мобинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mobing/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 08:57:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мобинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mobing/ 32 32 Се подготвува тужба за мобингот кој се врши врз вработените на Токсикологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-podgotvuva-tuzhba-za-mobingot-koj-se-vrshi-vrz-vrabotenite-na-toksikologija/ Mon, 27 May 2024 08:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=781975

Внимателно ја следиме состојбата на Клиниката за токсикологија, од каде ни пристигнуваат информации од неколку здравствени работници дека до нив се упатувани закани за откази, притисоци и елементи на класичен мобинг, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Професионалните и чесни здравствени работници да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ многу скоро од денес ќе ги исправи овие неправди кон медицинските сестри и другиот кадар на Клиниката за токсикологија кој се соочува со елементи на мобинг. Во моментов, правен тим ги разгледува поплаките од здравствените работници кои пристигнаа до е-маилот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ(komisijazazdravstvo@gmail.com) и се газгледува можноста за групна тужба за мобинг за чинителите. Ќе ставиме крај на дуализмот и самоволието со владеењето на клиниките, а со тоа и деградирањето на медицинскиот персонал. Апелираме дека сите вклучени во овие активности, ќе сносат одговорност, порачуваат од Комисијата.

The post Се подготвува тужба за мобингот кој се врши врз вработените на Токсикологија appeared first on Република.

]]>

ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-im-nudi-pravna-pomosh-na-meditsinskite-sestri-koi-se-soochuvaat-so-mobing/ Wed, 08 Nov 2023 10:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=699466

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг.

https://republika.mk/vesti/makedonija/meditsinski-sestri-od-onkologija-koj-se-drznuva-da-pishuva-navodni-demanti-vo-nashe-ime-a-bez-nasha-soglasnost-se-soochuvame-so-mobing/

Медицински сестри од Клниката за онкологија се револтирани од континуираниот мобинг од претпоставените претпоставени одделенски сестри.
Последните закани од претпоставените одделенски сестри на оваа Клиника се однесуваат на констатации за системски пропусти, нотирани во официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување, за што одговорност има Кликиката и Министерството за здравство.
Порачуваме дека медицинските сестри како и сите останати работници професионално ја вршат својата работа и тие не може да се виновни за системските пропусти, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, нудиме бесплатна правна помош/совети/консултации со наши правни тимови, велат од Комисјата.

Заинтересираните може да не контактираат на komisijazazdravstvo@gmail.com со загарантирана анонимност.

До Комисијата за здравство пристигнуваат реакции за мобинг и неправилности и од други Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг. https://republika.mk/vesti/makedonija/meditsinski-sestri-od-onkologija-koj-se-drznuva-da-pishuva-navodni-demanti-vo-nashe-ime-a-bez-nasha-soglasnost-se-soochuvame-so-mobing/
Медицински сестри од Клниката за онкологија се револтирани од континуираниот мобинг од претпоставените претпоставени одделенски сестри. Последните закани од претпоставените одделенски сестри на оваа Клиника се однесуваат на констатации за системски пропусти, нотирани во официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување, за што одговорност има Кликиката и Министерството за здравство. Порачуваме дека медицинските сестри како и сите останати работници професионално ја вршат својата работа и тие не може да се виновни за системските пропусти, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, нудиме бесплатна правна помош/совети/консултации со наши правни тимови, велат од Комисјата.
Заинтересираните може да не контактираат на komisijazazdravstvo@gmail.com со загарантирана анонимност. До Комисијата за здравство пристигнуваат реакции за мобинг и неправилности и од други Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ им нуди правна помош на медицинските сестри кои се соочуваат со мобинг appeared first on Република.

