Митровица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitrovica/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 18:11:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Митровица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitrovica/ 32 32 Амбасадорот на Германија во Косово: Во моментов не може да стане збор за отворање на мостот на Ибар во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorot-na-germanija-vo-kosovo-vo-momentov-ne-mozhe-da-stane-zbor-za-otvorane-na-mostot-na-ibar-vo-mitrovitsa/ Sat, 24 Aug 2024 19:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=809830

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, го повтори ставот на неговата држава во однос на мостот на реката Ибар во Митровица, оценувајќи дека сегашната безбедносна ситуација не оди во прилог на отворање на мостот кој го дели градот на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со српско мнозинство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за јавната косовска телевизија, РТК, Роде изјави дека, иако постои договор постигнат пред извесно време за отворање на мостот, постои ризик од тензии доколку тоа се направи во овој момент.

Со Владата на Косово бевме многу јасни. Секако дека и ние имаме исти цели како и Владата, сите минати договори да се спроведат. А, има уште една одлука од овие договори која мора да се спроведе и тоа е постигнатиот договор за отворање на мостот на реката Ибар. Но, времето не е сега, знаете, постои ризик од тензија таму“, рече Роде.

Германскиот амбасадор додаде дека се потребни консултации меѓу Владата на Косово и Западот и дека мостот на Ибар може да се отвори само кога ќе се оцени дека има сигурносни услови тоа да се случи.

Сега мора да има процес, мора да има консултации, но во моментов не станува збор за отворање. Ова ѝ го соопштивме на Владата. Јасно ми е дека мостот треба да се отвори, но потребен ни е дијалог меѓу Владата и Западот, оценката на моменталната безбедносна состојба јасно покажува дека не е време да се отвори мостот. Се додека мислиме дека не е вистинскиот момент да се отвори мостот, мора да останеме во сегашната ситуација“, изјави Роде.

Ден претходно германскиот дипломат се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти. Според соопштението на Владата, „на средбата се разговарало за билатералните односи, соработката во развојни проекти меѓу Република Косово и Германија, како и за актуелните случувања и теми во земјата“.

Во втората недела од август, косовските власти започнаа со тестирање на мостот како дел од планот тој да се отвори за сообраќај на возила, освен за пешаци, како што е моментно. На планот се спротивставија земјите сојузнички на Косово, меѓу кои САД, Германија и други. По реакциите, Курти рече дека разговорите и координациите за ова прашање ќе продолжат.

The post Амбасадорот на Германија во Косово: Во моментов не може да стане збор за отворање на мостот на Ибар во Митровица appeared first on Република.

]]>

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, го повтори ставот на неговата држава во однос на мостот на реката Ибар во Митровица, оценувајќи дека сегашната безбедносна ситуација не оди во прилог на отворање на мостот кој го дели градот на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со српско мнозинство, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за јавната косовска телевизија, РТК, Роде изјави дека, иако постои договор постигнат пред извесно време за отворање на мостот, постои ризик од тензии доколку тоа се направи во овој момент.
Со Владата на Косово бевме многу јасни. Секако дека и ние имаме исти цели како и Владата, сите минати договори да се спроведат. А, има уште една одлука од овие договори која мора да се спроведе и тоа е постигнатиот договор за отворање на мостот на реката Ибар. Но, времето не е сега, знаете, постои ризик од тензија таму“, рече Роде.
Германскиот амбасадор додаде дека се потребни консултации меѓу Владата на Косово и Западот и дека мостот на Ибар може да се отвори само кога ќе се оцени дека има сигурносни услови тоа да се случи.
Сега мора да има процес, мора да има консултации, но во моментов не станува збор за отворање. Ова ѝ го соопштивме на Владата. Јасно ми е дека мостот треба да се отвори, но потребен ни е дијалог меѓу Владата и Западот, оценката на моменталната безбедносна состојба јасно покажува дека не е време да се отвори мостот. Се додека мислиме дека не е вистинскиот момент да се отвори мостот, мора да останеме во сегашната ситуација“, изјави Роде.
Ден претходно германскиот дипломат се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти. Според соопштението на Владата, „на средбата се разговарало за билатералните односи, соработката во развојни проекти меѓу Република Косово и Германија, како и за актуелните случувања и теми во земјата“. Во втората недела од август, косовските власти започнаа со тестирање на мостот како дел од планот тој да се отвори за сообраќај на возила, освен за пешаци, како што е моментно. На планот се спротивставија земјите сојузнички на Косово, меѓу кои САД, Германија и други. По реакциите, Курти рече дека разговорите и координациите за ова прашање ќе продолжат.

The post Амбасадорот на Германија во Косово: Во моментов не може да стане збор за отворање на мостот на Ибар во Митровица appeared first on Република.

