млечни производи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mlechni-proizvodi/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Sep 2023 16:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млечни производи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mlechni-proizvodi/ 32 32 Млекопроизводители: Потребно е државата да нѐ поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mlekoproizvoditeli-potrebno-e-drzhavata-da-n-poddrzhi-a-nedostigot-od-rabotna-sila-osobeno-vo-trlata-i-shtalite-da-se-bara-vo-uvozot/ Sat, 02 Sep 2023 16:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=678192

Млечната криза во земјава е долгорочен проблем, а спасот е во малите стопанства и поддршката на малите производители. Потребно е државата да ги поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот. 

Ова го констатираа млекопроизводителите и околу 35 проиводители на млечни и земјоделски производи на денешниот фестивал „Млеко 2023“ што се одржа во Прилеп, под мотото „Вкусот на ливадите“.

- Имам свое стадо овци и крави во селото Дихово, Битолско. Имаме прекрасни услови во Македонија за сточарство. Имаме дел државна помош, но не во целост. Комплексна е работата со сточарството во Македонија. Откако пропадна шведската млекарница, кај нас имаме млечна криза. Мислам дека 70 до 80 отсто од млечните производи се од увоз. Инаку, мислам дека во поранешна Југославија бевме еден од најголемите проиводители на млечни производи. Сега сме на дното, објаснува Игор Поповски, сточар и производител од битолското Дихово.

Елена Каровска Тошевска од националната организација Слоуфуд Македонија ја нагласува поддршката на малите стопанства и производителите.

- Статистиката секоја година нѐ потсетува дека бројот на хектари на пасишта и ливади се намалува. Неискористените пасишта се директно поврзани со недостигот од луѓе во секторот за сточарство, со тежината на работата. Млечната криза мислам дека е подолгорочна кај нас. Сега сметам дека е некој период каде тоа малку повеќе се гледа преку цените во маркетите. Токму затоа работиме со малите производители, ги поддржуваме на локално ниво за да не бидеме насочени кон големите индустрии и увозот и да не бидеме постојано зависни од некои надворешни фактори, рече Каровска Тошевска.

За развојот на малите производители и стопанства се битни инфраструктурата и вниманието од државата.

-Во моментов, сточарството во Македонија добива некој развој иако е мал, пред се, во малото сточарство и малите производители и производството на здрава храна. Најдобро е да имаме домашно производство на храна, зашто увозното е со проблематичен квалитет. Повеќе внимание да се посвети на инфраструктурата. Државата повеќе да им помогне на малите производители и малото производство да се развива, а не индустриското. Се најавува млечната криза. Засега не ја чувствуваме. Зависноста од увозот може да се намали само со вложување во домашното произодство, рече Даниел Мирчески, производител на козјо млеко и сирење.

Гордана Цветаноска, производител на земјоделско производство се надева дека во иднина ќе има повеќе мали стопанства за преработка на земјоделските производи.

-Сметам дека иднината е во земјоделското, органското и еколошкото производство на храна, вели таа.

Нереално е да се зголемат цените на млечните производи, шпекулации за 30 отсто повисоки цени на млечните производи, произведуваат уште поголема криза.

-Се слушна дека за 30 отсто ќе се зголемуваат цените на млечните производи. Сметам дека тоа не е во ред, и онака е скапо. Можеме да издржиме и со вакви цени. Во последниве години може да се рече дека има иднина во сточарството. Се подобруват условите, за малите производители има иднина. Куповната моќ на граѓаните е опадната и не се потребни нови, повисоки цени, смета Љупчо Бабаноски, сточар од Мало Коњари, Прилепско.

Мора да се решава најголемиот проблем - недостигот од работна сила, особено во шталите и во трлата. Порано доаѓале работници од Албанија, но сега тие заминуваат во Италија и Германија и мора да се бараат од трети земји.

