млеко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mleko/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 17:24:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млеко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mleko/ 32 32 Никогаш не избирајте млеко како пијалак за разладување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nikogash-ne-izbirajte-mleko-kako-pijalak-za-razladuvane/ Wed, 28 Aug 2024 17:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=810990

Ладното не е опасно само за грлото туку и за слузницата на желудникот, бидејќи може да предизвика дијареја

Кога пиете ладно млеко, го ладите грлото побрзо отколку кога пиете исто количество ладна вода. Тоа е поврзано со високиот топлински капацитет на млечната маст, која го лади грлото повеќе од другите ладни пијалаци. Затоа никогаш не избирајте млеко како пијалак за разладување!

Зошто се јавува болка во грлото? Ако за време на настинка во организмот навлезат вируси или бактерии, поради послабиот локален имунитет тие почнуваат активно да се размножуваат на слузницата на грлото. Микроорганизмите што ја освоиле слузницата доведуваат до воспаление, болка, гребење, горење. Во тој случај, неопходно е да се борите со бактериската флора.

За плакнење на грлото може да се користи тинктура од невен. Помешајте лажица фармацевтска тинктура во половина чаша топла вода, па со тоа плакнете го грлото два-три пати на ден. Курата трае сѐ додека се подобри состојбата. Исто така може да се користи и аптекарска тинктура од прополис или еукалиптус.

Ако грлото е чувствително, треба да се „зајакне“. Наједноставниот начин да го направите тоа е да го исплакнете со ладна вода. Постапката правете ја двапати на ден по јадење. Започнете со удобна температура од околу 25°Ц и постепено намалувајте ја за 1-2°Ц секој ден додека стигнете до 19°Ц.

The post Никогаш не избирајте млеко како пијалак за разладување appeared first on Република.

]]>

Ладното не е опасно само за грлото туку и за слузницата на желудникот, бидејќи може да предизвика дијареја Кога пиете ладно млеко, го ладите грлото побрзо отколку кога пиете исто количество ладна вода. Тоа е поврзано со високиот топлински капацитет на млечната маст, која го лади грлото повеќе од другите ладни пијалаци. Затоа никогаш не избирајте млеко како пијалак за разладување! Зошто се јавува болка во грлото? Ако за време на настинка во организмот навлезат вируси или бактерии, поради послабиот локален имунитет тие почнуваат активно да се размножуваат на слузницата на грлото. Микроорганизмите што ја освоиле слузницата доведуваат до воспаление, болка, гребење, горење. Во тој случај, неопходно е да се борите со бактериската флора. За плакнење на грлото може да се користи тинктура од невен. Помешајте лажица фармацевтска тинктура во половина чаша топла вода, па со тоа плакнете го грлото два-три пати на ден. Курата трае сѐ додека се подобри состојбата. Исто така може да се користи и аптекарска тинктура од прополис или еукалиптус. Ако грлото е чувствително, треба да се „зајакне“. Наједноставниот начин да го направите тоа е да го исплакнете со ладна вода. Постапката правете ја двапати на ден по јадење. Започнете со удобна температура од околу 25°Ц и постепено намалувајте ја за 1-2°Ц секој ден додека стигнете до 19°Ц.

The post Никогаш не избирајте млеко како пијалак за разладување appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Исплатени се над 180 милиони денари кон 5.047 корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-isplateni-se-nad-180-milioni-denari-kon-5-047-korisnitsi-koi-shto-imaat-proizvedeno-i-predadeno-kravjo-ovcho-i-kozjo-mleko/ Fri, 09 Aug 2024 11:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=804938

„Денеска преку министерството за финансии се исплатени над 180 милиони денари кон 5.047 земјоделци, корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко“, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава.

Министерот додаде дека исплатата се однесува за месеците мај, јуни и јули 2023-тата година, и е само мал дел од она што ќе следи како исплата во наредниот период.

„Жалам што овие субвенции не биле досега исплатени, меѓутоа како нова Влада, Министерство, Министерство за финансии правиме сериозен напор и веќе покажуваме на дело како треба вистински да се грижи Министерството и државата кон земјоделците“, нагласи министерот.

