓусебен однос заснован на заеднички визуелен и интелектуален принцип. Влијанието на архитектурата врз колекцијата е видливо во употребата на флексибилни материјали, мембрански структури, многу лесен мрежест материјал и, од друга страна, многу цврст рачно ткаен материјал. При изработката на секое парче од колекцијата користев рачни текстилни техники на оригинални традиционални начини, додава модната дизајнерка.

EZ ја прави одговорната мода лесна и посакувана, а истовремено отстранува многу од бариерите со кои се соочуваат купувачите кога бараат поприфатливи алтернативи. Добриот дизајн треба да биде разумен, смета Зафировска.

Фото: Габрич Медиа

The post Новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска е инспирирана од Брач appeared first on Република.

]]>

Македонската модна дизајнерка Евгенија Зафировска која работи во Скопје и во Љубљана во понеделникот, на 12 август на брегот во Сутиван, на хрватскиот остров Брач ја претстави новата колекција наречена „Кога модата ја следи архитектурата“, потпишана од брендот ЕЗ (Евгенија Зафировска Дизајн). За поубава атмосфера на модната ревија свирел познатиот хрватски музичар Роко Вушковиќ. Zа презентација на креациите е подготвен каталог со сите модели фотографирани во Сутиван. Фотографиите се дело на Сања Гргиќ Ќуриќ, а како заштитни лица се појавуваат Ника Шунара и Николина Петров Вушковиќ.
Во колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, облеката ја претставувам како тело, архитектура, создадов „носливи предмети“. Преку истражување, пристапив и ја најдов најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3Д структура и простор за телото, притоа дозволувајќи неограничено движење. Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат сè повеќе свесни за квалитетот и одржливоста што ни ги нудат малите серии облека, со што нè доближуваат до уникатноста, исто како што куќите, улиците и плоштадите се единствени на свој начин, вели Зафировска.
Сутиванската архитектура, изградена од бел камен, е инспирација за колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, која создава рамнотежа помеѓу архитектурата и природата. Колекцијата е изработена од природни материјали, надополнети со елементи од рециклиран рачно ткаен материјал со извезени и плетени мотиви. Модните дизајни претставуваат комбинација на геометриски форми во просторот, што создава чувство на проток и нежни струи.
Негувањето на етичка мода, рециклирање и производство на нула отпад за мене е совршенство при дизајнирање креација. Моја лична заложба е заштита на животната средина, вели Зафировска.
Резултатот е современа колекција, препознатлива и единствена, базирана на корисни, иновативни рачни техники и материјали.
Модата и архитектурата отсекогаш имале меѓусебен однос заснован на заеднички визуелен и интелектуален принцип. Влијанието на архитектурата врз колекцијата е видливо во употребата на флексибилни материјали, мембрански структури, многу лесен мрежест материјал и, од друга страна, многу цврст рачно ткаен материјал. При изработката на секое парче од колекцијата користев рачни текстилни техники на оригинални традиционални начини, додава модната дизајнерка.
EZ ја прави одговорната мода лесна и посакувана, а истовремено отстранува многу од бариерите со кои се соочуваат купувачите кога бараат поприфатливи алтернативи. Добриот дизајн треба да биде разумен, смета Зафировска. Фото: Габрич Медиа  

The post Новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска е инспирирана од Брач appeared first on Република.

]]>
Вечна модна класика – маицата без ракави https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/vechna-modna-klasika-maitsata-bez-rakavi/ Thu, 09 May 2024 11:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=776325

Ги обожаваат и славните, па Бела Хадид, Жизел Бундшен и Ања Тејлор-Џој неодамна беа видени во бели маици, потсетувајќи нè колку е лесно да изгледате убаво ако изберете класично парче облека, без оглед на пригодата.

Бела Хадид избра кожени црни панталони и едноставен бел топ за прошетка низ градот и ја покажа елегантната страна на овој класичен топ.

Ако веќе го немате ова класично парче во вашиот плакар, лесно можете да го најдете во многу продавници.

The post Вечна модна класика – маицата без ракави appeared first on Република.

]]>

Ги обожаваат и славните, па Бела Хадид, Жизел Бундшен и Ања Тејлор-Џој неодамна беа видени во бели маици, потсетувајќи нè колку е лесно да изгледате убаво ако изберете класично парче облека, без оглед на пригодата. Бела Хадид избра кожени црни панталони и едноставен бел топ за прошетка низ градот и ја покажа елегантната страна на овој класичен топ. Ако веќе го немате ова класично парче во вашиот плакар, лесно можете да го најдете во многу продавници.

The post Вечна модна класика – маицата без ракави appeared first on Република.

]]>
Мила Спасовска на „Скопје моден викенд“: Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/mila-spasovska-na-skopje-moden-vikend-vo-boite-i-detalite-ja-naogam-stranata-na-lugeto-koja-ne-sekogash-ja-pokazhuvaat/ Tue, 28 Mar 2023 10:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=624616

Мила Спасовска го потпишува брендот Yamuna, кој беше прикажан на FWSK има 10 изгледи надополнети со аксесоари специјално дизајнирани од боите на палетата на IQOS.

