Младен Чадиковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladen-chadikovski/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 11:23:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Младен Чадиковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mladen-chadikovski/ 32 32 Владата создаде најголема редакција во земјата: Не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР-памфлет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-sozdade-najgolema-redaktsija-vo-zemjata-ne-e-transparentnost-koga-so-denovi-chekate-odgovor-a-dobivate-pr-pamflet/ Fri, 17 Feb 2023 11:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=610125

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку марш од Владата до Собранието, денеска упатија барања за изнаоѓање системски решенија за квалитет на новинарските содржини, достоинствени плати, обезбедување услови за квалитетни и професионални новинарски продукти за традиционалните, но и за новите медиуми.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски од пред Владата образложувајќи ги барањата посочи оти е потребна имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера за обезбедување и независно функционално работење на јавниот сервис и на регулаторот.

ЗНМ и ССНМ побараа брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите, како и поддршка за колегите од внатрешноста.

За сите овие барања ЗНМ и ССНМ доставија до Владата акциски план со точки, потточки и рокови за реализација.

Стоп на негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори и политичари. Стоп за агресивниот државен ПР, што ја зема работата на новинарите. Државниот ПР ја зема работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Владата создаде најголема редакција во земјата, а државните институции и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое треба да биде, истакна Чадиковски.

Ова, како што нагласи, е најважната работа да обезбедиме демократски амбиент во кој ќе ја цементираме слободата на говорот како најсилен императив за добро функционирање на државата.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека сведоци сме дека работничките права дури и оние најосновните на медиумските работници не се почитуваат се заобиколуваат.

Мораме заедно сплотени како што сме на овој марш да продолжиме да ги бараме и да се бориме за она што ни следува според законот. Овие состојби може да се подобрат пред се само со потпишување на колективни договори со што далеку попрецизно ќе се утврдат условите за работа, како и обврските и задолженијата на двете страни. За да успееме да потпишеме колективни договори со кои еднаш за секогаш ќе кажеме стоп за анархијата, потребен дијалог, дијалог од сите и победа за сите, рече Беловски.

Тој посочи дека постои една атмосфера во јавниот дискурс во која новинарите и медиумските работници се повеќе се напаѓани, навредувани, тепани, газени, малтретирани, а тој наратив потекнува од повеќе извори, па дури и високи политички функционери си дозволуваат да навредуваат и омаловажуваат.

Сметаме дека оваа ситуација мора да сопре. Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста, односно врз правото на граѓаните да бидат информирани, рече Беловски.

Претседателот на ССНМ посочи дека една од причините за овој марш е да се даде поддршка и да се крене свеста во каква состојба се наоѓаат новинарите од внатрешноста и во какви услови работат.

Марш или протест, потреби или барања или критика. Како и да си ги поставиме прашањата, одговорите ни се јасни на сите. Задолжени надлежни за ништо, задолжени за се. Не молчевме, сте зборувале кога проникнуваше новинарството во оваа млада Република. Не замолчевме ниту кога не тепаа, малтретираа, кога не затвораа, кога ги губевме нашите работни места. Тој џин е етичкиот професионалец, тој џин е трудбеникот односно тоа сме ние денеска. Се одѕиваме под називот медиумски работници од првиот кадар, па преку острото перо па се до копчето до реализација. Поединецот кој стои зад вистината слободната мисла и јавниот интерес, додаде Беловски.

The post Владата создаде најголема редакција во земјата: Не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР-памфлет appeared first on Република.

]]>

Новинарите на марш: Новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novinarite-na-marsh-novinarstvoto-e-javno-dobro-uslovite-za-rabota-mora-da-bidat-dostoinstveni/ Fri, 17 Feb 2023 07:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=609956

Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат, а законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери и денес имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во
кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, потенцира во изјава за МИА претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, по повод денешниот марш за одбрана на новинарското достоинство, што ЗНМ го организира со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Според Чадиковски, самиот факт што денес излегуваат на протестен марш говори дека треба уште многу да се направи за да имаме достоинствено новинарство. Маршот ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на РС Македонија.

Како што објаснува претседателот на ЗНМ, целта е да упатат порака дека бараат почит кон новинарската професија и промени на подобро.

Ќе бидеме гласни, видливи и што е најважно обединети. Очекувам колегите да бидат присутни, затоа што овие прашања што ги истакнуваме не се важни само за ЗНМ или за ССНМ, важни се за сите нас, новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, важни се за граѓаните, за да не ги изневеруваме нивните очекувања, додава тој.

Според Чадиковски, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен пи-ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде.

