мобилен оператор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mobilen-operator/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:22:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мобилен оператор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mobilen-operator/ 32 32 Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-nikoj-ne-e-naiven-mobilnite-operatori-pravat-klasichen-duopol-dojdeno-e-vreme-za-namaluvane-na-tsenite-na-uslugite-za-graganite/ Fri, 04 Oct 2024 10:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=822587

Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот „Каде се парите”.

Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и квалитетни услуги и дека повеќе е недозволив дуополот што го прават двата мобилни оператори.

“Јас сметам дека доколку двата постојни оператори ги намалат цените, ги подобрат услугите и почнат да се натпреваруваат меѓу себе, ќе нема место за трет оператор. Ако останат вака тврдоглави како сега, ќе има голем простор за трет оператор и ова не е заплашување, јас сум само реален. Прошетајте низ Скопје ќе видите згради кои имаат мрежа само од едниот или од другиот оператор. Дигитализацијата на националните телевизии ја прави само еден оператор, другиот не нуди услуги. Распишуваме тендер во министерството, само еден оператор се јавува. Класичен договор е тоа, никој не е наивен” истакна министерот Николоски.

“Вие излеговте со листа на 100 нјауспешни компании по профит. Секоја година на таа листа, па и годинава е една компанија со еден вработен се вика “Kамени мост комуникации”. Може ли еден од двата оператори да ни кажат како се поврзани со оваа компанија и колку државата е оштетена од работењето во оваа компанија. Оваа година имаат прикажано добивка од 16 милиони евра” додаде Николоски во поткастот.

Министерот исто така додаде дека доколку државата одлучи да распише тендер за трет мобилен оператор, повикот ќе се однесува за класичен оператор со мрежни базни станици како и сегашните два кои што работат на домашниот пазар. Тој потенцираше дека ова е со цел зголемување на конкуренцијата и намалување на цените за граѓаните.

The post Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот „Каде се парите”. Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и квалитетни услуги и дека повеќе е недозволив дуополот што го прават двата мобилни оператори.
“Јас сметам дека доколку двата постојни оператори ги намалат цените, ги подобрат услугите и почнат да се натпреваруваат меѓу себе, ќе нема место за трет оператор. Ако останат вака тврдоглави како сега, ќе има голем простор за трет оператор и ова не е заплашување, јас сум само реален. Прошетајте низ Скопје ќе видите згради кои имаат мрежа само од едниот или од другиот оператор. Дигитализацијата на националните телевизии ја прави само еден оператор, другиот не нуди услуги. Распишуваме тендер во министерството, само еден оператор се јавува. Класичен договор е тоа, никој не е наивен” истакна министерот Николоски.
“Вие излеговте со листа на 100 нјауспешни компании по профит. Секоја година на таа листа, па и годинава е една компанија со еден вработен се вика “Kамени мост комуникации”. Може ли еден од двата оператори да ни кажат како се поврзани со оваа компанија и колку државата е оштетена од работењето во оваа компанија. Оваа година имаат прикажано добивка од 16 милиони евра” додаде Николоски во поткастот. Министерот исто така додаде дека доколку државата одлучи да распише тендер за трет мобилен оператор, повикот ќе се однесува за класичен оператор со мрежни базни станици како и сегашните два кои што работат на домашниот пазар. Тој потенцираше дека ова е со цел зголемување на конкуренцијата и намалување на цените за граѓаните.

The post Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Мора да го почнеме процесот за воведување трет мобилен оператор, за да го заштитиме стандардот на граѓанинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mora-da-go-pochneme-protsesot-za-voveduvane-tret-mobilen-operator-za-da-go-zashtitime-standardot-na-graganinot/ Tue, 13 Aug 2024 14:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=806235

Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на пазарот. Сега е само на ниво на интерес и информација и немаме никаков конкретен чекор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Доколку има некаков конкретен чекор јавноста ќе биде благовремено информирана, но мора да го почнеме овој процес за да го заштитиме граѓанинот од овој дуопол којшто во моментот е на пазарот кај нас и грчевито ќе се бори да ја задржи оваа ситуација на дуопол и тоа ни е јасно. Настрана што е целосно партизиран и октруиран во раководството од страна на некои минати влади коишто во минатите седум години жестоко влијаеја во кадровската политика кај овој дуопол, ние мора да работиме на тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните и услугите коишто ги добиваме. Нема да се откажеме како Влада, ниту јас како претседател на Влада од тоа да го заштитам стандардот на граѓаните и да добиваат вистинска услуга онаква каква што заслужуваат граѓаните во 21 век - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешниот увид на градежните работи за доградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром.

