ММФ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mmf/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 07:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ММФ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mmf/ 32 32 Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredbi-so-mmf-narodnata-banka-pridonesuva-za-uspeshno-odrzhuvane-na-makroekonomskata-stabilnost/ Fri, 25 Oct 2024 07:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=830766

Преку одржувањето стабилен курс на денарот за време на инфлациската криза, преземањето одлучни чекори за намалување на инфлацијата и зачувувањето на стабилноста на банкарскиот сектор, Народната банка имаше клучна улога во одржувањето на стабилноста во економијата, придонесувајќи кон попредвидливо окружување за фирмите и поддршка и заштита на домаќинствата. Ова беше посочено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, Жероен Клик кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат во Вашингтон, САД. Средбите беа одржани заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот тим, информираат од НБРМ.

На средбите беше искажано признание за Народната банка, којашто преку комбинација на монетарни и макропрудентни мерки, успеа да ги стабилизира инфлациските очекувања и истовремено да ја задржи финансиската стабилност. Соодветната поставеност на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември 2024 година. Банкарскиот сектор за целиот кризен период ја задржа и ја подобри отпорноста и беше значајна потпора за фирмите и домаќинствата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека најновите оцени за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и постојаните поволни движења на девизниот пазар, овозможуваат и натаму постепено и претпазливо да се нормализира монетарната политика. Сепак, таа нагласи дека Народната банка и во иднина ќе има внимателен пристап при носењето одлуки за монетарната политика и ќе ги следи ризиците од надворешното и домашното окружување. „Водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина и Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок - посочи гувернерката.

Според есенските проекции на Меѓународниот монетарен фонд, објавени во октомврискиот Светски економски преглед, инфлацијата во земјава ќе се намалува и годинава (3,3%), и следната (2,3%), а до 2026 година ќе се сведе на 2%. Од ММФ препорачуваат натамошно водење претпазливи политики и будно следење на состојбите.

Во рамките на Годишните средби, делегацијата ќе има состанок и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли.

The post Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>

Преку одржувањето стабилен курс на денарот за време на инфлациската криза, преземањето одлучни чекори за намалување на инфлацијата и зачувувањето на стабилноста на банкарскиот сектор, Народната банка имаше клучна улога во одржувањето на стабилноста во економијата, придонесувајќи кон попредвидливо окружување за фирмите и поддршка и заштита на домаќинствата. Ова беше посочено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, Жероен Клик кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат во Вашингтон, САД. Средбите беа одржани заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот тим, информираат од НБРМ. На средбите беше искажано признание за Народната банка, којашто преку комбинација на монетарни и макропрудентни мерки, успеа да ги стабилизира инфлациските очекувања и истовремено да ја задржи финансиската стабилност. Соодветната поставеност на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември 2024 година. Банкарскиот сектор за целиот кризен период ја задржа и ја подобри отпорноста и беше значајна потпора за фирмите и домаќинствата.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека најновите оцени за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и постојаните поволни движења на девизниот пазар, овозможуваат и натаму постепено и претпазливо да се нормализира монетарната политика. Сепак, таа нагласи дека Народната банка и во иднина ќе има внимателен пристап при носењето одлуки за монетарната политика и ќе ги следи ризиците од надворешното и домашното окружување. „Водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина и Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок - посочи гувернерката.
Според есенските проекции на Меѓународниот монетарен фонд, објавени во октомврискиот Светски економски преглед, инфлацијата во земјава ќе се намалува и годинава (3,3%), и следната (2,3%), а до 2026 година ќе се сведе на 2%. Од ММФ препорачуваат натамошно водење претпазливи политики и будно следење на состојбите. Во рамките на Годишните средби, делегацијата ќе има состанок и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли.

The post Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>
Високите цени се тука да останат, луѓето ширум светот се прилично лути: ММФ песимистички тврди дека не чека тешка иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/visokite-tseni-se-tuka-da-ostanat-lugeto-shirum-svetot-se-prilichno-luti-mmf-pesimistichki-tvrdi-deka-ne-cheka-teshka-idnina/ Tue, 22 Oct 2024 12:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=829849

Високите цени се тука да останат, а со нив и економската болка што произлегува од бавниот раст и високиот долг, тврди Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Болката што сите ја чувствуваме затоа што цените се зголемија е тука да остане, а повисоките цени прават многу луѓе ширум светот прилично лути. Соочени сме со оваа непростлива комбинација на бавен раст и високи долгови - изјави таа на конференцијата во Бретон Вудс.

Сепак, таа смета дека светската економија има доста добри резултати, но дека загриженоста останува.

Посочи дека трговијата расте побавно од глобалниот раст.

ММФ денеска треба да објави ажурирани податоци за глобалниот раст. Георгиева не прецизираше колку треба да изнесува, но се очекува да биде повисока од три проценти.

Понатаму, ММФ проценува дека глобалниот реален БДП годинава ќе порасне за 3,2 отсто, а следната година овој раст ќе изнесува 3,3 отсто. Георгиева истакна дека климатските ризици им штетат на економските перспективи на одредени земји.

Конференцијата во Бретон Вудс во Соединетите Американски Држави е годишен состанок на ММФ и Светската банка.

Изминативе денови шефицата на ММФ излезе со лоши прогнози за глобалната економија, а посебно во земјите во развој.

Не чека тешка иднина, растот ќе биде слаб, задолженоста висока, трговските тензии ќе растат, нагласи Георгиева во таа прилика.

Нашите прогнози укажуваат на тешка комбинација на слаб раст и висока задолженост – тешка иднина“ рече Георгиева, посочувајќи на мешаните економски прогнози за главните светски играчи. Растот во целина нема да биде доволен за да се искорени сиромаштијата во светот, да се отворат потребниот број работни места или да се генерираат даночни приходи потребни за сервисирање на огромниот долг и финансирање инвестиции - посочи тогаш првиот човек на ММФ.

Инфлацијата забавува, ценовната стабилност се враќа, како и состојбата со пазарот на труд во САД и Европа. Кина успорува, Индија забрзува, американската економија оди доста добро, но Европа може подобро,вели Георгиева.

Високите цени непропорционално ги погодуваат сиромашните, а конфликтот на Блискиот Исток може да ескалира и да ги дестабиизира регионалните економии и светските пазари на стока.

The post Високите цени се тука да останат, луѓето ширум светот се прилично лути: ММФ песимистички тврди дека не чека тешка иднина appeared first on Република.