Тој додаде дека по ребалансот на Буџетот следува доисплата на останатите субвенции.

„Упатувам апел земјоделците да бидат спокојни дека овојпат има кој да се грижи за нивната мака и да го вреднува нивниот труд“, порача Трипуновски.

The post Трипуновски: Исплатени се над 180 милиони денари кон 5.047 корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко appeared first on Република.

Куба се бори со сериозен недостиг на млеко, гориво и лекови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kuba-se-bori-so-seriozen-nedostig-na-mleko-gorivo-i-lekovi/ Mon, 04 Mar 2024 19:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=751248

Куба денеска потврди дека побарала помош од Светската програма за храна (ВФП) поради недостиг на млеко во прав за деца, што е уште еден знак за тешката економска ситуација на карипскиот остров.

Куба во февруари за првпат призна дека се бори да обезбеди резерви на млеко. Домашното производство речиси пропадна, а освен млеко, снемува и гориво и лекови.

Деценискиот систем на субвенции воспоставен од покојниот лидер Фидел Кастро пропаѓа, па Куба се обрати до агенцијата на ОН за помош.

- Куба побара помош од ВФП за купување млеко во прав за да се гарантира снабдувањето со млеко на кубанските девојчиња и момчиња, јави државниот медиум CubaDebate.

Како резултат на тоа, брод со 375 тони млеко во прав кој отплови од Бразил наскоро ќе пристигне на Куба.

Земјата се соочува и со недостиг на пченица, а владата мораше да ги скрати субвенциите за леб.

Млеко во прав и други основни производи им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии.

Куба за своите економски проблеми ја обвинува пандемијата на Ковид-19 и заострените американски санкции од времето на Доналд Трамп.

Куба, сепак, купи уште 500 тони млеко од САД и покрај санкциите, благодарение на ослободувањето што дозволува продажба на земјоделски производи.

The post Куба се бори со сериозен недостиг на млеко, гориво и лекови appeared first on Република.

]]>

Куба денеска потврди дека побарала помош од Светската програма за храна (ВФП) поради недостиг на млеко во прав за деца, што е уште еден знак за тешката економска ситуација на карипскиот остров. Куба во февруари за првпат призна дека се бори да обезбеди резерви на млеко. Домашното производство речиси пропадна, а освен млеко, снемува и гориво и лекови. Деценискиот систем на субвенции воспоставен од покојниот лидер Фидел Кастро пропаѓа, па Куба се обрати до агенцијата на ОН за помош. - Куба побара помош од ВФП за купување млеко во прав за да се гарантира снабдувањето со млеко на кубанските девојчиња и момчиња, јави државниот медиум CubaDebate. Како резултат на тоа, брод со 375 тони млеко во прав кој отплови од Бразил наскоро ќе пристигне на Куба. Земјата се соочува и со недостиг на пченица, а владата мораше да ги скрати субвенциите за леб. Млеко во прав и други основни производи им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии. Куба за своите економски проблеми ја обвинува пандемијата на Ковид-19 и заострените американски санкции од времето на Доналд Трамп. Куба, сепак, купи уште 500 тони млеко од САД и покрај санкциите, благодарение на ослободувањето што дозволува продажба на земјоделски производи.

The post Куба се бори со сериозен недостиг на млеко, гориво и лекови appeared first on Република.

]]>
Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mlekoto-za-bebina-vo-grtsija-poskapo-i-do-213-otsto/ Wed, 03 Jan 2024 09:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=729245

Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истражувањето на Комисијата, во ноември, млекото за бебиња до шест месеци и од шест до 12 месеци е најскапо во Грција споредено со другите земји од Европската Унија, но и е за 213 отсто поскапо во споредба со цените на истиот производ во Шведска.

Скрекас посочи дека целта е цената на бебешкото млеко да се приближи до европскиот просек, но и да се извршат контроли во случај да постои профитерство од компаниите.

За цените на основните продукти во Грција, министерот за развој рече дека за 1.300 производи е стабилизирана цената со попуст од пет отсто и ќе важи во следните шест месеци.

The post Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто appeared first on Република.

