млад кромид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mlad-kromid/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 12:20:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млад кромид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mlad-kromid/ 32 32 Солена пита со јајца и млад кромид https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/solena-pita-so-jajtsa-i-mlad-kromid/ Fri, 10 May 2024 12:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=776804

Солена пита со јајца и млад кромид може да направите со варени јајца доколку ви останале од Велигден.

250 гр пченично брашно
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
4 јајца (за тестото)
2-3 варени јајца
100 мл масло
200 мл млеко или кисела вода
1 млад кромид, ситно сецкан
Сол
Црн пипер
Подготовка: Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Додадете 4 свежи јајца, масло и млеко или кисела вода. Сè убаво измешајте со миксер или рачна маталка додека не добиете мазно тесто со слична густина како за палачинки. Во посебен сад измешајте ги ситно сечканите варени јајца со сечканиот млад кромид. Зачинете со сол и бибер по вкус. Во тестото додајте го подготвениот фил со јајца и млад кромид и нежно измешајте за рамномерно да се распоредат состојките. Загрејте ја рерната на 180°C. Лесно намачкајте го плехот за печење со путер или масло, па истурете ја смесата. Се пече во загреана рерна околу 30-40 минути или додека питата не добие златно-кафеава кора. Печената пита извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади пред да ја исечете.
5

The post Солена пита со јајца и млад кромид appeared first on Република.

]]>

Солена пита со јајца и млад кромид може да направите со варени јајца доколку ви останале од Велигден. 250 гр пченично брашно 1/2 лажичка сол 1 лажичка прашок за печиво 4 јајца (за тестото) 2-3 варени јајца 100 мл масло 200 мл млеко или кисела вода 1 млад кромид, ситно сецкан Сол Црн пипер Подготовка: Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Додадете 4 свежи јајца, масло и млеко или кисела вода. Сè убаво измешајте со миксер или рачна маталка додека не добиете мазно тесто со слична густина како за палачинки. Во посебен сад измешајте ги ситно сечканите варени јајца со сечканиот млад кромид. Зачинете со сол и бибер по вкус. Во тестото додајте го подготвениот фил со јајца и млад кромид и нежно измешајте за рамномерно да се распоредат состојките. Загрејте ја рерната на 180°C. Лесно намачкајте го плехот за печење со путер или масло, па истурете ја смесата. Се пече во загреана рерна околу 30-40 минути или додека питата не добие златно-кафеава кора. Печената пита извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади пред да ја исечете. 5

The post Солена пита со јајца и млад кромид appeared first on Република.

]]>
Зошто е добро да се јаде млад кромид? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/zoshto-e-dobro-da-se-jade-mlad-kromid/ Sat, 24 Feb 2024 16:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=747896

Со оглед на тоа дека на пазарите веќе можете да најдете млад кромид, вреди да се истакнат низа здравствени придобивки што ги носи на организмот. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во спречување на разни болести, како и со сулфур, бакар, фосфор, калиум, магнезиум, калциум и манган. Може да се подготви на различни начини, но најдобро е да се јаде свеж заедно со долгите зелени листови. Меѓу бројните здравствени придобивки се издвојуваат следните.

Спречува настинки и грип

Бидејќи има антибактериски и антивирусни својства, тој е одличен лек за лекување на вирусни инфекции и грип.

Помага во варењето

Можете да консумирате млад кромид редовно за да ја зголемите брзината на варењето ако страдате од екстремни дигестивни проблеми како гастритис, киселост, запек и други нарушувања.

Кромидот содржи влакна кои помагаат во движењето на столицата. Ги лекува отечените црева и го прави вашиот дигестивен систем активен. Луѓето со дигестивни проблеми треба да консумираат 20-30 грама млад кромид два пати на ден, еднаш наутро и еднаш навечер.

Го намалува нивото на шеќер во крвта

Истражувањата покажаа дека сулфурните соединенија присутни во младиот кромид го намалуваат нивото на шеќер во крвта со зголемување на нивото на инсулин. Инсулинот е неопходен за транспорт на шеќер од крвотокот до клетките на телото.

Добар е за очите

Покрај каротеноидите како лутеин и зеаксантин, младиот кромид содржи витамин А, кој игра витална улога во одржувањето на нормалниот вид и одржувањето на очите здрави и силни. Се бори и со макуларна дегенерација, состојба која резултира со губење на видот и ги штити очите од воспаление.

