млади лекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladi-lekari/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 09:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млади лекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladi-lekari/ 32 32 Пендаровски со поддршка за млaдите лекари: Секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pendarovski-so-poddrshka-za-mladite-lekari-sekoj-mora-soodvetno-da-bide-vrednuvan-za-svojot-trud/ Fri, 22 Mar 2024 09:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=757319

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати.

Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило.

Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината.

Обезбедувањето на фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја.

Младите лекари и приватни специјализанти мора да го добијат она што го заслужуваат.

The post Пендаровски со поддршка за млaдите лекари: Секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати. Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило. Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината. Обезбедувањето на фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја. Младите лекари и приватни специјализанти мора да го добијат она што го заслужуваат.

The post Пендаровски со поддршка за млaдите лекари: Секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд appeared first on Република.

]]>
Млада дипломирана докторка: Ниту платена лекарска пракса, ниту вработување од државата – ќе мора да заминеме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mlada-diplomirana-doktorka-nitu-platena-lekarska-praksa-nitu-vrabotuvane-od-drzhavata-ke-mora-da-zamineme/ Sat, 09 Mar 2024 10:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=752919

Дипломираната докторка по општа медицина, Емилија Јакимовска, е една од многуте млади лекари кои се соочуваат со дискриминација од државата. Нивната идина е неизвесна, и како што вели, останува парадоксот - недостиг од медицински кадар, а сепак не им се овозможува работа или платена пракса.

Јакимовска побара поддршка на социјалните мрежи во име на сите млади дипломирани лекари.

Како група на млади лекари по општа медицина кои положивме стручен испит, чувствуваме потреба јавно да искажеме дека сме жртви на дискриминација во системот на државата. Имено, мал дел од колегите кои го положија стручниот испит за лиценца за работа во Лекарска Комора беа повикани на шест месечна платена пракса која е предвидена според закон за здравствена заштита. Останатиот дел не сме повикани на пракса поради за нас, непознати причини, пишува д-р Јакимовска.

Таа додава дека по шест години редовни студии на Медицинскиот факултет и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, тие се останати во агонија и загриженост за својата иднина.

Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен недостигот на млади доктори, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите чекајки вработување или платена пракса која ни следува според закон. Единствениот одговор на кој се повикуваат институциите е да бараме работа кај матични лекари, но веќе активни огласи за вработување во град Скопје и останатите градови, скоро и да нема. Направени се напори и од страна на МЗ после склучената средба со министерот за здравство д-р Илир Демири, поднесено е барање до министерството за Финансии за решавање на проблемот по итна и неодложна постапка, како и барање од Комисија за имунизација поради недостиг на медицински кадар во вакциналните пунктови во епидемијата со Голема кашлица која станува се поактуелна, појаснува Јакимовска во својата објава на фејсбук.

На крајот вели:

Важно е да ја добиеме оваа борба, доколку се одолговлечи одлуката од Министерство за Финансии и ДКСК за одобрување на финансиите од кои ни зависи започнувањето на платената пракса, следствено на тоа неправедно го губиме и правото да се пријавиме на првиот циклус на конкурси за специјализација. Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, ќе бидеме дел од многуте неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме приморани да ја напуштиме и да одиме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење.

Поддршката од нашите колеги, нашите професори, сите останати здравствени работници и граѓаните во овие моменти особено ќе ни значи за да успееме да се избориме за нашите права, да останеме во нашата држава и да дадеме придонес во развојот на македонското здравство, вели д-р Јакимовска.

The post Млада дипломирана докторка: Ниту платена лекарска пракса, ниту вработување од државата – ќе мора да заминеме appeared first on Република.