]]>

Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според истражувањето на Комисијата, во ноември, млекото за бебиња до шест месеци и од шест до 12 месеци е најскапо во Грција споредено со другите земји од Европската Унија, но и е за 213 отсто поскапо во споредба со цените на истиот производ во Шведска. Скрекас посочи дека целта е цената на бебешкото млеко да се приближи до европскиот просек, но и да се извршат контроли во случај да постои профитерство од компаниите. За цените на основните продукти во Грција, министерот за развој рече дека за 1.300 производи е стабилизирана цената со попуст од пет отсто и ќе важи во следните шест месеци.

The post Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто appeared first on Република.

]]>
Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mleko-i-proteinski-jogurt-so-amflatoksin-zavrshilo-vo-marketite-ahv-spie-se-budi-samo-koga-vmro-dpmne-ke-gi-fati-na-delo/ Sun, 01 Oct 2023 09:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=686758

Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело, велат од опозициската партија.

Здравјето на граѓаните е константно загрозено поради кеиминогеноста и неспособнста на власта. Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните. АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат. Фактичката состојба е дека не знаеме дали постапуваат, зошто ниту е објавено дека млекото е вратено, ниту дека е уништено. Дали тоа значи дека веќе е исконзумирано? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да чека директорот на АХВ ведаш да си поднесе оставка, а ЈО да отвори случај, додаваат од опозициската партија.

The post Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело appeared first on Република.

]]>

Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело, велат од опозициската партија. Здравјето на граѓаните е константно загрозено поради кеиминогеноста и неспособнста на власта. Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните. АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат. Фактичката состојба е дека не знаеме дали постапуваат, зошто ниту е објавено дека млекото е вратено, ниту дека е уништено. Дали тоа значи дека веќе е исконзумирано? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да чека директорот на АХВ ведаш да си поднесе оставка, а ЈО да отвори случај, додаваат од опозициската партија.

The post Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, АХВ не си ја работи работата, Бабовски веднаш оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tripunovski-mleko-i-proteinski-jogurt-so-zgolemeno-nivo-na-amflatoksin-zavrshilo-vo-makedonija-ahv-ne-si-ja-raboti-rabotata-babovski-vednash-ostavka/ Sat, 30 Sep 2023 10:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=686571

Денеска ќе презентираме нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница. Јавно прашуваме дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија? Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано.

Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје, рече Трипуновски.

Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот. Уште повеќе сме загрижени поради фактот што АХВ не покажа документ дека пратките се вратени или уништени, што создава сомнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи. Апелирам на Бабовски кој веќе трет ден е на службено патување, наместо да шета на државен трошок, веднаш да се врсти и да си поднесе оставка за сите хаварии кои што ги направи откако директорува со АХВ - потенцираше Трипуновски.

Со оваа власт животот на граѓаните постојано се загрозува, едно од криминал, а друго од неодговорното работење. Потребни се промени, а тогаш ќе има одговорност за несовесното работење во АХВ и во МЗШВ, додаде Трипуновски.

The post Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, АХВ не си ја работи работата, Бабовски веднаш оставка appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе презентираме нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница. Јавно прашуваме дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија? Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано. Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје, рече Трипуновски.
Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот. Уште повеќе сме загрижени поради фактот што АХВ не покажа документ дека пратките се вратени или уништени, што создава сомнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи. Апелирам на Бабовски кој веќе трет ден е на службено патување, наместо да шета на државен трошок, веднаш да се врсти и да си поднесе оставка за сите хаварии кои што ги направи откако директорува со АХВ - потенцираше Трипуновски.
Со оваа власт животот на граѓаните постојано се загрозува, едно од криминал, а друго од неодговорното работење. Потребни се промени, а тогаш ќе има одговорност за несовесното работење во АХВ и во МЗШВ, додаде Трипуновски.

The post Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, АХВ не си ја работи работата, Бабовски веднаш оставка appeared first on Република.

]]>
На рафтовите нема млеко со афлатоксин, неосновано се шири паника, тврди Агенцијата за храна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-raftovite-nema-mleko-so-aflatoksin-neosnovano-se-shiri-panika-tvrdi-agentsijata-za-hrana/ Fri, 29 Sep 2023 15:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=686437

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, „канцерогено“ млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури – соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците“ – вели АХВ, додавајќи дека „веста“ на Трипуновски за млекото со афлатоксин е стара неколку месеци, а тој со неа денес се обидел да манипулира.

Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не е стасано во прометот – тврди Агенцијата.

Министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин, ги повика граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за собирање дневнополитички поени.

АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени – потенцира Бектеши.

Трипуновски денеска на Фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него е детектиран афлатоксин М1, над максималното дозволено ниво.

The post На рафтовите нема млеко со афлатоксин, неосновано се шири паника, тврди Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, „канцерогено“ млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури – соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците“ – вели АХВ, додавајќи дека „веста“ на Трипуновски за млекото со афлатоксин е стара неколку месеци, а тој со неа денес се обидел да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не е стасано во прометот – тврди Агенцијата. Министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин, ги повика граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за собирање дневнополитички поени. АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени – потенцира Бектеши. Трипуновски денеска на Фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него е детектиран афлатоксин М1, над максималното дозволено ниво.

The post На рафтовите нема млеко со афлатоксин, неосновано се шири паника, тврди Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>
Не потврди дека спорното млеко е во ред: Бектеши не упатува да и веруваме на Агенцијата за храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-potvrdi-deka-spornoto-mleko-e-vo-red-bekteshi-ne-upatuva-da-i-veruvame-na-agentsijata-za-hrana/ Fri, 29 Sep 2023 14:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=686419

Граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за дневно собирање политички поени, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата на Цветан Трипуновски дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин.

Одговорајќи на новинарски прашања, Бектеши напомена дека веќе ја споделил информацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својот фејсбук профил.

АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени - потенцира Бектеши.

Трипуновски на фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво.

The post Не потврди дека спорното млеко е во ред: Бектеши не упатува да и веруваме на Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за дневно собирање политички поени, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата на Цветан Трипуновски дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин. Одговорајќи на новинарски прашања, Бектеши напомена дека веќе ја споделил информацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својот фејсбук профил.
АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени - потенцира Бектеши.
Трипуновски на фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво.

The post Не потврди дека спорното млеко е во ред: Бектеши не упатува да и веруваме на Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>
Во промет пуштено српско млеко со амфлатоксин М1, штетните состојки и кај една македонска млекара https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-promet-pushteno-srpsko-mleko-so-amflatoksin-m1-shtetnite-sostojki-i-kaj-edna-makedonska-mlekara/ Fri, 29 Sep 2023 09:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=686291

На 21 септември годинава во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3  февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво, алармира Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека млекото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните.

Тој го покажа резултатот од лабораторијата врз кое што го темели неговото тврдење, а во кој се покажува дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија.

Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Афлатоксините кои се пронајдени во млекото се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност. Прашуваме, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија? Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?, праша тој на денешната прес-конференција.

Дополнително, до Трипуновски пристигнала и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија? Апелираме до граѓаните на максимална претпазливост. Од АХВ свесно или несвесно се пушта храна со канцерогени материи кои што се штетни по здравјето на луѓето. Воедно апелираме до Бабовски наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира. Доколку не знае како, нека си поднесе оставка, порача тој.

https://youtu.be/VedyfOrPBKM?si=CsZWLDe5mWtcyEWV

The post Во промет пуштено српско млеко со амфлатоксин М1, штетните состојки и кај една македонска млекара appeared first on Република.

]]>

На 21 септември годинава во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3  февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво, алармира Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека млекото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Тој го покажа резултатот од лабораторијата врз кое што го темели неговото тврдење, а во кој се покажува дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија.
Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Афлатоксините кои се пронајдени во млекото се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност. Прашуваме, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија? Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?, праша тој на денешната прес-конференција.
Дополнително, до Трипуновски пристигнала и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.
АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија? Апелираме до граѓаните на максимална претпазливост. Од АХВ свесно или несвесно се пушта храна со канцерогени материи кои што се штетни по здравјето на луѓето. Воедно апелираме до Бабовски наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира. Доколку не знае како, нека си поднесе оставка, порача тој.
https://youtu.be/VedyfOrPBKM?si=CsZWLDe5mWtcyEWV

The post Во промет пуштено српско млеко со амфлатоксин М1, штетните состојки и кај една македонска млекара appeared first on Република.