Го одржува вашето срце здраво

Присуството на антиоксиданси во кромидот помага да се спречи оштетување на ДНК и клеточно ткиво со инхибиција на дејството на слободните радикали. Витаминот Ц помага во намалување на високиот холестерол и крвниот притисок во телото, што го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Сулфурните соединенија присутни во кромидот, исто така, помагаат да се намали ризикот од коронарна срцева болест.

The post Зошто е добро да се јаде млад кромид? appeared first on Република.

]]>

Со оглед на тоа дека на пазарите веќе можете да најдете млад кромид, вреди да се истакнат низа здравствени придобивки што ги носи на организмот. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во спречување на разни болести, како и со сулфур, бакар, фосфор, калиум, магнезиум, калциум и манган. Може да се подготви на различни начини, но најдобро е да се јаде свеж заедно со долгите зелени листови. Меѓу бројните здравствени придобивки се издвојуваат следните. Спречува настинки и грип Бидејќи има антибактериски и антивирусни својства, тој е одличен лек за лекување на вирусни инфекции и грип. Помага во варењето Можете да консумирате млад кромид редовно за да ја зголемите брзината на варењето ако страдате од екстремни дигестивни проблеми како гастритис, киселост, запек и други нарушувања. Кромидот содржи влакна кои помагаат во движењето на столицата. Ги лекува отечените црева и го прави вашиот дигестивен систем активен. Луѓето со дигестивни проблеми треба да консумираат 20-30 грама млад кромид два пати на ден, еднаш наутро и еднаш навечер. Го намалува нивото на шеќер во крвта Истражувањата покажаа дека сулфурните соединенија присутни во младиот кромид го намалуваат нивото на шеќер во крвта со зголемување на нивото на инсулин. Инсулинот е неопходен за транспорт на шеќер од крвотокот до клетките на телото. Добар е за очите Покрај каротеноидите како лутеин и зеаксантин, младиот кромид содржи витамин А, кој игра витална улога во одржувањето на нормалниот вид и одржувањето на очите здрави и силни. Се бори и со макуларна дегенерација, состојба која резултира со губење на видот и ги штити очите од воспаление. Го одржува вашето срце здраво Присуството на антиоксиданси во кромидот помага да се спречи оштетување на ДНК и клеточно ткиво со инхибиција на дејството на слободните радикали. Витаминот Ц помага во намалување на високиот холестерол и крвниот притисок во телото, што го намалува ризикот од срцеви заболувања. Сулфурните соединенија присутни во кромидот, исто така, помагаат да се намали ризикот од коронарна срцева болест.

The post Зошто е добро да се јаде млад кромид? appeared first on Република.

]]>
Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jademe-gubre-pushteni-vo-prodazhba-mlad-kromid-i-piperki-so-pestitsidi/ Tue, 30 May 2023 10:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=646104

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/

Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во  Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.

Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година. Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година, објави Трипуновски додавајќи дека овие четири документи се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен.

И наместо веднаш да се реагира, посочува Трипуновски, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.

Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна? Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас. Одговорност за ова мора да има!, порача Трипуновски.

https://youtu.be/8iN_1w81Mts

The post Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди appeared first on Република.

]]>

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/ Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во  Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.
Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година. Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година, објави Трипуновски додавајќи дека овие четири документи се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен.
И наместо веднаш да се реагира, посочува Трипуновски, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.
Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна? Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас. Одговорност за ова мора да има!, порача Трипуновски.
https://youtu.be/8iN_1w81Mts

The post Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди appeared first on Република.

]]>
Нутриционистка објаснува кој треба, а кој не треба да јадe млад кромид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nutritsionistka-objasnuva-koj-treba-a-koj-ne-treba-da-jade-mlad-kromid/ Mon, 20 Mar 2023 14:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=621636

Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести.

Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото.

Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само поради мирисот што после излегува од устата.

Малку или воопошто не треба да јадете млад кромид ако имате чувствителен стомак или желудник, ако страдате од гастритис или имате киселини. Како и да е, тоа не значи дека воопшто не треба да се јаде, но неопходно е да се внесат онолку колку што му годи на вашиот организам, вели Нефедова.

Таа советува и дека за да останет свеж и да не ги изгуби своите корисни својства, неопходно е младиот кромид да се чува во фрижидер и тоа стебленцата да не се прилепени едно до друго, за да се избегне гниењето.

The post Нутриционистка објаснува кој треба, а кој не треба да јадe млад кромид appeared first on Република.

]]>

Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести. Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото. Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само поради мирисот што после излегува од устата.