]]>

Дипломираната докторка по општа медицина, Емилија Јакимовска, е една од многуте млади лекари кои се соочуваат со дискриминација од државата. Нивната идина е неизвесна, и како што вели, останува парадоксот - недостиг од медицински кадар, а сепак не им се овозможува работа или платена пракса. Јакимовска побара поддршка на социјалните мрежи во име на сите млади дипломирани лекари.
Како група на млади лекари по општа медицина кои положивме стручен испит, чувствуваме потреба јавно да искажеме дека сме жртви на дискриминација во системот на државата. Имено, мал дел од колегите кои го положија стручниот испит за лиценца за работа во Лекарска Комора беа повикани на шест месечна платена пракса која е предвидена според закон за здравствена заштита. Останатиот дел не сме повикани на пракса поради за нас, непознати причини, пишува д-р Јакимовска.
Таа додава дека по шест години редовни студии на Медицинскиот факултет и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, тие се останати во агонија и загриженост за својата иднина.
Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен недостигот на млади доктори, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите чекајки вработување или платена пракса која ни следува според закон. Единствениот одговор на кој се повикуваат институциите е да бараме работа кај матични лекари, но веќе активни огласи за вработување во град Скопје и останатите градови, скоро и да нема. Направени се напори и од страна на МЗ после склучената средба со министерот за здравство д-р Илир Демири, поднесено е барање до министерството за Финансии за решавање на проблемот по итна и неодложна постапка, како и барање од Комисија за имунизација поради недостиг на медицински кадар во вакциналните пунктови во епидемијата со Голема кашлица која станува се поактуелна, појаснува Јакимовска во својата објава на фејсбук.
На крајот вели:
Важно е да ја добиеме оваа борба, доколку се одолговлечи одлуката од Министерство за Финансии и ДКСК за одобрување на финансиите од кои ни зависи започнувањето на платената пракса, следствено на тоа неправедно го губиме и правото да се пријавиме на првиот циклус на конкурси за специјализација. Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, ќе бидеме дел од многуте неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме приморани да ја напуштиме и да одиме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење.   Поддршката од нашите колеги, нашите професори, сите останати здравствени работници и граѓаните во овие моменти особено ќе ни значи за да успееме да се избориме за нашите права, да останеме во нашата држава и да дадеме придонес во развојот на македонското здравство, вели д-р Јакимовска.

The post Млада дипломирана докторка: Ниту платена лекарска пракса, ниту вработување од државата – ќе мора да заминеме appeared first on Република.

]]>
Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/veke-imame-postapeno-za-shestmesechnata-platena-praksa-na-mladite-lekari-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 07 Mar 2024 18:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=752390

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има околу шестмесечната платена пракса на младите лекари што треба да бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат преку соопштение од ресорното министерство.

Реакцијата од Министерството доаѓа откако денеска млади лекари реагираа оти веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса за која од Министерството за здравство се со закон обврзани заради нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.

Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека за заклучокот на националната Комисија за имунизација веќе била информирана Владата. Исто така, додаваат од Здравство, заклучокот бил испратен до Министерството за финансии, а се чека одговор и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи се работи за предизборен период.

https://republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/

The post Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има околу шестмесечната платена пракса на младите лекари што треба да бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат преку соопштение од ресорното министерство. Реакцијата од Министерството доаѓа откако денеска млади лекари реагираа оти веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса за која од Министерството за здравство се со закон обврзани заради нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.
Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека за заклучокот на националната Комисија за имунизација веќе била информирана Владата. Исто така, додаваат од Здравство, заклучокот бил испратен до Министерството за финансии, а се чека одговор и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи се работи за предизборен период. https://republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/

The post Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Млади лекари трет месец чекаат да бидат викнати на пракса која ги обврзува за запишување на специјализација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/ Thu, 07 Mar 2024 12:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=752275

Млади лекари во земјава веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса, која Министерството за здравство со закон ги обврзува за нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.

Ивана Балоска, од групата млади лекари, вели потребна е итна реакција од институциите, затоа што како што рече, праксата трае шест месеци и треба да заврши до септември за да имаат право да конкурираат на првиот циклус за специјализација.

После шест години редовни студии и уште шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост која директно се рефлектира на секој од нас. Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен е недостигот на млади лекари, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која ни следува со закон, истакна Балоска.

Вели доколку не се изнајде решение ќе бидат принудени да ја напуштат земјава и да отидат некаде каде што нивниот труд и знаење ќе бидат вреднувани.

Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, за жал ќе бидеме дел од многу неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме принудени да ја напуштиме и да отидеме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење. Поддршка бараме и од нашите колеги, нашите професори, сите здравствени работници и граѓаните во овие моменти ќе ни значи да успееме да се избориме за нашите права да останеме во нашата држава и да дадеме придонес во развојот на македонското здравство, истакна Балоска.

Симона Ѓеорѓиевска, од групата млади лекари, вели оствариле средба со претставници од Министерството за здравство, како и со министерот за здравство, Илир Демири, по што било испратено барање за брза и итна постапка до Министерството за финансии, но како што рече, одговор се уште немаат добиено.

Дел од колегите ја започнаа платената пракса од шест месеци во итната медицинска помош и здравствените домови, додека пак останатиот дел се уште чекаме. Секојдневно сме ја вратите на институциите и бараме одговори за тоа кога ние ќе почнеме со платената пракса. Одговор се уште немаме и чекаме, истакна Ѓеорѓиевска.