]]>
Неправилности и мобинг на Клиниката за неврологија од некадарниот и неспособен директор Висар Мифтари и негови две соработнички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nepravilnosti-i-mobing-na-klinikata-za-nevrologija-od-nekadarniot-i-nesposoben-direktor-visar-miftari-i-negovi-dve-sorabotnichki/ Tue, 11 Jul 2023 15:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=660167

Неправилности и мобинг на Клиниката за неврологија од некадарниот и неспособен директор на Клиниката за неврологија, Висар Мифтари и негови две соработнички. Вакви поплаки до Комисијата за здравство овие денови пристигнаа од вработени на Клиника за неврологија. Поплаките се однесуваат на нејасни насоки за распоредот за дежурства, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед дека директорот Мифтари воопшто нема комуникација со најголем дел од вработените да им ги објасни новините во работата и ако се земе во предвид дека Мифтари нема ден работно искуство на Клиниката ниту на терциерно ниво, а тука бил само на специјализациија прашуваме

Како самостојно и затворен во својот кабинет спроведува мобинг и притисоци врз вработените на Клиниката

Мифтари јавно да одговори кој вака лошо го советува со оглед на неговото очигледно непознавање на работатата на оваа терциерна установа
Министерот Меџити да каже врз основа на кои критериуми е избран Мифтари на Клиниката од која доаѓа и актуелниот четврт по ред министер за здравство
Ги охрабруваме сите наши колеги од клиники кои се соочуваат со неправилности, мобинг или имаат одредени сознанија за неправилности во работењето на клиниките, болниците, центрите за јавно здравје или здравствените домови за истото може да пријават анонимно на komisijazazdravstvo@gmail.com

The post Неправилности и мобинг на Клиниката за неврологија од некадарниот и неспособен директор Висар Мифтари и негови две соработнички appeared first on Република.

Константен мобинг врз Македонците вработени во кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konstanten-mobing-vrz-makedontsite-vraboteni-vo-kumanovskata-bolnitsa/ Mon, 20 Mar 2023 12:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=621560

Четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово.

https://republika.mk/vesti/makedonija/iskusni-meditsinski-sestri-izbrkani-od-rabota-od-bolnitsata-vo-kumanovo-za-na-nivno-mesto-da-se-vrabotat-kadri-na-dui/

Пратеникот вели дека откако вчера објави за овие за скандалозни вработувања во ЈЗУ Здравствен дом Куманово, до него непрестајно стигаат информации од вработените дека таму се врши константен мобинг врз Македонците.

Јавашлукот на ДУИ во институциите мора да престане! Барам од надлежните институции да се поништи огласот кој не е спроведен согласно балансерот, на кој секогаш се повикува ДУИ, со што е незаконски и дискриминирачки.
Каков, таков, балансерот му наложува на директорот од ДУИ, НЕ да вработува само Албанци (ова не е прв ваков оглас), туку од 10-те вработувања согласно последниот оглас МОРА 5 да се Македонци, 4 Албанци и 1 Србин, порача Петрушевски.

The post Константен мобинг врз Македонците вработени во кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово. https://republika.mk/vesti/makedonija/iskusni-meditsinski-sestri-izbrkani-od-rabota-od-bolnitsata-vo-kumanovo-za-na-nivno-mesto-da-se-vrabotat-kadri-na-dui/ Пратеникот вели дека откако вчера објави за овие за скандалозни вработувања во ЈЗУ Здравствен дом Куманово, до него непрестајно стигаат информации од вработените дека таму се врши константен мобинг врз Македонците.
Јавашлукот на ДУИ во институциите мора да престане! Барам од надлежните институции да се поништи огласот кој не е спроведен согласно балансерот, на кој секогаш се повикува ДУИ, со што е незаконски и дискриминирачки. Каков, таков, балансерот му наложува на директорот од ДУИ, НЕ да вработува само Албанци (ова не е прв ваков оглас), туку од 10-те вработувања согласно последниот оглас МОРА 5 да се Македонци, 4 Албанци и 1 Србин, порача Петрушевски.

The post Константен мобинг врз Македонците вработени во кумановската болница appeared first on Република.

]]>
Лани поднесени 48 пријави за мобинг на работното место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lani-podneseni-48-prijavi-za-mobing-na-rabotnoto-mesto/ Thu, 23 Feb 2023 11:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=612265

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува.

Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава.

Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор, вели Ампева.

Фросина Серафимовска од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) истакна дека како инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапуваат по добивањето на пријавата.