-Единствен спас е увоз на работна сила, бидејќи работната сила повеќе не доаѓа од Албанија, заминуваат во Италија и Германија. Треба од трети земји да увеземе работна сила, конкретно, луѓе што ќе работат во трла и во штали, инаку ни нема спас. Ние не сме кадарни за шталско одгледување добиток. Тоа многу тешко оди кај нас, рече Игор Поповски, производител од битолското село Дихово.

Манифестацијата „Млеко 2023“  Слоуфуд Македонија ја одржува по петти пат. Лани и годинава ја организира Слоуфуд Прилеп со поддршка на Слоуфуд Македонија и на Министерството за земјоделство и на Општина Прилеп.

Филип Димкоски од „Слоуфуд Прилеп“. истакнува дека со манифестацијата сакаат да ги истакнат малите производители кои вложуваат многу труд и напор за да ги создадат производите. Токму затоа тие се уникатни и затоа граѓаните, вели тој, треба да им дадат можност да се претстават, да ги купуваат нивните производи, бидејќи, секако, квалитетот се разликува, а потрошувачите директно се среќаваат со производителите и знаат токму за какво потекло на производот станува збор. Освен млеко и млечни производи, купувачите, додава, имаа можност да се сретнат и со многу различни производи: зимници, преработки, чаеви, мед и млечни производи, сувомесни производи, сето од македонското поднебје.

-Државата треба да биде свесна дека секој производител и со најмало количество производи е многу битен за нашата држава, бидејќи како мала држава сме зависни од поголемите. Треба да им се помогне во бирократските процедури, а производителите да се остават да работат. Треба да се изменат и некои законски регулативи. Добри се потезите за продажбата од куќен пораг, за поддшката на малите преработувачки капацитети, објаснува Димкоски

The post Млекопроизводители: Потребно е државата да нѐ поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот appeared first on Република.

