мјузикл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mjuzikl/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 08:13:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мјузикл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mjuzikl/ 32 32 Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/prv-festival-na-detski-mjuzikli-vo-mkts/ Tue, 04 Jun 2024 08:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=784561

На сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје вечер и утре ќе биде одржан првиот фестивал на детски мјузикли. Детскиот културен центар „Карпош“ соопшти дека ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.

Вечер ќе биде изведена „Приказната за генијалната Матилда“, на македонски јазик од членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје, а утре „Кралот Лав“ од ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје изведба на англиски јазик.

Уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова. Главен покровител е Град Скопје, а организатор Детскиот културен центар – Карпош.

Изведбите започнуваат во 19.00 часот на двата дена во Кино Фросина при МКЦ. Онлајн билетите се достапни на веб-страницата на МКЦ.

The post Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ appeared first on Република.

]]>

На сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје вечер и утре ќе биде одржан првиот фестивал на детски мјузикли. Детскиот културен центар „Карпош“ соопшти дека ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.
Вечер ќе биде изведена „Приказната за генијалната Матилда“, на македонски јазик од членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје, а утре „Кралот Лав“ од ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје изведба на англиски јазик.
Уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова. Главен покровител е Град Скопје, а организатор Детскиот културен центар – Карпош. Изведбите започнуваат во 19.00 часот на двата дена во Кино Фросина при МКЦ. Онлајн билетите се достапни на веб-страницата на МКЦ.

The post Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Мјузиклот „Веселите девојки“ на 23 и 24 март во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/mjuziklot-veselite-devojki-na-23-i-24-mart-vo-filharmonija/ Tue, 19 Mar 2024 11:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=746001

Закажана е втора претстава на мјузиклот „Веселите девојки“ и тоа на 24-ти март во Македонска филхармонија, откако првата претстава на 23-ти се распродаде. Тијана Дапчевиќ ја игра една од главните улоги, а заедно со неа, на сцената во Филхармонија ќе застанат и Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Популарните дами на шеговит начин ќе ја забавуваат македонската публика, а освен со фантастичната глума и хумор, до срцата на сите присутни ќе се обидат да допрат и со изведба на најголемите хитови. Она што ја прави оваа претстава интересна за двете страни е интеракцијата со публиката. “Мозокот“, односно режисерот на урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен е Раде Вукотиќ, а мјузиклот досега е одигран повеќе од 70 пати.

Да потсетиме, претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на моминска вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат - приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

The post Мјузиклот „Веселите девојки“ на 23 и 24 март во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Закажана е втора претстава на мјузиклот „Веселите девојки“ и тоа на 24-ти март во Македонска филхармонија, откако првата претстава на 23-ти се распродаде. Тијана Дапчевиќ ја игра една од главните улоги, а заедно со неа, на сцената во Филхармонија ќе застанат и Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ. Популарните дами на шеговит начин ќе ја забавуваат македонската публика, а освен со фантастичната глума и хумор, до срцата на сите присутни ќе се обидат да допрат и со изведба на најголемите хитови. Она што ја прави оваа претстава интересна за двете страни е интеракцијата со публиката. “Мозокот“, односно режисерот на урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен е Раде Вукотиќ, а мјузиклот досега е одигран повеќе од 70 пати. Да потсетиме, претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на моминска вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат - приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

The post Мјузиклот „Веселите девојки“ на 23 и 24 март во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија гостува во Белград со мјузиклот „Боливуд“ на режисерката Наташа Поплавска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-gostuva-vo-belgrad-so-mjuziklot-bolivud-na-rezhiserkata-natasha-poplavska/ Mon, 27 Nov 2023 07:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=716506

Националната установа Театар Комедија од Скопје, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, оствари соработка со Народно позориште од Белград, каде што ќе гостува со мјузиклот „Боливуд“ од Маја Пелевиќ, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ќе се одигра на 5 декември, на сцената „Раша Плаовиќ“, со почеток во 20:30 часот. Со ова гостување Театар Комедија започнува културна соработка со Народно позориште од Белград, а следната година се очекува нивно гостување на сцената на Театар Комедија, со што се поттикнува иницијативата „Отворен Балкан“ и воспоставувањето идни културни соработки помеѓу Македонија и Србија.

