мја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mja/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 13:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mja/ 32 32 Минчев: Балансерот ќе биде укинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/43-od-vrabotenite-vo-mja-se-od-etnichkite-zaednitsi/ Fri, 12 Jul 2024 21:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=796189

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби.

Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија.

Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.

Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво, објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Минчев: Балансерот ќе биде укинат appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби. Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија. Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.