мминистерство за правда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mministerstvo-za-pravda/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Apr 2023 10:47:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мминистерство за правда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mministerstvo-za-pravda/ 32 32 Рокот истекува: Министерството за правда утре ќе соопшти кои партии и експерти ќе дебатираат за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokot-istekuva-ministerstvoto-za-pravda-utre-ke-soopshti-koi-partii-i-eksperti-ke-debatiraat-za-ustavni-izmeni/ Mon, 10 Apr 2023 10:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=629415

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за измени на Уставот. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истекува на полноќ. Според последните информации, работната група треба да има меѓу шест и осум експерти. Политички партии и одредени институции во јавноста веќе ги соопштија имињата на лицата што ќе ги претставуваат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-sama-so-sebe-ke-si-debatira-za-ustavnite-izmeni/

СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка. Алијанса за Албанците соопшти дека претставник на партијата во работната група за уставните измени ќе биде пратеникот Ремзи Мехмеди. Според информациите, свои претставници во групата номинирала и Беса, а се очекува денеска и ДУИ да соопшти кој ќе биде номиниран од кај нив.

ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз викендов информираа дека нема да учествуваат во работната група.

Во јавноста излегоа имиња на експерти, но засега нема официјална информација кој од нив ќе биде дел од оваа работна група. Од Министерството за правда велат дека се додека не заврши рокот, верчерва на полноќ, нема да соопштуваат имиња.

На дописот од Министерството за правда, први се одѕваа Претседателот Стево Пендаровски, кој потврди дека негов претставник во работната група за измени на Уставот ќе биде професорот од Правниот факултет Александар Спасов, кој е негов правен советник, додека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кажа дека СЕП активно ќе учествува во работната група и дека најдоцна до понеделник ќе биде дефинирано и соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени. Во работната група свои експерти треба да номинираат и од Министерството за надворешни работи

The post Рокот истекува: Министерството за правда утре ќе соопшти кои партии и експерти ќе дебатираат за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за измени на Уставот. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истекува на полноќ. Според последните информации, работната група треба да има меѓу шест и осум експерти. Политички партии и одредени институции во јавноста веќе ги соопштија имињата на лицата што ќе ги претставуваат. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-sama-so-sebe-ke-si-debatira-za-ustavnite-izmeni/ СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка. Алијанса за Албанците соопшти дека претставник на партијата во работната група за уставните измени ќе биде пратеникот Ремзи Мехмеди. Според информациите, свои претставници во групата номинирала и Беса, а се очекува денеска и ДУИ да соопшти кој ќе биде номиниран од кај нив. ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз викендов информираа дека нема да учествуваат во работната група. Во јавноста излегоа имиња на експерти, но засега нема официјална информација кој од нив ќе биде дел од оваа работна група. Од Министерството за правда велат дека се додека не заврши рокот, верчерва на полноќ, нема да соопштуваат имиња. На дописот од Министерството за правда, први се одѕваа Претседателот Стево Пендаровски, кој потврди дека негов претставник во работната група за измени на Уставот ќе биде професорот од Правниот факултет Александар Спасов, кој е негов правен советник, додека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кажа дека СЕП активно ќе учествува во работната група и дека најдоцна до понеделник ќе биде дефинирано и соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени. Во работната група свои експерти треба да номинираат и од Министерството за надворешни работи

The post Рокот истекува: Министерството за правда утре ќе соопшти кои партии и експерти ќе дебатираат за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-zatvorite-se-pretvoreni-vo-uchilishta-za-kriminal/ Wed, 29 Jun 2022 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=521044

Затворите се претворени во училишта за криминал и места каде се прават недозволени дејствија, а не во институции каде осудените лица ќе се ресоцијализираат и ќе се спречува криминалот, истакна академик Владо Камбовски.

Во рамките на седмата сесија на Охридската школа на природното право што се одржува во Охрид на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ нагласи дека затворите се едни од клучните институции на правдата, кои се запоставени кај нас. Покрај институционални промени во однос на извршувањето на санкциите, смета дека треба да дојде и до промена на односот на судиите, односно судовите, на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донеле.

Не може судот да ја донесе пресудата и понатаму да не го интересира што се случува во затворот. Постојат посебни судии за извршување на санкциите, кои треба да бидат ставени во мониторинг на целиот процес на извршување на казната. Не може судијата или судот да биде незаинтересиран што ќе биде со осудениот во затвор, па и после излегувањето, рече Камбовски.

Министерот за правда Никола Тупанчевски го дели ставот дека треба да се направи нешто во однос на забелешките за состојбата во македонските затвори.

Треба нешто конкретно да се направи во однос на повеќе димензионалните забелешки кога се однесува на затворската популација и на затворите генереално во однос на здравствената заштита, подобрување на условите на осудените лица, итн. Дефинитивно ние покажавме и како држава пред извесен период дека сме решително подготвени состојбите да ги менуваме и тоа радикално, подвлече Тупанчевски.