]]>
Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/protest-na-kosovskite-srbi-vo-severna-mitrovitsa-protiv-zabranata-na-dinarot/ Mon, 12 Feb 2024 08:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=743031

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово.

-Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ.

Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“.

На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.

The post Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот appeared first on Република.

]]>

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово. -Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ. Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“. На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.

The post Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот appeared first on Република.

]]>
Експлозија на рачна граната во северниот дел на Косовска Митровица, нема повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eksplozija-na-rachna-granata-vo-severniot-del-na-kosovska-mitrovitsa-nema-povredeni/ Sun, 26 Nov 2023 10:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=716324

Во раните утрински часови во северниот дел на Косовска Митровица активирана е рачна бомба од чија експлозија е причинета материјална штета на прозорец од куќа, но повредени нема.

Случајот е отворен како „предизвикување општа опасност“. Инцидентот го потврди и заменик полицискиот командир за северниот регион Ветон Елшани.

Се сомнева дека околу 01 часот по полноќ експлодирала рачна бомба на улицата „Цар Душан“ во Северна Митровица. Има мала материјална штета на прозорците од куќата. Нема повредени, изјави Елшани за медиумите.

На местото на настанот пристигнале надлежни полициски единици.

The post Експлозија на рачна граната во северниот дел на Косовска Митровица, нема повредени appeared first on Република.

]]>

Во раните утрински часови во северниот дел на Косовска Митровица активирана е рачна бомба од чија експлозија е причинета материјална штета на прозорец од куќа, но повредени нема. Случајот е отворен како „предизвикување општа опасност“. Инцидентот го потврди и заменик полицискиот командир за северниот регион Ветон Елшани. Се сомнева дека околу 01 часот по полноќ експлодирала рачна бомба на улицата „Цар Душан“ во Северна Митровица. Има мала материјална штета на прозорците од куќата. Нема повредени, изјави Елшани за медиумите. На местото на настанот пристигнале надлежни полициски единици.

The post Експлозија на рачна граната во северниот дел на Косовска Митровица, нема повредени appeared first on Република.

]]>
Албанци во Митровица преораа српски гробови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albantsi-vo-mitrovitsa-preoraa-srpski-grobovi/ Wed, 25 Oct 2023 11:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=694886

Во близина на црквата Свети Димитриј во Северна Митровица, со тешка механизација беше ископан пат низ стари српски гробишта.

Гробиштата  датираат од периодот од 1912 до 1945 година, биле ископани на местата каде што се наоѓале спомениците, па на некои делови може да се видат дури и посмртните останки на покојниците кои биле погребани таму.

Патот бил изграден само за потребите на Албанец чија куќа требало да се реновира.

 

https://www.youtube.com/watch?v=zsk__WTtPxY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Албанци во Митровица преораа српски гробови appeared first on Република.

]]>

Во близина на црквата Свети Димитриј во Северна Митровица, со тешка механизација беше ископан пат низ стари српски гробишта. Гробиштата  датираат од периодот од 1912 до 1945 година, биле ископани на местата каде што се наоѓале спомениците, па на некои делови може да се видат дури и посмртните останки на покојниците кои биле погребани таму. Патот бил изграден само за потребите на Албанец чија куќа требало да се реновира.   https://www.youtube.com/watch?v=zsk__WTtPxY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Албанци во Митровица преораа српски гробови appeared first on Република.

]]>
Што се случува на Косово: Детонации од топовски истрели на северот во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shto-se-sluchuva-na-kosovo-detonacii-od-topovski-istreli-na-severot-vo-mitrovica/ Tue, 06 Dec 2022 18:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=582679

Детонации од топовски истрели се слушнаа денеска во Косовска Митровица. Сирени се слушнале откако рано денеска службеници на Централната изборна комисија, придружувани од косовската полиција, упаднале во зградата на општина Зубин Поток.

Членови на општинската изборна комисија претходно во Северна Митровица, заедно со косовските специјалци, упаднале во просториите што ги користела Централната изборна комисија на Косово за време на претходните избори, пренесува Нова.рс.

Медиумите јавуваат дека сирени се слушнале и во Лепосавиќ.  Изборите треба да се одржат на 18 декември по излегувањето на Србите од косовските институции.

 

The post Што се случува на Косово: Детонации од топовски истрели на северот во Митровица appeared first on Република.

]]>

Детонации од топовски истрели се слушнаа денеска во Косовска Митровица. Сирени се слушнале откако рано денеска службеници на Централната изборна комисија, придружувани од косовската полиција, упаднале во зградата на општина Зубин Поток. Членови на општинската изборна комисија претходно во Северна Митровица, заедно со косовските специјалци, упаднале во просториите што ги користела Централната изборна комисија на Косово за време на претходните избори, пренесува Нова.рс. Медиумите јавуваат дека сирени се слушнале и во Лепосавиќ.  Изборите треба да се одржат на 18 декември по излегувањето на Србите од косовските институции.  