]]>

Млечната криза во земјава е долгорочен проблем, а спасот е во малите стопанства и поддршката на малите производители. Потребно е државата да ги поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот.  Ова го констатираа млекопроизводителите и околу 35 проиводители на млечни и земјоделски производи на денешниот фестивал „Млеко 2023“ што се одржа во Прилеп, под мотото „Вкусот на ливадите“.
- Имам свое стадо овци и крави во селото Дихово, Битолско. Имаме прекрасни услови во Македонија за сточарство. Имаме дел државна помош, но не во целост. Комплексна е работата со сточарството во Македонија. Откако пропадна шведската млекарница, кај нас имаме млечна криза. Мислам дека 70 до 80 отсто од млечните производи се од увоз. Инаку, мислам дека во поранешна Југославија бевме еден од најголемите проиводители на млечни производи. Сега сме на дното, објаснува Игор Поповски, сточар и производител од битолското Дихово.
Елена Каровска Тошевска од националната организација Слоуфуд Македонија ја нагласува поддршката на малите стопанства и производителите.
- Статистиката секоја година нѐ потсетува дека бројот на хектари на пасишта и ливади се намалува. Неискористените пасишта се директно поврзани со недостигот од луѓе во секторот за сточарство, со тежината на работата. Млечната криза мислам дека е подолгорочна кај нас. Сега сметам дека е некој период каде тоа малку повеќе се гледа преку цените во маркетите. Токму затоа работиме со малите производители, ги поддржуваме на локално ниво за да не бидеме насочени кон големите индустрии и увозот и да не бидеме постојано зависни од некои надворешни фактори, рече Каровска Тошевска.
За развојот на малите производители и стопанства се битни инфраструктурата и вниманието од државата. -Во моментов, сточарството во Македонија добива некој развој иако е мал, пред се, во малото сточарство и малите производители и производството на здрава храна. Најдобро е да имаме домашно производство на храна, зашто увозното е со проблематичен квалитет. Повеќе внимание да се посвети на инфраструктурата. Државата повеќе да им помогне на малите производители и малото производство да се развива, а не индустриското. Се најавува млечната криза. Засега не ја чувствуваме. Зависноста од увозот може да се намали само со вложување во домашното произодство, рече Даниел Мирчески, производител на козјо млеко и сирење. Гордана Цветаноска, производител на земјоделско производство се надева дека во иднина ќе има повеќе мали стопанства за преработка на земјоделските производи. -Сметам дека иднината е во земјоделското, органското и еколошкото производство на храна, вели таа. Нереално е да се зголемат цените на млечните производи, шпекулации за 30 отсто повисоки цени на млечните производи, произведуваат уште поголема криза. -Се слушна дека за 30 отсто ќе се зголемуваат цените на млечните производи. Сметам дека тоа не е во ред, и онака е скапо. Можеме да издржиме и со вакви цени. Во последниве години може да се рече дека има иднина во сточарството. Се подобруват условите, за малите производители има иднина. Куповната моќ на граѓаните е опадната и не се потребни нови, повисоки цени, смета Љупчо Бабаноски, сточар од Мало Коњари, Прилепско. Мора да се решава најголемиот проблем - недостигот од работна сила, особено во шталите и во трлата. Порано доаѓале работници од Албанија, но сега тие заминуваат во Италија и Германија и мора да се бараат од трети земји.
-Единствен спас е увоз на работна сила, бидејќи работната сила повеќе не доаѓа од Албанија, заминуваат во Италија и Германија. Треба од трети земји да увеземе работна сила, конкретно, луѓе што ќе работат во трла и во штали, инаку ни нема спас. Ние не сме кадарни за шталско одгледување добиток. Тоа многу тешко оди кај нас, рече Игор Поповски, производител од битолското село Дихово.
Манифестацијата „Млеко 2023“  Слоуфуд Македонија ја одржува по петти пат. Лани и годинава ја организира Слоуфуд Прилеп со поддршка на Слоуфуд Македонија и на Министерството за земјоделство и на Општина Прилеп. Филип Димкоски од „Слоуфуд Прилеп“. истакнува дека со манифестацијата сакаат да ги истакнат малите производители кои вложуваат многу труд и напор за да ги создадат производите. Токму затоа тие се уникатни и затоа граѓаните, вели тој, треба да им дадат можност да се претстават, да ги купуваат нивните производи, бидејќи, секако, квалитетот се разликува, а потрошувачите директно се среќаваат со производителите и знаат токму за какво потекло на производот станува збор. Освен млеко и млечни производи, купувачите, додава, имаа можност да се сретнат и со многу различни производи: зимници, преработки, чаеви, мед и млечни производи, сувомесни производи, сето од македонското поднебје.
-Државата треба да биде свесна дека секој производител и со најмало количество производи е многу битен за нашата држава, бидејќи како мала држава сме зависни од поголемите. Треба да им се помогне во бирократските процедури, а производителите да се остават да работат. Треба да се изменат и некои законски регулативи. Добри се потезите за продажбата од куќен пораг, за поддшката на малите преработувачки капацитети, објаснува Димкоски

The post Млекопроизводители: Потребно е државата да нѐ поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот appeared first on Република.

]]>
Ново покачување кај млечните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novo-pokachuvane-kaj-mlechnite-proizvodi/ Tue, 15 Aug 2023 09:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=672246

Ново покачување е евидентирано во маркетите кај млечните производи. Ако пред една недела можеше да се забележи поскапување кај сирењето, кашакавалот од 30-40 денери, оваа седмица почна со повисоки цени до 10-15 денари на истите производи во зависност од производителот.

Според трговците поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од 5 до 30 денари на секој млечен производ. Покрај основното поскапување, во новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Така јогуртот кој во одредени маркети до вчера чинеше 72 денари, утрово се продава за 75 денари. Киселото млеко од 30 скокна на 32 денари… Јогуртите кои имаа цена од околу 80 денари пред покачувањето сега се нуди за околу 90 денари, во зависност од производителот и маркетот каде го набавувате.

Кравјиот кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари.

извор: 24 инфо.мк

The post Ново покачување кај млечните производи appeared first on Република.