Новинарскиот марш се организира кога Здружението одбележува 77 години постоење. Чадиковски потенцира дека е факт оти ова треба да биде заеднички труд на сите чинители, со цел да се креира амбиент за поквалитена работа на медиумските работници, но пред се носителите на јавни функции и политичарите треба да сфатат дека не смеат да не игнорираат или потценуваат. Не заради нас, туку заради граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски.

Новинарството денес не е имуно на општествените трендови. Новите дигитални медиуми стануваат се попопуларни во однос на традиционалните. Според претседателот на ЗНМ, новинарството минува низ сериозни трансформации во поседниве години кои ги диктираат новите технологии.

Нашата задача како новинари е професионалните стандарди на професијата да ги пресликаме и во новинарството кое се менува. Како здружение на новинари заедно со СЕММ го направивме „Промедиа“, регистарот на професионални он лајн медиуми, со цел фелата сама да почне да ги решава проблемите кои постојат во „онлајн“ просторот. Тие се на добар пат, и очекуваме во наредниот период саморегулацијата да заземе уште позначајно место во медиумската сфера, додава Чадиковски за МИА.

Тој е дециден дека последните избори на ЗНМ, кои се сметаат за најмасовни досега, покажуваат оти новинарството како професија има капацитет да ја подигне солидарноста меѓу новинарите на многу повисоко ниво, и постојат прашања за кои можат да се согласат. Особено, како што вели, прашањата за кои мора да постои консензус.

Со новинарството никој, најмалку политичарите, не смеат да си играат и што е уште поважно мора да се однесуваат со почит кон нас, во спротивно, ги навредуваат граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски.

Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.(МИА)

The post Новинарите на марш: Новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени appeared first on Република.

]]>

Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат, а законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери и денес имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, потенцира во изјава за МИА претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, по повод денешниот марш за одбрана на новинарското достоинство, што ЗНМ го организира со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Според Чадиковски, самиот факт што денес излегуваат на протестен марш говори дека треба уште многу да се направи за да имаме достоинствено новинарство. Маршот ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на РС Македонија. Како што објаснува претседателот на ЗНМ, целта е да упатат порака дека бараат почит кон новинарската професија и промени на подобро.
Ќе бидеме гласни, видливи и што е најважно обединети. Очекувам колегите да бидат присутни, затоа што овие прашања што ги истакнуваме не се важни само за ЗНМ или за ССНМ, важни се за сите нас, новинарите, снимателите и останатите медиумски работници, важни се за граѓаните, за да не ги изневеруваме нивните очекувања, додава тој.
Според Чадиковски, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен пи-ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, а безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде. Новинарскиот марш се организира кога Здружението одбележува 77 години постоење. Чадиковски потенцира дека е факт оти ова треба да биде заеднички труд на сите чинители, со цел да се креира амбиент за поквалитена работа на медиумските работници, но пред се носителите на јавни функции и политичарите треба да сфатат дека не смеат да не игнорираат или потценуваат. Не заради нас, туку заради граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски. Новинарството денес не е имуно на општествените трендови. Новите дигитални медиуми стануваат се попопуларни во однос на традиционалните. Според претседателот на ЗНМ, новинарството минува низ сериозни трансформации во поседниве години кои ги диктираат новите технологии.
Нашата задача како новинари е професионалните стандарди на професијата да ги пресликаме и во новинарството кое се менува. Како здружение на новинари заедно со СЕММ го направивме „Промедиа“, регистарот на професионални он лајн медиуми, со цел фелата сама да почне да ги решава проблемите кои постојат во „онлајн“ просторот. Тие се на добар пат, и очекуваме во наредниот период саморегулацијата да заземе уште позначајно место во медиумската сфера, додава Чадиковски за МИА.
Тој е дециден дека последните избори на ЗНМ, кои се сметаат за најмасовни досега, покажуваат оти новинарството како професија има капацитет да ја подигне солидарноста меѓу новинарите на многу повисоко ниво, и постојат прашања за кои можат да се согласат. Особено, како што вели, прашањата за кои мора да постои консензус.
Со новинарството никој, најмалку политичарите, не смеат да си играат и што е уште поважно мора да се однесуваат со почит кон нас, во спротивно, ги навредуваат граѓаните и јавноста која ние ја претставуваме, порачува Чадиковски.
Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.(МИА)

The post Новинарите на марш: Новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени appeared first on Република.