]]>

Високите цени се тука да останат, а со нив и економската болка што произлегува од бавниот раст и високиот долг, тврди Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Болката што сите ја чувствуваме затоа што цените се зголемија е тука да остане, а повисоките цени прават многу луѓе ширум светот прилично лути. Соочени сме со оваа непростлива комбинација на бавен раст и високи долгови - изјави таа на конференцијата во Бретон Вудс.
Сепак, таа смета дека светската економија има доста добри резултати, но дека загриженоста останува. Посочи дека трговијата расте побавно од глобалниот раст. ММФ денеска треба да објави ажурирани податоци за глобалниот раст. Георгиева не прецизираше колку треба да изнесува, но се очекува да биде повисока од три проценти. Понатаму, ММФ проценува дека глобалниот реален БДП годинава ќе порасне за 3,2 отсто, а следната година овој раст ќе изнесува 3,3 отсто. Георгиева истакна дека климатските ризици им штетат на економските перспективи на одредени земји. Конференцијата во Бретон Вудс во Соединетите Американски Држави е годишен состанок на ММФ и Светската банка. Изминативе денови шефицата на ММФ излезе со лоши прогнози за глобалната економија, а посебно во земјите во развој. Не чека тешка иднина, растот ќе биде слаб, задолженоста висока, трговските тензии ќе растат, нагласи Георгиева во таа прилика.
Нашите прогнози укажуваат на тешка комбинација на слаб раст и висока задолженост – тешка иднина“ рече Георгиева, посочувајќи на мешаните економски прогнози за главните светски играчи. Растот во целина нема да биде доволен за да се искорени сиромаштијата во светот, да се отворат потребниот број работни места или да се генерираат даночни приходи потребни за сервисирање на огромниот долг и финансирање инвестиции - посочи тогаш првиот човек на ММФ.
Инфлацијата забавува, ценовната стабилност се враќа, како и состојбата со пазарот на труд во САД и Европа. Кина успорува, Индија забрзува, американската економија оди доста добро, но Европа може подобро,вели Георгиева. Високите цени непропорционално ги погодуваат сиромашните, а конфликтот на Блискиот Исток може да ескалира и да ги дестабиизира регионалните економии и светските пазари на стока.  

The post Високите цени се тука да останат, луѓето ширум светот се прилично лути: ММФ песимистички тврди дека не чека тешка иднина appeared first on Република.

]]>
Директорката на ММФ предвидува тешка иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorkata-na-mmf-predviduva-teshka-idnina/ Fri, 18 Oct 2024 13:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=828518

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди на „бруталните“ економски услови за владините финансии ширум светот, укажувајќи на широко распространетата неподготвеност меѓу политичарите да ги намалат трошоците и да ги зголемат даноците.

Георгиева изјави дека зголеменото ниво на задолжување значи дека зголемен дел од приходите на државата се троши на камати, додека слабата економска активност го отежнува намалувањето на долгот. „Нашите прогнози укажуваат на немилосрдна комбинација на низок раст и висок долг, тешка иднина“, рече Георгиева, според Фајненшл тајмс.

Таа изјави дека државите се соочуваат со „висок и растечки јавен долг, многу поголем отколку пред пандемијата“. Нејзините коментари доаѓаат пред годишните состаноци на ММФ и Светската банка, бидејќи глобалниот јавен долг расте и се очекува да достигне рекордни 100 трилиони долари до крајот на 2024 година. За време на пандемијата, многу влади, вклучително и најголемите економии во светот, сè уште не ги ставија своите трошоци под контрола.

САД и Кина, двете најголеми светски економии, го предводат овој глобален раст на долгот, според податоците на ММФ. Георгиева, исто така, го истакна загрижувачкиот тренд во земјите со низок и среден приход, каде што се поголем дел од приходот оди на сервисирање на долговите. Георгиева истакна дека владите мора да го намалат долгот и да ги вратат фискалните резерви за да можат да одговорат на потенцијалните економски шокови, нагласувајќи дека тие сигурно ќе се појават, можеби побрзо отколку што очекуваме.

Истражувањето на ММФ покажа дека политичарите се повеќе се залагаат за фискална експанзија наместо фискално штедење, што го отежнува намалувањето на долгот. Георгиева додаде дека дури и традиционално фискално конзервативните политички партии почнале да усвојуваат политика „позајмуваат за да трошат“.

Георгиева ги истакна и позитивните вести, особено глобалниот пад на инфлацијата, кој не доведе до рецесија. Економскиот раст се уште е проектиран да биде слаб, при што ММФ предвидува глобален раст од 3,2 отсто во 2024 година и 3,3 отсто во 2025 година.

The post Директорката на ММФ предвидува тешка иднина appeared first on Република.

]]>

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди на „бруталните“ економски услови за владините финансии ширум светот, укажувајќи на широко распространетата неподготвеност меѓу политичарите да ги намалат трошоците и да ги зголемат даноците. Георгиева изјави дека зголеменото ниво на задолжување значи дека зголемен дел од приходите на државата се троши на камати, додека слабата економска активност го отежнува намалувањето на долгот. „Нашите прогнози укажуваат на немилосрдна комбинација на низок раст и висок долг, тешка иднина“, рече Георгиева, според Фајненшл тајмс. Таа изјави дека државите се соочуваат со „висок и растечки јавен долг, многу поголем отколку пред пандемијата“. Нејзините коментари доаѓаат пред годишните состаноци на ММФ и Светската банка, бидејќи глобалниот јавен долг расте и се очекува да достигне рекордни 100 трилиони долари до крајот на 2024 година. За време на пандемијата, многу влади, вклучително и најголемите економии во светот, сè уште не ги ставија своите трошоци под контрола. САД и Кина, двете најголеми светски економии, го предводат овој глобален раст на долгот, според податоците на ММФ. Георгиева, исто така, го истакна загрижувачкиот тренд во земјите со низок и среден приход, каде што се поголем дел од приходот оди на сервисирање на долговите. Георгиева истакна дека владите мора да го намалат долгот и да ги вратат фискалните резерви за да можат да одговорат на потенцијалните економски шокови, нагласувајќи дека тие сигурно ќе се појават, можеби побрзо отколку што очекуваме. Истражувањето на ММФ покажа дека политичарите се повеќе се залагаат за фискална експанзија наместо фискално штедење, што го отежнува намалувањето на долгот. Георгиева додаде дека дури и традиционално фискално конзервативните политички партии почнале да усвојуваат политика „позајмуваат за да трошат“. Георгиева ги истакна и позитивните вести, особено глобалниот пад на инфлацијата, кој не доведе до рецесија. Економскиот раст се уште е проектиран да биде слаб, при што ММФ предвидува глобален раст од 3,2 отсто во 2024 година и 3,3 отсто во 2025 година.

The post Директорката на ММФ предвидува тешка иднина appeared first on Република.

]]>
ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-ja-zadrzha-prognozata-za-svetskiot-ekonomski-rast-od-3-2-otsto-godinava-i-3-3-otsto-vo-2025-godina/ Wed, 17 Jul 2024 09:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=797629

Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април.

Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски економски студии во Одделот за истражување на ММФ.

Тој предупреди дека глобалниот пад на инфлацијата во светот забавува поради постојаната инфлација во услужниот сектор, се наведува на веб-страницата на ММФ.

Приоритет за креаторите на политиката е да ја вратат стабилноста на цените и да се справат со наследството од неодамнешните кризи. Централните банки треба да бидат претпазливи во поглед на прераното ублажувањето на монетарната политика и да останат отворени за дополнително заострување доколку е потребно, додаде Натал.

Според прогнозата на ММФ, американската економија ќе има раст од 2,6 отсто годинава и 1,9 отсто во 2025 година, додека економскиот раст на еврозоната ќе изнесува 0,9 отсто годинава и 1,5 отсто следната година.

Кинеската економија ќе има раст за пет проценти годинава и ќе забави до 4,5 проценти следната година, според Меѓународниот монетарен фонд.

The post ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски економски студии во Одделот за истражување на ММФ. Тој предупреди дека глобалниот пад на инфлацијата во светот забавува поради постојаната инфлација во услужниот сектор, се наведува на веб-страницата на ММФ. Приоритет за креаторите на политиката е да ја вратат стабилноста на цените и да се справат со наследството од неодамнешните кризи. Централните банки треба да бидат претпазливи во поглед на прераното ублажувањето на монетарната политика и да останат отворени за дополнително заострување доколку е потребно, додаде Натал. Според прогнозата на ММФ, американската економија ќе има раст од 2,6 отсто годинава и 1,9 отсто во 2025 година, додека економскиот раст на еврозоната ќе изнесува 0,9 отсто годинава и 1,5 отсто следната година. Кинеската економија ќе има раст за пет проценти годинава и ќе забави до 4,5 проценти следната година, според Меѓународниот монетарен фонд.

The post ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година appeared first on Република.

]]>
Украина доби 2,2 милијарди евра од ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-dobi-2-2-milijardi-evra-od-mmf/ Wed, 03 Jul 2024 13:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=793127

Украина доби над 2,2 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тој додаде дека траншата е дел од тековната кредитна програма од околу 15 милијарди евра и ќе се користи за финансирање на виталните владини плаќања како што се трошоците за социјална помош и платите на државните службеници, вклучително и лекарите и наставниците.

Од инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, Киев доби повеќе од 80 милијарди евра помош од странски партнери за владините трошоци.

Британскиот магазин „Економист“ објави дека Украина во август може да се соочи со евентуален банкрот, кога се очекува голем број приватни кредитори да побараат исплатата на долговите, кои беа суспендирани на почетокот на војната.

Украинската Влада соопшти дека не е во можност да почне со отплата на заемите и дека се обидува да ги замрзне идните плаќања или да го реструктурира долгот. Меѓународните сојузници на Киев веќе ги замрзнаа отплатите на државните заеми најмалку до 2027 година.

Според пресметките на „Економист“ се очекува долгот на Украина да се искачи на околу 94 отсто од бруто домашниот производ (БДП) до крајот на годината.

The post Украина доби 2,2 милијарди евра од ММФ appeared first on Република.

]]>

Украина доби над 2,2 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал. Тој додаде дека траншата е дел од тековната кредитна програма од околу 15 милијарди евра и ќе се користи за финансирање на виталните владини плаќања како што се трошоците за социјална помош и платите на државните службеници, вклучително и лекарите и наставниците. Од инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, Киев доби повеќе од 80 милијарди евра помош од странски партнери за владините трошоци. Британскиот магазин „Економист“ објави дека Украина во август може да се соочи со евентуален банкрот, кога се очекува голем број приватни кредитори да побараат исплатата на долговите, кои беа суспендирани на почетокот на војната. Украинската Влада соопшти дека не е во можност да почне со отплата на заемите и дека се обидува да ги замрзне идните плаќања или да го реструктурира долгот. Меѓународните сојузници на Киев веќе ги замрзнаа отплатите на државните заеми најмалку до 2027 година. Според пресметките на „Економист“ се очекува долгот на Украина да се искачи на околу 94 отсто од бруто домашниот производ (БДП) до крајот на годината.  

The post Украина доби 2,2 милијарди евра од ММФ appeared first on Република.

]]>
Украинската Влада очекува дека во јуни ќе добие 2,2 милијарди долари од ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-vlada-ochekuva-deka-vo-juni-ke-dobie-2-2-milijardi-dolari-od-mmf/ Thu, 20 Jun 2024 17:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=789420

Украинскиот премиер Денис Шмихал и првиот заменик генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд Гита Гопинат разговараа за обезбедување на Украина со 2,2 милијарди долари овој месец во рамките на програмата на Проширениот фонд на ММФ.

Сметаме на поддршката од Бордот на директори на ММФ на крајот на овој месец, чија одлука ќе и донесе на Украина 2,2 милијарди долари во рамките на програмата ЕФФ во износ од 15,6 милијарди долари, објави тој на платформата Икс.

Шмихал истакна дека за време на средбата му се заблагодарил на Гопинат за успешната работа на четвртата ревизија на програмата на ЕФФ.

Посебно внимание се посветува на макроекономските прашања. Ја поздравив одлуката на земјите од Г7 да испратат Украина 50 милијарди долари, кои ќе бидат вратени со камата од замрзнатите руски средства. Веќе годинава очекуваме средства. Ова ќе го зајакне економскиот капацитет на нашата земја во спротивставувањето на руската агресија, нагласи премиерот на Украина.

Тој, исто така, изрази благодарност до ММФ за неговата постојана поддршка за Украина „да издржи и продолжи борбата за слобода и демократски вредности“.

Од почетокот на годината Украина привлече 11,8 милијарди долари надворешно финансирање, а овој месец се очекува да добие 1,9 милијарди евра во рамките на програмата „Украински фонд“.

The post Украинската Влада очекува дека во јуни ќе добие 2,2 милијарди долари од ММФ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот премиер Денис Шмихал и првиот заменик генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд Гита Гопинат разговараа за обезбедување на Украина со 2,2 милијарди долари овој месец во рамките на програмата на Проширениот фонд на ММФ.
Сметаме на поддршката од Бордот на директори на ММФ на крајот на овој месец, чија одлука ќе и донесе на Украина 2,2 милијарди долари во рамките на програмата ЕФФ во износ од 15,6 милијарди долари, објави тој на платформата Икс.
Шмихал истакна дека за време на средбата му се заблагодарил на Гопинат за успешната работа на четвртата ревизија на програмата на ЕФФ.
Посебно внимание се посветува на макроекономските прашања. Ја поздравив одлуката на земјите од Г7 да испратат Украина 50 милијарди долари, кои ќе бидат вратени со камата од замрзнатите руски средства. Веќе годинава очекуваме средства. Ова ќе го зајакне економскиот капацитет на нашата земја во спротивставувањето на руската агресија, нагласи премиерот на Украина.
Тој, исто така, изрази благодарност до ММФ за неговата постојана поддршка за Украина „да издржи и продолжи борбата за слобода и демократски вредности“. Од почетокот на годината Украина привлече 11,8 милијарди долари надворешно финансирање, а овој месец се очекува да добие 1,9 милијарди евра во рамките на програмата „Украински фонд“.

