мкарта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mkarta/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Aug 2023 08:28:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мкарта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mkarta/ 32 32 МНР: Проектот МКАРТА се проширува со нови 68 претставници на дијаспоратa https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-proektot-mkarta-se-proshiruva-so-novi-68-pretstavnitsi-na-dijasporata/ Sun, 06 Aug 2023 08:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=669178

Две години по иницијалното промовирање од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, листата на носители на МКАРТА се проширува со вкупно 68 претставници на дијаспората по потекло од Република Македонија.

Министерството за надворешни работи во мај оваа година упати јавен повик за пренесување на интересот за вклучување во проектот МКАРТА до целата дијаспората, а меѓу новите имиња вклучени во проектот има научници и истражувачи, универзитетски професори, аналитичари во различни области, главни уредници на изданија на нашата дијаспора, лекари-специјалисти, директори на врвни клиники, уметници, бизнисмени, директори во врвни светски компании, спортски тренер, врвен светски гастроном, млад книжевник и многу други.

Проектот МКАРТА, како што велат од МНР, е замислен како мрежа на истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу Македонија и новите средини во кои живеат, дале придонес во унапредувањето на односот и соработката на нашата држава со дијаспората, како и покажале исклучителен успех на професионален план.

Покрај симболичното признавање на нивниот исклучителен труд, со проектот се зацврстува врската на овие истакнати личности со државата и отвора можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Македонија, потенцираат од МНР.

The post МНР: Проектот МКАРТА се проширува со нови 68 претставници на дијаспоратa appeared first on Република.

]]>

Две години по иницијалното промовирање од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, листата на носители на МКАРТА се проширува со вкупно 68 претставници на дијаспората по потекло од Република Македонија. Министерството за надворешни работи во мај оваа година упати јавен повик за пренесување на интересот за вклучување во проектот МКАРТА до целата дијаспората, а меѓу новите имиња вклучени во проектот има научници и истражувачи, универзитетски професори, аналитичари во различни области, главни уредници на изданија на нашата дијаспора, лекари-специјалисти, директори на врвни клиники, уметници, бизнисмени, директори во врвни светски компании, спортски тренер, врвен светски гастроном, млад книжевник и многу други. Проектот МКАРТА, како што велат од МНР, е замислен како мрежа на истакнати поединци на дијаспората во странство, кои со својот ангажман и континуирани напори дале значаен придонес во унапредувањето на пријателството, партнерството и блиската соработка помеѓу Македонија и новите средини во кои живеат, дале придонес во унапредувањето на односот и соработката на нашата држава со дијаспората, како и покажале исклучителен успех на професионален план. Покрај симболичното признавање на нивниот исклучителен труд, со проектот се зацврстува врската на овие истакнати личности со државата и отвора можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Македонија, потенцираат од МНР.

The post МНР: Проектот МКАРТА се проширува со нови 68 претставници на дијаспоратa appeared first on Република.

]]>
МНР со јавен повик за пројавување интерес за вклучување во проектот МКАРТА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-javen-povik-za-projavuvane-interes-za-vkluchuvane-vo-proektot-mkarta/ Mon, 15 May 2023 07:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=640846

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.

Сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција.

Инаку проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка.

The post МНР со јавен повик за пројавување интерес за вклучување во проектот МКАРТА appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година. Сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција. Инаку проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка.

The post МНР со јавен повик за пројавување интерес за вклучување во проектот МКАРТА appeared first on Република.

]]>
Османи: Забрзан премин за носителите на МКарта при нивното доаѓање во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-zabrzan-premin-za-nositelite-na-mkarta-pri-nivnoto-doagane-vo-zemjava/ Mon, 02 Jan 2023 13:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=592792

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат fast-track на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата.

Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Македонија во странство.

Претставувајќи ја погодноста Османи нагласи: „Проектот МКарта преставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Македонија. Забрзаниот премин на нашите аеродроми, кое се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава”.

Додаде дека меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници итн., за кои имаме желба и интерес да бидат дел од нашиот севкупен развој и општествени процеси.

Уште при претставување на проектот МКарта, беше најавено дека во соработка со другите институции, ќе се работи на дефинирање на симболични поволности, како што е слободен влез на културни настани, музеи и галерии, во блиска соработка со Министерството за култура, но и денешното лансирање на забрзан премин на аеродромите во Скопје и Охрид.

Дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство се задолжени да ги детектираат таквите поединци, а изборот кој ќе биде носител на МКарта се реализира во строго предвидена процедура. Досега таква можност добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората.

The post Османи: Забрзан премин за носителите на МКарта при нивното доаѓање во земјава appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат fast-track на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата. Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Македонија во странство. Претставувајќи ја погодноста Османи нагласи: „Проектот МКарта преставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Македонија. Забрзаниот премин на нашите аеродроми, кое се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава”. Додаде дека меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници итн., за кои имаме желба и интерес да бидат дел од нашиот севкупен развој и општествени процеси. Уште при претставување на проектот МКарта, беше најавено дека во соработка со другите институции, ќе се работи на дефинирање на симболични поволности, како што е слободен влез на културни настани, музеи и галерии, во блиска соработка со Министерството за култура, но и денешното лансирање на забрзан премин на аеродромите во Скопје и Охрид. Дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство се задолжени да ги детектираат таквите поединци, а изборот кој ќе биде носител на МКарта се реализира во строго предвидена процедура. Досега таква можност добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората.

The post Османи: Забрзан премин за носителите на МКарта при нивното доаѓање во земјава appeared first on Република.

]]>