]]>
Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/ Wed, 25 Jan 2023 14:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=600929

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот за Клиниката „Жан Митрев“ и за докторот. Митрев, елаборирајќи го односот од страна на ИРЛ кон сите медиуми и новинари што ќе објават информација или интервју со него, посочува на непостоење на елементарното право на слобода на говор и мислење а со тоа и нарушување на Кодексот на новинари со постојани напади на независно изнесените факти и страната на Клиниката „Жан Митрев“.

Сведоци сте дека секој обид да ја прикажам мојата страна на приказната во јавност наоѓа на напади кон мене и новинарите кои ме интервјуираат или ја пренесуваат веста. Сакам да ви поставам прашање според кој етички новинарски кодекс јас не смеам да ја кажам својата страна и според која колегијалност секој новинар што ќе разговара со мене треба да се стави на јавен линч. Дали новинарите на ИРЛ се и истражители, и адвокати, и обвинители, и судии? Дали според некој кодекс нивниот збор треба да е последен и дали јас како личност немам право да комуницирам со новинари? Не го разбирам јас овој концепт на новинарство кога некој не смее да каже нешто. Нели сите сме за почитување на јавно искажаниот став без разлика каков е и за слобода на говорот. Зарем мене треба таа слобода да ми биде одземена бидејќи некој сака да ме прикаже во светло кое не е вистината. Дали јас не треба да се обидам да ја прикажам вистината? Ве прашувам Вас бидејќи најлошо е некој да се обиде да се замолчи, а во исто време да се линчува јавно без никаква причина, пишува во писмото д-р Митрев.

Со целосно разбирање за новинарската професија и истражувачкото новинарство, како што вели д-р Митрев тој отворено го поздравува секој чекор на истражувачко новинарство, но „вистинско и со јасно претставување на двете страни“. Тој во писмото до претседателот на ЗНМ, ја објаснува својата позиција во која се наоѓа и причините што доведоа до тоа.

Се соочувам со можеби најтешката криза што ја имам лично и мојата Клиника поради натписите во ИРЛ каде бев обвинет дека правам експерименти врз пациенти, дека не сум доктор, дека „заработувам“ на здравјето на луѓето. Употребени беа квалификации како „убиец“, „д-р Менгеле“ и слични зборови на омраза со кои неосновано ме етикетира во нешто што јас не сум. Работам во оваа држава со децении, се обидувам да направам најдобро што можам и искрено се обидувам да бидам максимално толерантен на сите напади. Особено бидејќи станува збор за човечки животи. Со вашиот претставник имавме комуникација кога се снимаше интервјуто на ИРЛ каде сакав само да се заштитам од вадење од контекст на моите одговори што и самиот сте свесен се случува понекогаш во некој новинарски прилог, некогаш поради временското ограничување, некогаш поради немарност. Со ИРЛ бевме договорени да се објави целосното интервју по емисијата на каналот YouTube што истото не беше испочитувано. Не барав многу од нив за да не добијам ништо, вели тој.

Д-р Митрев во писмото уште потенцира дека заради разбирање на сензитивноста на новинарската работа, ја повлече тужбата за ИРЛ, но истовремено не разбира како овој личен чин е негативен.

Не разбирам зошто додека трае процесот не смеам да се појавам во јавност? Па јас сум обвинет, не сум осуден. Дали ме осудија вашите колеги пред судот? Дали ми го одземаат зборот што имам право да го кажам? Вас ве молам за разбирање на ситуацијата во којашто се наоѓам. Не сакам да креирам дополнителни проблеми, но не сакам да останам нем за да задоволам нечии задни намери. Ќе продолжам да работам, да се борам да ја докажам вистината и Ве молам да ги заштитите Вашите колеги кои се ставени на јавен линч поради мене, го завршува писмото д-р Митрев.

The post Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? appeared first on Република.

Младен Чадиковски пак избран за претседател на ЗНМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mladen-chadikovski-pak-izbran-za-pretsedatel-na-znm/ Sat, 03 Dec 2022 18:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=581471

Младен Чадиковски денеска на редовно годишно изборно собрание повторно е избран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

По преброените гласови, тој го доби потребното мнозинство и со убедлива разлика победи пред противкандидатите Марјан Николовски и Филијана Кока.

За Чадиковски гласаа 275 членови на ЗНМ, Николовски доби 119 гласа, додека Кока 53 гласови од членовите на ЗНМ. На денешното собранието присуствуваа 465 членови на ЗНМ.

Чадиковски изјави дека пред се е среќен и задоволен што новинарите денеска се обединија.

– Денеска направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде што повеќе од 450 новинари, сниматели, медиумски работници, дојдоа демократски на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму. И особено сум среќен и задоволен што сите заедно и тие што учествуваа на ова Собрание, значи конкурентите, и УО сето она што ќе значи дел од органите на ЗНМ во иднина ќе продолжи да работи на принципите на професионалност, на правда, етика во новинарството, со намера да го засилиме и зголемиме потенцијалот на македонските новинари, сниматели и сите медиумски работници, изјави новоизбраниот претседател на ЗНМ.

