МНТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mnt/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 09:47:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МНТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mnt/ 32 32 Концерт во МНТ во чест на 30 години билатерални македонско-јапонски односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-vo-mnt-vo-chest-na-30-godini-bilateralni-makedonsko-japonski-odnosi/ Tue, 26 Nov 2024 18:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=842019

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава, вечер во 18:00 часот во Македонскиот народен театар ќе присуствуваат на концерт на Оркестарот за џез-музика на РС Македонија.

Концертот се одржува во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Јапонија.

Пред почетокот на концертот, предвидени се и кратки поздравни обраќања на министерот Љутков, комесарот Токура, амбасадорот на Јапонија во С Македонија, Оцука Казуја, како и на заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

На концертот, Џез-оркестарот ќе изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.

The post Концерт во МНТ во чест на 30 години билатерални македонско-јапонски односи appeared first on Република.

]]>

Српскиот режисер Егон Савин во МНТ ја поставува „Народен пратеник“ од Нушиќ, играат Микиќ, Ризова, Михајловски, Симонов и Кочовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/srpskiot-rezhiser-egon-savin-vo-mnt-ja-postavuva-naroden-pratenik-od-nushik-igraat-mikik-rizova-mihajlovski-simonov-i-kochovska/ Tue, 26 Nov 2024 12:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=841917

Во Македонскиот народен театар (МНТ) денеска се одржа првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин од Србија. Асистент на режија е Шенај Мандак.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.

Сценограф е Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа - Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.

Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби.

Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ. Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.

The post Српскиот режисер Егон Савин во МНТ ја поставува „Народен пратеник“ од Нушиќ, играат Микиќ, Ризова, Михајловски, Симонов и Кочовска appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот народен театар (МНТ) денеска се одржа првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин од Србија. Асистент на режија е Шенај Мандак. Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Сценограф е Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа - Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска. Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ. Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.

The post Српскиот режисер Егон Савин во МНТ ја поставува „Народен пратеник“ од Нушиќ, играат Микиќ, Ризова, Михајловски, Симонов и Кочовска appeared first on Република.

]]>
Кимовски: Не станува збор кој ја изградил зградата на МНТ, публиката која доаѓа на претстави не можеме да ја делиме на лева, десна или неутрална https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kimovski-ne-stanuva-zbor-koj-ja-izgradil-zgradata-na-mnt-publikata-koja-doaga-na-pretstavi-ne-mozheme-da-ja-delime-na-leva-desna-ili-neutralna/ Tue, 26 Nov 2024 08:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=841791

За жал, состојбата на објектот на МНТ е очајна. Најголемиот театар во Македонија е оставен да пропаѓа бавно, но сигурно. Ова е жално, независно од тоа кој го изградил театарот. Се работи за недомаќинско работење од страна на претходната власт, бидејќи со ова се покажува негрижа кон нашата верна публика, која е присутна секоја вечер. Нехумано и небезбедно е да влегуваат во објект кој што се распаѓа, вели директорот на МНТ, Никола Кимовски.

Тој смета дека проблемот настанал со тоа што не е склучен договот на тендер со фирма за одржување на објектот и како што минувале годините и оштетувањата станувале поголеми веќе ни фирмите не сакале да склучат договор за одржување. Сега, вели, се фокусирани на реновирањето на театарот и санација, отколку на откривање и посочување со прст на виновникот на сето ова.

https://www.youtube.com/watch?v=OXh-E5AbAs8

Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ситуацијата трае веќе веќе 7- 8 години.

Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари. Можеле да се затворат тие балкони, да се застаклат и да се забрани дотокот на вода, таа е помала инвестиција. Поголемата инвестиција е во однос на штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирало на време и затоа ќе одиме фаза по фаза, рече Љутков, кој вети дека ќе се врати сјајот на институциите.

Во 2019 година актерот Тони Михајловски го критикуваше одржувањето на театарските објекти низ Македонија и напомена дека „се распаѓа и зградата на Македонскиот народен театар“ на кејот на Вардар во Скопје.

Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена. Културата ни се распаѓа, напиша тогаш Михајловски на својот профил на Фејсбук.

Македонскиот народен театар, пак, во 2021 соопшти дека со 1,2 милиони денари во рамките на Годишната програма на Министерството за култура започнала санацијата на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот. Со зафатот требаше да се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот бидејќи при обилни дождови беше предизвикана материјална штета од протекување од терасата во главното фоаје.

Инаку новата зграда на МНТ беше отворена во 2013 година, а неговата изградба чинеше безмалку 40 милиони евра. Во меѓувреме претрпе и критики дека прокиснува.

Подготвија:
Новинар: Невена Поповска
Фото/видео: Александар Ивановски
Монтажа: Александар Арсовски

The post Кимовски: Не станува збор кој ја изградил зградата на МНТ, публиката која доаѓа на претстави не можеме да ја делиме на лева, десна или неутрална appeared first on Република.

