млади заминале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladi-zaminale/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Aug 2023 19:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млади заминале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladi-zaminale/ 32 32 Над 77.000 млади лица заминале во странство последните години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-77-000-mladi-litsa-zaminale-vo-stranstvo-poslednite-godini/ Thu, 10 Aug 2023 20:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=670935

Бројот на младо население во Македонија од 2002 година е во опаѓање. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Тоа е речиси колку што има население во Битола (74.550) - вториот по големина град во земјата, пишува Дојче веле“.

Меѓу два пописи од 2002 до 2021 година анализите покажуваат дека бројот на младите се намалил за шест проценти. Ова се наведува и во најновите анализи „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).

Во анализите се посочува дека земјата има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението. Според пописот во 2002 година процентот на млади од вкупниот број на население е 24 проценти, додека во 2021 година е 18% - што претставува пад од 6 проценти. Во 2002 година државата имала 480.848 млади, додека во 2021 година има 326.733 млади лица.

The post Над 77.000 млади лица заминале во странство последните години appeared first on Република.

]]>

Бројот на младо население во Македонија од 2002 година е во опаѓање. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Тоа е речиси колку што има население во Битола (74.550) - вториот по големина град во земјата, пишува Дојче веле“. Меѓу два пописи од 2002 до 2021 година анализите покажуваат дека бројот на младите се намалил за шест проценти. Ова се наведува и во најновите анализи „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД). Во анализите се посочува дека земјата има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението. Според пописот во 2002 година процентот на млади од вкупниот број на население е 24 проценти, додека во 2021 година е 18% - што претставува пад од 6 проценти. Во 2002 година државата имала 480.848 млади, додека во 2021 година има 326.733 млади лица.

The post Над 77.000 млади лица заминале во странство последните години appeared first on Република.

]]>