До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, претставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците, изјави Серафимовска.

Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон, кој е во изготовка и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место.

Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, шест месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно, вели Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика.

Маја Ристова адвокат, која и беше вклучена во изготовка на новиот Закон за мобинг се надева дека предлозите кои таа ги дала, но и препораките од ова истражување ќе се земаат во предвид од страна на Министерството за труд и социјална политика. Посочи дека во тек се судски постапки за мобинг. Во рамките на истражувањето анкетирани беа над 900 текстилни работнички, кои потврдуваат дека мобинг има на работните места, но тешко се докажува и затоа и не се пријавува од нивна страна, бидејќи има страв дека ќе го загубат работното место.

The post Лани поднесени 48 пријави за мобинг на работното место appeared first on Република.

]]>

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува. Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава.
Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор, вели Ампева.
Фросина Серафимовска од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) истакна дека како инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапуваат по добивањето на пријавата.
До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, претставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците, изјави Серафимовска.
Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон, кој е во изготовка и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место.
Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, шест месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно, вели Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика.
Маја Ристова адвокат, која и беше вклучена во изготовка на новиот Закон за мобинг се надева дека предлозите кои таа ги дала, но и препораките од ова истражување ќе се земаат во предвид од страна на Министерството за труд и социјална политика. Посочи дека во тек се судски постапки за мобинг. Во рамките на истражувањето анкетирани беа над 900 текстилни работнички, кои потврдуваат дека мобинг има на работните места, но тешко се докажува и затоа и не се пријавува од нивна страна, бидејќи има страв дека ќе го загубат работното место.

The post Лани поднесени 48 пријави за мобинг на работното место appeared first on Република.

]]>
Мобинг во РЕК Битола? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mobing-vo-rek-bitola/ Thu, 01 Dec 2022 13:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=580515

На почетокот на годината неспособната влада сееше закани за т.н принудни одмори во РЕК Битола и целиот енергетски и рударски сектор. Кога сфатија дека немаат ниту основа ниту право на тоа , преминаа на добриот стар мобинг, рече на денешната прес-конференција Николче Котевски, секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, посочувајќи го како пример односот на главниот инженер по хемија во РЕК Битола, Мирјана Захариевска Ралевска, избран советник во Советот на Општина Битола од редовите на СДС.

Оваа госпоѓа не е овластена, ама дозволено и е да пишува произволни наредби за распоредување на работници спротивно на Законот за работни односи, Колективниот договор и систематизацијата.

-Дозволено и е наредбите да не бидат ниту заверени ни архивирани.

-Дозволено и е да оди преку генералниот директор.

-Дозволено и е да ги присилува работниците на незаконско работење, соопшти тој.

Како пример ја додаде, како што кажа, „неизвесната професионална иднина на една личност“ која, како што рече, ќе ја нарекува „Мајка“.

На неколку години пред пензионирање, од избраната советничка Мирјана Захариевска Ралевска добила наредба на работа да оди само во прва смена иако договорот за работа на „Мајка“ бил сменско работење.

Откако личноста „Мајка“ реагирала дека тоа е спротивно на законите, Захариевска – Ралевска испратила наредба до обезбедувањето да не ја примат вработената на работа кога таа ќе дојде на смена.

И така, Мирјана Захариевска Ралевска стана директна причина за полициска интервенција и нарушување на психичкото и физичкото здравје на вработената, која што заврши на болница.

Ваквото неетичко и самоволно однесување не и било првпат на госпоѓата советничка.

Јасно е, им паѓаат блоковите во РЕК Битола, ама, на сдсмовците им паѓаат и моралните норми, вели Котевски.

Тој прашува дали Мирјана Захариевска Ралевска вака се однесува оти знае дека Синдикатот на компанијата нема да застане во одбрана на работникот?

Претседателот на синдикатот си има тендерски проблеми. Или пак, советничката од СДС вака се однесува за да ги заплаши сите вработени кои знаат што се случува во РЕК Битола, ама не смеат да помислат да станат свиркачи? На крај, Дали е ова вториот обид на власта на СДС во оваа година да суспендира уште еден Колективен договор, по оној на земјоделците? Од Захариевска-Ралевска очекуваме:

Да ја прекине неетичката и непријателска комуникација со работниците.