Тој нагласи дека новинарите мораат да работат за граѓаните на начин што тоа ќе значи во основа да ги почитуваат сите оние стандарди и принципи.

– Меѓутоа и не само тоа, се разбира и понатаму да продолжиме со фокус на граѓаните на сето она што се нивни проблеми. Зошто, затоа што само така подобро ќе влијаеме за да ги подобориме состојбите во ова општество.  Продолжуваме посилно, подобро да работиме во наредниот период, порача Чадиковски.

Додаде дека сите идеи од колегите, новинарите од медиумските работници се добредојдени. ЗНМ, подвлече, е отворено за сите, и ќе остане така и понатаму.

The post Младен Чадиковски пак избран за претседател на ЗНМ appeared first on Република.

]]>

Младен Чадиковски денеска на редовно годишно изборно собрание повторно е избран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). По преброените гласови, тој го доби потребното мнозинство и со убедлива разлика победи пред противкандидатите Марјан Николовски и Филијана Кока. За Чадиковски гласаа 275 членови на ЗНМ, Николовски доби 119 гласа, додека Кока 53 гласови од членовите на ЗНМ. На денешното собранието присуствуваа 465 членови на ЗНМ. Чадиковски изјави дека пред се е среќен и задоволен што новинарите денеска се обединија.
– Денеска направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде што повеќе од 450 новинари, сниматели, медиумски работници, дојдоа демократски на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму. И особено сум среќен и задоволен што сите заедно и тие што учествуваа на ова Собрание, значи конкурентите, и УО сето она што ќе значи дел од органите на ЗНМ во иднина ќе продолжи да работи на принципите на професионалност, на правда, етика во новинарството, со намера да го засилиме и зголемиме потенцијалот на македонските новинари, сниматели и сите медиумски работници, изјави новоизбраниот претседател на ЗНМ.
Тој нагласи дека новинарите мораат да работат за граѓаните на начин што тоа ќе значи во основа да ги почитуваат сите оние стандарди и принципи. – Меѓутоа и не само тоа, се разбира и понатаму да продолжиме со фокус на граѓаните на сето она што се нивни проблеми. Зошто, затоа што само така подобро ќе влијаеме за да ги подобориме состојбите во ова општество.  Продолжуваме посилно, подобро да работиме во наредниот период, порача Чадиковски. Додаде дека сите идеи од колегите, новинарите од медиумските работници се добредојдени. ЗНМ, подвлече, е отворено за сите, и ќе остане така и понатаму.

The post Младен Чадиковски пак избран за претседател на ЗНМ appeared first on Република.

]]>
Чадиковски е против „новинарски туризам“ на државна сметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chadikovski-e-protiv-novinarski-turizam-na-drzavna-smetka/ Wed, 25 May 2022 10:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=506707

Ние сме против тоа приватни медиуми да се носат на настани на државна сметка, вели за Плусинфо, претседателот на Здружението на новинарите во Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски.

Откако во јавноста беше обелоденето дека на меѓувладината седница во Софија, сметката за пат и за сместување на 34 новинари, сниматели и фоторепортери ја платила Владата на Република Македонија, Чадиковски е дециден дека тоа не смее да се повтори.

– Ако ја следиме логиката на пазарот, тогаш медиумите сами решаваат што ќе следат, каде ќе патуваат нивните новинари и потоа самите ќе си платат за тоа – вели првиот човек на ЗНМ.

Што се однесува до патувањето во Рим каде премиерот Димитар Ковачевски чествуваше на гробот на Св. Кирил и Методиј, за што покана добија само одредени медиуми, Чадиковски вели дека тоа е очигледен пример на фаворизирање.

– Што се однесува до Рим, тука имаме случај на фаворизирање на медиуми. Сепак, ставот на ЗНМ е дека не смее да се носат новинари од приватни медиуми на државна сметка – додава тој.

The post Чадиковски е против „новинарски туризам“ на државна сметка appeared first on Република.

]]>

Ние сме против тоа приватни медиуми да се носат на настани на државна сметка, вели за Плусинфо, претседателот на Здружението на новинарите во Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски. Откако во јавноста беше обелоденето дека на меѓувладината седница во Софија, сметката за пат и за сместување на 34 новинари, сниматели и фоторепортери ја платила Владата на Република Македонија, Чадиковски е дециден дека тоа не смее да се повтори.