The post Украинската Влада очекува дека во јуни ќе добие 2,2 милијарди долари од ММФ appeared first on Република.

]]>
Аргентина се задолжи 800 милиони евра кај ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentina-se-zadolzhi-800-milioni-evra-kaj-mmf/ Fri, 14 Jun 2024 07:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=787407

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да помогне во економското закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредити е „цврсто на вистинскиот пат“.

Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, што вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви.

ММФ во соопштението наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот преглед на тој аранжман.

„Завршувајќи ја ревизијата, Извршниот одбор оцени дека програмата е цврсто на вистинскиот пат, со сите квантитативни критериуми за успешност исполнети до крајот на март 2024 година“, објави ММФ.

Тие додаваат дека за одржување на тој напредок ќе биде потребно подобрување на квалитетот на фискалното прилагодување, преземање чекори кон подобрена рамка на монетарната и девизната политика и спроведување реформи за раст.

Аргентинската влада најави дека ќе започне разговори со ММФ за нова програма.

Одобрувањето на ММФ доаѓа откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој ја презеде функцијата во декември, спроведе опсежни фискални реформи и остро ги ограничи владините трошоци за да се справи со троцифрената инфлација, намалената економија и негативните девизни резерви. Промените што ги воведе и помогнаа на Аргентина да ги врати исцрпените девизни резерви, да оствари фискален суфицит на почетокот на годината и да ја стабилизира својата валута, пезосот.

Месечната стапка на инфлација во Аргентина во мај беше најниска од 2022 година, покажаа официјалните податоци во четвртокот, намалувајќи се петти месец по ред на 4,2 отсто благодарение на мерките за штедење.

Сепак, тамошната влада се соочува со предизвици, бидејќи економијата е во застој, а нивото на сиромаштија расте.

Во средата избувнаа протести во главниот град поради понатамошни реформи кои предвидуваат буџетски кратења. Пакетот реформи предложени од Милеи за заживување на економијата во земјата вклучува прогласување вонредна состојба, намалување на пензиите и намалување на работничките права.

The post Аргентина се задолжи 800 милиони евра кај ММФ appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да помогне во економското закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредити е „цврсто на вистинскиот пат“. Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, што вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви. ММФ во соопштението наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот преглед на тој аранжман. „Завршувајќи ја ревизијата, Извршниот одбор оцени дека програмата е цврсто на вистинскиот пат, со сите квантитативни критериуми за успешност исполнети до крајот на март 2024 година“, објави ММФ. Тие додаваат дека за одржување на тој напредок ќе биде потребно подобрување на квалитетот на фискалното прилагодување, преземање чекори кон подобрена рамка на монетарната и девизната политика и спроведување реформи за раст. Аргентинската влада најави дека ќе започне разговори со ММФ за нова програма. Одобрувањето на ММФ доаѓа откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој ја презеде функцијата во декември, спроведе опсежни фискални реформи и остро ги ограничи владините трошоци за да се справи со троцифрената инфлација, намалената економија и негативните девизни резерви. Промените што ги воведе и помогнаа на Аргентина да ги врати исцрпените девизни резерви, да оствари фискален суфицит на почетокот на годината и да ја стабилизира својата валута, пезосот. Месечната стапка на инфлација во Аргентина во мај беше најниска од 2022 година, покажаа официјалните податоци во четвртокот, намалувајќи се петти месец по ред на 4,2 отсто благодарение на мерките за штедење. Сепак, тамошната влада се соочува со предизвици, бидејќи економијата е во застој, а нивото на сиромаштија расте. Во средата избувнаа протести во главниот град поради понатамошни реформи кои предвидуваат буџетски кратења. Пакетот реформи предложени од Милеи за заживување на економијата во земјата вклучува прогласување вонредна состојба, намалување на пензиите и намалување на работничките права.

The post Аргентина се задолжи 800 милиони евра кај ММФ appeared first on Република.

]]>
ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mmf-tenziite-megu-vashington-i-peking-se-zakana-za-globalnata-ekonomija/ Wed, 08 May 2024 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=775472

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина.

Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

The post ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија appeared first on Република.

]]>

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат. Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина. Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

The post ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија appeared first on Република.

]]>
Заменик-министерот за финансии на средби во ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zamenik-ministerot-za-finansii-na-sredbi-vo-mmf/ Sat, 20 Apr 2024 10:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=768389

Македонија продолжува да води здрави економски политики. Фискалната политика даде соодветен одговор во справување со кризата, а поставената цел за фискална консолидација во наредниот период преку заштеди и поголема поддршка на економијата со инвестиции е основа за забрзување на економскиот раст на среден рок. Владата останува посветена на реформите коишто се клучни за напредок и постигнување повисоки стапки на економски раст и забрзана интеграција во ЕУ. Напредокот во евроинтегративниот процес и реализацијата на новиот европски План за раст на Западен Балкан се исто така дополнителен придонес во остварување на поставените политики.

Ова беше посочено на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Вашингтон со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер.

Македонија во изминатите две години доби значајна поддршка од Меѓународниот монетарен фонд, која воедно беше и потврда за здравоста на економските политики што ги спроведува. Преку пристапот до Програмата за ликвидност и претпазливост, ги потврдивме здравите политики, а од страна на ММФ беше позитивно оценет првиот преглед за ПЛЛ што овозможи повлекување на втората транша финансиски средства од овој инструмент. Остануваме на патеката на постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит, зголемени средства за јавни инвестиции и поттикнување на економскиот раст и постигнување просечни стапки на раст од 5%“, рече заменик-министерот Николоски.

Тој додаде дека оваа година се очекува интензивирање на економската активност, која ќе биде поттикната од зголеменото учество на капитални расходи во Буџетот, силните инвестиции во инфраструктурни проекти, како и приватната потрошувачка, поддржана од растот на платите.

Како шпто додава, дополнително влијание, покрај домашните фактори, ќе има и очекувањата за нормализација на глобалното опкружување, стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, растот на економската активност кај нашите главни трговски партнери и слично.

