младоженци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladozenci/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 14:19:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png младоженци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladozenci/ 32 32 Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mladozhentsi-im-ispratile-smetka-na-site-gosti-koi-ne-im-doshle-na-svadba/ Sun, 07 Jul 2024 15:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=793348

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари.

Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.

Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.

The post Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба appeared first on Република.

]]>

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари. Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.
Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.

The post Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба appeared first on Република.

]]>
Грчка драма: Ги ограбиле пред свадба, месеци подоцна младоженецот признал дека го измислил граежот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/grchka-drama-gi-ograbile-pred-svadba-meseci-podocna-mladozenecot-priznal-deka-go-izmislil-graezot/ Sat, 04 Jun 2022 19:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=510603

Невидена драма се одвивала во грчкиoт град Агринио, а приказната вредна за холивудски филм сега ќе добие и судски епилог. Сè започнало во мај 2019 година кога во станот на една двојка влегле двајца мажи со качулка. Украле накит и пари, а момчето, кое за време на кражбата било во станот, го врзале и го оставиле во бессознание.

Така го пронашле роднини, по што го пренеле во болница. За трагедијата да биде поголема, грабежот се случил непосредно пред нивната свадба, која нагло била откажана поради грабежот.

Меѓутоа, неколку месеци подоцна, за време на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани бројни противречности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, за човекот на крај да признае дека грабежот никогаш не се случил.

Никој не го врзал и никој ништо не украл од куќата. Но, тврдел дека навистина бил претепан до бессознание од страна на маж, но дека мотивот не бил грабеж, туку други лични причини.

Тој признал дека згрешил што не ја кажал целата вистина, но тврдел дека го измислил грабежот за да го оправда тепањето бидејќи му било срам што семејството на невестата ќе ја дознае вистината за тоа што му се случило.

По ваквиот развој на настаните, полицијата поднесе пријава против оштетениот за давање лажни изјави и измама на полицијата.

Сега, неговата поранешна свршеница поднесе тужба против него зошто со месеци била под заблуда дека грабежот бил причината за откажувањето на нивната венчавка.

Таа е убедена дека инцидентот бил исцениран за воопшто да не се одржи венчавката. Во тужбата тврди и дека дел од исчезнатите предмети не ѝ ги вратил по наводниот грабеж, со што дополнително ја оштетил.

The post Грчка драма: Ги ограбиле пред свадба, месеци подоцна младоженецот признал дека го измислил граежот appeared first on Република.

]]>

Невидена драма се одвивала во грчкиoт град Агринио, а приказната вредна за холивудски филм сега ќе добие и судски епилог. Сè започнало во мај 2019 година кога во станот на една двојка влегле двајца мажи со качулка. Украле накит и пари, а момчето, кое за време на кражбата било во станот, го врзале и го оставиле во бессознание. Така го пронашле роднини, по што го пренеле во болница. За трагедијата да биде поголема, грабежот се случил непосредно пред нивната свадба, која нагло била откажана поради грабежот. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, за време на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани бројни противречности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, за човекот на крај да признае дека грабежот никогаш не се случил. Никој не го врзал и никој ништо не украл од куќата. Но, тврдел дека навистина бил претепан до бессознание од страна на маж, но дека мотивот не бил грабеж, туку други лични причини. Тој признал дека згрешил што не ја кажал целата вистина, но тврдел дека го измислил грабежот за да го оправда тепањето бидејќи му било срам што семејството на невестата ќе ја дознае вистината за тоа што му се случило. По ваквиот развој на настаните, полицијата поднесе пријава против оштетениот за давање лажни изјави и измама на полицијата. Сега, неговата поранешна свршеница поднесе тужба против него зошто со месеци била под заблуда дека грабежот бил причината за откажувањето на нивната венчавка. Таа е убедена дека инцидентот бил исцениран за воопшто да не се одржи венчавката. Во тужбата тврди и дека дел од исчезнатите предмети не ѝ ги вратил по наводниот грабеж, со што дополнително ја оштетил.

The post Грчка драма: Ги ограбиле пред свадба, месеци подоцна младоженецот признал дека го измислил граежот appeared first on Република.

]]>