]]>

За жал, состојбата на објектот на МНТ е очајна. Најголемиот театар во Македонија е оставен да пропаѓа бавно, но сигурно. Ова е жално, независно од тоа кој го изградил театарот. Се работи за недомаќинско работење од страна на претходната власт, бидејќи со ова се покажува негрижа кон нашата верна публика, која е присутна секоја вечер. Нехумано и небезбедно е да влегуваат во објект кој што се распаѓа, вели директорот на МНТ, Никола Кимовски.
Тој смета дека проблемот настанал со тоа што не е склучен договот на тендер со фирма за одржување на објектот и како што минувале годините и оштетувањата станувале поголеми веќе ни фирмите не сакале да склучат договор за одржување. Сега, вели, се фокусирани на реновирањето на театарот и санација, отколку на откривање и посочување со прст на виновникот на сето ова. https://www.youtube.com/watch?v=OXh-E5AbAs8 Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ситуацијата трае веќе веќе 7- 8 години.
Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари. Можеле да се затворат тие балкони, да се застаклат и да се забрани дотокот на вода, таа е помала инвестиција. Поголемата инвестиција е во однос на штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирало на време и затоа ќе одиме фаза по фаза, рече Љутков, кој вети дека ќе се врати сјајот на институциите.
Во 2019 година актерот Тони Михајловски го критикуваше одржувањето на театарските објекти низ Македонија и напомена дека „се распаѓа и зградата на Македонскиот народен театар“ на кејот на Вардар во Скопје.
Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена. Културата ни се распаѓа, напиша тогаш Михајловски на својот профил на Фејсбук.
Македонскиот народен театар, пак, во 2021 соопшти дека со 1,2 милиони денари во рамките на Годишната програма на Министерството за култура започнала санацијата на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот. Со зафатот требаше да се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот бидејќи при обилни дождови беше предизвикана материјална штета од протекување од терасата во главното фоаје. Инаку новата зграда на МНТ беше отворена во 2013 година, а неговата изградба чинеше безмалку 40 милиони евра. Во меѓувреме претрпе и критики дека прокиснува.
Подготвија: Новинар: Невена Поповска Фото/видео: Александар Ивановски Монтажа: Александар Арсовски

The post Кимовски: Не станува збор кој ја изградил зградата на МНТ, публиката која доаѓа на претстави не можеме да ја делиме на лева, десна или неутрална appeared first on Република.

]]>
Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tsrnogorsko-narodno-pozorishte-po-rechisi-deset-godini-povtorno-ke-gostuva-vo-makedonskiot-naroden-teatar/ Fri, 22 Nov 2024 09:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=840706

Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар – беше договорено на средбата меѓу директорите Илија Суботиќ, ЦНП и Никола Кимовски, МНТ.

Делегацијата на ЦНП престојуваше во Скопје по повод потпишувањето на меморандумот за продолжување на соработката со Македонскиот народен театар, кој пред сѐ опфаќа меѓусебни гостувања, размена на програми, уметнички и стручен кадар, но и отвора простор за копродукциска соработка. Според директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, потпишувањето на договорот ќе овозможи подлабока поврзаност меѓу двете институции, уметниците и публиката.

„Соработката меѓу ЦНП и МНТ се заснова на заедничка одговорност кон зачувување и унапредување на театарската уметност во регионот, како и на создавање услови за меѓусебни гостувања и размена на програми кои ќе ги рефлектираат нашите културни идентитети, но и заедничките вредности. На овој начин, не само што придонесуваме за зајакнување на регионалната сцена туку сме фокусирани и на заедничката европска иднина, со цел преку нашата работа да создадеме нови естетски и креативни искуства – сигурен сум на задоволство на публиката на двете земји“, истакна Суботиќ.

The post Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар appeared first on Република.

]]>

Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар – беше договорено на средбата меѓу директорите Илија Суботиќ, ЦНП и Никола Кимовски, МНТ. Делегацијата на ЦНП престојуваше во Скопје по повод потпишувањето на меморандумот за продолжување на соработката со Македонскиот народен театар, кој пред сѐ опфаќа меѓусебни гостувања, размена на програми, уметнички и стручен кадар, но и отвора простор за копродукциска соработка. Според директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, потпишувањето на договорот ќе овозможи подлабока поврзаност меѓу двете институции, уметниците и публиката.   „Соработката меѓу ЦНП и МНТ се заснова на заедничка одговорност кон зачувување и унапредување на театарската уметност во регионот, како и на создавање услови за меѓусебни гостувања и размена на програми кои ќе ги рефлектираат нашите културни идентитети, но и заедничките вредности. На овој начин, не само што придонесуваме за зајакнување на регионалната сцена туку сме фокусирани и на заедничката европска иднина, со цел преку нашата работа да создадеме нови естетски и креативни искуства – сигурен сум на задоволство на публиката на двете земји“, истакна Суботиќ.

The post Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар appeared first on Република.

]]>
Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-12-na-sinisha-evtimov-vecherva-vo-mnt-so-vrvna-mashka-akterska-ekipa/ Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=839773

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов.

Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата.

Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“...

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата. Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“... Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>
МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-ja-najavuva-premierata-na-12-na-rezhiserot-sinisha-evtimov-na-20-noemvri-so-mokna-mashka-akterska-ekipa-pretstavata-e-posvetena-na-mirko-popov/ Mon, 18 Nov 2024 13:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=839206

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 20 ноември е закажана премиерата на претставата „12“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов, работена по мотивите на филмот „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз.

Претпремиерата, премиерата и следните две изведби на 21 и 22 ноември се распродадени, а како што велат од Нациналниот театар, се купуваат билети за мај.

Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов, соопштија од МНТ.

Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Во претставата игра Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“.

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

The post МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 20 ноември е закажана премиерата на претставата „12“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов, работена по мотивите на филмот „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз. Претпремиерата, премиерата и следните две изведби на 21 и 22 ноември се распродадени, а како што велат од Нациналниот театар, се купуваат билети за мај.
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов, соопштија од МНТ.
Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Во претставата игра Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“. Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Љутков: Иако имало обезбедено средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-iako-imalo-obezbedeno-sredstva-za-popravki-toa-ne-se-sluchilo-vo-ovie-sedum-godini-vo-mnt/ Thu, 14 Nov 2024 13:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=837732

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска го посети МНТ и рече дека затекнал две состојби, од едната е пресреќен, откако ги видел пробите за неколку претстави во тек, а од другата е ужаснат и шокиран.

Оваа ситуација, со овој распаднат театар трае веќе 7, 8 години. Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари, рече Љутков.

На новинарско прашање дали ќе побара одговорност за ваквата состојба, министерот рече дека состојбите за театарот најдобро ги знае директорот, како се правени постапките и зошто е правено и оти се надева оти ќе се најде кривецот.

Не може сега да се очекува од нас, дека во рок од шест месеци ќе можеме да направиме чудо. Но, јас ветувам дека од година во година и во делот на инвестициите, но и во делот на програмите, со менаџери какви што ги имаме денес, ќе го разбудиме „заспаниот џин легнат покрај реката Вардар“. Ќе им го вратиме сјајот на институциите. Можеби ќе оди побавно, но ќе биде квалитетно, додаде Љутков.

