Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово.
Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“.
Клинчарски вели дека сега битката со огнената стихија се одвива само од земја, бидејќи ЕР-тракторот е повлечен напладне по 12 часот кога имаше драстично покачување на температурите.
Тој нагласи дека екипите остануваат на терен, бидејќи ветерот и високите температури не одат во прилог на гаснење на овој пожар кој зафати околу 50 хектари високо стеблеста шума.
The post Сè уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци appeared first on Република.
]]>The post Сè уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци appeared first on Република.
]]>Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски, алармира градоначаникот на Берово, Звонко Пекевски, упатувајќи апел за мобилизација на населението.
Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година, алармира тој.
The post Градоначалникот со апел за мобилизација: Голем пожар над објектите на семејството Валаски во Митрашинци appeared first on Република.
]]>Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година, алармира тој.
The post Градоначалникот со апел за мобилизација: Голем пожар над објектите на семејството Валаски во Митрашинци appeared first on Република.
]]>