Наш интерес, додаде, е стандардот на граѓаните и свесни сме дека услугите коишто ги плаќаат граѓаните како резултат на овој дуопол којшто функционира се можеби највисоки и во регионот и во Европа.

Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, па ќе се измислуваат преку разно разни приказни таа компанија била во соработка со кинески или веќе не знам какви ти не компании. Нашиот став како Влада е јасен, мора да го заштитиме стандардот на граѓаните. Не можеме да дозволиме граѓаните да бидат жртва на овој дуопол којшто денеска функционира. Истовремено е јасен нашиот став, дека која било компанија да сака да биде дел од пазарот и да биде трет мобилен оператор мора да ги исполни условите и критериумите во согласност со определбите на државата, во согласност со стратешката ориентација и од тие земји да биде потеклото на опремата која што евентуално би била вградена доколку се случи да имаме трета компанија која што е заинтересирана - прецизира Мицкоски.

The post Мицкоски: Мора да го почнеме процесот за воведување трет мобилен оператор, за да го заштитиме стандардот на граѓанинот appeared first on Република.

ИНРЕКОМ: Трет мобилен оператор е неопходност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inrekom-tret-mobilen-operator-e-neophodnost/ Mon, 12 Aug 2024 08:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=805698

Несомнена е потребата од нов трет мрежен мобилен оператор за да се динамизира состојбата на пазарот. Немањето силна конкуренција во Македонија, односно присуство само на два мрежни оператори, постојано е нотирано во извештаите за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ, како забелешка што мора да се адресира во блиска иднина, се вели во анализата на Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ за состојбата на пазарот на мобилна телефонија по најавата за влез на нов трет играч.

Дали доаѓањето на трет мрежен мобилен оператор е закана за комодитетот на постојните два играчи? Дали третиот мрежен мобилен оператор ќе триумфира во вистинската трка на македонскиот пазар за мобилни услуги? На овие прашања ИНРЕКОМ во анализата вели дека промените на пазарот се неопходни.

„Македонија има два мрежни оператори и четири виртуелни оператори, со што на прв поглед пазарот изгледа дека е со голем избор, но во основа ситуацијата е поинаква. Според последните објавени податоци за пазарот од страна на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со последниот квартал од 2023 година, состојбата е следна – од вкупно 1.950.114 претплатници на мобилна телефонија:

Состојбата во однос на приходите обезбедени од мобилни услуги е малку поинаква:

Врз основа на овие статистички податоци, може да се согледа дека двата мрежни оператори се и главни играчи, а уделот по број на корисници или пак по удел во вкупниот колач од приходи на виртуелните оператори е незначителен.

Имајќи го предвид и планот на српскиот Мтел да го преземе Лајкамобаел, уште толку ќе се промени сликата на пазарот на мобилни телекомуникации. Со ова, се наметнува дилемата, дали на пазарот има олигопол или сепак прикриен дуопол. Токму поради ова, несомнена е потребата од нов трет мрежен мобилен оператор за да се динамизира состојбата на пазарот.

Има ли реални услови за влез на нов играч штом има заинтересираност?

Уште во 2018 година, тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски тврдеше дека во Македонија има поволни услови за евентуален влез на нов, трет мрежен мобилен оператор и дека тогашната Влада ги презема сите потребни чекори за да се овозможи раздвижување на пазарот.

Иако во предизборната програма на СДСМ во 2017 година беше ветување за влез на трет мрежен мобилен оператор беше едно од предизборните ветувања, по седум години владеење, не успеаја да привлечат нов играч на пазарот. По првите три години на власт и АЕК и Владата тврдеа дека условите се обезбедени, но заинтересираност сѐ уште немало. Главен виновник за ова, според тогашниот директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, била политичката криза во која беше земјава.