]]>

Ново покачување е евидентирано во маркетите кај млечните производи. Ако пред една недела можеше да се забележи поскапување кај сирењето, кашакавалот од 30-40 денери, оваа седмица почна со повисоки цени до 10-15 денари на истите производи во зависност од производителот. Според трговците поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од 5 до 30 денари на секој млечен производ. Покрај основното поскапување, во новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.
Така јогуртот кој во одредени маркети до вчера чинеше 72 денари, утрово се продава за 75 денари. Киселото млеко од 30 скокна на 32 денари… Јогуртите кои имаа цена од околу 80 денари пред покачувањето сега се нуди за околу 90 денари, во зависност од производителот и маркетот каде го набавувате.
Кравјиот кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари. извор: 24 инфо.мк

The post Ново покачување кај млечните производи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, Бектеши и директорот на пазарна инспекција на терен да проверат дали се намалени цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-bekteshi-i-direktorot-na-pazarna-inspektsija-na-teren-da-proverat-dali-se-namaleni-tsenite/ Thu, 16 Mar 2023 10:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=620249

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и директорот на „Пазарна“ Горан Трајковски, посетија еден скопски маркет за да ги проверат цените.

Од денеска со одлука на Владата цените на млечните производи и на тестенините треба да се поевтини за 15, односно 10 проценти. Според одлуката, цената на тестенините се намали за 15, а на млечните производи за 10 отсто, и ќе важи до 31 мај.

Државниот инспекторат најави дека од утрово на терен ќе контролира дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се движат од 800 до 10 илјади евра.

The post Ковачевски, Бектеши и директорот на пазарна инспекција на терен да проверат дали се намалени цените appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и директорот на „Пазарна“ Горан Трајковски, посетија еден скопски маркет за да ги проверат цените. Од денеска со одлука на Владата цените на млечните производи и на тестенините треба да се поевтини за 15, односно 10 проценти. Според одлуката, цената на тестенините се намали за 15, а на млечните производи за 10 отсто, и ќе важи до 31 мај. Државниот инспекторат најави дека од утрово на терен ќе контролира дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се движат од 800 до 10 илјади евра.

The post Ковачевски, Бектеши и директорот на пазарна инспекција на терен да проверат дали се намалени цените appeared first on Република.

]]>
Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-inspektorite-ke-vrshat-kontroli-vrz-trgovtsite-za-toa-dali-gi-pochituvaat-merkite-za-poevtini-prehranbeni-proizvodi/ Wed, 15 Mar 2023 14:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=619945

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат.

Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ.

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:

тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.

 

The post Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат.
Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ.
Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно: тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%. Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.
Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.
 

The post Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-se-znae-dali-ke-zamrznat-mlekoto-i-testeninite/ Fri, 10 Mar 2023 07:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=617952

Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи.

Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,...

Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.

За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија.

Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените.

- Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари.

По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат

The post Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините appeared first on Република.

]]>

Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи. Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,... Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.
- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.
За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски. На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените. - Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари. По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат

The post Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините appeared first on Република.

]]>
Се замрзнуваат цените: Ќе јадеме поевтини тестенини и млечни производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zamrznuvaat-tsenite-ke-jademe-poevtini-testenini-i-mlechni-proizvodi/ Thu, 09 Mar 2023 12:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=617708

Владата утре ќе го соопшти ограничувањето на цените на тестенините и млечните производи, по пример на лебот. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека ќе се интервенира и во цените на други производи, односно секаде каде има „има профити или маржи од тоа што е редовно“.

Утре наутро ќе имаме одлука за тестенините и млечните производи, по што со премиерот ќе информираме на брифинг. Како што и претходно изјавив, граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, туку ние во континуитет ќе продолжиме со намалување на цените таму каде анализите ќе ни покажат дека има профити или маржи од тоа што е редовно - изјави Бектеши.

