младинско првенство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladinsko-prvenstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Dec 2022 10:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png младинско првенство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladinsko-prvenstvo/ 32 32 Андреј Ѓурчиновски е првиот македонски младински првак во билијард https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/andrej-gjurchinovski-e-prviot-makedonski-mladinski-prvak-vo-bilijard/ Mon, 26 Dec 2022 10:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=590032

Викендов во организација на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, се одржа првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години (која се игра и на европските првенства).

Имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП. Домаќин беше „Гран Клуб“ од Скопје, а играчите беа претставници на четири клубови од различни градови (Скопје, Битола, Прилеп и Тетово).

Победник на турнирот е 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место (како поразени од полуфиналните дуели) го поделија Диели Весели и Мухамед Даути.

Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.

Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.

The post Андреј Ѓурчиновски е првиот македонски младински првак во билијард appeared first on Република.

]]>

Викендов во организација на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, се одржа првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години (која се игра и на европските првенства). Имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП. Домаќин беше „Гран Клуб“ од Скопје, а играчите беа претставници на четири клубови од различни градови (Скопје, Битола, Прилеп и Тетово). Победник на турнирот е 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место (како поразени од полуфиналните дуели) го поделија Диели Весели и Мухамед Даути. Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски. Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.

The post Андреј Ѓурчиновски е првиот македонски младински првак во билијард appeared first on Република.

]]>
Зад Грција и Словенија: Македонските шахисти освоија бронза на Балканското првенство за младинци https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zad-grcija-i-slovenija-makedonskite-shahisti-osvoija-bronza-na-balkanskoto-prvenstvo-za-mladinci/ Mon, 12 Dec 2022 15:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=584866

Македонската репрезентација се закити со бронзен медал, освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка.

По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти.

Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.

Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.

The post Зад Грција и Словенија: Македонските шахисти освоија бронза на Балканското првенство за младинци appeared first on Република.

]]>

Македонската репрезентација се закити со бронзен медал, освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка. По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти. Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.
Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.

The post Зад Грција и Словенија: Македонските шахисти освоија бронза на Балканското првенство за младинци appeared first on Република.

]]>