митрополит тимотеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitropolit-timotej/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 12:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png митрополит тимотеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitropolit-timotej/ 32 32 Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debarsko-kichevskiot-mitropolit-timotej-ke-bide-pogreban-vo-chetvrtok-na-plaoshkiot-manastir-vo-ohrid/ Tue, 26 Nov 2024 12:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=841897

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

Со света архиерејска литургија во Катедралната црква Света Софија во Охрид денеска беа одбележани 70 години од раѓањето и 40 години од назначувањето на владиката г.Тимотеј за митрополит Плаош

Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024).

Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога.

Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско" и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево - Скопје.

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија.

Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

The post Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир во Охрид appeared first on Република.

]]>

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.
На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви. Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид. Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј. Со света архиерејска литургија во Катедралната црква Света Софија во Охрид денеска беа одбележани 70 години од раѓањето и 40 години од назначувањето на владиката г.Тимотеј за митрополит Плаош Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024). Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога. Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година. По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско" и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево - Скопје. На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија. Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

The post Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир во Охрид appeared first on Република.

]]>
Неговото заминување е голема загуба за црквата: Почина Митрополит Тимотеј https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/negovoto-zaminuvane-e-golema-zaguba-za-tsrkvata-pochina-mitropolit-timotej/ Mon, 25 Nov 2024 12:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=841564

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница.

Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради сериозни проблеми со срцето. Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир.

Митрополит Тимотеј беше еден од најистакнатите претставници на МПЦ, познат по својата посветеност на православната вера и грижа за заедницата.

Информациите за последното испраќање ќе бидат соопштени дополнително.

The post Неговото заминување е голема загуба за црквата: Почина Митрополит Тимотеј appeared first on Република.

]]>

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради сериозни проблеми со срцето. Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир. Митрополит Тимотеј беше еден од најистакнатите претставници на МПЦ, познат по својата посветеност на православната вера и грижа за заедницата. Информациите за последното испраќање ќе бидат соопштени дополнително.

The post Неговото заминување е голема загуба за црквата: Почина Митрополит Тимотеј appeared first on Република.

]]>
По осум децении света литургија во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-osum-detsenii-sveta-liturgija-vo-dolnodrimkolskiot-manastir-sveti-arhangel-gavriil/ Mon, 29 Jul 2024 14:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=800473

Во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“, во присуство на повеќе стотици верници, по осум децении денеска се одржа Божествената архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј.

Чесни отци, високопреподобни, сепреподобни и преподобни монаси и монахињи, возљубени браќа и сестри. Денеска навистина станува голема радост на небото и земјата, и тоа слободно можеме да го исповедаме, бидејќи и го чувствуваме во своите срца, затоа што една голема светиња, каква што е оваа, посветена на Соборот на Светиот Архангел Гавриил, кој стои секогаш најблиску до Бога, после 80 години, еве, повторно заживува, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј.

Потсети дека активностите околу расчистувањето на теренот и реставрационите процеси, започнаа во месец мај, но „благата вест, пак, за неговото обновување, уште од поодамна, во 2001 година, ја искажа нашиот многупочитуван митрополит, г. Тимотеј“.

Имено, тоа се случи за време на возобновувањето на светиот манастир Рајчица, посветен на Светиот Георгиј Победоносец кој тогаш победа ни донесе, бидејќи беше особено тешко време, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј. на осветувањето се обратил Неговото Блаженство, нашиот најдраг Архиепископ г.г. Стефан, а пак, на ручекот со свое слово се обрати нашиот високопреосвештен и свет Митрополит г. Тимотеј. Јас тогаш првпат слушнав за овој манастир, прв пат чув од владиката Тимотеј дека се наоѓа тука, кој изрази една голема желба, велејќи дека овој манастир недостасува во бисерот на светињите во западна Македонија. Но, како што вели Соломон: „Има време кога се руши и има време кога се гради“, па така дојде времето и оваа светиња полека - полека да почне да засветлува, посочи владиката Партениј.

Томе Пеев, кој всушност, максимално се ангажираше околу реставрационите процеси и расчистувањето на теренот околу манастирот, му изрази огромна благодарност на владиката Партениј, подарувајќи му надбедреник со ликот на архангелот Гавриил.

Литургијата се одржа со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а на истата освен од Бигорската свештена Обител присуствуваа и  голем дел од свештенството на Дебарско-кичевската епархија.

Чувството на радост и восхит не моѓеа да го сокријат многубројните верници, посебно оние чии корени влечат од овој крај.