]]>
Николовски: Просечната откупна цена на млекото е 30- 32 денари, трговците наметнуваат цени на грбот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-prosechnata-otkupna-tsena-na-mlekoto-e-30-32-denari-trgovtsite-nametnuvaat-tseni-na-grbot-na-graganite/ Wed, 13 Sep 2023 20:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=681709

Според последните податоци нема зголемување на цените кај земјоделците, туку станува збор за нешто што трговците го наметнуваат на грбот на граѓаните. Откупната цена на млекото просечно се движи околу 30-32 денари, воопшто не е оправдано разликата на цената да биде на грбот на граѓаните а да профитираат трговците, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Токму затоа, како што рече тој вечерва во гостување на ТВ Сител, навистина како држава мора експресно и во тој дел сите институции да реагираат.

- Ние како Министерство сме задолжени да даваме поддршка на производителите и на земјоделците, на фармерите при самото производство, да го задржиме и да го зголемуваме самото производство на храна, укажа Николовски.

На прашањето колкаво влијание на зголемувањето на цените имаат земјоделците и колку тие добиваат од тоа зголемување, Николовски рече дека според последните податоци нема зголемување кај земјоделците, туку станува збор за нешто што трговците го наметнуваат на грбот на граѓаните.

-Токму затоа се овие остри реакции и Владата, во вторник ќе се донесе пакет на мерки со коишто ќе се ограничат цените на основните прехранбени производи заради тоа што драстична е разликата помеѓу растот на светските берзи на храната и растот којшто го имаме ние на рафтовите во маркетите, односно цената којашто плаќаат граѓаните, наласи Николовски.

The post Николовски: Просечната откупна цена на млекото е 30- 32 денари, трговците наметнуваат цени на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Според последните податоци нема зголемување на цените кај земјоделците, туку станува збор за нешто што трговците го наметнуваат на грбот на граѓаните. Откупната цена на млекото просечно се движи околу 30-32 денари, воопшто не е оправдано разликата на цената да биде на грбот на граѓаните а да профитираат трговците, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Токму затоа, како што рече тој вечерва во гостување на ТВ Сител, навистина како држава мора експресно и во тој дел сите институции да реагираат.
- Ние како Министерство сме задолжени да даваме поддршка на производителите и на земјоделците, на фармерите при самото производство, да го задржиме и да го зголемуваме самото производство на храна, укажа Николовски.
На прашањето колкаво влијание на зголемувањето на цените имаат земјоделците и колку тие добиваат од тоа зголемување, Николовски рече дека според последните податоци нема зголемување кај земјоделците, туку станува збор за нешто што трговците го наметнуваат на грбот на граѓаните. -Токму затоа се овие остри реакции и Владата, во вторник ќе се донесе пакет на мерки со коишто ќе се ограничат цените на основните прехранбени производи заради тоа што драстична е разликата помеѓу растот на светските берзи на храната и растот којшто го имаме ние на рафтовите во маркетите, односно цената којашто плаќаат граѓаните, наласи Николовски.

The post Николовски: Просечната откупна цена на млекото е 30- 32 денари, трговците наметнуваат цени на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Ковачевски најави млечна криза и нови мерки во делот на маржите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-najavi-mlechna-kriza-i-novi-merki-vo-delot-na-marzhite/ Thu, 31 Aug 2023 11:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=677567

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи.

Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.

Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните, потенцира Ковачевски по посетата на новата градинка во Карпош.

Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.

Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг на млеко во некои региони во светот поради војната во Украина, информира премиерот.

The post Ковачевски најави млечна криза и нови мерки во делот на маржите appeared first on Република.

]]>

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи. Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени. Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните, потенцира Ковачевски по посетата на новата градинка во Карпош.
Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.
Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг на млеко во некои региони во светот поради војната во Украина, информира премиерот.

The post Ковачевски најави млечна криза и нови мерки во делот на маржите appeared first on Република.

]]>
Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potroshuvachot-mora-da-mozhe-da-si-kupi-mleko-sirene-puter-da-se-zamrznat-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-artikli-baraat-od-opm/ Wed, 30 Aug 2023 10:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=677262

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите).

Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.

Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.

Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.

The post Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ appeared first on Република.

]]>

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите). Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.
Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.
Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.  

The post Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Исплатени 88,6 милиони денари финасиска поддршка кон 5.400 корисници, за произведено и предадено млеко https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-isplateni-88-6-milioni-denari-finasiska-poddrshka-kon-5-400-korisnitsi-za-proizvedeno-i-predadeno-mleko/ Fri, 25 Aug 2023 14:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=675793

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците производители на млеко дека денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Кон 5.400 млекопроизводители исплатена е финасиска поддршка во вредност од 88.6 милиони денари за произведено и предадено млеко во периодот мај – јуни 2022 година.

Како корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршкат изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Оваа година земјоделците се сведоци на навремена и брза исплата на субвенциите. Изминатиот период АФПЗРР ја реализираше и исплатата за предаденото мелеко од периодот јаунари – април 2023 со што вкупната премија по овој основ за млекопроизводителите исплатени се над 232 милиони денари.

The post МЗШВ: Исплатени 88,6 милиони денари финасиска поддршка кон 5.400 корисници, за произведено и предадено млеко appeared first on Република.

Трипуновски: Млекото не може да биде тестирано за Бруцелоза, загрозено е јавното здравје затоа што АХВ не склучиле договор со лабораторијата на Ветеринарен факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-mlekoto-ne-mozhe-da-bide-testirano-za-brutseloza-zagrozeno-e-javnoto-zdravje-zatoa-shto-ahv-ne-skluchile-dogovor-so-laboratorijata-na-veterinaren-fakultet/ Wed, 10 May 2023 14:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=639396

Неспособноста на Агенцијата за храна и ветеринарство и „вечниот“ В.Д. директор Николче Бабовски продолжува во континуитет. Повторно и повторно ја демонстрираат својата некадарност во организирање на навремени јавни набавки, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Резултат е закочената активност во спроведувањето на редовните мерки согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна на ветеринарните друштва. Во ек на најголемите активности, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје ги известува надлежните ветеринарни друштва дека не се во состојба да ги примаат доставените мостри поради немање на активен договор за јавна набавка со Агенцијата за храна и ветеринарство. Што значи сето тоа во „превод“ : стадата овци, кози, говеда ќе останат без лабораториски испитување на заразната болест Бруцелоза, млекото кое ќе оди во млекарите ќе оди од стада со непознат здравствен статус што самото по себе ќе значи загрозување на јавното здравје, односно изложување на опасност на здравјето на потрошувачите“, вели Трипуновски во својот пост.

Тој Апелира, не си играјте со здравјето на народот, здравјето нема цена !!!

The post Трипуновски: Млекото не може да биде тестирано за Бруцелоза, загрозено е јавното здравје затоа што АХВ не склучиле договор со лабораторијата на Ветеринарен факултет appeared first on Република.

Тајната е во магичниот напиток: Халанд ја откри причината за својот успех https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tajnata-e-vo-magichniot-napitok-haland-ja-otkri-prichinata-za-svojot-uspeh/ Wed, 19 Apr 2023 20:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=632254

Ерлинг Халанд е вистинска машина за голови. Норвежанецот толку лесно ја тресе мрежата што одлучи да им ја открие својата тајна на обожавателите.

Јас и мојот магичен пијалок - напиша Халанд на социјалните мрежи, објавувајќи серија фотографии со шишиња млеко.

Според Халанд, целата магија се крие во обичното кравјо млеко, кое Норвежаните го пијат во големи количини секој ден.

Халанд е многу внимателен кога е во прашање исхраната. Тој ужива во лазањите што ги прави неговиот татко Алф Инге Халанд, кој порано беше фудбалер. Открива и дека сака да јаде изнутрици, особено срце и црн дроб.

Пие само филтрирана вода, а како што често нагласува, правилната исхрана е една од најважните компоненти на неговиот успех.

The post Тајната е во магичниот напиток: Халанд ја откри причината за својот успех appeared first on Република.

