млади уметници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladi-umetnici/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Jun 2022 10:33:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млади уметници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladi-umetnici/ 32 32 Отворен повик за 14. Биенале на млади уметници во МСУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-povik-za-14-bienale-na-mladi-umetnici-vo-msu/ Fri, 17 Jun 2022 10:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=516283

Музејот на современата уметност – Скопје објавува меѓународен повик за учество на 14-то Биенале на млади уметници на тема „Будења“.

Од четврток, 16 јуни до среда, 20 јули 2022 година се повикуваат сите македонски и странски автори на возраст до 35 години да се пријават за учество користејќи го електронскиот формулар за пријава преку линковите:

https://forms.gle/ckuPywL9Pr9vcjKU6

 

https://forms.gle/zE1b4p1vuDrFJHZ99

 

Задолжителни податоци за пријава:

- Авторско портфолио со 5 селектирани дела за кои е приложена фотографска документација и опис до 150 зборови по дело во pdf формат (не поголемо од 10 MB)

- Авторска биографија до 500 зборови

Делата со кои се конкурира треба да се изработени во периодот од 2020 – 2022 година; во спротивно, авторите можат да аплицираат со идејни проекти за кои ќе обезбедат детален опис и техничко решение - онаму кадешто е применливо. Краен рок за реализација на идејните проекти кои ќе бидат селектирани е 15 јануари 2023 година.

Секој автор може да учествува со најмногу 1 авторскo делo.

Апликациите се поднесуваат на македонски или англиски јазик.

Пристигнатите апликации на конкурсот ќе ги разгледува кураторски тим.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на официјалната веб страница на Музејот на современата уметност – Скопје на 1 август 2022 година.

За дополнителни прашања, заинтересираните учесници можат да поднесат прашања на е-адресата info@msu.mk најдоцна до недела, 10 јули 2022 година.

Повеќе информации за темата на годинашното 14-то Биенале на млади уметници: Годинашната тема на Биеналето на млади уметници е насловена како „Будења“ (Awakenings). Осврнувајќи се еднакво кон процесите на соочување и мечтаење, темата има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/согласувања, не/сигурности, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествени промени. Овие разновидни промени, поаѓајќи од напуштањето на комфорната зона при завршетокот на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат со себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга нивниот процес е ослободувачки. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и новиот зачеток – оттаму, будењата.

Ги покануваме младите уметници од целиот свет да ги претстават своите дела кои се создадени во нивниот својствен контекст на будење(а) и да дадеме одговор на прашањата: како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по три годишна изолација конечно ги отвора вратите за слободата на изразување и дејствување?

The post Отворен повик за 14. Биенале на млади уметници во МСУ appeared first on Република.

]]>

Музејот на современата уметност – Скопје објавува меѓународен повик за учество на 14-то Биенале на млади уметници на тема „Будења“. Од четврток, 16 јуни до среда, 20 јули 2022 година се повикуваат сите македонски и странски автори на возраст до 35 години да се пријават за учество користејќи го електронскиот формулар за пријава преку линковите: https://forms.gle/ckuPywL9Pr9vcjKU6   https://forms.gle/zE1b4p1vuDrFJHZ99   Задолжителни податоци за пријава: - Авторско портфолио со 5 селектирани дела за кои е приложена фотографска документација и опис до 150 зборови по дело во pdf формат (не поголемо од 10 MB) - Авторска биографија до 500 зборови Делата со кои се конкурира треба да се изработени во периодот од 2020 – 2022 година; во спротивно, авторите можат да аплицираат со идејни проекти за кои ќе обезбедат детален опис и техничко решение - онаму кадешто е применливо. Краен рок за реализација на идејните проекти кои ќе бидат селектирани е 15 јануари 2023 година. Секој автор може да учествува со најмногу 1 авторскo делo. Апликациите се поднесуваат на македонски или англиски јазик. Пристигнатите апликации на конкурсот ќе ги разгледува кураторски тим. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на официјалната веб страница на Музејот на современата уметност – Скопје на 1 август 2022 година. За дополнителни прашања, заинтересираните учесници можат да поднесат прашања на е-адресата info@msu.mk најдоцна до недела, 10 јули 2022 година. Повеќе информации за темата на годинашното 14-то Биенале на млади уметници: Годинашната тема на Биеналето на млади уметници е насловена како „Будења“ (Awakenings). Осврнувајќи се еднакво кон процесите на соочување и мечтаење, темата има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/согласувања, не/сигурности, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествени промени. Овие разновидни промени, поаѓајќи од напуштањето на комфорната зона при завршетокот на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат со себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга нивниот процес е ослободувачки. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и новиот зачеток – оттаму, будењата. Ги покануваме младите уметници од целиот свет да ги претстават своите дела кои се создадени во нивниот својствен контекст на будење(а) и да дадеме одговор на прашањата: како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по три годишна изолација конечно ги отвора вратите за слободата на изразување и дејствување?

The post Отворен повик за 14. Биенале на млади уметници во МСУ appeared first on Република.

]]>
„Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/crtaj-na-makedonski-jazik-kje-ja-osovremeni-i-razdvizi-kulturnata-ponuda/ Thu, 05 May 2022 19:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=498340

Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена.

Од Министерството посочуваат дека целта на конкурсот е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и раздвижи културната понуда.

Според конкурсот, предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби.

Предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.

Конкурсот ќе трае од денеска па до 5 јуни, а манифестацијата ќе се одвива од 15-ти јуни до 15-ти јули.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов ЛИНК.

The post „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Од Министерството посочуваат дека целта на конкурсот е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и раздвижи културната понуда. Според конкурсот, предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби. Предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик. Конкурсот ќе трае од денеска па до 5 јуни, а манифестацијата ќе се одвива од 15-ти јуни до 15-ти јули. Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов ЛИНК.

The post „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда appeared first on Република.

]]>