The post Млади лекари трет месец чекаат да бидат викнати на пракса која ги обврзува за запишување на специјализација appeared first on Република.

]]>

Млади лекари во земјава веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса, која Министерството за здравство со закон ги обврзува за нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација. Ивана Балоска, од групата млади лекари, вели потребна е итна реакција од институциите, затоа што како што рече, праксата трае шест месеци и треба да заврши до септември за да имаат право да конкурираат на првиот циклус за специјализација.
После шест години редовни студии и уште шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост која директно се рефлектира на секој од нас. Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен е недостигот на млади лекари, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која ни следува со закон, истакна Балоска.
Вели доколку не се изнајде решение ќе бидат принудени да ја напуштат земјава и да отидат некаде каде што нивниот труд и знаење ќе бидат вреднувани.
Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, за жал ќе бидеме дел од многу неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме принудени да ја напуштиме и да отидеме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење. Поддршка бараме и од нашите колеги, нашите професори, сите здравствени работници и граѓаните во овие моменти ќе ни значи да успееме да се избориме за нашите права да останеме во нашата држава и да дадеме придонес во развојот на македонското здравство, истакна Балоска.
Симона Ѓеорѓиевска, од групата млади лекари, вели оствариле средба со претставници од Министерството за здравство, како и со министерот за здравство, Илир Демири, по што било испратено барање за брза и итна постапка до Министерството за финансии, но како што рече, одговор се уште немаат добиено.
Дел од колегите ја започнаа платената пракса од шест месеци во итната медицинска помош и здравствените домови, додека пак останатиот дел се уште чекаме. Секојдневно сме ја вратите на институциите и бараме одговори за тоа кога ние ќе почнеме со платената пракса. Одговор се уште немаме и чекаме, истакна Ѓеорѓиевска.

The post Млади лекари трет месец чекаат да бидат викнати на пракса која ги обврзува за запишување на специјализација appeared first on Република.

]]>
Штрајкуваат младите лекари во Англија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-mladite-lekari-vo-anglija/ Wed, 03 Jan 2024 08:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=729169

Младите лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена, бидејќи бараат покачување.

По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата.

Штрајкот на младите лекари, од кои во Англија има околу 70 илјади, почна денеска наутро и ќе заврши во вторник во истиот термин.

Новиот шестдневен штрајк доаѓа додека британскиот систем за јавно здравје, има недостиг од лекари и се бори да ги намали огромните листи на чекање на пациенти.

The post Штрајкуваат младите лекари во Англија appeared first on Република.

]]>

Младите лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена, бидејќи бараат покачување. По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата. Штрајкот на младите лекари, од кои во Англија има околу 70 илјади, почна денеска наутро и ќе заврши во вторник во истиот термин. Новиот шестдневен штрајк доаѓа додека британскиот систем за јавно здравје, има недостиг од лекари и се бори да ги намали огромните листи на чекање на пациенти.  

The post Штрајкуваат младите лекари во Англија appeared first on Република.

]]>
Десетици илјади млади лекари во Британија почнаа тридневен штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desetitsi-iljadi-mladi-lekari-vo-britanija-pochnaa-tridneven-shtrajk/ Mon, 13 Mar 2023 14:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=619228

Десетици илјади млади лекари денеска го почнаа тридневниот штрајк ширум Велика Британија, што ќе предизвика општо нарушување во работата на државните болници и клиники.

Младите лекари претставуваат 45 отсто од сите лекари во британската Национална здравствена служба (NHS). Кога тие штрајкуваат, тоа значи дека на илјадници пациенти ќе им бидат откажани прегледите и операциите.

Британската медицинска асоцијација соопшти дека платите на помладите лекари се намалени за 26 отсто во реални услови од 2008 година, додека обемот на работа и листите на чекање на пациентите се на рекордно високо ниво. Тие велат дека заморот од прекумерната работа и британската криза со трошоците за живот ги оддалечуваат десетиците лекари од јавната здравствена служба.

Дваесет и деветгодишната Ребека Лисман, специјализант по гинекологија и акушерство, рече дека младите лекари само бараат плата што одговара на нивната стручност.

Другите здравствени работници, вклучително и болничарите, организираа штрајкови во последниве месеци за да бараат подобри плати и услови.

Според Националната здравствена служба, повеќе од 100.000 прегледи веќе се одложени оваа зима како резултат на штрајкот на болничарите.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера изјави дека е разочарувачки што младите лекари не влегле во преговори со Владата. Синдикатот на лекарите вели дека официјалните претставници со месеци одбиваат да ги разгледаат нивните барања и дека неодамнешните повици за разговори се направени со „неприфатливи“ предуслови.