Тој потенцираше дека се детектирани неколку точки коишто се најпроблематични, тоа се балконите од левата и десна страна. Додаде дека со еден проект може да се средат клучните точки, и за ова не е потребно некоја претерано голема сума за инвестирање.

Вие можете да ги затворите тие балкони, да ги застаклите и да го забраните дотокот на вода, таа е помала инвестиција. Поголемата инвестиција е во однос на штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирало на време. Затоа ќе одиме фаза по фаза, рече Љутков.

The post Љутков: Иако имало обезбедено средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години во МНТ appeared first on Република.

Премиерата на „12“ е закажана за 20 ноември, претставата е распродадена до февруари, се купуваат билети и за мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premierata-na-12-e-zakazhana-za-20-noemvri-pretstavata-e-rasprodadena-do-fevruari-se-kupuvaat-bileti-i-za-maj/ Wed, 13 Nov 2024 13:03:23 +0000 https://republika.mk/?p=837207

Најновата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ) „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, во која игра врвна актерска екипа е распродадена до февраури 2025 година.

Премиерата е закажана за 20 ноември, во 20 часот на големата сцена на МНТ, а претставата е работена по мотивите на драмата „12 гневни луѓе“ (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз.

[caption id="attachment_837225" align="alignnone" width="2048"] Режисер на претставата е Синиша Евтимов[/caption]

Во претставата игра позната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Судија: Тања Ивановска.

Расподадени се сите четири изведби во ноември, претпримерата на 19, премиерата на 20 и следните две изведби на 21 и 22 ноември. Пуштивме дополнителни билети за на сцена, кои се купуваа исклучиво на билетарницата на МНТ и тие се продадени за ноември. Одамна не владеел волку голем интерес за некоја претстава. Распродадена е до февруари. Онлајн веќе се купуваат билети за март, некој купува и за мај, велат од МНТ.

Билетите за претставите во МНТ чинат 500 денари, а оние што се на сцена чинат 700.

Приказната следи порота од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги да ги преиспитаат сопствените морални вредности.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото е Мартин Манев, а музиката е на „ПМГ Колектив“. 

Фото: Македонски народен театар

The post Премиерата на „12“ е закажана за 20 ноември, претставата е распродадена до февруари, се купуваат билети и за мај appeared first on Република.

„Марта Верина“ е приказна за оние кои имаат храброст да направат неочекувани избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/marta-verina-e-prikazna-za-onie-koi-imaat-hrabrost-da-napravat-neochekuvani-izbori/ Thu, 07 Nov 2024 13:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=835180

Важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето, вели режисерката Нина Николиќ која во Македонскиот народен театар (МНТ) ја поставува претставата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски. Ова е праизведба на драмскиот текст на Лукан Николоски, а претставата е во копродукција помеѓу „Перипатија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Премиерата е закажана за в петок, на 8 ноември, во 20 часот на малата сцена на МНТ. Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.

Марта Верина е фрагмент од животот во кој ние воајерски ѕиркаме и токму таа непретенциозност на приказната, убаво развиените карактери и доминацијата на женскиот спакт кои се провлекуваат низ неа, ме натераа да ја пооставам. Потоа, поезијата на Шопов која е состевен дел од оваа драма дополнително ме инспирираше во поглед на потребата и неа да ја преведеме на начин разбирлив за помладите генерации – зашто аспектите кои ги обработува се вонвременски – толку далечни денес за нас, а воедно и толку јак составен дел од нашето битисување, вели режисерката Николиќ, објаснувајќи што е она што ја привлекло да го работи текстот на Лукан Николоски.

Според Николиќ, важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето зашто, за жал, денес и кај нас и во регионот во желбата да кажуваме и правиме големи дела и во желбата да бидеме големи патриоти во целост заборавивме на тоа колку е важен секој човек како поединец.

Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго. Овие денови сме сведоци на, според мене, една од најголемите запамтени трагедии во регионот, каде поради лични интереси, корупција, непрофесионализам и незнаење животот го изгубија 14 луѓе на толку банален, грозоморен начин. Сите тие луѓе се или требало да бидат нечија Марта и нивните приказни треба и мораме да ги раскажуваме. Немаме право на жртвите на нечие незнаење да гледаме како бројки. Далеку сме ние од големи чекори, зашто основниот чекор – а тоа е свеста за значењето на секој поединец – е далеку од нас. Мислам дека затоа е важно театарот да ја отвара вратата кон најдлабоките тајни на луѓето и на тој начин да гради/провоцира емппатија без која не може да постои здрава животна средина, објаснува Николиќ.

Какви прашања отвора оваа претстава, ја прашавме Николиќ.

[caption id="attachment_835204" align="alignnone" width="701"] Нина Николиќ: Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго / Фото: Извор Трн[/caption]

Минатата недела, Талибанците донесоа закон со кој на сите полнолетни жени им забрануваат да го слушаат гласот на други жени, односно одлучија дека жените повеќе не смеат на никако да градат било какви односи/врски со други жени. Ова веројатно претставува најстрашна форма на потиснување на нечиј идентитет и смисла на постоење – кога не само што немате право на мислење и глас, туку немате право ни на песна. Со други зборови ви забрануваат да се радувате и да тагувате на глас. Марта Верина е симфонија на различни женски/човечки гласови кои ствараат хармонична музика. Промената почнува во моментот кога поинаквите гласови стануваат пријатни за слушање и кога мислењето на другите кај нас почнува да буди чувство на радост, а не на гадење. Марта Верина е приказна за оние кои имаат храброст да направат такви – неочекувани избори и кои се подготвени да бидат жртва на последиците на тие избори зашто само така можеме да градиме подобар свет во кој музиката што ја произведува нашиот глас ќе биде одлика на еманципираност, слобода и прогресивност, а не причина за осуда, омаловажување и дискриминација. Во оваа смисла, прашањето што Марта Верина сака да го отвори е - имаме ли слух за гласовите кои звучат поинаку од нашиот? Можеме ли да се ослободиме од предрасудите и да признаеме дека стварно ги разбираме тие различни гласови? Спремни ли сме да ги слушаме женските гласови како рамноправни и да почнеме да градиме општество во кое различноста ќе се третира како квалитет, а не како маана?, вели Николиќ.