Како што дополни, се очекува намалување на цената за 10%, што уште од денеска може да се забележат промени на цените од страна на некои од производителите. Бектеши ги повика и другите компании да го следат овој пример.

По најавата на пекарите дека ќе ја тужат државата поради замрзнатите цени на лебот, Бектеши беше саркастичен и рече „очекувам две тужби“.

Намалувањето на цените се должи на одлуката на Владата да се намалат царинските давачки за увоз на тестенини, а средствата се обезбедени по укинувањето на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија. Износот од 500 илјади евра, кои се издвојуваа за струја се пренаменети за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.

The post Се замрзнуваат цените: Ќе јадеме поевтини тестенини и млечни производи appeared first on Република.

]]>

Владата утре ќе го соопшти ограничувањето на цените на тестенините и млечните производи, по пример на лебот. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека ќе се интервенира и во цените на други производи, односно секаде каде има „има профити или маржи од тоа што е редовно“.
Утре наутро ќе имаме одлука за тестенините и млечните производи, по што со премиерот ќе информираме на брифинг. Како што и претходно изјавив, граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, туку ние во континуитет ќе продолжиме со намалување на цените таму каде анализите ќе ни покажат дека има профити или маржи од тоа што е редовно - изјави Бектеши.
Како што дополни, се очекува намалување на цената за 10%, што уште од денеска може да се забележат промени на цените од страна на некои од производителите. Бектеши ги повика и другите компании да го следат овој пример. По најавата на пекарите дека ќе ја тужат државата поради замрзнатите цени на лебот, Бектеши беше саркастичен и рече „очекувам две тужби“. Намалувањето на цените се должи на одлуката на Владата да се намалат царинските давачки за увоз на тестенини, а средствата се обезбедени по укинувањето на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија. Износот од 500 илјади евра, кои се издвојуваа за струја се пренаменети за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.

The post Се замрзнуваат цените: Ќе јадеме поевтини тестенини и млечни производи appeared first on Република.

]]>
Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitolska-mlekara-so-namaleni-tseni-na-najprodavanite-mlechni-proizvodi/ Mon, 06 Mar 2023 14:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=616502

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа.

Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.

Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи, велат од Битолска млекара.

Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени.

Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државатаи истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.

 

The post Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи appeared first on Република.

]]>

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа. Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.
Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи, велат од Битолска млекара.
Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени. Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државатаи истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.  

The post Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи appeared first on Република.

]]>
Ограничени маржите за млечните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-mlechnite-proizvodi/ Thu, 06 Oct 2022 16:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=558086

Владата на 87. седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт.

За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

При редовна контрола на Државниот пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година - наведуваат од Владата

The post Ограничени маржите за млечните производи appeared first on Република.

]]>

Владата на 87. седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт. За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.
При редовна контрола на Државниот пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година - наведуваат од Владата

The post Ограничени маржите за млечните производи appeared first on Република.

]]>
Ердоган го намали ДДВ-то за основна храна, овошје и зеленчук од 8 на 1 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-go-namali-ddv-to-za-osnovna-hrana-ovoshje-i-zelenchuk-od-8-na-1-otsto/ Sun, 13 Feb 2022 22:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=458106

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години – 48% во јануари.

Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година.

Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната статистика.

Според опозицијата и противниците на Ердоган, официјалните бројки се значително потценети и не ја одразуваат реалноста.

И покрај намалениот ДДВ за основните прехранбени производи во земјава, денеска се планирани протести поради високите цени во земјата.

The post Ердоган го намали ДДВ-то за основна храна, овошје и зеленчук од 8 на 1 отсто appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години – 48% во јануари. Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година. Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната статистика. Според опозицијата и противниците на Ердоган, официјалните бројки се значително потценети и не ја одразуваат реалноста. И покрај намалениот ДДВ за основните прехранбени производи во земјава, денеска се планирани протести поради високите цени во земјата.

The post Ердоган го намали ДДВ-то за основна храна, овошје и зеленчук од 8 на 1 отсто appeared first on Република.

]]>