„Боливуд“ е првиот мјузикл на Театар Комедија, работен по текст и сонгови на српската писателка Маја Пелевиќ, чијашто премиерна изведба се одржа во ноември 2019 година. Драмскиот текст „Боливуд“ е настанат во 2018 година и е инспириран од патувањето на авторката во Северна Кореја, а во истата година, Пелевиќ го поставува на сцената на Народно позориште во Белград. Една година подоцна, македонската режисерка Наташа Поплавска, инспирирана од делото, го поставува мјузиклот „Боливуд“ на Маја Пелевиќ како дел од годишната програма на Театар Комедија. За изборот на текстот и мотивот за негово поставување на македонската сцена, Поплавска своевремено изјавува: „Боливуд, како индустрија за забава и среќа, станува место за подем на солидарноста и хармонијата, вредности кои ги имаме заборавено во пост-комунистичкиот период, транзицијата и апсурдното време во кое живееме. Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретско-боливудска форма која допира до нашите блиски колективни мемории“. „Боливуд“ е четврти мјузикл на Наташа Поплавска и прв на матичната сцена во Театар Комедија, по претходните исклучително успешни поставки на лиценцираните мјузикли: „Кабаре“ во 2006, „Чикаго“ во 2015 година и „Мама миа!“ во 2017 година.
Во двомесечната подготовка на „Боливуд“ е вклучен голем тим од професионалци, и тоа: Наташа Илиевска, преведувачка на текстот и сонговите, заедно со режисерката Поплавска, која се јавува и како костимограф и кореограф, композиторот Огнен Анастасовски – автор на музиката, Емил Петров – сценограф и видео аниматор, Милчо Александров – дизајнер на светло, Бојан Угриновски и Томи Анчов – дизјанери на звук и Сара Пројковска и Ана Костадиновска – вокални корепетитори.

Во мјузиклот играат актерите: Жаклина Стевковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Ова е второ гостување на „Боливуд“ надвор од границите на Македонија, по гостувањето на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, на 29 ноември 2021 година.

The post Театар Комедија гостува во Белград со мјузиклот „Боливуд“ на режисерката Наташа Поплавска appeared first on Република.

]]>

Националната установа Театар Комедија од Скопје, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, оствари соработка со Народно позориште од Белград, каде што ќе гостува со мјузиклот „Боливуд“ од Маја Пелевиќ, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ќе се одигра на 5 декември, на сцената „Раша Плаовиќ“, со почеток во 20:30 часот. Со ова гостување Театар Комедија започнува културна соработка со Народно позориште од Белград, а следната година се очекува нивно гостување на сцената на Театар Комедија, со што се поттикнува иницијативата „Отворен Балкан“ и воспоставувањето идни културни соработки помеѓу Македонија и Србија. „Боливуд“ е првиот мјузикл на Театар Комедија, работен по текст и сонгови на српската писателка Маја Пелевиќ, чијашто премиерна изведба се одржа во ноември 2019 година. Драмскиот текст „Боливуд“ е настанат во 2018 година и е инспириран од патувањето на авторката во Северна Кореја, а во истата година, Пелевиќ го поставува на сцената на Народно позориште во Белград. Една година подоцна, македонската режисерка Наташа Поплавска, инспирирана од делото, го поставува мјузиклот „Боливуд“ на Маја Пелевиќ како дел од годишната програма на Театар Комедија. За изборот на текстот и мотивот за негово поставување на македонската сцена, Поплавска своевремено изјавува: „Боливуд, како индустрија за забава и среќа, станува место за подем на солидарноста и хармонијата, вредности кои ги имаме заборавено во пост-комунистичкиот период, транзицијата и апсурдното време во кое живееме. Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретско-боливудска форма која допира до нашите блиски колективни мемории“. „Боливуд“ е четврти мјузикл на Наташа Поплавска и прв на матичната сцена во Театар Комедија, по претходните исклучително успешни поставки на лиценцираните мјузикли: „Кабаре“ во 2006, „Чикаго“ во 2015 година и „Мама миа!“ во 2017 година. Во двомесечната подготовка на „Боливуд“ е вклучен голем тим од професионалци, и тоа: Наташа Илиевска, преведувачка на текстот и сонговите, заедно со режисерката Поплавска, која се јавува и како костимограф и кореограф, композиторот Огнен Анастасовски – автор на музиката, Емил Петров – сценограф и видео аниматор, Милчо Александров – дизајнер на светло, Бојан Угриновски и Томи Анчов – дизјанери на звук и Сара Пројковска и Ана Костадиновска – вокални корепетитори. Во мјузиклот играат актерите: Жаклина Стевковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски. Ова е второ гостување на „Боливуд“ надвор од границите на Македонија, по гостувањето на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, на 29 ноември 2021 година.

