мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mnozinstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 19:02:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mnozinstvo/ 32 32 Има мнозинство за нова влада – Мицкоски: Успешно консолидиравме 61 пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ima-mnozinstvo-za-nova-vlada-mitskoski-uspeshno-konsolidiravme-61-pratenik/ Thu, 16 May 2024 14:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=778906

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар на владата, Христијан Мицкоски, соопшти дека покрај 58 пратеници на коалицијата, има консолидирано точно 61 пратеник.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник.

Не можам да зборувам за деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но наскоро ќе ги дознаете деталите. Ја очекуваме одлуката на Управниот суд, да видиме што ќе се случува со изборните единици 5 и 6, но можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник. Сепак, тоа нема да не повлече од разговорите со потенцијалните коалициони партнери, како што е коалицијата Вреди, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока.

The post Има мнозинство за нова влада – Мицкоски: Успешно консолидиравме 61 пратеник appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар на владата, Христијан Мицкоски, соопшти дека покрај 58 пратеници на коалицијата, има консолидирано точно 61 пратеник.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник. Не можам да зборувам за деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но наскоро ќе ги дознаете деталите. Ја очекуваме одлуката на Управниот суд, да видиме што ќе се случува со изборните единици 5 и 6, но можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник. Сепак, тоа нема да не повлече од разговорите со потенцијалните коалициони партнери, како што е коалицијата Вреди, изјави Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока.

The post Има мнозинство за нова влада – Мицкоски: Успешно консолидиравме 61 пратеник appeared first on Република.

]]>
Меџити: Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најави за повеќе заминувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-osum-pratenitsi-izleguvaat-od-parlamentarnoto-mnozinstvo-ima-najavi-za-poveke-zaminuvana/ Tue, 14 Feb 2023 16:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=609012

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.

Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство - рече Меџити во изјава за ТВ21.

Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.

Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај - рече Меџити.

Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

The post Меџити: Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најави за повеќе заминувања appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.
Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство - рече Меџити во изјава за ТВ21.
Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.
Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај - рече Меџити.
Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора. За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

The post Меџити: Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најави за повеќе заминувања appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Владиното мнозинство е силно и стабилно, реконструкцијата ќе помине со над 64 гласа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vladinoto-mnozinstvo-e-silno-i-stabilno-rekonstruktsijata-ke-pomine-so-nad-64-glasa/ Tue, 14 Feb 2023 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=608765

Премиерот Димитар Квачевски денеска соопшти дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.

Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во кавадаречкото село Ресава, причините за реконструкцијата не се персонални, туку целта е реализирање на реформите

Реконструкцијата што ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди, туку за државата да има стабилно мнозинство, да се донесат економските закони и правосудните, да се реализираат реформите, да не се дозволи блокада од опозицијата. Сметам дека сите владини партнери се за ефикасна работа на Собранието, а Алијанса за Албанците ќе го зајакне мнозинството, истакна Ковачевски.

The post Ковачевски: Владиното мнозинство е силно и стабилно, реконструкцијата ќе помине со над 64 гласа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Квачевски денеска соопшти дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа. Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во кавадаречкото село Ресава, причините за реконструкцијата не се персонални, туку целта е реализирање на реформите
Реконструкцијата што ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди, туку за државата да има стабилно мнозинство, да се донесат економските закони и правосудните, да се реализираат реформите, да не се дозволи блокада од опозицијата. Сметам дека сите владини партнери се за ефикасна работа на Собранието, а Алијанса за Албанците ќе го зајакне мнозинството, истакна Ковачевски.
 
The post Ковачевски: Владиното мнозинство е силно и стабилно, реконструкцијата ќе помине со над 64 гласа appeared first on Република.

]]>
Милошоски: На СДСМ најмногу им одговара слабо мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-na-sdsm-najmnogu-im-odgovara-slabo-mnozinstvo/ Wed, 26 Jan 2022 10:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=449623

Се гледа дека гласачите имаат недоверба кон актуелната власт, тоа е првиот момент. Вториот момент е актуелната политичка, економска и социјална состојба во државата, која што е можеби најлоша од 1993-94 година наваму кога чекавме во редици за бензин. А, сега се чека за поевтина струја, поевтино гориво, или за поевтини прехранбени производи, но сето тоа изгледа невозможно при ваква инфлација. И ваквите состојби опозицијата може добро да ги искористи, но само под услов доколку понуди добри кадровски решенија, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Радио Лидер.

Милошоски додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт имаше подобри економски показатели и во време на ваква економска криза. Секој месец ќе имаше подобрување.

Владата на СДСМ се одржува токму на овие помали партии со по еден, два или три пратеници. Најмногу им одговара слабо мнозинство бидејќи во едно такво слабо мнозинство од 62 или 64 пратеници, вашите еден, два или три пратеници вредат многу повеќе отколку во Влада која што би имала посериозна бројка на пратеници и постабилно мнозинство. Но, нека продолжат на овој начин. Ако не ја примија пораката на локалните избори веројатно ќе бидат свесни и ќе ја примат на следните парламентарни избори кои што јас сметам дека ќе бидат предвремени, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека преку медиумите можеше да се забележи дека Ковачевски како мандатар бил одбиен од најмалку четири или пет можни кандидати за различни министерски позиции. Што значи тоа? Тоа значи дека разговарал со посериозни луѓе со подобро портфолио, но тие луѓе кои што се посериозни и имаат подобар интегритет ја прават проценката дека оваа Влада не ја движи државата во добра насока и го одбиле Ковачевски.

Многу е непријатно кога се гледа дека Павле Трајанов, ние сите се мислевме од каде Павле Трајанов успевал да обезбеди 400 гласа за својата партија или можеби со нивните сопружници стигнувал до 800-тини, но очигледно е дека јавни паркинзи биле неговата програма. Но, многу е невкусно според мене, сериозни функционери од СДСМ и ДУИ кои што имаат многу солидни примања да не можат да платат паркинг 50-100 денари, зависно во која зона паркирале или колку време потрошиле. Додека од друга страна на обичните граѓани им се дигаат возилата или им се местат лисици, или што и да е, па мора некој да плати за заборавени 50-100 денари,истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека на овие избори локални се виде кој носи, а кој одбива гласови. Кој има, а кој одбива доверба од граѓаните и со самото учество на Павле Трајанов како дел од коалицијата на СДСМ тоа беше само на штета на СДСМ.

Павле Трајанов веќе не привлекува гласачи кои што имаат доверба дека тој може да понуди нешто подобро за животот, за стандардот или за функционирањето на државата и на општините. И затоа ние би биле многу задоволни ако Павле Трајанов продолжи во иднина да биде составен дел од коалицијата на СДСМ, а тоа нам многу ни одговара, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека е добро Павле Трајанов да си остане со СДСМ бидејќи си одговараат со политиките.

The post Милошоски: На СДСМ најмногу им одговара слабо мнозинство appeared first on Република.

]]>

Се гледа дека гласачите имаат недоверба кон актуелната власт, тоа е првиот момент. Вториот момент е актуелната политичка, економска и социјална состојба во државата, која што е можеби најлоша од 1993-94 година наваму кога чекавме во редици за бензин. А, сега се чека за поевтина струја, поевтино гориво, или за поевтини прехранбени производи, но сето тоа изгледа невозможно при ваква инфлација. И ваквите состојби опозицијата може добро да ги искористи, но само под услов доколку понуди добри кадровски решенија, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Радио Лидер. Милошоски додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт имаше подобри економски показатели и во време на ваква економска криза. Секој месец ќе имаше подобрување.