МММ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mmm/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 12:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МММ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mmm/ 32 32 Уникатна вечер во „Света Софија“ со Камерниот оркестар на МММ под диригентската палка на маестро Еминовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/unikatna-vecher-vo-sveta-sofija-so-kamerniot-orkestar-na-mmm-pod-dirigentskata-palka-na-maestro-eminovik/ Wed, 31 Jul 2024 12:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=801980

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вчеравечер беше дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ .
Оркестарот настапи заедно со солистите Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Диригентската палка му беше доверена на маестро Иван Еминовиќ кој соработува со Музичката младина на Македонија повеќе од една деценија.
Репертоарот според Еминовиќ беше внимателно одбран за фестивалската публика на „Охридсколето“, а беа застапени домашни и странски композитори.
-И оваа година на огромна радост и задоволство доаѓаме со многу интересна програма Доаѓаме со македонски автори, Томислав Зографски, „Скици“ , многу интересно современо дело, потоа „Пролетната симфонија“ од Ристо Аврамовски, како и „Македонското капричо“ од Драган Шуплевски. Застапени беа и странски автори, Давид Копер со солист на виолончело Енис Аљи и „Пролет“ од Вивалди со која како солист настапи Симеон Гошев, вели Еминовиќ.
Диригентот Еминовиќ кој студирал оркестарско диригирање меѓу другото и кај покојниот професор Саша Николовски-Ѓумар чие име го носи и камерниот оркестар на МММ, вели дека и денес се чувствува загубата од големиот уметник, професор, и пред сè човек.
-Најубавите години во мојот живот беа факултетските имагистерски денови кај Саша Николовски-Ѓумар, човек, пријател, професор, така што загубата е голема, сè уште фали меѓу нас. Секогаш имаше што да каже, секогаш имаше што да се научи од него. Чест ми е што диригирам со оркестарот кој го носи неговото име, додава тој.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска...

The post Уникатна вечер во „Света Софија“ со Камерниот оркестар на МММ под диригентската палка на маестро Еминовиќ appeared first on Република.

]]>

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вчеравечер беше дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ . Оркестарот настапи заедно со солистите Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Диригентската палка му беше доверена на маестро Иван Еминовиќ кој соработува со Музичката младина на Македонија повеќе од една деценија. Репертоарот според Еминовиќ беше внимателно одбран за фестивалската публика на „Охридсколето“, а беа застапени домашни и странски композитори. -И оваа година на огромна радост и задоволство доаѓаме со многу интересна програма Доаѓаме со македонски автори, Томислав Зографски, „Скици“ , многу интересно современо дело, потоа „Пролетната симфонија“ од Ристо Аврамовски, како и „Македонското капричо“ од Драган Шуплевски. Застапени беа и странски автори, Давид Копер со солист на виолончело Енис Аљи и „Пролет“ од Вивалди со која како солист настапи Симеон Гошев, вели Еминовиќ. Диригентот Еминовиќ кој студирал оркестарско диригирање меѓу другото и кај покојниот професор Саша Николовски-Ѓумар чие име го носи и камерниот оркестар на МММ, вели дека и денес се чувствува загубата од големиот уметник, професор, и пред сè човек. -Најубавите години во мојот живот беа факултетските имагистерски денови кај Саша Николовски-Ѓумар, човек, пријател, професор, така што загубата е голема, сè уште фали меѓу нас. Секогаш имаше што да каже, секогаш имаше што да се научи од него. Чест ми е што диригирам со оркестарот кој го носи неговото име, додава тој. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска...

The post Уникатна вечер во „Света Софија“ со Камерниот оркестар на МММ под диригентската палка на маестро Еминовиќ appeared first on Република.

]]>
Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија уште еднаш го оправда своето шестдецениско постоење на македонската музичка сцена, донесувајќи извонредни уметници и програма https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kamerniot-orkestar-na-muzichka-mladina-na-makedonija-ushte-ednash-go-opravda-svoeto-shestdetsenisko-postoene-na-makedonskata-muzichka-stsena-donesuvajki-izvonredni-umetnitsi-i-programa/ Fri, 28 Jul 2023 15:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=666356

Со концерт на фестивалот „Охридско лето“, Музичката младина на Македонија(МММ) вчеравечер уште еднаш го оправда своето шестдецениско постоење на македонската музичка сцена, донесувајќи извонредни уметници и програма како што тоа го правеше и на претходните фестивалски изданија.

Во црквата „Света Софија“ настапи Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ. Солист на вечерта беше сопранот Марија Ташевска. На репертоарот беа дела од. Моцарт, Росини, Хендл, Џордани, Чајковски, Перголези, Шуберт, Шнитке и Пјацола.

Вчерашниот концерт беше посветен на  Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор која дел од својот живот го има вградено токму во Музичката младина на Македонија.

Снежана Анастасова-Чадиковска е долгогодишен соработник на Музичката младина на Македонија и нејзин претседател, моја многу драга пријателка и соработничка. Поголемиот дел од  мојата работа во МММ е врзан за соработкатасо Снежана. Годинава МММ прославува 60 години од постоењето, и овој концерт е дел од таа прослава, и секако, е поврзан со нејзината книга „Боите на мојата музика“ што беше промовирана пред нашиот концерт на „Охридско лето“ во која поголем дел од текстовите и сликите се посветени токму на соработката и нејзината работата во МММ. И заради 60-те години од постоењето на Музичката младина на Македонија и заради тоа што Снежана Анастасова –Чадиковска има оставено длабоки траги  во програмите МММ, одлучивме врз база на статутот на Светската федерација на музичка младина чии членови сме  и ние, но и согласно нашиот статут, да ѝ ја доделиме титулата Почесен претстедател на Музичката младина на Македонија со која уште еднаш сакавме да ѝ оддадеме признание за нејзината целокупна работа во Музичката младина, рече Александар Герасимовски-Геро, претседател на Музичката младина на Македонија.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

The post Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија уште еднаш го оправда своето шестдецениско постоење на македонската музичка сцена, донесувајќи извонредни уметници и програма appeared first on Република.

]]>

Со концерт на фестивалот „Охридско лето“, Музичката младина на Македонија(МММ) вчеравечер уште еднаш го оправда своето шестдецениско постоење на македонската музичка сцена, донесувајќи извонредни уметници и програма како што тоа го правеше и на претходните фестивалски изданија. Во црквата „Света Софија“ настапи Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ. Солист на вечерта беше сопранот Марија Ташевска. На репертоарот беа дела од. Моцарт, Росини, Хендл, Џордани, Чајковски, Перголези, Шуберт, Шнитке и Пјацола. Вчерашниот концерт беше посветен на  Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор која дел од својот живот го има вградено токму во Музичката младина на Македонија.