Николиќ добро се познава со поголемиот дел од екипата во „Марта Верина“ и признава дека таа близина понекогаш знае да биде меч со две острици, зашто е тенка границата кога е во прашање професионалната комуникација и другарството.

Процесот на работа беше инспиративен, имавме многу време да истражуваме, да пробуваме, да менуваме и да ги спротивставуваме нашите различни мислења. Со оглед на тоа што станува збор за праизведба, посветивме голем број на проби на дообликување на самиот текст – тоа е всушност и главната привилегија што ја имаат и режисерот и актерите кога ви се дава шанса за првпат да поставите нешто. Со актерите сме навистина блиски – со дел од нив сме работеле и десетици заеднички проекти. Она што е можеби најточно во однос на ова прашање е една работа која во неформален разговор пред некој ден ми ја кажа мојот колега/другар Благој Веселинов: 'Јас немаше да бидам ова што сум да не бевте вие'. Или со други зборови: никој од нас немаше да биде тоа што е, да не беше оваа долгогодишна соработка која је одржуваме, градиме и развиваме уште од студентски денови, вели Николиќ во разговор за „Република“.

Ова драма пред сè сака гласно да зборува за позицијата на жената во општеството, за правото на избор. Јас не сакам да наметнам дека оваа е феминистичка драма, но истата сака да ни каже дека правото на избор за тоа каков ќе биде нашиот живот е нешто што не е ничија работа, вели за „Република“ Драгана Лукан Николоски, авторката на драмскиот текст.

„Марта Верина“ е драма која не осудува, ништо и никого и сака да ја соочи публиката со егоцентричната потреба постојано да се има мислење за туѓите избори и за туѓите животи. „Марта Верина“ е драма за љубовта, малку неконвенционална, малку невозвратена и возвратена, во точно и погрешно време. Ова е пред сè драма која му ја посветувам на мојот град, на Скопје и која ненамерно се случи да стане една генерациска драма, во која ќе се препознае мојата генерација, објаснува драматургот Лукан Николоски, која е вработена во Театарот за деца и младинци.

[caption id="attachment_835207" align="alignnone" width="345"] Драгана Лукан Николоски: Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина / Фото: Извор Трн[/caption]

Марта Верина е лик егзистенција, таа реагира од позицијата на својот карактер во секоја дадена ситуација, дури и ако ја извадиме од оваа драма и ја поставиме во некои сосема нови околности, таа повторно ќе ги прави истите избори и ќе ги носи истите одлуки. Тоа е така, бидејќи Марта не е фиктивен лик кој претставува некаков стереотип за балканска жена, туку целосно изградена личност со своја мотивација, свои желби и потреби. Долго време ми требаше да ја напишам оваа драма, бидејќи морав да го најдам вистинскиот пат до откривањето на сите мали нешта кои ја сочинуваат големата слика. Додека ја тестирав приказната (тоа го правам секогаш со секоја приказна) ја раскажував приказната на случајни луѓе од различни возрасти и различни општествени околности и речиси секогаш кога ќе ја раскажев основната линија на заплетот, реакцијата беше: „Ова може да ми се случи мене.“. Марта Верина е главен и лик во оваа драма, но неа ја имаат создадено сите останати ликови во драмата. Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина, вели Лукан Николоски.

Во најавата за драмскиот текст се вели дека е инспириран од поезијата на Ацо Шопов.

Ако се прашувам јас, Ацо Шопов е најважниот поет кој се има појавено во македонската книжевност. Или барем во мојот случај го зазема местото меѓу оние писатели кои на некој начин ме изградиле пред сè како личност, а потоа и како раскажувач, па заедно со Жак Превер и Карл Сандберг можам да ги назначам како најважните поети на чие творештво се темели сето лирско кое е дел од мојата писателска личност. Јас имам теорија дека поетите се раѓаат стари и умираат млади, и затоа се безвеменски. Поезијата на Шопов е актуелна секогаш, бидејќи тој пишува за луѓето, за љубовта и за една митска и есенцијална врска меѓу сите луѓе на светот и природата околу нив, смета Лукан Николоски.

По премиерата в петок, на 8 ноември, следните изведби на „Марта Верина“ се на 9 и на 27 ноември годинава на малата сцена на МНТ од 20 часот.

Разговараше: Александра М. Бундалелвска

The post „Марта Верина“ е приказна за оние кои имаат храброст да направат неочекувани избори appeared first on Република.