Најголем придонес кон раст во 2024 година се очекува од бруто-инвестициите со планиран раст од 8,4%, главно поттикнати од интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти на коридорите 8 и 10, зголемена доверба кај инвеститорите, очекуваниот прилив на странски директни инвестиции, зголемениот интерес за инвестиции во обновливи извори на енергија, зголемената активност во индустриските зони и најавените нови инвестиции кои ќе придонесат за раст на извозот за 4,6%, како и приватната потрошувачка која се очекува да има реален раст од 3,1% и надворешната побарувачка темелна на подобрување на надворешното опкружување, односно раст во еврозоната и зголемување на економската активност во Германија“, истакна заменик-министерот за финансии, кој посочи и на очекувањата од реализацијата на европскиот План за раст на Западен Балкан и активностите коишто се одвиваат со забрзана динамика во овој процес и секако стабилизирање на инфлацијата.

Николоски смета дека ваквото поповолно опкружување ќе даде основа за преориентација на владините политики од справување со криза кон остварување засилена економска активност и наведува дека поради се уште присутните ризици и предизвици, во Буџетот и во оваа година се обезбедени средства за надминување на одредени кризни состојби.

Средбите се одржаа во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, каде заменик-министерот за финансии Филип Николоски учествува заедно со гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска. Во Вашнгтон, тие ќе остварат средби и со високи претставници на Светска банка, односно со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

The post Заменик-министерот за финансии на средби во ММФ appeared first on Република.

]]>

Македонија продолжува да води здрави економски политики. Фискалната политика даде соодветен одговор во справување со кризата, а поставената цел за фискална консолидација во наредниот период преку заштеди и поголема поддршка на економијата со инвестиции е основа за забрзување на економскиот раст на среден рок. Владата останува посветена на реформите коишто се клучни за напредок и постигнување повисоки стапки на економски раст и забрзана интеграција во ЕУ. Напредокот во евроинтегративниот процес и реализацијата на новиот европски План за раст на Западен Балкан се исто така дополнителен придонес во остварување на поставените политики.
Ова беше посочено на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Вашингтон со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер.
Македонија во изминатите две години доби значајна поддршка од Меѓународниот монетарен фонд, која воедно беше и потврда за здравоста на економските политики што ги спроведува. Преку пристапот до Програмата за ликвидност и претпазливост, ги потврдивме здравите политики, а од страна на ММФ беше позитивно оценет првиот преглед за ПЛЛ што овозможи повлекување на втората транша финансиски средства од овој инструмент. Остануваме на патеката на постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит, зголемени средства за јавни инвестиции и поттикнување на економскиот раст и постигнување просечни стапки на раст од 5%“, рече заменик-министерот Николоски.
Тој додаде дека оваа година се очекува интензивирање на економската активност, која ќе биде поттикната од зголеменото учество на капитални расходи во Буџетот, силните инвестиции во инфраструктурни проекти, како и приватната потрошувачка, поддржана од растот на платите. Како шпто додава, дополнително влијание, покрај домашните фактори, ќе има и очекувањата за нормализација на глобалното опкружување, стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, растот на економската активност кај нашите главни трговски партнери и слично.
Најголем придонес кон раст во 2024 година се очекува од бруто-инвестициите со планиран раст од 8,4%, главно поттикнати од интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти на коридорите 8 и 10, зголемена доверба кај инвеститорите, очекуваниот прилив на странски директни инвестиции, зголемениот интерес за инвестиции во обновливи извори на енергија, зголемената активност во индустриските зони и најавените нови инвестиции кои ќе придонесат за раст на извозот за 4,6%, како и приватната потрошувачка која се очекува да има реален раст од 3,1% и надворешната побарувачка темелна на подобрување на надворешното опкружување, односно раст во еврозоната и зголемување на економската активност во Германија“, истакна заменик-министерот за финансии, кој посочи и на очекувањата од реализацијата на европскиот План за раст на Западен Балкан и активностите коишто се одвиваат со забрзана динамика во овој процес и секако стабилизирање на инфлацијата.
Николоски смета дека ваквото поповолно опкружување ќе даде основа за преориентација на владините политики од справување со криза кон остварување засилена економска активност и наведува дека поради се уште присутните ризици и предизвици, во Буџетот и во оваа година се обезбедени средства за надминување на одредени кризни состојби. Средбите се одржаа во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, каде заменик-министерот за финансии Филип Николоски учествува заедно со гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска. Во Вашнгтон, тие ќе остварат средби и со високи претставници на Светска банка, односно со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

The post Заменик-министерот за финансии на средби во ММФ appeared first on Република.

]]>
„Идентитет бетон“: И за ММФ станавме „Северномакедонци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/identitet-beton-i-za-mmf-stanavme-severnomakedontsi/ Tue, 30 Jan 2024 18:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=738737

Во официјаниот извештај на  Меѓународниот монетарен фонд се користи терминот „севрно-македонци“ за именување на народот кој живее во Република Македонија.

-Неодамнешниот Попис на населението на Македонија во 2021 година им овозможи на Севернoмакедонци кои живеат во странство повеќе од една година да се регистрираат за Пописот, се вели во извештајот на ММФ.

Засега нема реакција  од МНР, ниту пак од министерство за финансии за се позачетеното користење на овој навредлив термин за Македонците.

The post „Идентитет бетон“: И за ММФ станавме „Северномакедонци“ appeared first on Република.

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-dobroto-vodene-na-monetarnata-politika-pridonese-kon-namaluvane-na-inflatsijata/ Fri, 26 Jan 2024 10:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=737035

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), информираат од Народната банка на Македонија.

Во извештајот на Мисијата на ММФ врз основа на член 4 од Договорот за членство во Фондот, како и првиот преглед во рамки на аранжманот за ПЛЛ, се наведува дека промените на монетарната политика, преку зголемување на основната камата и други мерки, заедно со намалувањето на цените на светско ниво, придонесоа кон намалување на инфлацијата. Инфлациските очекувања се зацврстени, а девизниот пазар е стабилен. И покрај кризите, стабилноста на банкарскиот сектор продолжи да се зголемува, додека растот на депозитите и кредитите постепено се враќа на предкризните нивоа.

Во Извештајот на Мисијата се наведува дека инфлацијата постепено се намалува и дека се очекува таа да продолжи во истата насока, стремејќи се да се врати на ниските стапки од претходно. Сепак, ризиците и натаму се присутни. Во овој контекст, централната банка треба да биде подготвена, доколку се остварат ризиците, да реагира преку затегнување на монетарна политика, наведуваат од ММФ.