Штрајкот на лекарите оваа недела ќе се совпадне со масовниот штрајк на десетици илјади наставници и вработени во државните служби во среда, на денот кога Владата ќе го објави својот најнов извештај за буџетот.

The post Десетици илјади млади лекари во Британија почнаа тридневен штрајк appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади млади лекари денеска го почнаа тридневниот штрајк ширум Велика Британија, што ќе предизвика општо нарушување во работата на државните болници и клиники. Младите лекари претставуваат 45 отсто од сите лекари во британската Национална здравствена служба (NHS). Кога тие штрајкуваат, тоа значи дека на илјадници пациенти ќе им бидат откажани прегледите и операциите. Британската медицинска асоцијација соопшти дека платите на помладите лекари се намалени за 26 отсто во реални услови од 2008 година, додека обемот на работа и листите на чекање на пациентите се на рекордно високо ниво. Тие велат дека заморот од прекумерната работа и британската криза со трошоците за живот ги оддалечуваат десетиците лекари од јавната здравствена служба. Дваесет и деветгодишната Ребека Лисман, специјализант по гинекологија и акушерство, рече дека младите лекари само бараат плата што одговара на нивната стручност. Другите здравствени работници, вклучително и болничарите, организираа штрајкови во последниве месеци за да бараат подобри плати и услови. Според Националната здравствена служба, повеќе од 100.000 прегледи веќе се одложени оваа зима како резултат на штрајкот на болничарите. Британскиот премиер Риши Сунак вчера изјави дека е разочарувачки што младите лекари не влегле во преговори со Владата. Синдикатот на лекарите вели дека официјалните претставници со месеци одбиваат да ги разгледаат нивните барања и дека неодамнешните повици за разговори се направени со „неприфатливи“ предуслови. Штрајкот на лекарите оваа недела ќе се совпадне со масовниот штрајк на десетици илјади наставници и вработени во државните служби во среда, на денот кога Владата ќе го објави својот најнов извештај за буџетот.  

The post Десетици илјади млади лекари во Британија почнаа тридневен штрајк appeared first on Република.

]]>
Млади лекари од Кочани не биле примени на конкурс, директорот вработил други двајца со помалку поени и понизок просек https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mladi-lekari-od-kochani-ne-bile-primeni-na-konkurs-direktorot-vrabotil-drugi-dvajca-so-pomalku-poeni-i-ponizok-prosek/ Sun, 18 Dec 2022 15:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=587240

Обвинувања за нерегуларности и пристрасност од страна на раководството на Општата болница со проширена дејност од Кочани упатија младите лекари Стојан Лазаров и Андреј Коцев.

Тие уредно се пријавиле на конкурсот за вработување на шест лекари, но иако се нашле повисоко на ранг листата, биле одбиени. Наместо нив, примени се кандидати кои имале помалку поени, биле со понизок просек и се нашле на седмото и осмото место на листата.

Уредно поднесов документација, а од страна на Комисијата за селекција бев соодветно оценет со поени од стручниот испит и од познавање на англискиот јазик. Се најдов на трето место на ранг листата, а мојот колега Коцев беше шести. Директорот на болницата, спротивно од предложената листа, нè тргна нас, а прими лица кои имаат двоцифрено помалку поени. Штом е донесена таква одлука, се прашуваме која е потребата од просек во оценките, полагање испит и зошто постои Комисијата, истакна Стојан Лазаров.

Двајцата кочански лекари побараа средба со министерот за здравство, Беким Сали, за да го запознаат со случајот и да помногне во неговото расчистување.

Ја повикуваме и Државната комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен да го разгледа случајот. Исто така, во текот на идната недела ќе поднесеме соодветна пријава против директорот на болницата, за злоупотреба на службената должност, истакна Андреј Коцев.

Директорот на Општата болница со проширена дејност, Александар Серафимов, не беше достапен за одговор во врска со случајот.

The post Млади лекари од Кочани не биле примени на конкурс, директорот вработил други двајца со помалку поени и понизок просек appeared first on Република.

]]>

Обвинувања за нерегуларности и пристрасност од страна на раководството на Општата болница со проширена дејност од Кочани упатија младите лекари Стојан Лазаров и Андреј Коцев. Тие уредно се пријавиле на конкурсот за вработување на шест лекари, но иако се нашле повисоко на ранг листата, биле одбиени. Наместо нив, примени се кандидати кои имале помалку поени, биле со понизок просек и се нашле на седмото и осмото место на листата.