ММДЧП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mmdchp/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Apr 2023 11:58:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ММДЧП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mmdchp/ 32 32 Османи само „упатил критика“, не сакал никого да омаловажи се кажа на денешното судење за навредите кон Бил Николов и ММДЧП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-samo-upatil-kritika-ne-sakal-nikogo-da-omalovazhi-se-kazha-na-deneshnoto-sudene-za-navredite-kon-bil-nikolov-i-mmdchp/ Tue, 18 Apr 2023 11:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=631734

Од содржината на изјавите презентирани во тужбата апсолутно не може да произлезе дека тужениот имал намера било кого да омаловажи, во случајот и најмалку тужителите од кои што едното е физичко лице, а другото е здружение од Канада, изјави адвокатот Љупчо Илиев, бранител на министерот за надворешни работи Бујар Османи, обвинет за навреда и клевета на Македонското меѓународно движење за човекови права.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sudeneto-protiv-bujar-osmani-po-tuzhbite-na-bil-nikolov-i-mmdchp-za-navreda-i-kleveta/

Според него, изнесените наводи и предложени докази од страна на тужителите „апсолутно не можат да бидат во корелација и да се подведат под одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“.

Останува Судот да ги цени наводите од наша страна, рече тој во изјава за медиумите по денешната подготвителна расправа.

На прашање зошто, според нив, не станува збор на навреда и клевета, тој одговори дека од страна на министерот, сега тужен, е изразено само јавно мислење за активности на здружение. - Истиот изразува само една јавна критика на однесување на здружение, рече тој.

Адвокат на тужителот, Трајче Торов, од друга страна, изјави дека „не смее функционер - властодржец кој има моќ, да ги навредува финансиерите на борците за човекови права и борците за човекови права“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/namesto-da-odi-na-otvoranjeto-osmani-kje-istrazuval-koj-stoi-zad-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/

Финансирањето на Здружението на македонското малцинство од Бугарија да се третира како сомнителна работа и како антидржавен елемент е прво, како што и објаснив таму, претставува ставање на мета на тие финансиери, а и на тие здруженија. Се обвинуваат здруженијата дека се сами криви или жртвите на повреди на човекови права се сами криви за својата состојба во која се нашле, затоа што прифаќаат помош од кој било. Тужениот е тој кој што треба да ги помага и има должност да ги помага жртвите на повреда на човекови права, а не да се става на другата страна навредувајќи ги помагачите на тие жртви, рече тој.

Според него, „сомнителен“ е термин што се употребува за некој кој е помалку вреден, кој треба да се истражува.

Тоа е ставање еден вид на мета на тие лица. Секако е омаловажување, не е еднакво тоа лице со оние што не се сомнителни. Тоа е доказ за навредата и омаловажувањето со ваквите изјави, особено функционер кој е платен од народот да се грижи за човековите права, рече тој.

Торов информираше дека е поднесено парично побарување во износ од околу 10 илјади евра во денарска противвредност.

Во врска со прашањето за споменатото барање за оставка од министерот за надворешни работи, тој одговори дека е индиректно.

Тоа е индиректно. Секој функционер доколку сака да биде на тоа ниво да критикува треба да си даде оставка и да биде обичен граѓанин за да може да критикува на ниво на една нормална критика, а не на ниво на навреда со прогласување на некој за сомнителен или за антидржавен елемент. Значи, не бараме ние оставка преку тужба директно, но доколку се смета дека тоа е негово демократско право да критикува, а не да навредува, треба да биде на исто ниво како тие што ги критикува, а не од позиција на моќ да кажува кој е државен елемент, кој е против државата итн, рече тој.

Во Основниот граѓански суд Скопје денеска започна судењето по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи Бујар Османи од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и ММДЧП како организација.

Станува збор за тужби според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

На денешното рочиште, полномошникот на тужителот, Трајче Торов, ги претстави доказите кои се дел од тужбата и одговори на повеќе приговори во однос на тужбата.

Според авокатот на тужениот, Љупчо Илиев, кој имаше предлог тужбеното барање да биде одбиено како неосновано, од содржината на тужбата не може да се прифати дека обвинетиот е виновен за она за кое што се товари.

Процесот го води судијката Јехона Садику. Судењето продолжува на 29 мај.

The post Османи само „упатил критика“, не сакал никого да омаловажи се кажа на денешното судење за навредите кон Бил Николов и ММДЧП appeared first on Република.