Мисијата оценува дека банкарскиот сектор е соодветно капитализиран, со понатамошен раст на адекватноста на капиталот и историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,9%. Се наведува дека поради глобалното монетарно затегнување, Народната банка засилено ги следи ризиците, забележувајќи напредок во однос на спроведените стрес-тестови. Како резултат на монетарното затегнување, растот на депозитите и кредитите се нормализира на преткризното ниво, со раст на депозитите од 8,9% и на кредитите за 5,8% на годишна основа во септември. Како резултат на макропрудентната политика и мерките преземени од страна на Народната банка, се забележува стабилизирање на пазарот на недвижности. Мисијата посочува дека макропрудентната рамка во текот на минатата година е зајакната со усвојување на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика, како и усвојувањето на Законот за решавање на банки.

ММФ го потенцираше и значењето на независноста на централната банка за успешно остварување на нејзините законски цели.

Првиот преглед врз основа на инструментот ПЛЛ е завршен успешно, при што е оценето дека е зачувана стабилноста на јавните финансии, намалени се енергетските субвенции, како и дека е стабилизирана инфлацијата. Соодветно, ММФ, во рамки на инструментот, на земјата ѝ доделува 161,35 милиони специјални права на влечење или околу 200 милиони евра. Инаку, ММФ го доделува инструментот ПЛЛ на земји со стабилни економски основи, велат од НБМ.

The post ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), информираат од Народната банка на Македонија. Во извештајот на Мисијата на ММФ врз основа на член 4 од Договорот за членство во Фондот, како и првиот преглед во рамки на аранжманот за ПЛЛ, се наведува дека промените на монетарната политика, преку зголемување на основната камата и други мерки, заедно со намалувањето на цените на светско ниво, придонесоа кон намалување на инфлацијата. Инфлациските очекувања се зацврстени, а девизниот пазар е стабилен. И покрај кризите, стабилноста на банкарскиот сектор продолжи да се зголемува, додека растот на депозитите и кредитите постепено се враќа на предкризните нивоа. Во Извештајот на Мисијата се наведува дека инфлацијата постепено се намалува и дека се очекува таа да продолжи во истата насока, стремејќи се да се врати на ниските стапки од претходно. Сепак, ризиците и натаму се присутни. Во овој контекст, централната банка треба да биде подготвена, доколку се остварат ризиците, да реагира преку затегнување на монетарна политика, наведуваат од ММФ. Мисијата оценува дека банкарскиот сектор е соодветно капитализиран, со понатамошен раст на адекватноста на капиталот и историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,9%. Се наведува дека поради глобалното монетарно затегнување, Народната банка засилено ги следи ризиците, забележувајќи напредок во однос на спроведените стрес-тестови. Како резултат на монетарното затегнување, растот на депозитите и кредитите се нормализира на преткризното ниво, со раст на депозитите од 8,9% и на кредитите за 5,8% на годишна основа во септември. Како резултат на макропрудентната политика и мерките преземени од страна на Народната банка, се забележува стабилизирање на пазарот на недвижности. Мисијата посочува дека макропрудентната рамка во текот на минатата година е зајакната со усвојување на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика, како и усвојувањето на Законот за решавање на банки. ММФ го потенцираше и значењето на независноста на централната банка за успешно остварување на нејзините законски цели. Првиот преглед врз основа на инструментот ПЛЛ е завршен успешно, при што е оценето дека е зачувана стабилноста на јавните финансии, намалени се енергетските субвенции, како и дека е стабилизирана инфлацијата. Соодветно, ММФ, во рамки на инструментот, на земјата ѝ доделува 161,35 милиони специјални права на влечење или околу 200 милиони евра. Инаку, ММФ го доделува инструментот ПЛЛ на земји со стабилни економски основи, велат од НБМ.

The post ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата appeared first on Република.

]]>
ММФ одобри 900 милиони долари за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mmf-odobri-900-milioni-dolari-za-ukraina/ Tue, 12 Dec 2023 08:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=722000

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз таа земја.

Ова е втор преглед на програмата за заем за Украина, а воедно директорката на ММФ Кристалина Георгиева вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Притоа, таа му потврдила дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја, освен, се разбира, на една земја, а тоа е Русија.

„И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува. Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучот во сè е надворешното финансирање, кое мора да продолжи на навремена и предвидлива основа “, рече Георгиева во таа прилика.

Украинските власти можат веднаш да ја повлечат споменатата помош од 900 милиони американски долари, што ги зголеми вкупните средства на ММФ за Украина оваа година на 4,5 милијарди американски долари.

The post ММФ одобри 900 милиони долари за Украина appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз таа земја. Ова е втор преглед на програмата за заем за Украина, а воедно директорката на ММФ Кристалина Георгиева вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Притоа, таа му потврдила дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја, освен, се разбира, на една земја, а тоа е Русија. „И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува. Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучот во сè е надворешното финансирање, кое мора да продолжи на навремена и предвидлива основа “, рече Георгиева во таа прилика. Украинските власти можат веднаш да ја повлечат споменатата помош од 900 милиони американски долари, што ги зголеми вкупните средства на ММФ за Украина оваа година на 4,5 милијарди американски долари.

The post ММФ одобри 900 милиони долари за Украина appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: ММФ ги препознава и поддржува нашите заложби за постигнување одржлив економски развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mmf-gi-prepoznava-i-poddrzhuva-nashite-zalozhbi-za-postignuvane-odrzhliv-ekonomski-razvoj-2/ Tue, 14 Nov 2023 12:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=701445

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска оствариле средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд предводена од шефот на мисијата на ММФ за Република Македонија, Жак Миниан, новиот шеф на мисијата за Република Македонија, Анет Кубе и алтернативниот извршен директор на Мисијата, Лук Дресе.

Досегашната соработка на Република Македонија со ММФ, соопштија од владината прес-служба,  била во фокусот на денешната средба, а заеднички биле потврдени заложбите на двете страни, соработката да продолжи и во иднина.

Премиерот Ковачевски, во име на Владата, се заблагодарил што ММФ ги препознава и поддржува владините економски политики и за континуираната поддршка на земјава, со која оваа меѓународна финансиска институција има значителен придонес во зајакнувањето на политиките и усогласувањето на правните и регулаторни рамки со стандардите на ЕУ, што е клучно во процесот на пристапување на земјава кон европското семејство.

- Премиерот Ковачевски истакна дека главна определба на Владата на среден рок е постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи. Тој потенцираше дека само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој на земјава, подобрување на животниот стандард на граѓаните, што е клучно државата да се движи напред на патот на евроинтеграциите, се наведува во соопштението од Владата.

На средбата заеднички било констатирано дека ММФ ќе ги поддржи заложбите на Владата за понатамошно намалување на буџетскиот дефицит, борбата против инфлацијата, заштитата на финансиската стабилност, подобрувањето на животниот стандард со зголемување на инвестициите, растот на продуктивноста и забрзувањето на зелената транзиција.