The post Театар Комедија гостува во Белград со мјузиклот „Боливуд“ на режисерката Наташа Поплавска appeared first on Република.

]]>
Премиера на мјузикл за Мајкл Џексон на Бродвеј https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/premiera-na-mjuzikl-za-majkl-dzekson-na-brodvej/ Fri, 04 Feb 2022 14:13:19 +0000 https://republika.mk/?p=454273

Децата на Мајкл Џексон, Парис (23), Принс (24) и Бленкет (19), со своето присуство на премиерата во њујоршкиот театар „Нил Сајмон“, го поддржаа бродвејското шоу посветено на нивниот татко.
Новата претстава го следи животот на кралот на поп-музиката, кого го глуми новодојденецот на Бродвеј, Мајлс Фрост, додека се подготвува да ја почне својата сега веќе легендарна светска турнеја „Дејнџероус“, која траеше од 1992 до 1993 година, а на која заработи 140 милиони долари од 69 концерти.
И покрај тоа што навести дека ќе се откаже од турнејата, Џексон реши да го следи објавувањето на својот четврти соло-албум со серија концерти, за да собере средства за неговата фондација „Хил д ворлд“.
Пејачот ја основа добротворната организација во 1992 година, за да обезбеди лекови за децата и да се бори против гладот во светот, како и против бездомништвото, експлоатацијата на децата, како и нивната физичка и сексуална злоупотреба, а целиот профит од турнејата го донира во фондацијата.

The post Премиера на мјузикл за Мајкл Џексон на Бродвеј appeared first on Република.

]]>

Децата на Мајкл Џексон, Парис (23), Принс (24) и Бленкет (19), со своето присуство на премиерата во њујоршкиот театар „Нил Сајмон“, го поддржаа бродвејското шоу посветено на нивниот татко. Новата претстава го следи животот на кралот на поп-музиката, кого го глуми новодојденецот на Бродвеј, Мајлс Фрост, додека се подготвува да ја почне својата сега веќе легендарна светска турнеја „Дејнџероус“, која траеше од 1992 до 1993 година, а на која заработи 140 милиони долари од 69 концерти. И покрај тоа што навести дека ќе се откаже од турнејата, Џексон реши да го следи објавувањето на својот четврти соло-албум со серија концерти, за да собере средства за неговата фондација „Хил д ворлд“. Пејачот ја основа добротворната организација во 1992 година, за да обезбеди лекови за децата и да се бори против гладот во светот, како и против бездомништвото, експлоатацијата на децата, како и нивната физичка и сексуална злоупотреба, а целиот профит од турнејата го донира во фондацијата.

The post Премиера на мјузикл за Мајкл Џексон на Бродвеј appeared first on Република.

]]>