Сега после промената на власта и повторното доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ, во чие време и настана спојувањето на Вип и Уан, новиот потпретседател на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски најавува влез на нов трет мрежен оператор – унгарски 4iG.

Интерес за влез на македонскиот пазар со мобилни услуги имало и порано. Најпрво од страна на турски Турксел за купување на поранешен Космофон од страна на тогашен грчки OTE во 2009 година, како и интересот на бугарскиот Виваком како што пишуваа медиумите во 2018 година, сега веќе дел од United Group.

Исто така, АЕК во одговорите од пристигнатите коментари за намера за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање бр. 0804-3576/2 од 18/12/2018 заинтересираност покажала и Јeлоу Мобајл за инвестирање во Македонија како трет мрежен оператор.

Интересен е и фактот дека лани, во 2023 година, граѓаните на Република Македонија на месечно ниво се разговарале во просек по 109 минути, додека годишниот просек изнесува 237 минути. Од овие факти, несомнено станува јасно дека заинтересираност за нов оператор има, но желбата од страна на властите отсуствувала.

Од друга страна останува неизвесно, дали еден од поголемите играчи во делот на фиксните услуги, македонскиот операторот Неотел кој нуди домашен 4G интернет, за што има добиено радиофрекфенции на користење од АЕК, дали ќе биде превземен од српски Мтел.

Со ова Мтел би добил подобра позиција како стартна подлога за влез како трет или четврт мобилен оператор, преку сопствената безжична 4G LTE мрежа.

Исто така, регионалната групација United Group која што во Македонија е присутна преку сателитскиот оператор Tотал ТВ, треба да биде поканета да ја разгледа можноста за инвестиции во мобилната и фиксната услуга во државата. За потсетување, United Group само во Македонија не нуди фиксни услуги како што се домашен интернет и фиксна телефонија. Во делот за мобилна телефонија, пак, United group има мобилна услуга во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Грција, каде што ги имаат комбинирано фиксните и мобилни услуги“, се вели во анализата на ИНРЕКОМ.

The post ИНРЕКОМ: Трет мобилен оператор е неопходност appeared first on Република.

