Младите доаѓаат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladite-doagjaat/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:15:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Младите доаѓаат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladite-doagjaat/ 32 32 „Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-doagaat-kontsert-na-novite-muzichki-talenti/ Mon, 03 Jun 2024 08:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=784277

Овој четврток (6 јуни) со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола.

На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. С. Бах (Двоен виолински концерт во d-moll), К. Дитерсдорф (Концерт за контрабас и оркестар бр. 2), С. Меркаданте (Концерт за флејта и оркестар бр. 2), К. Сен-Санс (Концерт за виолончело и оркестар бр.1), Д. Кабалевски (Концерт за виолина и оркестар во C-dur), К. М фон Вебер (Кончертино за кларинет и оркестар во Es-dur), Ф. Шуберт (Erlkönig), В.А. Моцарт (Концерт за пијано и оркестар во d-moll), Џ. Верди („Saper Vorreste“ – aрија на Оскар од операта „Бал под маски“) и Д. Шостакович (Концерт за пијано и оркестар бр. 2).

Ќе настапат учениците: Марија Џуклеска и Андреј Наумоски, виолини (проф. Милена Крстевска), Летиција Кондратенко, контрабас (проф. м-р Благој Маротов), Ана Матеска, флејта (проф. Александар Стефановски), Ева Малиновска, виолончело (проф. Маре Видевска), Виктор Србиноски, виолина (проф. Елица Рашкова), Александар Ристовски, кларинет (проф. Благојче Трајковски), Матеа Стојаноска, соло пеење (проф. Маја Митровска), Анастасија Петреска, пијано (проф. Татјана Божиновска), Анастасија Милеусниќ, соло пеење (проф. Александра Коцевска) и Џеврие Туле, пијано (проф. Весна Ангелова Христов).

Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток, затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух, и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници.

The post „Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти appeared first on Република.

]]>

Овој четврток (6 јуни) со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола. На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. С. Бах (Двоен виолински концерт во d-moll), К. Дитерсдорф (Концерт за контрабас и оркестар бр. 2), С. Меркаданте (Концерт за флејта и оркестар бр. 2), К. Сен-Санс (Концерт за виолончело и оркестар бр.1), Д. Кабалевски (Концерт за виолина и оркестар во C-dur), К. М фон Вебер (Кончертино за кларинет и оркестар во Es-dur), Ф. Шуберт (Erlkönig), В.А. Моцарт (Концерт за пијано и оркестар во d-moll), Џ. Верди („Saper Vorreste“ – aрија на Оскар од операта „Бал под маски“) и Д. Шостакович (Концерт за пијано и оркестар бр. 2). Ќе настапат учениците: Марија Џуклеска и Андреј Наумоски, виолини (проф. Милена Крстевска), Летиција Кондратенко, контрабас (проф. м-р Благој Маротов), Ана Матеска, флејта (проф. Александар Стефановски), Ева Малиновска, виолончело (проф. Маре Видевска), Виктор Србиноски, виолина (проф. Елица Рашкова), Александар Ристовски, кларинет (проф. Благојче Трајковски), Матеа Стојаноска, соло пеење (проф. Маја Митровска), Анастасија Петреска, пијано (проф. Татјана Божиновска), Анастасија Милеусниќ, соло пеење (проф. Александра Коцевска) и Џеврие Туле, пијано (проф. Весна Ангелова Христов). Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток, затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух, и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници.

The post „Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти appeared first on Република.

]]>
„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-doagaat-kontsert-vo-filharmonija/ Mon, 29 May 2023 08:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=645621

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел.

Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф Гонца Богоромова Краповски), Божана Гошева (виолина, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Јелена Туфекчиевска), Мевљуд Асаноски (кларинет, III средно, ДМУ – Битола, класа проф. Марјан Бакревски), Алек Гравчевски (фагот, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф. Горан Зафировиќ), Јана Блажевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Маја Митровска), Леонардо Димоски (виолина, IV средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Оливера Гемту), Арсениј Ангелески (пијано, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф.Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (пијано, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска).

 

The post „Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел. Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф Гонца Богоромова Краповски), Божана Гошева (виолина, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Јелена Туфекчиевска), Мевљуд Асаноски (кларинет, III средно, ДМУ – Битола, класа проф. Марјан Бакревски), Алек Гравчевски (фагот, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф. Горан Зафировиќ), Јана Блажевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Маја Митровска), Леонардо Димоски (виолина, IV средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Оливера Гемту), Арсениј Ангелески (пијано, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф.Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (пијано, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска).  