]]>

Важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето, вели режисерката Нина Николиќ која во Македонскиот народен театар (МНТ) ја поставува претставата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски. Ова е праизведба на драмскиот текст на Лукан Николоски, а претставата е во копродукција помеѓу „Перипатија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Премиерата е закажана за в петок, на 8 ноември, во 20 часот на малата сцена на МНТ. Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата. Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.
Марта Верина е фрагмент од животот во кој ние воајерски ѕиркаме и токму таа непретенциозност на приказната, убаво развиените карактери и доминацијата на женскиот спакт кои се провлекуваат низ неа, ме натераа да ја пооставам. Потоа, поезијата на Шопов која е состевен дел од оваа драма дополнително ме инспирираше во поглед на потребата и неа да ја преведеме на начин разбирлив за помладите генерации – зашто аспектите кои ги обработува се вонвременски – толку далечни денес за нас, а воедно и толку јак составен дел од нашето битисување, вели режисерката Николиќ, објаснувајќи што е она што ја привлекло да го работи текстот на Лукан Николоски.
Според Николиќ, важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето зашто, за жал, денес и кај нас и во регионот во желбата да кажуваме и правиме големи дела и во желбата да бидеме големи патриоти во целост заборавивме на тоа колку е важен секој човек како поединец.
Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго. Овие денови сме сведоци на, според мене, една од најголемите запамтени трагедии во регионот, каде поради лични интереси, корупција, непрофесионализам и незнаење животот го изгубија 14 луѓе на толку банален, грозоморен начин. Сите тие луѓе се или требало да бидат нечија Марта и нивните приказни треба и мораме да ги раскажуваме. Немаме право на жртвите на нечие незнаење да гледаме како бројки. Далеку сме ние од големи чекори, зашто основниот чекор – а тоа е свеста за значењето на секој поединец – е далеку од нас. Мислам дека затоа е важно театарот да ја отвара вратата кон најдлабоките тајни на луѓето и на тој начин да гради/провоцира емппатија без која не може да постои здрава животна средина, објаснува Николиќ.
Какви прашања отвора оваа претстава, ја прашавме Николиќ. [caption id="attachment_835204" align="alignnone" width="701"] Нина Николиќ: Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго / Фото: Извор Трн[/caption]
Минатата недела, Талибанците донесоа закон со кој на сите полнолетни жени им забрануваат да го слушаат гласот на други жени, односно одлучија дека жените повеќе не смеат на никако да градат било какви односи/врски со други жени. Ова веројатно претставува најстрашна форма на потиснување на нечиј идентитет и смисла на постоење – кога не само што немате право на мислење и глас, туку немате право ни на песна. Со други зборови ви забрануваат да се радувате и да тагувате на глас. Марта Верина е симфонија на различни женски/човечки гласови кои ствараат хармонична музика. Промената почнува во моментот кога поинаквите гласови стануваат пријатни за слушање и кога мислењето на другите кај нас почнува да буди чувство на радост, а не на гадење. Марта Верина е приказна за оние кои имаат храброст да направат такви – неочекувани избори и кои се подготвени да бидат жртва на последиците на тие избори зашто само така можеме да градиме подобар свет во кој музиката што ја произведува нашиот глас ќе биде одлика на еманципираност, слобода и прогресивност, а не причина за осуда, омаловажување и дискриминација. Во оваа смисла, прашањето што Марта Верина сака да го отвори е - имаме ли слух за гласовите кои звучат поинаку од нашиот? Можеме ли да се ослободиме од предрасудите и да признаеме дека стварно ги разбираме тие различни гласови? Спремни ли сме да ги слушаме женските гласови како рамноправни и да почнеме да градиме општество во кое различноста ќе се третира како квалитет, а не како маана?, вели Николиќ.
Николиќ добро се познава со поголемиот дел од екипата во „Марта Верина“ и признава дека таа близина понекогаш знае да биде меч со две острици, зашто е тенка границата кога е во прашање професионалната комуникација и другарството.
Процесот на работа беше инспиративен, имавме многу време да истражуваме, да пробуваме, да менуваме и да ги спротивставуваме нашите различни мислења. Со оглед на тоа што станува збор за праизведба, посветивме голем број на проби на дообликување на самиот текст – тоа е всушност и главната привилегија што ја имаат и режисерот и актерите кога ви се дава шанса за првпат да поставите нешто. Со актерите сме навистина блиски – со дел од нив сме работеле и десетици заеднички проекти. Она што е можеби најточно во однос на ова прашање е една работа која во неформален разговор пред некој ден ми ја кажа мојот колега/другар Благој Веселинов: 'Јас немаше да бидам ова што сум да не бевте вие'. Или со други зборови: никој од нас немаше да биде тоа што е, да не беше оваа долгогодишна соработка која је одржуваме, градиме и развиваме уште од студентски денови, вели Николиќ во разговор за „Република“.
Ова драма пред сè сака гласно да зборува за позицијата на жената во општеството, за правото на избор. Јас не сакам да наметнам дека оваа е феминистичка драма, но истата сака да ни каже дека правото на избор за тоа каков ќе биде нашиот живот е нешто што не е ничија работа, вели за „Република“ Драгана Лукан Николоски, авторката на драмскиот текст.
„Марта Верина“ е драма која не осудува, ништо и никого и сака да ја соочи публиката со егоцентричната потреба постојано да се има мислење за туѓите избори и за туѓите животи. „Марта Верина“ е драма за љубовта, малку неконвенционална, малку невозвратена и возвратена, во точно и погрешно време. Ова е пред сè драма која му ја посветувам на мојот град, на Скопје и која ненамерно се случи да стане една генерациска драма, во која ќе се препознае мојата генерација, објаснува драматургот Лукан Николоски, која е вработена во Театарот за деца и младинци.
[caption id="attachment_835207" align="alignnone" width="345"] Драгана Лукан Николоски: Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина / Фото: Извор Трн[/caption] Марта Верина е лик егзистенција, таа реагира од позицијата на својот карактер во секоја дадена ситуација, дури и ако ја извадиме од оваа драма и ја поставиме во некои сосема нови околности, таа повторно ќе ги прави истите избори и ќе ги носи истите одлуки. Тоа е така, бидејќи Марта не е фиктивен лик кој претставува некаков стереотип за балканска жена, туку целосно изградена личност со своја мотивација, свои желби и потреби. Долго време ми требаше да ја напишам оваа драма, бидејќи морав да го најдам вистинскиот пат до откривањето на сите мали нешта кои ја сочинуваат големата слика. Додека ја тестирав приказната (тоа го правам секогаш со секоја приказна) ја раскажував приказната на случајни луѓе од различни возрасти и различни општествени околности и речиси секогаш кога ќе ја раскажев основната линија на заплетот, реакцијата беше: „Ова може да ми се случи мене.“. Марта Верина е главен и лик во оваа драма, но неа ја имаат создадено сите останати ликови во драмата. Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина, вели Лукан Николоски. Во најавата за драмскиот текст се вели дека е инспириран од поезијата на Ацо Шопов.
Ако се прашувам јас, Ацо Шопов е најважниот поет кој се има појавено во македонската книжевност. Или барем во мојот случај го зазема местото меѓу оние писатели кои на некој начин ме изградиле пред сè како личност, а потоа и како раскажувач, па заедно со Жак Превер и Карл Сандберг можам да ги назначам како најважните поети на чие творештво се темели сето лирско кое е дел од мојата писателска личност. Јас имам теорија дека поетите се раѓаат стари и умираат млади, и затоа се безвеменски. Поезијата на Шопов е актуелна секогаш, бидејќи тој пишува за луѓето, за љубовта и за една митска и есенцијална врска меѓу сите луѓе на светот и природата околу нив, смета Лукан Николоски.
По премиерата в петок, на 8 ноември, следните изведби на „Марта Верина“ се на 9 и на 27 ноември годинава на малата сцена на МНТ од 20 часот. Разговараше: Александра М. Бундалелвска