The post Што се случува на Косово: Детонации од топовски истрели на северот во Митровица appeared first on Република.

]]>
Доста ни е теророт на Курти, заврши собирот на Србите во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dosta-ni-e-terorot-na-kurti-zavrshi-sobirot-na-srbite-vo-mitrovica/ Sun, 06 Nov 2022 13:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=570363

Неколку илјади Срби од северот на Косово се собраа во центарот на Митровица, бидејќи Приштина насилно ги пререгистрира возилата со регистарски таблички на РКС, поради што сите Срби ги напуштија косовските институции, пренесуваат медиумите во регионот.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, истакна дека Србите денеска се собрале да испратат порака дека има доволно угнетување. „Вчера ги поднесовме нашите оставки, но сега сакам јавно да ви ги вратам мандатите, вие не избравте нас, а не Приштина. Се собравме да испратиме порака дека има доволно угнетување на Србите на Косово“, нагласи Ракиќ.

Пред насобраните се обрати и командантот на северниот регион на косовската полиција Ненад Ѓуриќ. „Мој славен и напатен народе, денес да застанам пред вас не само што е голема чест, туку и привилегија што се одразува во делата на нашите предци и во очите на нашите деца“, кажа Ѓуриќ. Како што рече, „спиевме и сонувавме многу години верувајќи во сон што некој друг ќе ни го создаде“. „Наеднаш се разбудивме. Се разбудивме од лажен сон“, изјави Ѓуриќ.

Пред насобраните се обрати и потпретседателот на Српската листа, Игор Симиќ кој ги повика сите високо да ги кренат српските знамиња. „Ова е наше, тоа е, беше и ќе биде. За почитување на меѓународното јавно право, Бриселскиот договор, мирот и стабилноста. Не сакаме да нè споредуваат со косовските институции за насилство врз српскиот народ“, рече Симиќ. Инаку, ден откако сите Срби ги напуштија институциите на Приштина, ситуацијата на северот на Косово е мирна, но и тензична, јавуваат медиумите во соседството.

Градоначалникот на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, на претпладневната средба рече дека постапките на Приштина доведоа до пропаѓање на Бриселскиот договор и дека „состојбата се влошува од ден на ден, почнувајќи од септември минатата година, со еднострани одлуки“, и дека така продолжува од месец во месец. „Народот се засити и побара од нас да преземеме одговорност“, рече тој.

The post Доста ни е теророт на Курти, заврши собирот на Србите во Митровица appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади Срби од северот на Косово се собраа во центарот на Митровица, бидејќи Приштина насилно ги пререгистрира возилата со регистарски таблички на РКС, поради што сите Срби ги напуштија косовските институции, пренесуваат медиумите во регионот. Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, истакна дека Србите денеска се собрале да испратат порака дека има доволно угнетување. „Вчера ги поднесовме нашите оставки, но сега сакам јавно да ви ги вратам мандатите, вие не избравте нас, а не Приштина. Се собравме да испратиме порака дека има доволно угнетување на Србите на Косово“, нагласи Ракиќ.
Пред насобраните се обрати и командантот на северниот регион на косовската полиција Ненад Ѓуриќ. „Мој славен и напатен народе, денес да застанам пред вас не само што е голема чест, туку и привилегија што се одразува во делата на нашите предци и во очите на нашите деца“, кажа Ѓуриќ. Како што рече, „спиевме и сонувавме многу години верувајќи во сон што некој друг ќе ни го создаде“. „Наеднаш се разбудивме. Се разбудивме од лажен сон“, изјави Ѓуриќ. Пред насобраните се обрати и потпретседателот на Српската листа, Игор Симиќ кој ги повика сите високо да ги кренат српските знамиња. „Ова е наше, тоа е, беше и ќе биде. За почитување на меѓународното јавно право, Бриселскиот договор, мирот и стабилноста. Не сакаме да нè споредуваат со косовските институции за насилство врз српскиот народ“, рече Симиќ. Инаку, ден откако сите Срби ги напуштија институциите на Приштина, ситуацијата на северот на Косово е мирна, но и тензична, јавуваат медиумите во соседството. Градоначалникот на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, на претпладневната средба рече дека постапките на Приштина доведоа до пропаѓање на Бриселскиот договор и дека „состојбата се влошува од ден на ден, почнувајќи од септември минатата година, со еднострани одлуки“, и дека така продолжува од месец во месец. „Народот се засити и побара од нас да преземеме одговорност“, рече тој.

The post Доста ни е теророт на Курти, заврши собирот на Србите во Митровица appeared first on Република.

]]>