И конечно да научи што е тоа што треба да го работи во РЕК Битола, вели Котевски.

https://youtu.be/_DxpZ7ASX0Q

The post Мобинг во РЕК Битола? appeared first on Република.

]]>

На почетокот на годината неспособната влада сееше закани за т.н принудни одмори во РЕК Битола и целиот енергетски и рударски сектор. Кога сфатија дека немаат ниту основа ниту право на тоа , преминаа на добриот стар мобинг, рече на денешната прес-конференција Николче Котевски, секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, посочувајќи го како пример односот на главниот инженер по хемија во РЕК Битола, Мирјана Захариевска Ралевска, избран советник во Советот на Општина Битола од редовите на СДС.
Оваа госпоѓа не е овластена, ама дозволено и е да пишува произволни наредби за распоредување на работници спротивно на Законот за работни односи, Колективниот договор и систематизацијата. -Дозволено и е наредбите да не бидат ниту заверени ни архивирани. -Дозволено и е да оди преку генералниот директор. -Дозволено и е да ги присилува работниците на незаконско работење, соопшти тој.
Како пример ја додаде, како што кажа, „неизвесната професионална иднина на една личност“ која, како што рече, ќе ја нарекува „Мајка“.
На неколку години пред пензионирање, од избраната советничка Мирјана Захариевска Ралевска добила наредба на работа да оди само во прва смена иако договорот за работа на „Мајка“ бил сменско работење. Откако личноста „Мајка“ реагирала дека тоа е спротивно на законите, Захариевска – Ралевска испратила наредба до обезбедувањето да не ја примат вработената на работа кога таа ќе дојде на смена. И така, Мирјана Захариевска Ралевска стана директна причина за полициска интервенција и нарушување на психичкото и физичкото здравје на вработената, која што заврши на болница. Ваквото неетичко и самоволно однесување не и било првпат на госпоѓата советничка. Јасно е, им паѓаат блоковите во РЕК Битола, ама, на сдсмовците им паѓаат и моралните норми, вели Котевски.
Тој прашува дали Мирјана Захариевска Ралевска вака се однесува оти знае дека Синдикатот на компанијата нема да застане во одбрана на работникот?
Претседателот на синдикатот си има тендерски проблеми. Или пак, советничката од СДС вака се однесува за да ги заплаши сите вработени кои знаат што се случува во РЕК Битола, ама не смеат да помислат да станат свиркачи? На крај, Дали е ова вториот обид на власта на СДС во оваа година да суспендира уште еден Колективен договор, по оној на земјоделците? Од Захариевска-Ралевска очекуваме: Да ја прекине неетичката и непријателска комуникација со работниците. И конечно да научи што е тоа што треба да го работи во РЕК Битола, вели Котевски.
https://youtu.be/_DxpZ7ASX0Q

The post Мобинг во РЕК Битола? appeared first on Република.

]]>
Вработени во градската администрација консултирале адвокати за мобингот од Арсовска? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vraboteni-vo-gradskata-administracija-konsultirale-advokati-za-mobingot-od-arsovska/ Tue, 25 Oct 2022 18:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=565507

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески во интервјуто за „Република“ проговори и за мобингот на кој се жалат вработени во админстрацијата на Град Скопје од страна на Арсовска.

Повеќе вработени ми имаат пријдено за да се пожалат и повеќето од нив се во тешка психичка состојба и се жалат на малтретирање и мобинг и од Арсовска и од секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Најверојатно и самите ќе побараат ова да престане. Некои од луѓето кои се подложни на мобинг се во консултација со адвокати.Мислам дека некој намерно креира лоша работна атмосфера во град Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-kje-bide-teshko-za-skopje-ako-arsovska-ushte-tri-godini-ostane-gradonachalnik/

The post Вработени во градската администрација консултирале адвокати за мобингот од Арсовска? appeared first on Република.

