млекопроизводители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mlekoproizvoditeli/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 12:12:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млекопроизводители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mlekoproizvoditeli/ 32 32 МЗШВ: Исплатени 143.7 милиони денари субвенции до над 5.300 млекопроизводители за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-isplateni-143-7-milioni-denari-subventsii-do-nad-5-300-mlekoproizvoditeli-za-proizvedeno-i-predadeno-kravjo-ovcho-i-kozjo-mleko/ Tue, 20 Jun 2023 12:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=653380

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни, и сопствено производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализаираше исплатата за произведеното и предаденото млеко за период од Јануари – Април 2022 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделски стопанства дека во тек е аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до 30 јуни 2023 година.

Земјоделските стопанства своите апликации за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски да се пријават преку порталот е-субвенции.

The post МЗШВ: Исплатени 143.7 милиони денари субвенции до над 5.300 млекопроизводители за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни, и сопствено производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализаираше исплатата за произведеното и предаденото млеко за период од Јануари – Април 2022 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделски стопанства дека во тек е аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до 30 јуни 2023 година.

Земјоделските стопанства своите апликации за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски да се пријават преку порталот е-субвенции.

The post МЗШВ: Исплатени 143.7 милиони денари субвенции до над 5.300 млекопроизводители за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните и креираме услови за напредок на домашните компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-go-ublazuvame-cenovniot-shok-za-gragjanite-i-kreirame-uslovi-za-napredok-na-domashnite-kompanii/ Thu, 22 Dec 2022 18:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=588860

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. За време на посетата продискутираа со сопствениците и со вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи.

Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека оваа компанија ги препозна нашите стратешки политики во земјоделството, кои биле од голема помош „Бучен Козјак“ да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.

Млекарницата освен што користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, исто така аплицирале и за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Во исто време, со владините антикризни мерки сме потпора и сигурност и за работниците и за работодавците. Исто така со овие мерки овозможивме производителите на прехранбените производи да имаат стабилна и поевтина струја, а тоа очекувам наскоро да влијае и на стабилизирање на цените на производите што ги произведуваат, бидејќи целта ни беше во исто време да ги заштитиме и граѓаните од ценовните шокови. Радува фактот што „Бучен Козјак“ е дел од многуте компании кои инсталирале фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија, со што 30% од електричната енергија си ја произведуваат сами. Со законските измени кои ги направивме освен што се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, исто така овозможивме да се врши и размена на електрична енергија“, рече Ковачевски и додаде дека оваа Влада и понатаму ќе ги исполнува ветените обврски и кон граѓаните и кон бизнис секторот.

Министерот Николовски рече дека оваа 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно ги исплативме заостанатите обврски кон земјоделците.

Подготвивме план и динамика со кој целосно ги исплативме над 20.000 сточари во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари, кон одгледувачите на говеда, овци, пчели и кози.

Целосно ја исплативме поддршката за млекопроизводителите за периодот октомври 2020 – септември 2021, со што над 500 милиони денари завршија на сметките кај околу 6.000 млекопроизводители. Дополнителна исплата кон млекопроизводителите реализиравме преку Интервентната програма, каде исплативме 114 милиони денари кон околу 6.000 млекопроизводители.

Овие реализирани мерки од страна на Владата, уште еднаш ја потврдуваат нашата силна посветеност и грижа за секој земјоделец, за секој еден граѓанин.

Со новиот Буџет за 2023 година обезбедивме досега најголем, историски, буџет во земјоделството. Буџет чии средства се обезбедени за реализација на новата земјоделска реформа и новите програми за поддршка поставени на пет клучни столбови за поддршка", изјави Николовски.

„Бучен Козјак“ има традиција за купување и преработка на млеко долга скоро 40 години. Уште во осумдесеттите години оваа компанија го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион, денес дневно преработуваат 50 тони сурово млеко.

The post Ковачевски: Го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните и креираме услови за напредок на домашните компании appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. За време на посетата продискутираа со сопствениците и со вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи. Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека оваа компанија ги препозна нашите стратешки политики во земјоделството, кои биле од голема помош „Бучен Козјак“ да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.
Млекарницата освен што користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, исто така аплицирале и за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Во исто време, со владините антикризни мерки сме потпора и сигурност и за работниците и за работодавците. Исто така со овие мерки овозможивме производителите на прехранбените производи да имаат стабилна и поевтина струја, а тоа очекувам наскоро да влијае и на стабилизирање на цените на производите што ги произведуваат, бидејќи целта ни беше во исто време да ги заштитиме и граѓаните од ценовните шокови. Радува фактот што „Бучен Козјак“ е дел од многуте компании кои инсталирале фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија, со што 30% од електричната енергија си ја произведуваат сами. Со законските измени кои ги направивме освен што се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, исто така овозможивме да се врши и размена на електрична енергија“, рече Ковачевски и додаде дека оваа Влада и понатаму ќе ги исполнува ветените обврски и кон граѓаните и кон бизнис секторот.
Министерот Николовски рече дека оваа 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно ги исплативме заостанатите обврски кон земјоделците.
Подготвивме план и динамика со кој целосно ги исплативме над 20.000 сточари во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари, кон одгледувачите на говеда, овци, пчели и кози. Целосно ја исплативме поддршката за млекопроизводителите за периодот октомври 2020 – септември 2021, со што над 500 милиони денари завршија на сметките кај околу 6.000 млекопроизводители. Дополнителна исплата кон млекопроизводителите реализиравме преку Интервентната програма, каде исплативме 114 милиони денари кон околу 6.000 млекопроизводители. Овие реализирани мерки од страна на Владата, уште еднаш ја потврдуваат нашата силна посветеност и грижа за секој земјоделец, за секој еден граѓанин. Со новиот Буџет за 2023 година обезбедивме досега најголем, историски, буџет во земјоделството. Буџет чии средства се обезбедени за реализација на новата земјоделска реформа и новите програми за поддршка поставени на пет клучни столбови за поддршка", изјави Николовски.
„Бучен Козјак“ има традиција за купување и преработка на млеко долга скоро 40 години. Уште во осумдесеттите години оваа компанија го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион, денес дневно преработуваат 50 тони сурово млеко.

