МНТ. Народен непијател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mnt-naroden-nepijatel/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 09:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МНТ. Народен непијател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mnt-naroden-nepijatel/ 32 32 „Народен непријател“ на МНТ ќе гостува во Фрушка Гора и во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-kje-gostuva-vo-frushka-gora-i-vo-italija/ Tue, 30 Aug 2022 09:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=545526

Претставата на Македонскиот народен театар (МНТ) „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ во септември ќе гостува на Фестивал во Фрушка Гора, Србија, а во ноември во Италија, соопштија од Националниот театар.

„Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, исто така во режија Николиќ ќе гостува на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица.

Првото гостување со претставата „Народен непријател“ ќе се случи на отворена сцена на први септември во 20 часот, со отворање на Амбиенталниот театарски фестивал „Нов тврдина театар“ во уникатниот амбиент пред Вила „Станковиќ“ - Фрушка Гора.

Фестивалот оваа година се одржува од први до седми септември, под слоганот: „Чудата се случуваат, но треба да ги препознаеме“, а во програмата се опфатени изведби на различни театарски ракописи во кои смело се отвораат некои прашања и започнуваат нови дискусии за нашето време и нашата конфузија.

Покрај МНТ, учествуваат и најголемите театарски куќи од регионот: Народно позориште - Белград, Народно позориште - Ниш, Народно позориште - Сараево, Српско народно позориште - Нови Сад и други.

Претставата во ноември ќе гостува и во Италија.

По гостувањето во Србија, следи изведба на театарската претстава „Нема да биде крај на светот" на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица.

Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ, се очекува и премиерната изведба на безмилосната комедија „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата во која се одигрува лавиринт на лагите, измамите и непријатните вистини што се случуваат во бракот, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценограф е Крсте Џидров-Џиби, костимите ги дизајнира Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска.

Во тек се и подготовките за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски, кој ја поставува оваа моќна современа драма што спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, воедно го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.

Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

 

The post „Народен непријател“ на МНТ ќе гостува во Фрушка Гора и во Италија appeared first on Република.

]]>

Претставата на Македонскиот народен театар (МНТ) „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ во септември ќе гостува на Фестивал во Фрушка Гора, Србија, а во ноември во Италија, соопштија од Националниот театар. „Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, исто така во режија Николиќ ќе гостува на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица. Првото гостување со претставата „Народен непријател“ ќе се случи на отворена сцена на први септември во 20 часот, со отворање на Амбиенталниот театарски фестивал „Нов тврдина театар“ во уникатниот амбиент пред Вила „Станковиќ“ - Фрушка Гора. Фестивалот оваа година се одржува од први до седми септември, под слоганот: „Чудата се случуваат, но треба да ги препознаеме“, а во програмата се опфатени изведби на различни театарски ракописи во кои смело се отвораат некои прашања и започнуваат нови дискусии за нашето време и нашата конфузија. Покрај МНТ, учествуваат и најголемите театарски куќи од регионот: Народно позориште - Белград, Народно позориште - Ниш, Народно позориште - Сараево, Српско народно позориште - Нови Сад и други. Претставата во ноември ќе гостува и во Италија. По гостувањето во Србија, следи изведба на театарската претстава „Нема да биде крај на светот" на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица. Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ, се очекува и премиерната изведба на безмилосната комедија „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата во која се одигрува лавиринт на лагите, измамите и непријатните вистини што се случуваат во бракот, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценограф е Крсте Џидров-Џиби, костимите ги дизајнира Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска. Во тек се и подготовките за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски, кој ја поставува оваа моќна современа драма што спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, воедно го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме. Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.  

The post „Народен непријател“ на МНТ ќе гостува во Фрушка Гора и во Италија appeared first on Република.

]]>