младинско учество Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladinsko-uchestvo/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Aug 2023 08:29:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png младинско учество Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladinsko-uchestvo/ 32 32 Слаба имплементација на Законот за младинско учество и младински политики – заклучува Мониторинг извештајот на НМСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaba-implementatsija-na-zakonot-za-mladinsko-uchestvo-i-mladinski-politiki-zakluchuva-monitoring-izveshtajot-na-nmsm/ Wed, 16 Aug 2023 08:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=672591

„И после повеќе од три години од донесувањето на Законот за младинскo учество и младински политики, во голем дел истиот сѐ уште не е имплементиран, особено на општинско ниво“ – Ова е заклучокот на Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот, изработен од страна на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ.

НМСМ изработува ваков мониторинг извештај втора година по ред, со цел да се испита во колкава мера се имплементирани можностите и механизмите младите да влијаат врз процесите за креирање политики и донесување одлуки, кои се предвидени со Законот.

Од аспект на таквите механизми за младинско учество, Националното собрание за млади и Националното советодавно тело за младински политики сѐ уште не се формирани, а Локални младински совети има само во 19 општини, што претставуваат само 23% од вклупниот број на општини.

Согласно извештајот, општините продолжуваат да покажуваат мал интерес за имплементација на нивните законски обврски. Еден од најголемите предизвици претставува формирањето на канцеларија за млади. Само една општина правилно има формирано канцеларија за млади, како место каде младите лица од општината ќе можат да се обратат и да се информираат во врска со прашања поврзани со младите, кои се во надлежност на општината.

Само 7 општини, односно само 8% од општините, имаат усвоено Локална стратегија за млади, а само 4 општини имаат креирано и усвоено акциски план. Досега младински центри има во само 7 општини, односно во 9% од сите општини. Именувани се 57 службеници за млади во државните институции, а 64 во општините. Процентуално, 79% од општините ја имаат исполнето оваа обврска.

Кога станува збор за планирањето на општинските буџети, во 2022 година само 7 општини издвоиле конкретни средства за имплементирање на Законот, додека во 2023 година, 13 општини издвоиле средства за исполнување на нивните обврски.

Податоците за извештајот на локално ниво се прибирани од страна на регионални набљудувачи во периодот од септември 2022 до февруари 2023 преку активно следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики во нивните региони. Собраните податоци се споредени со претходниот мониторинг извештај, со цел да се идентификуваат сегментите со најголем напредок во поглед на имплементацијата на Законот. Извештајот нуди и конкретни препораки со кои ќе може да се подобри имплементацијата на овој Закон.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк: https://nms.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/Monitoring_Izvestaj_Broshura_2023_MKD.pdf

Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики го изработи Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип, СФЕРА Интернешнал и Youth Empowerment Platform – YEP, во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

The post Слаба имплементација на Законот за младинско учество и младински политики – заклучува Мониторинг извештајот на НМСМ appeared first on Република.

]]>