]]>

Несомнена е потребата од нов трет мрежен мобилен оператор за да се динамизира состојбата на пазарот. Немањето силна конкуренција во Македонија, односно присуство само на два мрежни оператори, постојано е нотирано во извештаите за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ, како забелешка што мора да се адресира во блиска иднина, се вели во анализата на Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ за состојбата на пазарот на мобилна телефонија по најавата за влез на нов трет играч. Дали доаѓањето на трет мрежен мобилен оператор е закана за комодитетот на постојните два играчи? Дали третиот мрежен мобилен оператор ќе триумфира во вистинската трка на македонскиот пазар за мобилни услуги? На овие прашања ИНРЕКОМ во анализата вели дека промените на пазарот се неопходни. „Македонија има два мрежни оператори и четири виртуелни оператори, со што на прв поглед пазарот изгледа дека е со голем избор, но во основа ситуацијата е поинаква. Според последните објавени податоци за пазарот од страна на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со последниот квартал од 2023 година, состојбата е следна – од вкупно 1.950.114 претплатници на мобилна телефонија: Состојбата во однос на приходите обезбедени од мобилни услуги е малку поинаква: Врз основа на овие статистички податоци, може да се согледа дека двата мрежни оператори се и главни играчи, а уделот по број на корисници или пак по удел во вкупниот колач од приходи на виртуелните оператори е незначителен. Имајќи го предвид и планот на српскиот Мтел да го преземе Лајкамобаел, уште толку ќе се промени сликата на пазарот на мобилни телекомуникации. Со ова, се наметнува дилемата, дали на пазарот има олигопол или сепак прикриен дуопол. Токму поради ова, несомнена е потребата од нов трет мрежен мобилен оператор за да се динамизира состојбата на пазарот. Има ли реални услови за влез на нов играч штом има заинтересираност? Уште во 2018 година, тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски тврдеше дека во Македонија има поволни услови за евентуален влез на нов, трет мрежен мобилен оператор и дека тогашната Влада ги презема сите потребни чекори за да се овозможи раздвижување на пазарот. Иако во предизборната програма на СДСМ во 2017 година беше ветување за влез на трет мрежен мобилен оператор беше едно од предизборните ветувања, по седум години владеење, не успеаја да привлечат нов играч на пазарот. По првите три години на власт и АЕК и Владата тврдеа дека условите се обезбедени, но заинтересираност сѐ уште немало. Главен виновник за ова, според тогашниот директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, била политичката криза во која беше земјава. Сега после промената на власта и повторното доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ, во чие време и настана спојувањето на Вип и Уан, новиот потпретседател на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски најавува влез на нов трет мрежен оператор – унгарски 4iG. Интерес за влез на македонскиот пазар со мобилни услуги имало и порано. Најпрво од страна на турски Турксел за купување на поранешен Космофон од страна на тогашен грчки OTE во 2009 година, како и интересот на бугарскиот Виваком како што пишуваа медиумите во 2018 година, сега веќе дел од United Group. Исто така, АЕК во одговорите од пристигнатите коментари за намера за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање бр. 0804-3576/2 од 18/12/2018 заинтересираност покажала и Јeлоу Мобајл за инвестирање во Македонија како трет мрежен оператор. Интересен е и фактот дека лани, во 2023 година, граѓаните на Република Македонија на месечно ниво се разговарале во просек по 109 минути, додека годишниот просек изнесува 237 минути. Од овие факти, несомнено станува јасно дека заинтересираност за нов оператор има, но желбата од страна на властите отсуствувала. Од друга страна останува неизвесно, дали еден од поголемите играчи во делот на фиксните услуги, македонскиот операторот Неотел кој нуди домашен 4G интернет, за што има добиено радиофрекфенции на користење од АЕК, дали ќе биде превземен од српски Мтел. Со ова Мтел би добил подобра позиција како стартна подлога за влез како трет или четврт мобилен оператор, преку сопствената безжична 4G LTE мрежа. Исто така, регионалната групација United Group која што во Македонија е присутна преку сателитскиот оператор Tотал ТВ, треба да биде поканета да ја разгледа можноста за инвестиции во мобилната и фиксната услуга во државата. За потсетување, United Group само во Македонија не нуди фиксни услуги како што се домашен интернет и фиксна телефонија. Во делот за мобилна телефонија, пак, United group има мобилна услуга во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Грција, каде што ги имаат комбинирано фиксните и мобилни услуги“, се вели во анализата на ИНРЕКОМ.

The post ИНРЕКОМ: Трет мобилен оператор е неопходност appeared first on Република.

]]>
4iG Групацијата сака да влезе на телекомуникациски пазар во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/4ig-grupatsijata-saka-da-vleze-na-telekomunikatsiski-pazar-vo-makedonija/ Tue, 06 Aug 2024 17:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=803992

Пристигнато е писмо со намери од намери од операторот 4iG Групација, денеска ја информирал Владата Министерот за транспорт, Александар Николоски. Писмото доѓа по ставот на Владата за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија.

4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE.

“4iG Групацијата” изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на “4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан.

The post 4iG Групацијата сака да влезе на телекомуникациски пазар во Македонија appeared first on Република.

]]>

Пристигнато е писмо со намери од намери од операторот 4iG Групација, денеска ја информирал Владата Министерот за транспорт, Александар Николоски. Писмото доѓа по ставот на Владата за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија. 4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE. “4iG Групацијата” изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на “4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан.

The post 4iG Групацијата сака да влезе на телекомуникациски пазар во Македонија appeared first on Република.

]]>
Николоски најавува трет мобилен оператор за граѓаните да добијат поевтини цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-najavuva-tret-mobilen-operator-za-graganite-da-dobijat-poevtini-tseni/ Sun, 07 Jul 2024 14:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=794282

Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор, објави Николоски на својот Фејсбук профил.

The post Николоски најавува трет мобилен оператор за граѓаните да добијат поевтини цени appeared first on Република.