The post „Марта Верина“ е приказна за оние кои имаат храброст да направат неочекувани избори appeared first on Република.

]]>
МНТ со претставата „Бели ноќи“ вечерва учествува во одбележување на 80-годишнината на Народен театар – Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-pretstavata-beli-noki-vecherva-uchestvuva-vo-odbelezhuvane-na-80-godishninata-na-naroden-teatar-bitola/ Thu, 07 Nov 2024 08:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=834991

Претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска ќе се одржи вечерва во Македонски народен театар (МНТ), по повод одбележувањето на 80-годишнината на Народен театар - Битола.

Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември.

The post МНТ со претставата „Бели ноќи“ вечерва учествува во одбележување на 80-годишнината на Народен театар – Битола appeared first on Република.

МНТ со „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Битолскиот Народен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-beli-noki-ke-uchestvuva-vo-odbelezhuvaneto-na-80-godishninata-na-bitolskiot-naroden-teatar/ Wed, 06 Nov 2024 09:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=834635

НУ Народен театар, Битола оваа година ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 ноември во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември со почеток во 20:00 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.

The post МНТ со „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Битолскиот Народен театар appeared first on Република.

]]>

НУ Народен театар, Битола оваа година ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 ноември во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември со почеток во 20:00 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.

The post МНТ со „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Битолскиот Народен театар appeared first on Република.

]]>
МНТ со претставата на Нина Николиќ „Народен непријател“ учествува на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-pretstavata-na-nina-nikolik-naroden-neprijatel-uchestvuva-na-balkanskiot-teatarski-festival-vo-blagoevgrad/ Mon, 04 Nov 2024 11:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=833965

По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар повторно со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на третиот Балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.

Оваа година драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград ги селектираше најдобрите претстави од Балканот, меѓу кои е и нашата претстава „Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Претставата ќе се одигра на 5 ноември, а програмата од 1 до 7 ноември оваа есен е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од: Романија, Србија, Бугарија и Словенија.

Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград и има сериозни предуслови да стане водечки меѓународен културен форум на Балканот. Традиционално, фестивалот вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.

The post МНТ со претставата на Нина Николиќ „Народен непријател“ учествува на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград appeared first on Република.

Режисерката Нина Николиќ во МНТ ја подготвува „Марта Верина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rezhiserkata-nina-nikolik-vo-mnt-ja-podgotvuva-marta-verina/ Sun, 03 Nov 2024 10:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=833673

Македонската режисерка Нина Николиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја подготвува претставата „Марта Верина“, копродукциски проект меѓу МНТ и Перипетија продукција. Премиерата е закажана за 8 ноември, во 20 часот.  Автор на текстот е Драгана Лукан Николоски, чија драма ќе доживее праизведа на малата сцена на МНТ

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Илина Ангеловска е сценограф и дизајн на видео, костимографка е  Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе.

„Марта Верина“ е драма која секоја своја реплика ја има украдено од стварноста. Ова е драма напишана низ клучалка, ни го покажува животот зад затворената врата, на моменти до непријатност од интимноста со која се соочуваме. Нејзините ликови сите ги познаваме, ги среќаваме секој ден, ги сакаме или ги мразиме, но тие не се црно бели, тие ги имаат сите тонови на спектарот и истовремено се ужасно во право и ужасно грешат. Ова е драма во која ликовите се разголуваат, ги тргаат сите слоеви кои ги имаат создадено за да се заштитат од суровиот свет и ни се покажуваат такви какви што сме сите ние кога ќе собереме доволно храброст да се погледнеме искрено во искривеното огледало кои ги потенцира сите наши маани.
„Марта Верина“ е драма за луѓето, за мажите, за жените и за децата, за тоа како делуваат нашите постапки врз оние кои ни се најблиски. Но, најмногу од сè, ова е драма за љубовта. Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, прави една конекција која ни зборува дека луѓето се секогаш исти, песните напишани пред повеќе од 50 години, стануваат толку свежи и модерни, откривајќи ни ја суштината на овие ликови кои постојат овде и сега, и секаде и секогаш. Со помош на зборовите кои сите ние секојдневно ги слушаме и ги кажуваме, Марта пробува да ни раскаже една приказна за оние работи за кои најчесто немаме зборови, за моментите во животот кога остануваме без текст, бидејќи како што би рекла самата Марта: „Кога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови, вели во писателската белешка Лукан Николоски.

The post Режисерката Нина Николиќ во МНТ ја подготвува „Марта Верина“ appeared first on Република.

Весна Петрушевска во МНТ ја режира новата копродукциска претстава „Бог на колежот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-petrushevska-vo-mnt-ja-rezhira-novata-koproduktsiska-pretstava-bog-na-kolezhot/ Tue, 29 Oct 2024 08:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=831923

Актерката Весна Петрушевска ќе ја режира новата претстава во Македонскиот народен театар (МНТ) „Бог на колежот“, соопштија од националниот театар.

Станува збор за копродукциски проект, по текст на светски познатата француска авторка Јасмина Реза, напишан во 2006 година. Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева.

Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“. Режисерката Петрушевска го одбира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа. Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи. Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во се поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака, велат од МНТ.

The post Весна Петрушевска во МНТ ја режира новата копродукциска претстава „Бог на колежот“ appeared first on Република.

МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-naroden-neprijatel-uchestvuva-na-internatsionalnite-teatarski-sredbi-brchko-distrikt/ Mon, 21 Oct 2024 08:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=829329

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ.

Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.

The post МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ. Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.  

The post МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ appeared first on Република.

]]>
Во МНТ вечерва премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Бели ноќи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-mnt-vecherva-premierno-ke-bide-izvedena-teatarskata-pretstava-beli-noki/ Thu, 17 Oct 2024 08:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=827903

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Бели ноќи“.

Автор: Ф. М. Достоевски
Режија и адаптација: Звездана Ангеловска
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Композитор: Марјан Неќак

Играат:
Ана Јовановска
Дамјан Цветановски

Во освртот кон претставата режисерката Звездана Ангеловска вели:

Идејата за создавањето на претставата „Бели ноќи“ е поттикната од потребата да се создаде камерна театарска сценска верзија според истоимениот сентиментален роман на Ф. М. Достоевски, каде што главните ликови Сонувачот и Настењка, тука се архетипови на две уметнички души сонувачи.
Заробени со своите биографии во реалните животи, како што обично тоа се нарекува и судбинско определување на текот на настаните, тие двајцата, се сретнуваат, во текот на неколку вечери, додека траат белите ноќи во Петербург. Во текот на тие средби, Сонувачот, кој е и вистински уметник и на кого светот на музиката е неговата лулка и неговата најголема слобода, го отвора прашањето за, сонување, на животот, онаков каков што би требало да биде, според него. Тој го поттикнува нивното, заедничко сонување, со Настењка, која заради многубројните, забрани, низ животот, таа, пак, најслободно се чувствува додека танцува, особено што има 18 години. Тие двајцата, се доверуваат и се препуштаат на сонувањето, во текот на тие средби, без разлика што околностите се заплеткани, особено кога станува збор за љубовта или за идеалната љубов.
Од друга страна, самиот автор Достоевски го наметнува прашањето: дали секој човек може да ги следи своите соништа и дали самите си ја даваме таа слобода и го правиме тој избор за да бидеме слободни и автентични? Или се препуштаме на волјата на општествените норми, стереотипи, морални кодекси и граѓански расудувања, каде што сопствените соништа си ги уништуваме, па дури и љубовта си ја продаваме, или стануваме нејзини предавници, за само да бидеме на местото на општоприфатените социјални, морални, граѓански, па и културолошки норми? Дали со тоа несвесно, но сепак неуморно се искачуваме до врвовите на материјалните светови, но по духовноста и слободата остануваме просечни и набрзо остарени, уште во својата младост, следејќи го патот на себенепризнавањето, и неприфаќањето, на сопственото јас?
И според делото на Достоевски, а и според претставата, се потсетуваме дека изгледа малкумина ја имаат храброста, но и можноста, да го следат својот сон, идеалот, без разлика каков е, така што улогата на Сонувачот или, анонимниот уметник, во претставата е само пример за тоа, (дури и кога е непризнаен, а може и да е само обична уметничка душа, како што е улогата на Настењка)… дека сепак вреди да се одигра таа улога или да се отсонува тој сон, па макар и за еден миг на блаженство. Тој еден единствен миг на среќа, блаженство, секогаш ќе свети и ниедна тага, болка, прекор или гнев, не ќе може да го растопи.
Но, најчесто, уметникот, сонува Сам, па макар и тој Сон да е: да се сретне со Некого.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk

Извршен продуцент: Симона Угриновска
Продуцент: Дамјан Цветановски
Инспициент: Вукица Александрова
Дизајнер на светло: Игор Митревски
Мајстор на тон: Александар Арсиќ
Реквизитер: Боби Гелиќ
Гардеробери: Валентина Чонкова и Елизабета Стамчевска
Шминкери и фризери: Моника Вучковиќ и Бранка Пљачковска
Декоратери: Дурмиш Сафер и Ибрахим Рамановски
Уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана Јарчевска
Лектор на програмскиот каталог: Тодорка Балова
Дизајнер на плакатот и програмскиот каталог: Димитар Димитров
Фотограф: Кире Галевски
Технички раководител: Гунтер Кубе
Координатори на техничките служби: Ивица Урдаревиќ и Југослав Ацевски
Раководител на маркетинг: Сандра Стојмирова
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар) и Зоран Миновски (бравар)