]]>

Ерлинг Халанд е вистинска машина за голови. Норвежанецот толку лесно ја тресе мрежата што одлучи да им ја открие својата тајна на обожавателите.
Јас и мојот магичен пијалок - напиша Халанд на социјалните мрежи, објавувајќи серија фотографии со шишиња млеко.
Според Халанд, целата магија се крие во обичното кравјо млеко, кое Норвежаните го пијат во големи количини секој ден. Халанд е многу внимателен кога е во прашање исхраната. Тој ужива во лазањите што ги прави неговиот татко Алф Инге Халанд, кој порано беше фудбалер. Открива и дека сака да јаде изнутрици, особено срце и црн дроб. Пие само филтрирана вода, а како што често нагласува, правилната исхрана е една од најважните компоненти на неговиот успех.

The post Тајната е во магичниот напиток: Халанд ја откри причината за својот успех appeared first on Република.

]]>
Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/testeninite-poevtinuvaat-za-15-otsto-a-mlechnite-proizvodi-za-10-protsenti/ Fri, 10 Mar 2023 10:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=618061

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март - 31 мај 2023 година, рече Ковачевски.

Според него, Владата ќе проодлжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните.

На прес-конференцијата одлуките ќе ги објасни министерот за економија Крешникм Бектеши.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

The post Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти appeared first on Република.

]]>

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.
Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март - 31 мај 2023 година, рече Ковачевски.
Според него, Владата ќе проодлжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните. На прес-конференцијата одлуките ќе ги објасни министерот за економија Крешникм Бектеши. Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.  

The post Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-se-znae-dali-ke-zamrznat-mlekoto-i-testeninite/ Fri, 10 Mar 2023 07:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=617952

Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи.

Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,...

Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.

За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија.

Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените.

- Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари.

По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат

The post Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините appeared first on Република.

]]>

Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи. Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,... Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.
- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.
За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски. На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените. - Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари. По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат

The post Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините appeared first on Република.

]]>
Зошто е добро да се напиете чаша млеко пред спиење? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-e-dobro-da-se-napiete-chasha-mleko-pred-spienje/ Thu, 08 Dec 2022 19:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=583446

Чаша млеко пред спиење ќе ви помогне да заспиете побрзо, да спиете мирно без да се будите среде ноќ, па дури и да го забрзате слабеењето!

Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење:

Подобро спиење

Повеќекратни студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење поттикнува подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете. Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта и всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење. Дополнително, науката покажа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста и депресијата, кои можат да се влошат во текот на периодите на спиење.

The post Зошто е добро да се напиете чаша млеко пред спиење? appeared first on Република.

]]>

Чаша млеко пред спиење ќе ви помогне да заспиете побрзо, да спиете мирно без да се будите среде ноќ, па дури и да го забрзате слабеењето! Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење: Подобро спиење Повеќекратни студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење поттикнува подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете. Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта и всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење. Дополнително, науката покажа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста и депресијата, кои можат да се влошат во текот на периодите на спиење. Чаша млеко пред спиење ќе ви помогне да заспиете побрзо, да спиете мирно без да се будите среде ноќ, па дури и да го забрзате слабеењето! Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење: Подобро спиење Повеќекратни студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење поттикнува подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете. Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта и всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење. Дополнително, науката покажа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста и депресијата, кои можат да се влошат во текот на периодите на спиење.

The post Зошто е добро да се напиете чаша млеко пред спиење? appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-panovski-nema-golema-opasnost-od-aflatoksinot-vo-mlechnite-proizvodi/ Tue, 22 Nov 2022 07:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=576753

Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/

Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

The post Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи appeared first on Република.

]]>

Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини. https://republika.mk/zivot/zdravje/ushte-eden-proizvod-so-aflatoksini-jogurtot-balans-se-povlekuva-od-pazarot-vratete-go-vednash-dokolku-ste-go-kupile/
Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

The post Д-р Пановски: Нема голема опасност од афлатоксинот во млечните производи appeared first on Република.

]]>
Италијанската Влада сака да го укине ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanskata-vlada-saka-da-go-ukine-ddv-to-za-leb-mleko-i-testenini-za-edna-godina/ Sun, 20 Nov 2022 16:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=576187

Новиот буџет на десничарската италијанска влада на Џорџа Мелони ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон ограничување на цените на енергијата. Во италијанскиот парламент утре ќе се расправа за предлог-буџетот, а се предлага и укинување на ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година.