Голема е радоста да се биде присутен овде, на ова древно место, на оваа прекрасна богослужба која се одржува после 80 години. За мене, како некој чии што корени се од селото Модрич, претставува посебна чест да сум дел од оваа голема сенародна прослава, за која копнееле нашите предци, изјави Никола од Скопје, по потекло токму од селото Модрич.

 

Благодарен сум многу на архангелот кој ги благослови сите кои што во изминативе месеци работеа овде, на владиката Партениј со чиишто заложби ова се започна, како и на Митрополитот Тимотеј што ја даде неговата поддршка, со посебна радост изјави Илија, стар Модричанец кој беше присутен на денешната богослужба.

Сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол, оваа голема Светиња, како што велта од Бигорски манастир,  со векови била место на молитва и на духовно вдахновение и воздигнување, тврдина на верата и на културата во западниот крај на Македонија. Датира уште од ромејскиот период (пред 14 век), но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20 век. Последната Света Литургија во него била отслужена во пролетта 1944 година од блаженоупокоениот јереј Милан Јовановски од село Модрич.

The post По осум децении света литургија во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“ appeared first on Република.

]]>

Во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“, во присуство на повеќе стотици верници, по осум децении денеска се одржа Божествената архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј.
Чесни отци, високопреподобни, сепреподобни и преподобни монаси и монахињи, возљубени браќа и сестри. Денеска навистина станува голема радост на небото и земјата, и тоа слободно можеме да го исповедаме, бидејќи и го чувствуваме во своите срца, затоа што една голема светиња, каква што е оваа, посветена на Соборот на Светиот Архангел Гавриил, кој стои секогаш најблиску до Бога, после 80 години, еве, повторно заживува, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј.
Потсети дека активностите околу расчистувањето на теренот и реставрационите процеси, започнаа во месец мај, но „благата вест, пак, за неговото обновување, уште од поодамна, во 2001 година, ја искажа нашиот многупочитуван митрополит, г. Тимотеј“.
Имено, тоа се случи за време на возобновувањето на светиот манастир Рајчица, посветен на Светиот Георгиј Победоносец кој тогаш победа ни донесе, бидејќи беше особено тешко време, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј. на осветувањето се обратил Неговото Блаженство, нашиот најдраг Архиепископ г.г. Стефан, а пак, на ручекот со свое слово се обрати нашиот високопреосвештен и свет Митрополит г. Тимотеј. Јас тогаш првпат слушнав за овој манастир, прв пат чув од владиката Тимотеј дека се наоѓа тука, кој изрази една голема желба, велејќи дека овој манастир недостасува во бисерот на светињите во западна Македонија. Но, како што вели Соломон: „Има време кога се руши и има време кога се гради“, па така дојде времето и оваа светиња полека - полека да почне да засветлува, посочи владиката Партениј.
Томе Пеев, кој всушност, максимално се ангажираше околу реставрационите процеси и расчистувањето на теренот околу манастирот, му изрази огромна благодарност на владиката Партениј, подарувајќи му надбедреник со ликот на архангелот Гавриил. Литургијата се одржа со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а на истата освен од Бигорската свештена Обител присуствуваа и  голем дел од свештенството на Дебарско-кичевската епархија. Чувството на радост и восхит не моѓеа да го сокријат многубројните верници, посебно оние чии корени влечат од овој крај.
Голема е радоста да се биде присутен овде, на ова древно место, на оваа прекрасна богослужба која се одржува после 80 години. За мене, како некој чии што корени се од селото Модрич, претставува посебна чест да сум дел од оваа голема сенародна прослава, за која копнееле нашите предци, изјави Никола од Скопје, по потекло токму од селото Модрич.   Благодарен сум многу на архангелот кој ги благослови сите кои што во изминативе месеци работеа овде, на владиката Партениј со чиишто заложби ова се започна, како и на Митрополитот Тимотеј што ја даде неговата поддршка, со посебна радост изјави Илија, стар Модричанец кој беше присутен на денешната богослужба.
Сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол, оваа голема Светиња, како што велта од Бигорски манастир,  со векови била место на молитва и на духовно вдахновение и воздигнување, тврдина на верата и на културата во западниот крај на Македонија. Датира уште од ромејскиот период (пред 14 век), но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20 век. Последната Света Литургија во него била отслужена во пролетта 1944 година од блаженоупокоениот јереј Милан Јовановски од село Модрич.