The post Во МНТ вечерва премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Бели ноќи“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Бели ноќи“. Автор: Ф. М. Достоевски Режија и адаптација: Звездана Ангеловска Сценограф: Мартин Манев Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска Композитор: Марјан Неќак Играат: Ана Јовановска Дамјан Цветановски Во освртот кон претставата режисерката Звездана Ангеловска вели: Идејата за создавањето на претставата „Бели ноќи“ е поттикната од потребата да се создаде камерна театарска сценска верзија според истоимениот сентиментален роман на Ф. М. Достоевски, каде што главните ликови Сонувачот и Настењка, тука се архетипови на две уметнички души сонувачи. Заробени со своите биографии во реалните животи, како што обично тоа се нарекува и судбинско определување на текот на настаните, тие двајцата, се сретнуваат, во текот на неколку вечери, додека траат белите ноќи во Петербург. Во текот на тие средби, Сонувачот, кој е и вистински уметник и на кого светот на музиката е неговата лулка и неговата најголема слобода, го отвора прашањето за, сонување, на животот, онаков каков што би требало да биде, според него. Тој го поттикнува нивното, заедничко сонување, со Настењка, која заради многубројните, забрани, низ животот, таа, пак, најслободно се чувствува додека танцува, особено што има 18 години. Тие двајцата, се доверуваат и се препуштаат на сонувањето, во текот на тие средби, без разлика што околностите се заплеткани, особено кога станува збор за љубовта или за идеалната љубов. Од друга страна, самиот автор Достоевски го наметнува прашањето: дали секој човек може да ги следи своите соништа и дали самите си ја даваме таа слобода и го правиме тој избор за да бидеме слободни и автентични? Или се препуштаме на волјата на општествените норми, стереотипи, морални кодекси и граѓански расудувања, каде што сопствените соништа си ги уништуваме, па дури и љубовта си ја продаваме, или стануваме нејзини предавници, за само да бидеме на местото на општоприфатените социјални, морални, граѓански, па и културолошки норми? Дали со тоа несвесно, но сепак неуморно се искачуваме до врвовите на материјалните светови, но по духовноста и слободата остануваме просечни и набрзо остарени, уште во својата младост, следејќи го патот на себенепризнавањето, и неприфаќањето, на сопственото јас? И според делото на Достоевски, а и според претставата, се потсетуваме дека изгледа малкумина ја имаат храброста, но и можноста, да го следат својот сон, идеалот, без разлика каков е, така што улогата на Сонувачот или, анонимниот уметник, во претставата е само пример за тоа, (дури и кога е непризнаен, а може и да е само обична уметничка душа, како што е улогата на Настењка)… дека сепак вреди да се одигра таа улога или да се отсонува тој сон, па макар и за еден миг на блаженство. Тој еден единствен миг на среќа, блаженство, секогаш ќе свети и ниедна тага, болка, прекор или гнев, не ќе може да го растопи. Но, најчесто, уметникот, сонува Сам, па макар и тој Сон да е: да се сретне со Некого. Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk Извршен продуцент: Симона Угриновска Продуцент: Дамјан Цветановски Инспициент: Вукица Александрова Дизајнер на светло: Игор Митревски Мајстор на тон: Александар Арсиќ Реквизитер: Боби Гелиќ Гардеробери: Валентина Чонкова и Елизабета Стамчевска Шминкери и фризери: Моника Вучковиќ и Бранка Пљачковска Декоратери: Дурмиш Сафер и Ибрахим Рамановски Уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана Јарчевска Лектор на програмскиот каталог: Тодорка Балова Дизајнер на плакатот и програмскиот каталог: Димитар Димитров Фотограф: Кире Галевски Технички раководител: Гунтер Кубе Координатори на техничките служби: Ивица Урдаревиќ и Југослав Ацевски Раководител на маркетинг: Сандра Стојмирова Инженер на светло: Даниела Атанасова Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар) и Зоран Миновски (бравар)  

The post Во МНТ вечерва премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Бели ноќи“ appeared first on Република.

]]>
Претставата на МНТ „Лагата“ гостува Фестивал во Дебар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-na-mnt-lagata-gostuva-festival-vo-debar/ Thu, 26 Sep 2024 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=819778

Македонскиот народен театар (МНТ) на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“, Дебар со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Ова е второ фестивалско учество на претставата. На 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, актерот Јордан Симонов за улогата на Павле ја доби наградата за највисокото актерско остварување.

Фестивалот во Дебар почна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.

Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум)претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.

The post Претставата на МНТ „Лагата“ гостува Фестивал во Дебар appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“, Дебар со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Ова е второ фестивалско учество на претставата. На 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, актерот Јордан Симонов за улогата на Павле ја доби наградата за највисокото актерско остварување. Фестивалот во Дебар почна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година. Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум)претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.

The post Претставата на МНТ „Лагата“ гостува Фестивал во Дебар appeared first on Република.

]]>
Летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ се затвора со концерт на „Архангел“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/letnata-stsena-na-mnt-slavisha-kajevski-se-zatvora-so-kontsert-na-arhangel/ Wed, 25 Sep 2024 12:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=819553

На втори октомври со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар (МНТ), концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”, соппштија од МНТ.

Концертот насловен „Македонски подобро звучи - Едиција 4” е подржан од Министерството за култура и МНТ со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

The post Летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ се затвора со концерт на „Архангел“ appeared first on Република.

]]>

На втори октомври со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар (МНТ), концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”, соппштија од МНТ. Концертот насловен „Македонски подобро звучи - Едиција 4” е подржан од Министерството за култура и МНТ со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

The post Летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ се затвора со концерт на „Архангел“ appeared first on Република.

]]>
Со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ вечерва се отвора летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-hip-hop-pretstavata-tsrnila-remiks-vecherva-se-otvora-letnata-stsena-na-mnt-slavisha-kajevski/ Tue, 17 Sep 2024 09:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=817021

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер во 21 часот ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ.

Актерската екипа ја сочинуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја доби наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.

Како што најавија од МНТ, во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“.

Покрај изведбите на нашите претстави „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев.

Од МНТ најавија дека на 20 септември ќе се одигра комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.

На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ – Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски.

The post Со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ вечерва се отвора летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ appeared first on Република.

]]>

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер во 21 часот ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Актерската екипа ја сочинуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“. Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја доби наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Србија. Претставата е во продукција на МКЦ. Како што најавија од МНТ, во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“. Покрај изведбите на нашите претстави „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев. Од МНТ најавија дека на 20 септември ќе се одигра комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ – Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски.  

The post Со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ вечерва се отвора летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ appeared first on Република.

]]>
МНТ со претставата „Поткровје“ учествува на 32. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-pretstavata-potkrovje-uchestvuva-na-32-festival-na-kameren-teatar-risto-shishkov/ Thu, 12 Sep 2024 09:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=815628

Денеска на 12 септември, со почеток во 19:30 часот, на сцената во театарот „Антон Панов“ ќе се одиграна копродукциската претстава „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.

Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.

„Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.

The post МНТ со претставата „Поткровје“ учествува на 32. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Денеска на 12 септември, со почеток во 19:30 часот, на сцената во театарот „Антон Панов“ ќе се одиграна копродукциската претстава „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски. „Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.

The post МНТ со претставата „Поткровје“ учествува на 32. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>