Храброста на Маја Блажевска од средното музичко училиште им даде крилја и на други жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/hrabrosta-na-maja-blazevska-od-srednoto-muzichko-uchilishte-im-dade-krilja-i-na-drugi-zrtvi-stravotni-svedoshtva-na-deca-koi-imale-niz-hodnicite-na-uzasot/ Fri, 05 Aug 2022 07:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=536926

Маја Блажевска, ученичка која завршила во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, и која одлучи да го сподели своето, како што вели таа, ужасно искуство за време на нејзините средношколски денови не остана осамена во храброста. Нејзиното „олеснување на душата“ им даде крилја и на други жртви на насилството во училиштето да си ја отворат душата и да проговорат за своите страдања. Поддршка добива и од поранешни ученици во училиштето, од соученици, но и професори од други училишта.

https://republika.mk/zivot/kariera/na-niedno-15-godishno-dete-ne-mu-posakuvam-da-slusha-glup-debela-seljak-hemiski-ekperiment-kje-te-padnam/

Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, за која вели дека е нејзиниот најискрен текст кој го напишала, Блажевска пишува дека „ниедно дете не заслужува да биде под постојан притисок на нечие променливо расположение и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование“.

Покрај текстот, во објавата се означени ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Министерството за образование, Град Скопје и директорката на училиштето.

Во продолжение, ви ја пренесуваме нејзината објава во целост.

„Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш ‘најубавите години’, средношколските денови и, како надарено дете и перспективен иден уметник/музичар, да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди ‘Луј’, сметам дека нема повеќе простор за молчење и страв од уцени и дека ако веќе рекламираме ‘вистински вредности’ без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за ‘Луј’ и верувам, за жал, дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики на социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете.

На ниедно 15-годишно дете не му посакувам за „добро утро“ да слуша пцовки и навреди како ‘глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак’ и куп други што ми е гад да ги набројам и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со ‘ќе те паднам година’, ‘ќе попиеш бокс’ и разноразни уцени.

Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога тоа доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали нѐ учеа да ги гледаме како ‘втори родители’. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек.

Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во ‘Луј’, не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да нѐ срушите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да нѐ нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете?

Секоја чест на малиот процент педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често ‘мета’ на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто.

Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8 до 12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од дваесетина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно нѐ туркаа со пониски оценки слушавме ‘е, па ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш’, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат.

И драга директоре Даница, пред да нѐ нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви ‘вредности’ презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите двапати пред безчувствително да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате предвид и дека можеби и ‘туѓите деца’ заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријателите и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли кој било пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе.

Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од ‘зашо така сакам бе’ и ‘е сеа ќе видиш’, сите паднати аудиции затоа што ‘него/нејзе мораа да го/ја примат’ и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате.

Не го доживувајте ова како напад, туку повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но, нема оправдувања и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени.

Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте нѐ нас ‘неблагодарните дечишта’, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите“, пишува Маја Блажевска.

Во коменарите на објавата на Маја можете да ги прочитате тажните приказни на деца, сега веќе возрасни луѓе, кои минале низ ходниците на ужасот во средното музичко училиште. Некои од нив се охрабриле и да ги наведат професорите со имиња.

Се до збор е точно, но прво да завршам, па ќе отворам уста, потврдува ученик од ова училиште во неврзан разговор за Република, но се плаши повеќе да зборува за она низ што минуваат тој и неговите другари додека е се уште во училишните клупи.

Исто така, има и коментари на поранешни ученици, кои не можат да се изначудат во што се претворило училиштето.

The post Храброста на Маја Блажевска од средното музичко училиште им даде крилја и на други жртви appeared first on Република.

