митрополит јосиф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitropolit-josif/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 16:29:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png митрополит јосиф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitropolit-josif/ 32 32 Mитрополит Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-josif-za-ovoj-bozhik-da-porasneme-vo-chovechnosta-i-chovekolubieto/ Sat, 06 Jan 2024 16:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=730516

Митрополитот г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во тетовско-гостиварската епархија по повод раѓањето на Исус Христос-Божиќ, еден од најзначајните празници во православната црква.

Тој како надлежен архиереј, честитајќи го празникот, порача верниците во овие тешки времиња да не ги заборават оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха.

-Возљубени чеда на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската Православна Црква. Како Ваш духовен пастир Ви го честитам Рождеството Христово и новото лето Господово. Новородениот Богомладенец постојано не повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста. Не повикува да не ги заборавиме оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха. Спасителот Христос не повикува на мир Божји, на мир во себе и со сите околу нас. Христијански е да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите наши. За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието, во родољубието и домољубието, да израснеме во љубовта зошто со неа се можеме, истакна владиката г. Јосиф во празничната честитка до верниците.

The post Mитрополит Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието appeared first on Република.

]]>

Митрополитот г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во тетовско-гостиварската епархија по повод раѓањето на Исус Христос-Божиќ, еден од најзначајните празници во православната црква. Тој како надлежен архиереј, честитајќи го празникот, порача верниците во овие тешки времиња да не ги заборават оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха.
-Возљубени чеда на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската Православна Црква. Како Ваш духовен пастир Ви го честитам Рождеството Христово и новото лето Господово. Новородениот Богомладенец постојано не повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста. Не повикува да не ги заборавиме оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха. Спасителот Христос не повикува на мир Божји, на мир во себе и со сите околу нас. Христијански е да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите наши. За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието, во родољубието и домољубието, да израснеме во љубовта зошто со неа се можеме, истакна владиката г. Јосиф во празничната честитка до верниците.

The post Mитрополит Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието appeared first on Република.

]]>
Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на свети Кирил Лешочки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolitot-g-josif-gi-povika-vernitsite-na-utreshnoto-prvo-praznuvane-na-denot-na-sveti-kiril-leshochki/ Fri, 24 Mar 2023 10:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=623149

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф утрово отслужи литургијата на претходноосветени дарови и проповедаше во соборниот храм св. Кирил и Методиј, од каде ги повика верниците утре, сабота, 25 март да дојдат во Лешочкиот манастир за првото литургиско празнување на св. Кирил Лешочки.

По повод утрешниот празник на св. Кирил Лешочки, ден кој беше одреден и од Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ-ОА за негов годишен празник, по отслужената литургија и вечерна богослужба беа изнесени и светите мошти на преподобниот Кирил Лешочки на поклонение пред верниот народ.

Митрополитот г. Јосиф во денешната беседа порача дека утре е голем празник и значаен ден за епархијата и Црквата.

Поминаа само неколку месеци од канонизацијата на светиот Кирил и ете по тие торжествени собитија, на кои се сеќаваме со голема радост, семилостивиот Господ опкружен со македонските светители благоволи да го дочекаме и неговиот светол празник, којшто утре за прв пат по канонизацијата торжествено ќе го прославиме во Лешочкиот манастир, упатувајќи ги нашите молитви кон него како кон наш светител и молитвеник пред престолот Божји. Но утрешното чествување на неговиот празник не е првиот март, во кој ние ќе се собереме во Лешок во спомен на ова наше светило. Повеќето од нас низ годините што изминале, свесни за духовната величина на светиот Кирил секој март со години доаѓале на неговиот гроб и учествувале на поменот со кој го одбележуваме неговиот спомен. Но ако до лани се собиравме и служевме помен, од утре па натаму, секоја наредна година, секој 25 март, ќе се собираме и богослужбено ќе ја пееме неговата служба и молитвено ќе се сеќаваме на неговиот светол лик, истакна митрополитот г. Јосиф.

Тој нагласи оти верува дека во годините што ни претстојат бројот на поклоници во Лешочкиот манастир, кој е нераздвојно поврзан со светиот Кирил, чии мошти почиваат таму – ќе расте, бидејќи, како што рече, неговата светост преку извршената канонизација сега е објавена не само на нашиот православен народ, туку на сите православни христијани ширум светот, порача владиката.

Утре во Лешочкиот манастир во 8 часот и 30 минути ќе има пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што ќе започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.

The post Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на свети Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф утрово отслужи литургијата на претходноосветени дарови и проповедаше во соборниот храм св. Кирил и Методиј, од каде ги повика верниците утре, сабота, 25 март да дојдат во Лешочкиот манастир за првото литургиско празнување на св. Кирил Лешочки. По повод утрешниот празник на св. Кирил Лешочки, ден кој беше одреден и од Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ-ОА за негов годишен празник, по отслужената литургија и вечерна богослужба беа изнесени и светите мошти на преподобниот Кирил Лешочки на поклонение пред верниот народ. Митрополитот г. Јосиф во денешната беседа порача дека утре е голем празник и значаен ден за епархијата и Црквата.
Поминаа само неколку месеци од канонизацијата на светиот Кирил и ете по тие торжествени собитија, на кои се сеќаваме со голема радост, семилостивиот Господ опкружен со македонските светители благоволи да го дочекаме и неговиот светол празник, којшто утре за прв пат по канонизацијата торжествено ќе го прославиме во Лешочкиот манастир, упатувајќи ги нашите молитви кон него како кон наш светител и молитвеник пред престолот Божји. Но утрешното чествување на неговиот празник не е првиот март, во кој ние ќе се собереме во Лешок во спомен на ова наше светило. Повеќето од нас низ годините што изминале, свесни за духовната величина на светиот Кирил секој март со години доаѓале на неговиот гроб и учествувале на поменот со кој го одбележуваме неговиот спомен. Но ако до лани се собиравме и служевме помен, од утре па натаму, секоја наредна година, секој 25 март, ќе се собираме и богослужбено ќе ја пееме неговата служба и молитвено ќе се сеќаваме на неговиот светол лик, истакна митрополитот г. Јосиф.
Тој нагласи оти верува дека во годините што ни претстојат бројот на поклоници во Лешочкиот манастир, кој е нераздвојно поврзан со светиот Кирил, чии мошти почиваат таму – ќе расте, бидејќи, како што рече, неговата светост преку извршената канонизација сега е објавена не само на нашиот православен народ, туку на сите православни христијани ширум светот, порача владиката. Утре во Лешочкиот манастир во 8 часот и 30 минути ќе има пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што ќе започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.

The post Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на свети Кирил Лешочки appeared first on Република.

]]>