Средбата била одржана по завршување на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за членот IV во Република Македонија.

Овие мисии, појаснуваат во соопштението од Владата, се одржуваат еднаш годишно, во рамки на кои се скенираат макроекономската рамка, како и управувањето со фискалната и монетарната политика

The post Ковачевски: ММФ ги препознава и поддржува нашите заложби за постигнување одржлив економски развој appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска оствариле средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд предводена од шефот на мисијата на ММФ за Република Македонија, Жак Миниан, новиот шеф на мисијата за Република Македонија, Анет Кубе и алтернативниот извршен директор на Мисијата, Лук Дресе. Досегашната соработка на Република Македонија со ММФ, соопштија од владината прес-служба,  била во фокусот на денешната средба, а заеднички биле потврдени заложбите на двете страни, соработката да продолжи и во иднина. Премиерот Ковачевски, во име на Владата, се заблагодарил што ММФ ги препознава и поддржува владините економски политики и за континуираната поддршка на земјава, со која оваа меѓународна финансиска институција има значителен придонес во зајакнувањето на политиките и усогласувањето на правните и регулаторни рамки со стандардите на ЕУ, што е клучно во процесот на пристапување на земјава кон европското семејство. - Премиерот Ковачевски истакна дека главна определба на Владата на среден рок е постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи. Тој потенцираше дека само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој на земјава, подобрување на животниот стандард на граѓаните, што е клучно државата да се движи напред на патот на евроинтеграциите, се наведува во соопштението од Владата. На средбата заеднички било констатирано дека ММФ ќе ги поддржи заложбите на Владата за понатамошно намалување на буџетскиот дефицит, борбата против инфлацијата, заштитата на финансиската стабилност, подобрувањето на животниот стандард со зголемување на инвестициите, растот на продуктивноста и забрзувањето на зелената транзиција. Средбата била одржана по завршување на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за членот IV во Република Македонија. Овие мисии, појаснуваат во соопштението од Владата, се одржуваат еднаш годишно, во рамки на кои се скенираат макроекономската рамка, како и управувањето со фискалната и монетарната политика

The post Ковачевски: ММФ ги препознава и поддржува нашите заложби за постигнување одржлив економски развој appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-poradi-epskata-nesposobnost-na-vladata-imame-dvojno-promashuvane-od-prognozata-na-mmf-i-za-50-povisoka-inflatsija-od-drzhavite-vo-eu/ Sat, 14 Oct 2023 12:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=691177

„Ние имаме епски неспособна Влада. Ние многу пати во минатото нудевме решенија, предлози, политики итн., но тие одлучија своеглаво да водат политика од денес за утре, имаат некој чуден болшевички пристап на решавање на работите во економијата, но таа не е сега таква каква што била во времето на комунизмот. Сега имаме пазарна економија и начинот на којшто таа функционира е спротивен од политиките на Владата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, при денешната теренска активност на терен со граѓаните во Општина Штип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Тој додаде дека поради тоа се случува да имаме промашување речиси двојно од тоа што го прогнозира ММФ и имаме 50% повисока инфлација од таа што ја имаат државите членки на ЕУ.

„И затоа ни се случува да имаме речиси двојно промашување од тоа кое што го прогнозира ММФ, имаме 50 проценти повисока инфлација од таа која што ја имаат државите земји членки на ЕУ. Колку и да зборуваме треба да дојдеме до еден конечен заклучок, а тоа е колку побргу имаме избори и колку побргу замине оваа Влада и дојдат компетентни луѓе кои знаат како да се справуваат со предизвиците толку ќе биде подобро за сите граѓани“, изјави Мицкоски.

Тој заклучи дека се додека има вакви политички гимнастики и медиокритети, ќе одиме назад и ќе се соочуваме со ваков тип неправди и лоши постапувања.

The post Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ appeared first on Република.

ММФ прогнозира двојно повисока инфлација од таа која ја говори Владата: Народот во Македонија тоне во сиромаштија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mmf-prognozira-dvojno-povisoka-inflatsija-od-taa-koja-ja-govori-vladata-narodot-vo-makedonija-tone-vo-siromashtija/ Sat, 14 Oct 2023 07:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=691092

СДС се фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот. ММФ потврди дека И Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50% во однос на растот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија согласно последните проекции ќе има и понизок раст на ДДВ од сите земји во Западен Балкан, а во исто време граѓаните ќе ги осиромашува и високата инфлација која исто така е една најголемите во Европа. Впрочем за тоа говори и признанието на Битиќи кој кажа дека храната и основните производи во Македонија се поскапени за 46%, додека во Европа пораснале само за 11 %. Ова е уште еден доказ дека кај нас стандардот паѓа 4 пати побрзо отколку во останатите држави.

Дека состојбите не се подобруваат како што сака владата да ги престави покажува и прогнозата на ММФ кои кажаа дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу 10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се 5,6%.

Инфлацијата во Македонија моментално е за 50% повисока од таа во Еврозоната, тоа е јасен показател, дека истата не е увезена, туку последица на неспособноста на Ковачевски.

Нема лош резултат во кој Македонија со Ковачевски не е прва, додаваат од партијата.

The post ММФ прогнозира двојно повисока инфлација од таа која ја говори Владата: Народот во Македонија тоне во сиромаштија appeared first on Република.

]]>

СДС се фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот. ММФ потврди дека И Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50% во однос на растот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија согласно последните проекции ќе има и понизок раст на ДДВ од сите земји во Западен Балкан, а во исто време граѓаните ќе ги осиромашува и високата инфлација која исто така е една најголемите во Европа. Впрочем за тоа говори и признанието на Битиќи кој кажа дека храната и основните производи во Македонија се поскапени за 46%, додека во Европа пораснале само за 11 %. Ова е уште еден доказ дека кај нас стандардот паѓа 4 пати побрзо отколку во останатите држави. Дека состојбите не се подобруваат како што сака владата да ги престави покажува и прогнозата на ММФ кои кажаа дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу 10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се 5,6%. Инфлацијата во Македонија моментално е за 50% повисока од таа во Еврозоната, тоа е јасен показател, дека истата не е увезена, туку последица на неспособноста на Ковачевски. Нема лош резултат во кој Македонија со Ковачевски не е прва, додаваат од партијата.

The post ММФ прогнозира двојно повисока инфлација од таа која ја говори Владата: Народот во Македонија тоне во сиромаштија appeared first on Република.