The post „Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
„Младите доаѓаат“ – концерт со учениците од државните училишта во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-doagjaat-koncert-so-uchenicite-od-drzavnite-uchilishta-vo-filharmonija/ Mon, 30 May 2022 09:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=508653

Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А.Крепин, В.Пихл, Ф.А.Хофмајстер, В.А.Моцарт, Џ.Росини, Х.Виењавски, Д,Мијо, Е.Лало и С.Прокофјев.

Како солисти ќе настапат Ѓорѓи Димовски – саксофон (III средно, ДМУ, Битола), Итан Георгиев – контрабас (III средно – ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Леона Кондратенко – виола (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Јаков Ангелов – виолина (IV средно, ДМБУЦ “ИлијаНиколовски – Луј”, Скопје), Наум Палоски – кларинет (III средно, ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец”, Струга), Симеон Гошев – виолина (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Григори Ангелов – саксофон (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Магдалена Дрмач – виолончело (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје) и Гоце Златев – пијано (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје).

Дијана Имери Илкоска (1988) е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за Музичка Уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар (Оркестарско диригирање во 2014 г., Хорско диригирање и Музичка Теорија и Педагогија во 2011 г.), а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 г. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на Маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија. Нејзиниот настап беше проследен од легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки кој упати бројни пофалби за младата диригентка. Како студент ја остварува својата прва соработка со Македонската Филхармонија. Носител на бројни награди во повеќе дисциплини, Имери Илкоска ја продолжува соработката со Македонската Филхармонија, Оркестарот на Македонската Опера и Балет, Бугарскиот Национален Радио Симфониски Оркестар и Хор, Дубровачкиот Симфониски Оркестар. Остварува соработка со бројни солисти меѓу кои Дино Имери, Бојан Илкоски, Ивана Коцевска, Роланд Сентпали (Унгарија) и интернационалниот Дувачки Камерен Оркестар. Асистира на реномираните диригенти Маестро Јерухам Шаровски (Израел), како и Маестро Тимоти Редмонд (Велика Британија). Во 2020 г. остварува соработка со светски познатиот диригент – Маестро Урош Лајовиц (Словенија/Австрија) кој за нејзе ќе каже: „Дијана Имери Илкоска е исклучителен талент и диригент кој може да ги оствари сите свои диригентски желби и да направи убедливи креации.“

The post „Младите доаѓаат“ – концерт со учениците од државните училишта во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А.Крепин, В.Пихл, Ф.А.Хофмајстер, В.А.Моцарт, Џ.Росини, Х.Виењавски, Д,Мијо, Е.Лало и С.Прокофјев. Како солисти ќе настапат Ѓорѓи Димовски – саксофон (III средно, ДМУ, Битола), Итан Георгиев – контрабас (III средно – ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Леона Кондратенко – виола (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Јаков Ангелов – виолина (IV средно, ДМБУЦ “ИлијаНиколовски – Луј”, Скопје), Наум Палоски – кларинет (III средно, ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец”, Струга), Симеон Гошев – виолина (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Григори Ангелов – саксофон (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Магдалена Дрмач – виолончело (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје) и Гоце Златев – пијано (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје). Дијана Имери Илкоска (1988) е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за Музичка Уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар (Оркестарско диригирање во 2014 г., Хорско диригирање и Музичка Теорија и Педагогија во 2011 г.), а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 г. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на Маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија. Нејзиниот настап беше проследен од легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки кој упати бројни пофалби за младата диригентка. Како студент ја остварува својата прва соработка со Македонската Филхармонија. Носител на бројни награди во повеќе дисциплини, Имери Илкоска ја продолжува соработката со Македонската Филхармонија, Оркестарот на Македонската Опера и Балет, Бугарскиот Национален Радио Симфониски Оркестар и Хор, Дубровачкиот Симфониски Оркестар. Остварува соработка со бројни солисти меѓу кои Дино Имери, Бојан Илкоски, Ивана Коцевска, Роланд Сентпали (Унгарија) и интернационалниот Дувачки Камерен Оркестар. Асистира на реномираните диригенти Маестро Јерухам Шаровски (Израел), како и Маестро Тимоти Редмонд (Велика Британија). Во 2020 г. остварува соработка со светски познатиот диригент – Маестро Урош Лајовиц (Словенија/Австрија) кој за нејзе ќе каже: „Дијана Имери Илкоска е исклучителен талент и диригент кој може да ги оствари сите свои диригентски желби и да направи убедливи креации.“

The post „Младите доаѓаат“ – концерт со учениците од државните училишта во Филхармонија appeared first on Република.

]]>