The post Ковачевски: Го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните и креираме услови за напредок на домашните компании appeared first on Република.

]]>
Млекарите кои го предадоа млекото во јуни и јули 2021 година конечно ги добија парите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mlekarite-koi-go-predadoa-mlekoto-vo-juni-i-juli-2021-godina-konechno-gi-dobija-parite/ Fri, 07 Oct 2022 14:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=558484

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува млекопроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР ја реализираше исплатата кон млекопроизводителите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јуни и јули 2021 година.

Според пријавените предадени количини од страна на регистрираните преработувачки капацитети исплатени се вкупно 89.455.245 денари до 5.851 млекопроизводител.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко  и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во изминатиов период изврши исплата кон млекопроизводителите за произведено и предадено млеко за периодот јануари-февруари и март-мај 2021 година. Во наредниот период следува и реализацијата на исплатата за периодот август и септември 2021 година.

Поддршка за млекопроиводителите во висина од 140 милиони денари обезбедивме и со дополнителната мерка во Интервентната програма за поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.

Преку оваа интервентна мерка ги помагаме млекопроизводителите во намалување на трошоците при производство, кој се јавуваат како резултат на светската криза со поскапувањето на репроматеријалите и сточната храна.

Како министерство одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на земјоделците, да имаат помали трошоци, стабилно и квалитетно зголемено домашно производство.

The post Млекарите кои го предадоа млекото во јуни и јули 2021 година конечно ги добија парите appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува млекопроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР ја реализираше исплатата кон млекопроизводителите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јуни и јули 2021 година. Според пријавените предадени количини од страна на регистрираните преработувачки капацитети исплатени се вкупно 89.455.245 денари до 5.851 млекопроизводител. Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко  и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во изминатиов период изврши исплата кон млекопроизводителите за произведено и предадено млеко за периодот јануари-февруари и март-мај 2021 година. Во наредниот период следува и реализацијата на исплатата за периодот август и септември 2021 година. Поддршка за млекопроиводителите во висина од 140 милиони денари обезбедивме и со дополнителната мерка во Интервентната програма за поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година. Преку оваа интервентна мерка ги помагаме млекопроизводителите во намалување на трошоците при производство, кој се јавуваат како резултат на светската криза со поскапувањето на репроматеријалите и сточната храна. Како министерство одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на земјоделците, да имаат помали трошоци, стабилно и квалитетно зголемено домашно производство.

The post Млекарите кои го предадоа млекото во јуни и јули 2021 година конечно ги добија парите appeared first on Република.

]]>
5.851 млекопроизводител добиле субвенции од 89.5 милиони денари за произведено и предадено млеко https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/5-851-mlekoproizvoditel-dobile-subvencii-od-89-5-milioni-denari-za-proizvedeno-i-predadeno-mleko/ Fri, 07 Oct 2022 09:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=558295

Платежната агенција соопшти дека се исплатени 89.455.245 денари на 5.851 млекопроизводител за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за пет месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури - информира директорот Бачовски.

Агенцијата продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.

The post 5.851 млекопроизводител добиле субвенции од 89.5 милиони денари за произведено и предадено млеко appeared first on Република.

]]>

Платежната агенција соопшти дека се исплатени 89.455.245 денари на 5.851 млекопроизводител за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Исплатите се однесуваат на предадено млеко во јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за пет месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури - информира директорот Бачовски.
Агенцијата продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.

The post 5.851 млекопроизводител добиле субвенции од 89.5 милиони денари за произведено и предадено млеко appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Млекопреработувачите да се однесуваат како што треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-mlekoprerabotuvachite-da-se-odnesuvaat-kako-shto-treba/ Sat, 24 Sep 2022 16:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=553868

Не се доцни со субвенциите и тие не се клучниот момент во регулирањето на пазарните односи меѓу млекопроизводителите и млекопреработувачите. Неколкупати упативме апел до млекопреработувачите да се однесуваат како што треба. За жал, и во период на криза, некој не сака да се однесува разумно, етички како што би требало, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Во Собрание веќе има закон за етичко однесување на пазарот. Овие денови додека бараме кризна состојба во енергетиката, јас повикав, ако пратениците се согласат, да направат закон против профитирање во период на криза. Јас сум еден од оние кои ќе го брани тој закон затоа што мораме да ставиме ред во општеството, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања.

Млекопроизводителите се жалат дека не им се исплатени субвенциите и дека откупната цена на млекото е околу 20 денари, а продажната цена над 80 денари.

The post Битиќи: Млекопреработувачите да се однесуваат како што треба appeared first on Република.