]]>
Митева: Според проекциите на ММФ, Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора со економски раст од 2,5% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-spored-proektsiite-na-mmf-makedonija-e-posledna-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-so-ekonomski-rast-od-2-5/ Fri, 13 Oct 2023 12:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=690930

Шестте години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија. Поразителни се бројките на експертите кои говорат дека до пред само неколку години бројот на наши сограѓани кои биле во сиромаштија бил 360.000, а сега до крајот на 2023 година таа бројка се очекува да се искачи на 510.000. Тоа се скоро 30% од луѓето кои живеат во државата, обвинува Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Ковачевски и Груби, 510.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, додека тие делат бизниси и распишуваат милионски тендери. Последиците се очекувани особено ако се погледнат економските политики и резултати мерени од страна на домашни и странски институции. Имено, во 2022 година затворени се 6.857 компании, од кои 5 се големи компании со над 250 лица вработени во нив, 3 се средни компании и остатокот се микро претпријатија, кои прехранувале најмалку уште толкав број на семејства. Додека Македонија со оваа власт тоне може да се заклучи и од најновата проекција на економскиот раст за земјите од регионот објавена од ММФ. Според најновите проекции на ММФ Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора и овие држави годинава ќе ја завршат со над 50% поголем економски раст, вели таа.

Митева посочи: „ММФ прогнозираше раст на македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, што е за 50% повеќе од Македонија. Растот пак на економијата на Црна Гора за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, тоа е за 80% подобар резултат“.

-Поради неспособната влада Македонија останува и зад Косово, за чија економија проценката е дека ќе расте 3.8%. И сето ова почитувани завршува со високата инфлација за што директно виновна е власта на СДС и ДУИ и внимавајте, инфлацијата во Македонија е за 50% повисока од таа во еврозоната. Нема економски параметар по кој Македонија не е на дното. Со СДС и ДУИ дното секој ден добива ново значење, истакнува таа.

https://www.youtube.com/watch?v=1GH5DrxCb_c

The post Митева: Според проекциите на ММФ, Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора со економски раст од 2,5% appeared first on Република.

СДСМ: Инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст на македонската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-inflatsijata-se-namaluva-mmf-prognozira-pogolem-rast-na-makedonskata-ekonomija/ Fri, 13 Oct 2023 09:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=690809

Eкономските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст. Инфлацијата се намалува во континуитет и со месеци, со тенденција до крајот на годината да се спушти под 5 отсто“, велат од СДСМ.

„Со мерките преземени од Владата предводена од СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на 20-месечен минимум од 6,6 отсто, а наредната година треба да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.

Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија.

ММФ предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа година и 3,2 проценти за наредната 2024 година.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга“, соопшти СДСМ.

The post СДСМ: Инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст на македонската економија appeared first on Република.

]]>

Eкономските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст. Инфлацијата се намалува во континуитет и со месеци, со тенденција до крајот на годината да се спушти под 5 отсто“, велат од СДСМ.
„Со мерките преземени од Владата предводена од СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на 20-месечен минимум од 6,6 отсто, а наредната година треба да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата. Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија. ММФ предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа година и 3,2 проценти за наредната 2024 година. СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга“, соопшти СДСМ.

The post СДСМ: Инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст на македонската економија appeared first on Република.

]]>
„ММФ потврди дека со СДС и Ковачевски, Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-potvrdi-deka-so-sds-i-kovachevski-makedonija-e-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-koi-imaat-i-nad-50-pogolem-ekonomski-rast/ Fri, 13 Oct 2023 06:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=690700

ММФ потврди со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДС Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на Македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија со СДС е 80% зад Црна Гора. Растот на Црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, во споредба со растот во Македонија од 2.5%, тоа е за 80% подобар резултат.

Со СДС Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3.8%, за разлика од Македонската со 2.5%.

СДС и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4.3%, во Македонија е 6.6%.

Со СДС Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДС. Потребни се промени“ – порачуваат од партијата.

The post „ММФ потврди дека со СДС и Ковачевски, Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст“ appeared first on Република.

]]>

ММФ потврди со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДС Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на Македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија со СДС е 80% зад Црна Гора. Растот на Црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, во споредба со растот во Македонија од 2.5%, тоа е за 80% подобар резултат.
Со СДС Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3.8%, за разлика од Македонската со 2.5%. СДС и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4.3%, во Македонија е 6.6%. Со СДС Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДС. Потребни се промени“ – порачуваат од партијата.

The post „ММФ потврди дека со СДС и Ковачевски, Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст“ appeared first on Република.

]]>
ММФ предвидува дупло повисока инфлација од предвидувањата на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-predviduva-duplo-povisoka-inflatsija-od-predviduvanata-na-vladata/ Thu, 12 Oct 2023 13:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=690591

Меѓународниот монетарен фонд најавува тешка зима, барем двојно потешка од она што го очекува Владата. Во последниот извештај ММФ прогнозира дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се поставени прилично оптимистички на само 5,6%.

MMФ во последниот извештај вели дека високата инфлација и високите каматни стапки се ризик за глобалниот економски раст, кој ќе биде значително помал од првичните прогнози, а инфлацијата нема да се врати на посакуваното ниво до 2025-тата.

ММФ прогнозира дека растот на македонската економија оваа година ќе достигне 2,5%, што е прилично оптимистичка прогноза имајќи предвид дека во првите три месеци во годината македонската економија порасна за само 2,1% , а во второто тримесечие за само 1,1% процент.

За потсетување, кога Владата го направи буџетот за оваа година прогнозираше дека економскиот раст ќе биде 2,9%

The post ММФ предвидува дупло повисока инфлација од предвидувањата на Владата appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд најавува тешка зима, барем двојно потешка од она што го очекува Владата. Во последниот извештај ММФ прогнозира дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се поставени прилично оптимистички на само 5,6%. MMФ во последниот извештај вели дека високата инфлација и високите каматни стапки се ризик за глобалниот економски раст, кој ќе биде значително помал од првичните прогнози, а инфлацијата нема да се врати на посакуваното ниво до 2025-тата. ММФ прогнозира дека растот на македонската економија оваа година ќе достигне 2,5%, што е прилично оптимистичка прогноза имајќи предвид дека во првите три месеци во годината македонската економија порасна за само 2,1% , а во второто тримесечие за само 1,1% процент. За потсетување, кога Владата го направи буџетот за оваа година прогнозираше дека економскиот раст ќе биде 2,9%

The post ММФ предвидува дупло повисока инфлација од предвидувањата на Владата appeared first on Република.

]]>
ММФ: Глобалната цена на житото се зголемува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-globalnata-tsena-na-zhitoto-se-zgolemuva-i-do-15-otsto-poradi-povlekuvaneto-na-rusija-od-dogovorot/ Wed, 26 Jul 2023 07:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=665390

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто.

Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.

„Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти“, рече Гуринчас.

The post ММФ: Глобалната цена на житото се зголемува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто. Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.