мнингитис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mningitis/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 08:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мнингитис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mningitis/ 32 32 Мистериозна епидемија на менингитис во Мексико, починаа 35 луѓе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/misteriozna-epidemija-na-meningitis-vo-meksiko-pochinaa-35-luge/ Tue, 07 Feb 2023 08:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=605795

Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на жртви од болеста се искачи на 35. До денеска, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго регистрирале 79 случаи во изминатите неколку месеци.

Првиот случај на менингитис во Дуранго беше потврден на крајот на минатата година, кога лекарите потврдија дека има неколку пациенти заболени од асептичен менингитис, исклучително опасно воспаление на мозокот.

Заразените пациенти во Дуранго биле подложени на операции во приватни болници во главниот град на таа мексиканската држава, што уште се нарекува Дуранго, покажаа податоците на Светската здравствена организација. Оваа година, здравствените власти во Дуранго речиси секој ден забележуваат нови случаи – хоспитализирања и смртни случаи.

Државната влада Дуранго го опиша избувнувањето на менингитис како „ситуација без преседан во светот“, нагласувајќи дека сите здравствени службеници на мексиканската федерална влада работат на решавање на проблемот и откривање на најдобриот третман за пациентите.

Претставниците на СЗО во декември објавија дека ја следат и помагаат да се утврди причината за менингитисот, заедно со мексиканската влада.

Не е познато дали инфекциите започнале во Дуранго и колку пациенти се опоравиле од болеста.

The post Мистериозна епидемија на менингитис во Мексико, починаа 35 луѓе appeared first on Република.

]]>

Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на жртви од болеста се искачи на 35. До денеска, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго регистрирале 79 случаи во изминатите неколку месеци. Првиот случај на менингитис во Дуранго беше потврден на крајот на минатата година, кога лекарите потврдија дека има неколку пациенти заболени од асептичен менингитис, исклучително опасно воспаление на мозокот. Заразените пациенти во Дуранго биле подложени на операции во приватни болници во главниот град на таа мексиканската држава, што уште се нарекува Дуранго, покажаа податоците на Светската здравствена организација. Оваа година, здравствените власти во Дуранго речиси секој ден забележуваат нови случаи – хоспитализирања и смртни случаи. Државната влада Дуранго го опиша избувнувањето на менингитис како „ситуација без преседан во светот“, нагласувајќи дека сите здравствени службеници на мексиканската федерална влада работат на решавање на проблемот и откривање на најдобриот третман за пациентите. Претставниците на СЗО во декември објавија дека ја следат и помагаат да се утврди причината за менингитисот, заедно со мексиканската влада. Не е познато дали инфекциите започнале во Дуранго и колку пациенти се опоравиле од болеста.

The post Мистериозна епидемија на менингитис во Мексико, починаа 35 луѓе appeared first on Република.

]]>