The post По осум децении света литургија во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“ appeared first on Република.

]]>
Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-timotej-vartolomej-moze-da-dodeli-avtokefalnost-no-prashanje-e-dali-toa-kje-go-prifatat-site-crkvi/ Thu, 12 May 2022 08:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=501339

Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Ова е добар потег на Вселенската патријаршија или на г-дин Вартоломеј, како поглавар или патријарх вселенски. Тоа значи дека јерархијата и народот не се веќе во изолација, како што 55 години беше, туку може да сослужува рамноправно со останатите православни хиерарси низ целиот православен свет, според законот или прописот на Вселенската патријаршија. Но, прашање е дали сите православни цркви тоа ќе го примаат како релевантно или ќе имаат свои поинакви ставови и мислења, наведува митрополитот Тимотеј во интервју за Гласот на Америка.​

За тоа кои се следните чекори до целосна автокефалност на МПЦ-ОА, тој посочува дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се постигне посакуваната цел, а тоа е автокефалност која ќе биде призната не само од една црква, туку од сите.

Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ви кажеме. Според договор на сите православни цркви кои учествувале во Шембези близу Женева, каде Цариградската патријаршија има свој културен центар со учество на делегации на сите православни цркви е изграден став како може да се дојде до томос, односно до признавање на една автокефална црква и со тој договор треба најпрво да се согласи црквата од каде се излегува. Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но, кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа, истакнува митрополитот Тимотеј.​

Прашан што доколку СПЦ не се согласи, и дали вселенскиот патријарх има овластување сам да го потпише томосот, Тимотеј вели тоа може да го направи, но прашање е дали ќе биде валидно за сите православни цркви.

Знаете дека во овој момент има голем судир помеѓу Москва и Цариград. Така да нема да го примат. Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак, тоа е најголема православна земја и најголем православен народ, изјави владиката Тимотеј.​

За ставот на Руската православна црква, која се изјасни дека ги признава исклучиво правата на СПЦ во Македонија, тој вели дека Москва си ги штити своите интереси визави Цариград, поради Украина.

– И тоа е легитимно нивно право. Дали јас се согласувам или не се согласувам тоа е друго прашање, додава митрополитит Дебарско-кичевски.​

Реакциите од Бугарија, пак, дека тие биле единствени наследници на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј ги оценува како „глупост, и ништо повеќе“.

The post Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви appeared first on Република.

]]>

Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.
Ова е добар потег на Вселенската патријаршија или на г-дин Вартоломеј, како поглавар или патријарх вселенски. Тоа значи дека јерархијата и народот не се веќе во изолација, како што 55 години беше, туку може да сослужува рамноправно со останатите православни хиерарси низ целиот православен свет, според законот или прописот на Вселенската патријаршија. Но, прашање е дали сите православни цркви тоа ќе го примаат како релевантно или ќе имаат свои поинакви ставови и мислења, наведува митрополитот Тимотеј во интервју за Гласот на Америка.​
За тоа кои се следните чекори до целосна автокефалност на МПЦ-ОА, тој посочува дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се постигне посакуваната цел, а тоа е автокефалност која ќе биде призната не само од една црква, туку од сите.
Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ви кажеме. Според договор на сите православни цркви кои учествувале во Шембези близу Женева, каде Цариградската патријаршија има свој културен центар со учество на делегации на сите православни цркви е изграден став како може да се дојде до томос, односно до признавање на една автокефална црква и со тој договор треба најпрво да се согласи црквата од каде се излегува. Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но, кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа, истакнува митрополитот Тимотеј.​
Прашан што доколку СПЦ не се согласи, и дали вселенскиот патријарх има овластување сам да го потпише томосот, Тимотеј вели тоа може да го направи, но прашање е дали ќе биде валидно за сите православни цркви.
Знаете дека во овој момент има голем судир помеѓу Москва и Цариград. Така да нема да го примат. Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак, тоа е најголема православна земја и најголем православен народ, изјави владиката Тимотеј.​
За ставот на Руската православна црква, која се изјасни дека ги признава исклучиво правата на СПЦ во Македонија, тој вели дека Москва си ги штити своите интереси визави Цариград, поради Украина. – И тоа е легитимно нивно право. Дали јас се согласувам или не се согласувам тоа е друго прашање, додава митрополитит Дебарско-кичевски.​ Реакциите од Бугарија, пак, дека тие биле единствени наследници на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј ги оценува како „глупост, и ништо повеќе“.

The post Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви appeared first on Република.

]]>