мобил фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mobil-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 10 May 2022 07:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мобил фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mobil-festival/ 32 32 „Мобил фестивал“ отвора 24-часовен светски маратон за снимање кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mobil-festival-otvora-24-chasoven-svetski-maraton-za-snimanje-kratki-filmovi-vo-zivo-na-tema-ekoloshko-razmisluvanje/ Tue, 10 May 2022 07:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=500193

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“.

Натпреварот ќе биде отворен во Унгарија, на Универзитет во Печ, Сексзард. Учесниците на натпреварот имаат само еден ден, 24 часа, да го снимат својот филм од 60 секунди. Целта е да се подигне свеста за промените што сите треба да ги правиме на дневна основа во нашите навики за консумирање. Пријавувањето може да се направи до почетокот на натпреварот на официјалната веб-страна на програмата, информираат од Меѓународниот фестивал за филмови.

Почеток на натпреварот за снимање филмови започнува в сабота, 14 мај 2022 година.

Забрането е претходно снимање на филмот. Во случај да има дијалог во филмот, тој мора да биде титлуван на англиски јазик. Филмовите треба да се прикачат на ЈуТуб. Сите информации дадени во моментот на регистрација, плус линкот на ЈуТјуб ќе треба да се испратат по електронска пошта на официјалната адреса info@shoot4earth.org. Најдобрите ќе добијат парична награда во износ од 5000 американски долари, како и дополнителни непарични награди, се вели во соопштението.

Конкурсот на интернет е отворен за сите заинтересирани, без партиципација, без старосни и технички ограничувања. Филмовите може да се направат со дигитална камера, мобилен телефон или која било направа за снимање. За време на постпродукцијата може да се користат сите соодветни програми.

Краен рок за прикачување на филмовите е недела, 15 мај 2022 година и филмовите ќе ги оценува професионално жири. Весна Ристовска од „Мобил фестивал“ од Македонија ќе биде дел од меѓународното жири. Организатори на овој натпревар се Универзитет во Печ, Факултет за културни науки, образование и регионален развој (Сексзард, Унгарија), HATV (САД, Њујорк) и Pixeltv.hu (Унгарија).

 

The post „Мобил фестивал“ отвора 24-часовен светски маратон за снимање кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“.
Натпреварот ќе биде отворен во Унгарија, на Универзитет во Печ, Сексзард. Учесниците на натпреварот имаат само еден ден, 24 часа, да го снимат својот филм од 60 секунди. Целта е да се подигне свеста за промените што сите треба да ги правиме на дневна основа во нашите навики за консумирање. Пријавувањето може да се направи до почетокот на натпреварот на официјалната веб-страна на програмата, информираат од Меѓународниот фестивал за филмови.
Почеток на натпреварот за снимање филмови започнува в сабота, 14 мај 2022 година.
Забрането е претходно снимање на филмот. Во случај да има дијалог во филмот, тој мора да биде титлуван на англиски јазик. Филмовите треба да се прикачат на ЈуТуб. Сите информации дадени во моментот на регистрација, плус линкот на ЈуТјуб ќе треба да се испратат по електронска пошта на официјалната адреса info@shoot4earth.org. Најдобрите ќе добијат парична награда во износ од 5000 американски долари, како и дополнителни непарични награди, се вели во соопштението.
Конкурсот на интернет е отворен за сите заинтересирани, без партиципација, без старосни и технички ограничувања. Филмовите може да се направат со дигитална камера, мобилен телефон или која било направа за снимање. За време на постпродукцијата може да се користат сите соодветни програми. Краен рок за прикачување на филмовите е недела, 15 мај 2022 година и филмовите ќе ги оценува професионално жири. Весна Ристовска од „Мобил фестивал“ од Македонија ќе биде дел од меѓународното жири. Организатори на овој натпревар се Универзитет во Печ, Факултет за културни науки, образование и регионален развој (Сексзард, Унгарија), HATV (САД, Њујорк) и Pixeltv.hu (Унгарија).  

The post „Мобил фестивал“ отвора 24-часовен светски маратон за снимање кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“ appeared first on Република.

]]>
24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови на14 и 15 мај https://arhiva3.republika.mk/scena/film/24-chasoven-svetski-maraton-za-snimanje-ednominutni-filmovi-na14-i-15-maj/ Mon, 02 May 2022 14:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=496425

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал” ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо. Станува збор за натпревар кој потекнува од Унгарија, каде ќе се случува отворањето, објавувањето на резултатите и другите програми на Универзитет во Печ, Сексзард. Учесниците на натпреварот имаат само еден ден, 24 часа, да го снимат својот филм од 60 секунди на тема „Еколошко размислување “. Целта е да се подигне свеста за промените што сите треба да ги правиме на дневна основа во нашите навики за консумирање. Пријавувањето може да се направи до почетокот на натпреварот на официјалната страна на програмата www.shoot4earth.org.

Натпреварот требаше да се случи во март 2022, но се одложи за 14-15 мај, 2022.