Со овој потег италијанската Влада се обидува да испрати порака дека се грижи за најсиромашните граѓани за време на криза, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека тоа е популистички и многу генерален предлог кој не ги таргетира најсиромашните, туку ги таргетира и најбогатите.

Кодаконс, италијанска организација за заштита на животната средина и правата на потрошувачите, вели дека оваа мерка на Мелони е всушност блеф кој нема да им помогне на граѓаните. Тие наведуваат дека намалувањето на ДДВ за лебот и млекото би создало минимална заштеда за потрошувачите од 15,8 евра по семејство годишно, пишува италијанскиот портал Анса.

Според податоците на италијанскиот национален институт за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши 261,72 евра за леб, 140,40 евра за тестенини и 142,08 евра за млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштеда е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.

– Намалувањето на ДДВ за лебот, тестенините и млекото е медиумска мерка која не носи вистински бенефит за потрошувачите. Доколку владата навистина сака да ја поддржи потрошувачката на домаќинствата и да се бори со негативните ефекти од инфлацијата, треба да се намали ДДВ за сите прехранбени производи и основните потреби. Тоа е интервенција што би довела до просечна годишна заштеда од 180 евра за двојка без деца и до над 300 евра за семејство со повеќе од едно дете, изјави за Анса, Карло Риенци, шеф на италијанското здружение на потрошувачи.

Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто.

За да профункционира предложената мерка од буџетот, пекарите ќе треба да ја намалат цената на лебот за речиси четири отсто и покрај зголемените трошоци и инфлацијата. Активистите предлагаат владата да го намали и ДДВ-то за струја и гас.

Исто така, сметаат дека треба да се обнови и исплатата на бонусот од 200 евра, што е предлог на италијанскиот претседател Марио Драги. Тие наведуваат дека на овој начин може да се даде конкретна помош за најзагрозените граѓани.

The post Италијанската Влада сака да го укине ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година appeared first on Република.

]]>

Новиот буџет на десничарската италијанска влада на Џорџа Мелони ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон ограничување на цените на енергијата. Во италијанскиот парламент утре ќе се расправа за предлог-буџетот, а се предлага и укинување на ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година. Со овој потег италијанската Влада се обидува да испрати порака дека се грижи за најсиромашните граѓани за време на криза, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека тоа е популистички и многу генерален предлог кој не ги таргетира најсиромашните, туку ги таргетира и најбогатите. Кодаконс, италијанска организација за заштита на животната средина и правата на потрошувачите, вели дека оваа мерка на Мелони е всушност блеф кој нема да им помогне на граѓаните. Тие наведуваат дека намалувањето на ДДВ за лебот и млекото би создало минимална заштеда за потрошувачите од 15,8 евра по семејство годишно, пишува италијанскиот портал Анса. Според податоците на италијанскиот национален институт за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши 261,72 евра за леб, 140,40 евра за тестенини и 142,08 евра за млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштеда е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.
– Намалувањето на ДДВ за лебот, тестенините и млекото е медиумска мерка која не носи вистински бенефит за потрошувачите. Доколку владата навистина сака да ја поддржи потрошувачката на домаќинствата и да се бори со негативните ефекти од инфлацијата, треба да се намали ДДВ за сите прехранбени производи и основните потреби. Тоа е интервенција што би довела до просечна годишна заштеда од 180 евра за двојка без деца и до над 300 евра за семејство со повеќе од едно дете, изјави за Анса, Карло Риенци, шеф на италијанското здружение на потрошувачи.
Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто. За да профункционира предложената мерка од буџетот, пекарите ќе треба да ја намалат цената на лебот за речиси четири отсто и покрај зголемените трошоци и инфлацијата. Активистите предлагаат владата да го намали и ДДВ-то за струја и гас. Исто така, сметаат дека треба да се обнови и исплатата на бонусот од 200 евра, што е предлог на италијанскиот претседател Марио Драги. Тие наведуваат дека на овој начин може да се даде конкретна помош за најзагрозените граѓани.

The post Италијанската Влада сака да го укине ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година appeared first on Република.

]]>