The post Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал appeared first on Република.

]]>

Затворите се претворени во училишта за криминал и места каде се прават недозволени дејствија, а не во институции каде осудените лица ќе се ресоцијализираат и ќе се спречува криминалот, истакна академик Владо Камбовски. Во рамките на седмата сесија на Охридската школа на природното право што се одржува во Охрид на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ нагласи дека затворите се едни од клучните институции на правдата, кои се запоставени кај нас. Покрај институционални промени во однос на извршувањето на санкциите, смета дека треба да дојде и до промена на односот на судиите, односно судовите, на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донеле.
Не може судот да ја донесе пресудата и понатаму да не го интересира што се случува во затворот. Постојат посебни судии за извршување на санкциите, кои треба да бидат ставени во мониторинг на целиот процес на извршување на казната. Не може судијата или судот да биде незаинтересиран што ќе биде со осудениот во затвор, па и после излегувањето, рече Камбовски.
Министерот за правда Никола Тупанчевски го дели ставот дека треба да се направи нешто во однос на забелешките за состојбата во македонските затвори.
Треба нешто конкретно да се направи во однос на повеќе димензионалните забелешки кога се однесува на затворската популација и на затворите генереално во однос на здравствената заштита, подобрување на условите на осудените лица, итн. Дефинитивно ние покажавме и како држава пред извесен период дека сме решително подготвени состојбите да ги менуваме и тоа радикално, подвлече Тупанчевски.

The post Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал appeared first on Република.

]]>
Дали Ковачевски знaел дека „Ванчо Михајлов“ нема дозвола од Министерството за правда уште од времето на Заев? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-kovachevski-znael-deka-vancho-mihajlov-nema-dozvola-od-miniterstvoto-za-pravda/ Wed, 20 Apr 2022 08:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=490919

Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ се уште е главна тема во Македонија и во Бугарија. Власта во Скопје најпрво се обиде да го прикрие овој настан, но кога јавноста се крена тоа веќе беше невозможно па мораа да излезат каква-таква реакција.

Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека спорно било името на Ванчо Михајлов а инаку би се појавиле во отворањето на клубот.

Премиерот Ковачевски пак се однесува како да „није одавде“. Во првата реакција призна дека Михајлов бил контроверзна историска личност но во Македонија  било „овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“.

За вчера пак Ковачевски да тврди дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудиле духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме.

Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет и македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат таа определба-изјави вчера Ковачевски.

Прашањето е кој е вистинскиот Ковачевски?Дали кога се повикува на антифашистичката борба или кога вика во Македонија е овозможено сите да ги практикуваат своите права.

Ковачевски е должен да објасни и дали знаел дека Минитерството за правда уште во 2019 година дал негативно мислење за отворање на клуб со име „Иван Михајлов“?

Ако знаел тогаш морал да му предочи на Централниот регистар дека не смее да се регистира ваков клуб. Ако пак не знаелнешто не е во ред со комуникацијата меѓу него и администрацијата на Заев бидејќи клубот добил негативно мислење за време на власта на претходниот премиер.

 

The post Дали Ковачевски знaел дека „Ванчо Михајлов“ нема дозвола од Министерството за правда уште од времето на Заев? appeared first on Република.

]]>

Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ се уште е главна тема во Македонија и во Бугарија. Власта во Скопје најпрво се обиде да го прикрие овој настан, но кога јавноста се крена тоа веќе беше невозможно па мораа да излезат каква-таква реакција. Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека спорно било името на Ванчо Михајлов а инаку би се појавиле во отворањето на клубот. Премиерот Ковачевски пак се однесува како да „није одавде“. Во првата реакција призна дека Михајлов бил контроверзна историска личност но во Македонија  било „овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“. За вчера пак Ковачевски да тврди дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудиле духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме.
Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет и македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат таа определба-изјави вчера Ковачевски.
Прашањето е кој е вистинскиот Ковачевски?Дали кога се повикува на антифашистичката борба или кога вика во Македонија е овозможено сите да ги практикуваат своите права. Ковачевски е должен да објасни и дали знаел дека Минитерството за правда уште во 2019 година дал негативно мислење за отворање на клуб со име „Иван Михајлов“? Ако знаел тогаш морал да му предочи на Централниот регистар дека не смее да се регистира ваков клуб. Ако пак не знаелнешто не е во ред со комуникацијата меѓу него и администрацијата на Заев бидејќи клубот добил негативно мислење за време на власта на претходниот премиер.  

The post Дали Ковачевски знaел дека „Ванчо Михајлов“ нема дозвола од Министерството за правда уште од времето на Заев? appeared first on Република.

]]>