]]>

Од содржината на изјавите презентирани во тужбата апсолутно не може да произлезе дека тужениот имал намера било кого да омаловажи, во случајот и најмалку тужителите од кои што едното е физичко лице, а другото е здружение од Канада, изјави адвокатот Љупчо Илиев, бранител на министерот за надворешни работи Бујар Османи, обвинет за навреда и клевета на Македонското меѓународно движење за човекови права. https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sudeneto-protiv-bujar-osmani-po-tuzhbite-na-bil-nikolov-i-mmdchp-za-navreda-i-kleveta/ Според него, изнесените наводи и предложени докази од страна на тужителите „апсолутно не можат да бидат во корелација и да се подведат под одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“.
Останува Судот да ги цени наводите од наша страна, рече тој во изјава за медиумите по денешната подготвителна расправа.
На прашање зошто, според нив, не станува збор на навреда и клевета, тој одговори дека од страна на министерот, сега тужен, е изразено само јавно мислење за активности на здружение. - Истиот изразува само една јавна критика на однесување на здружение, рече тој. Адвокат на тужителот, Трајче Торов, од друга страна, изјави дека „не смее функционер - властодржец кој има моќ, да ги навредува финансиерите на борците за човекови права и борците за човекови права“. https://republika.mk/vesti/makedonija/namesto-da-odi-na-otvoranjeto-osmani-kje-istrazuval-koj-stoi-zad-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/
Финансирањето на Здружението на македонското малцинство од Бугарија да се третира како сомнителна работа и како антидржавен елемент е прво, како што и објаснив таму, претставува ставање на мета на тие финансиери, а и на тие здруженија. Се обвинуваат здруженијата дека се сами криви или жртвите на повреди на човекови права се сами криви за својата состојба во која се нашле, затоа што прифаќаат помош од кој било. Тужениот е тој кој што треба да ги помага и има должност да ги помага жртвите на повреда на човекови права, а не да се става на другата страна навредувајќи ги помагачите на тие жртви, рече тој.
Според него, „сомнителен“ е термин што се употребува за некој кој е помалку вреден, кој треба да се истражува.
Тоа е ставање еден вид на мета на тие лица. Секако е омаловажување, не е еднакво тоа лице со оние што не се сомнителни. Тоа е доказ за навредата и омаловажувањето со ваквите изјави, особено функционер кој е платен од народот да се грижи за човековите права, рече тој.
Торов информираше дека е поднесено парично побарување во износ од околу 10 илјади евра во денарска противвредност. Во врска со прашањето за споменатото барање за оставка од министерот за надворешни работи, тој одговори дека е индиректно.
Тоа е индиректно. Секој функционер доколку сака да биде на тоа ниво да критикува треба да си даде оставка и да биде обичен граѓанин за да може да критикува на ниво на една нормална критика, а не на ниво на навреда со прогласување на некој за сомнителен или за антидржавен елемент. Значи, не бараме ние оставка преку тужба директно, но доколку се смета дека тоа е негово демократско право да критикува, а не да навредува, треба да биде на исто ниво како тие што ги критикува, а не од позиција на моќ да кажува кој е државен елемент, кој е против државата итн, рече тој.
Во Основниот граѓански суд Скопје денеска започна судењето по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи Бујар Османи од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и ММДЧП како организација. Станува збор за тужби според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. На денешното рочиште, полномошникот на тужителот, Трајче Торов, ги претстави доказите кои се дел од тужбата и одговори на повеќе приговори во однос на тужбата. Според авокатот на тужениот, Љупчо Илиев, кој имаше предлог тужбеното барање да биде одбиено како неосновано, од содржината на тужбата не може да се прифати дека обвинетиот е виновен за она за кое што се товари. Процесот го води судијката Јехона Садику. Судењето продолжува на 29 мај.

The post Османи само „упатил критика“, не сакал никого да омаловажи се кажа на денешното судење за навредите кон Бил Николов и ММДЧП appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето против Бујар Османи по тужбите на Бил Николов и ММДЧП за навреда и клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sudeneto-protiv-bujar-osmani-po-tuzhbite-na-bil-nikolov-i-mmdchp-za-navreda-i-kleveta/ Tue, 18 Apr 2023 06:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=631592

Во Основен суд Скопје 1 денеска почнува судскиот процес по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи  Бујар Османи и медиумот „360 степени“ од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и ММДЧП како организација.

Османи и „360 Степени“ се гласно критични против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики, и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

На 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на ММДЧП Бил Николов. Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.

360 Степени објавува дека во моментов прима средства од Националната фондација за демократија (НЕД), која пак потврдува дека е во најголема мерка финансирана од американскиот Конгрес. 360 Степени исто така добивал средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), факт потврден од УСАИД тука, и од британската и холандската амбасада. Инсерти се достапни тука.

Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од Соединетите Држави и и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД, велат од ММДЧП.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.

The post Почнува судењето против Бујар Османи по тужбите на Бил Николов и ММДЧП за навреда и клевета appeared first on Република.

]]>

Во Основен суд Скопје 1 денеска почнува судскиот процес по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи  Бујар Османи и медиумот „360 степени“ од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и ММДЧП како организација.
Османи и „360 Степени“ се гласно критични против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики, и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.   На 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на ММДЧП Бил Николов. Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.   360 Степени објавува дека во моментов прима средства од Националната фондација за демократија (НЕД), која пак потврдува дека е во најголема мерка финансирана од американскиот Конгрес. 360 Степени исто така добивал средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), факт потврден од УСАИД тука, и од британската и холандската амбасада. Инсерти се достапни тука.   Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од Соединетите Држави и и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД, велат од ММДЧП.