]]>

Маја Блажевска, ученичка која завршила во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, и која одлучи да го сподели своето, како што вели таа, ужасно искуство за време на нејзините средношколски денови не остана осамена во храброста. Нејзиното „олеснување на душата“ им даде крилја и на други жртви на насилството во училиштето да си ја отворат душата и да проговорат за своите страдања. Поддршка добива и од поранешни ученици во училиштето, од соученици, но и професори од други училишта. https://republika.mk/zivot/kariera/na-niedno-15-godishno-dete-ne-mu-posakuvam-da-slusha-glup-debela-seljak-hemiski-ekperiment-kje-te-padnam/ Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, за која вели дека е нејзиниот најискрен текст кој го напишала, Блажевска пишува дека „ниедно дете не заслужува да биде под постојан притисок на нечие променливо расположение и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование“. Покрај текстот, во објавата се означени ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Министерството за образование, Град Скопје и директорката на училиштето. Во продолжение, ви ја пренесуваме нејзината објава во целост.
„Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш ‘најубавите години’, средношколските денови и, како надарено дете и перспективен иден уметник/музичар, да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди ‘Луј’, сметам дека нема повеќе простор за молчење и страв од уцени и дека ако веќе рекламираме ‘вистински вредности’ без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за ‘Луј’ и верувам, за жал, дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики на социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете. На ниедно 15-годишно дете не му посакувам за „добро утро“ да слуша пцовки и навреди како ‘глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак’ и куп други што ми е гад да ги набројам и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со ‘ќе те паднам година’, ‘ќе попиеш бокс’ и разноразни уцени. Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога тоа доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали нѐ учеа да ги гледаме како ‘втори родители’. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек. Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во ‘Луј’, не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да нѐ срушите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да нѐ нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често ‘мета’ на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто. Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8 до 12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од дваесетина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно нѐ туркаа со пониски оценки слушавме ‘е, па ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш’, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат. И драга директоре Даница, пред да нѐ нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви ‘вредности’ презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите двапати пред безчувствително да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате предвид и дека можеби и ‘туѓите деца’ заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријателите и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли кој било пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе. Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од ‘зашо така сакам бе’ и ‘е сеа ќе видиш’, сите паднати аудиции затоа што ‘него/нејзе мораа да го/ја примат’ и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате. Не го доживувајте ова како напад, туку повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но, нема оправдувања и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени. Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте нѐ нас ‘неблагодарните дечишта’, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите“, пишува Маја Блажевска.
Во коменарите на објавата на Маја можете да ги прочитате тажните приказни на деца, сега веќе возрасни луѓе, кои минале низ ходниците на ужасот во средното музичко училиште. Некои од нив се охрабриле и да ги наведат професорите со имиња.
Се до збор е точно, но прво да завршам, па ќе отворам уста, потврдува ученик од ова училиште во неврзан разговор за Република, но се плаши повеќе да зборува за она низ што минуваат тој и неговите другари додека е се уште во училишните клупи.
Исто така, има и коментари на поранешни ученици, кои не можат да се изначудат во што се претворило училиштето.

The post Храброста на Маја Блажевска од средното музичко училиште им даде крилја и на други жртви appeared first on Република.

]]>
Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО, утврди Комисијата за спречување на дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-vrshela-mobing-vrz-vraboteni-vo-mo-utvrdi-komisijata-za-sprechuvanje-na-diskriminacija/ Fri, 01 Apr 2022 16:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=482055

Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, по поднесени претставки од вработени во Министерството за одбрана, донела решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска како министерка за одбрана вршела мобинг врз овие вработени. За ова решение извести Левица, која соопштува дека мобингот врз овие офицери продолжува и со новата министерка Славјанка Петровска.

До Левица се обратија вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Шекеринска.

„На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шекеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум.

Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица.

Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шекеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг.

Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шекеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините.
Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шекеринска“, соопшти Левица

The post Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО, утврди Комисијата за спречување на дискриминација appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, по поднесени претставки од вработени во Министерството за одбрана, донела решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска како министерка за одбрана вршела мобинг врз овие вработени. За ова решение извести Левица, која соопштува дека мобингот врз овие офицери продолжува и со новата министерка Славјанка Петровска. До Левица се обратија вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Шекеринска. „На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шекеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум. Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица. Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шекеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг. Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шекеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините. Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шекеринска“, соопшти Левица

The post Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО, утврди Комисијата за спречување на дискриминација appeared first on Република.

]]>