Почеток на натпреварот за снимање филмови е сабота, 14 мај 2022 година. Организаторите ќе соопштат уште неколку детали во моментот на почетокот во сите различни временски зони. Од овие задолжителни елементи еден мора да биде вграден во филмот. Забрането е претходно снимање на филмот. Во случај да има дијалог во филмот, тој мора да биде титлуван на англиски јазик. Филмовите треба да се прикачат на „Јутјуб“. Сите информации дадени во моментот на регистрација, плус линкот на Youtube ќе треба да се испратат по е-пошта на официјалната адреса info@shoot4earth.org. Најдобрите ќе добијат парична награда во износ од 5000 американски долари, како и дополнителни непарични награди.

Екипата може да има само еден или повеќе членови. Учесниците треба да создадат краток филм со времетраење од максимум една минута за да ја подигнат свеста за тоа што можеме да направиме за да ја спасиме нашата животна средина. Нема претпочитан жанр, па учесниците може да снимат краток филм во живо, видео клип или анимација за време на 24-часовниот маратон.

Конкурсот на интернет е отворен за сите заинтересирани, без партиципација, без старосни и технички ограничувања. Филмовите може да се направат со дигитална камера, мобилен телефон или која било направа за снимање. За време на постпродукцијата може да се користат сите соодветни програми.

Краен рок за прикачување на филмовите е недела, 15 мај 2022 година и филмовите ќе ги оценува професионално жири. Весна Ристовска од „Мобил фестивал“ од Македонија ќе биде дел од меѓународното жири.

Организатори на овој натпревар се Универзитет во Печ, Факултет за културни науки, образование и регионален развој (Сексзард, Унгарија), HATV (САД, Њујорк) и Pixeltv.hu (Унгарија).

Организирањето на Shoot4Earth, еден од најтешките филмски натпревари, беше лично потпомогнато од Јиржи Менцел, чешки режисер добитник на Оскар, и многу познати унгарски филмаџии, вклучувајќи го и Кристоф Деак, режисерот на филмот "Sing“, добитник на Оскар. Нашата иницијатива беше пофалена и од Стивен Спилберг, режисер добитник на Оскар.

Организаторите на натпреварот би сакале да придонесат за примарниот интерес на човештвото: да се задржи Сината Планета како заедничко живеалиште на човештвото, долго време во иднина.

 

The post 24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови на14 и 15 мај appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал” ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо. Станува збор за натпревар кој потекнува од Унгарија, каде ќе се случува отворањето, објавувањето на резултатите и другите програми на Универзитет во Печ, Сексзард. Учесниците на натпреварот имаат само еден ден, 24 часа, да го снимат својот филм од 60 секунди на тема „Еколошко размислување “. Целта е да се подигне свеста за промените што сите треба да ги правиме на дневна основа во нашите навики за консумирање. Пријавувањето може да се направи до почетокот на натпреварот на официјалната страна на програмата www.shoot4earth.org. Натпреварот требаше да се случи во март 2022, но се одложи за 14-15 мај, 2022. Почеток на натпреварот за снимање филмови е сабота, 14 мај 2022 година. Организаторите ќе соопштат уште неколку детали во моментот на почетокот во сите различни временски зони. Од овие задолжителни елементи еден мора да биде вграден во филмот. Забрането е претходно снимање на филмот. Во случај да има дијалог во филмот, тој мора да биде титлуван на англиски јазик. Филмовите треба да се прикачат на „Јутјуб“. Сите информации дадени во моментот на регистрација, плус линкот на Youtube ќе треба да се испратат по е-пошта на официјалната адреса info@shoot4earth.org. Најдобрите ќе добијат парична награда во износ од 5000 американски долари, како и дополнителни непарични награди. Екипата може да има само еден или повеќе членови. Учесниците треба да создадат краток филм со времетраење од максимум една минута за да ја подигнат свеста за тоа што можеме да направиме за да ја спасиме нашата животна средина. Нема претпочитан жанр, па учесниците може да снимат краток филм во живо, видео клип или анимација за време на 24-часовниот маратон. Конкурсот на интернет е отворен за сите заинтересирани, без партиципација, без старосни и технички ограничувања. Филмовите може да се направат со дигитална камера, мобилен телефон или која било направа за снимање. За време на постпродукцијата може да се користат сите соодветни програми. Краен рок за прикачување на филмовите е недела, 15 мај 2022 година и филмовите ќе ги оценува професионално жири. Весна Ристовска од „Мобил фестивал“ од Македонија ќе биде дел од меѓународното жири. Организатори на овој натпревар се Универзитет во Печ, Факултет за културни науки, образование и регионален развој (Сексзард, Унгарија), HATV (САД, Њујорк) и Pixeltv.hu (Унгарија). Организирањето на Shoot4Earth, еден од најтешките филмски натпревари, беше лично потпомогнато од Јиржи Менцел, чешки режисер добитник на Оскар, и многу познати унгарски филмаџии, вклучувајќи го и Кристоф Деак, режисерот на филмот "Sing“, добитник на Оскар. Нашата иницијатива беше пофалена и од Стивен Спилберг, режисер добитник на Оскар. Организаторите на натпреварот би сакале да придонесат за примарниот интерес на човештвото: да се задржи Сината Планета како заедничко живеалиште на човештвото, долго време во иднина.  

The post 24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови на14 и 15 мај appeared first on Република.

]]>