За оваа колекција инспирацијата левитираше и се градеше околу мене веќе некое време, а сега дојде моментот да се изразам и да ја преведам во облека. Изминатиов период се што забележував беа бизнис луѓе и анализирав каков е нивниот стил. Тоа ме интригираше и најдов голема инспирација во острите линии која ме асоцираше на сериозноста на овие луѓе. Од друга страна пак, свесна сум дека животот носи непредвидливи ситуации и дека истите тие сериозни ликови знаат да се најдат во хаотични моменти. Некои уживаат во хаосот, некои се трудат секој детал да им е испланиран, но како и да е не секогаш можеме да ги предвидиме околностите, а јас размислувам за тоа многу.

За да можам сето ова да го преведам во архитектурата на телото, острите линии ги наоѓам во кројот на парчињата. Неговата улога е да му служи на телото и да раскаже повеќе за индивидуата која го носи парчето. Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат, таа е заслужна за животот да го направи убав и полн со забава, но и непредвидливост.

Во мојата работа користам исклучиво природни материјали кои не и штетат на природата. Марамите се направени во едноставна форма – коцката, а тоа ми дозволува да ја искористам целата ширина на материјалот што резултира во она што модната заедница го нарекува 0-waste. Така мојата работа во доменот на модата и придонесот кон околината доведе до соработка со IQOS брендот, кој е истовремено фокусиран на развојот на иновативни производи како и целосна посветеност на нивното влијание кон природатa. Инспирирана од префинетиот стил и боите на IQOS Originals уредите доведе до идејата за креирање на уникатна колекција на марами, вели Спасовска за оваа необична соработка.

Марама со принт специјално направена за гостите на Моден викенд Скопје, се носи на повеќе начини, што ја прави уникатна и единствена одново и одново.

The post Мила Спасовска на „Скопје моден викенд“: Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат appeared first on Република.

АЛГА – мода, графити уметност и електронска музика на една изложба https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/alga-moda-grafiti-umetnost-i-elektronska-muzika-na-edna-izlozba/ Sat, 02 Jul 2022 15:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=522650

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола отворена концептуалната изложба АЛГА која претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која е повеќеслојна.

Имено, за модната колекција на LOM Label се употребени природни и алтернативни материјали. Посветено е посебно внимание кон кроењето при изработката на модните парчиња да се создаде минимален отпад, а остатоците од материјали се реупотребуваат за да се изработи ново парче облека или моден додаток. Овој моден бренд позади кој стои модната дизајнерка Марта Дојчиновска, овој пат се враќа кон нејзината публика со колекција која е составена од фузија на органски, флуидни, нежни и геометриски форми инспирирани од алгите. И тој лајтмотив е исто така тема на уметничките дела на Драган Милованов-познат графити уметник со изразен личен печат во она што го создава.

Неговите дела ја раскажуваат љубовта кон природата, зачувувањето на зелените површини, графитите, уличната уметност, сѐ заедно претопено на уметничко платно со уникатен стил на изразување и силна порака за грижа кон животната средина.

- Фокус на АЛГА се организмите алги, флуидните форми како и варијациите на бои кои што алгите ги имаат, нивните бенефити за животната средина и еко-системот, како и нивниот опстанок во секое годишно време. Од транспарентна бела, сива, свежо зелена па се до црнa…бојата и формите на алгата се провлекуваат низ модната колекцијата и ќе се главен двигател и низ уметничките дела- истакнуваат авторите на изложбата.

Изложбата трае до понеделник, а на овој четиридневен модно-уметнички и музички перформанс свои сетови ќе имaат DJ Dejan Dex, Herzel и Chiko. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

The post АЛГА – мода, графити уметност и електронска музика на една изложба appeared first on Република.

Марк е оженет и татко на три деца – обожава да носи штикли и здолништа, а во изборот му помага сопругата https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/mark-e-ozenet-i-tatko-na-tri-deca-obozava-da-nosi-shtikli-i-zdolnishta-a-vo-izborot-mu-pomaga-soprugata/ Sat, 15 Jan 2022 17:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=445065

Шеесет и едногодишниот Марк Брајан, инженер по роботика, сопруг и татко на три деца, е хит на интернет благодарение на својот несекојдневен моден избор.
Марк обожава да носи здолжништа и штикли. Гардеробата почнал радикално да ја менува пред четири години. Повеќе сака здолништа одошто фустани, зашто, како што вели за Брајтсајд, здолништата му нудат повеќе комбинации, па може да биде облечен и мажествено над половината, а родовонеутрално под половината.

Кога со децата првпат разговарал за својата облека, се обидел да им објасни дека нена нушто сексуално во неговиот начин на облекување и дека не значи дека нивниот татко е геј.

Децата и жената го поддржуваат, а сопругата и му помага во комбиирањето.

Се случувало да се сретне со негативни коментари, но не им придава значење.

Кога ќе почнат да ме распрашуваат за сексалноста, ги прашувам дали тоа ќе ги интересираше да носев панталони, вели овој роботичар, со преку 600.000 следбеници на интернет.

The post Марк е оженет и татко на три деца – обожава да носи штикли и здолништа, а во изборот му помага сопругата appeared first on Република.

]]>

Шеесет и едногодишниот Марк Брајан, инженер по роботика, сопруг и татко на три деца, е хит на интернет благодарение на својот несекојдневен моден избор. Марк обожава да носи здолжништа и штикли. Гардеробата почнал радикално да ја менува пред четири години. Повеќе сака здолништа одошто фустани, зашто, како што вели за Брајтсајд, здолништата му нудат повеќе комбинации, па може да биде облечен и мажествено над половината, а родовонеутрално под половината.