мито табановце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mito-tabanovce/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 10:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мито табановце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mito-tabanovce/ 32 32 Кривични пријави за 12 полициски службеници после акцијата на ГП „Табановце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichni-prijavi-za-12-politsiski-sluzhbenitsi-posle-aktsijata-na-gp-tabanovtse/ Tue, 27 Dec 2022 10:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=590439

Против 12 лица вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесена е кривична пријава за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н. (47), А.А. (41), Н.П. (40), Д.К. (43), В.Ф. (39), Х.К. (29), М.Ј. (28), Ф.К. (23), Ф.И. (36), А.Д. (28), Ј.Н. (38), сите од Куманово и А.С. (24) од Кратово, вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основани сомненија дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394, „примање поткуп“ по член 357 во врска со член 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 во врска со член 23 од Кривичниот законик, информираат денеска од МВР.

Оттаму посочуваат дека во рамки на криминалистичкото истражување од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин „Табановце“ од страна на група полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување на 25-ти овој месец биле извршени претреси во службените простории на на Граничен премин „Табановце“ и во домовите на дел од кривично-пријавените.

По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициската станица за граничен премин – Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања, се наведува во соопштението од МВР.

Членовите на оваа организирана криминална група, како што посочуваат од МВР, активно дејствувале на Граничниот премин „Табановце“ од септември 2020 година, како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.

Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“, се посочува во соопштението.

Од МВР информираат дека при претресите извршени на 25-ти овој месец по наредба од судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка.

По извршените претреси по наредба од јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

The post Кривични пријави за 12 полициски службеници после акцијата на ГП „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Против 12 лица вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесена е кривична пријава за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н. (47), А.А. (41), Н.П. (40), Д.К. (43), В.Ф. (39), Х.К. (29), М.Ј. (28), Ф.К. (23), Ф.И. (36), А.Д. (28), Ј.Н. (38), сите од Куманово и А.С. (24) од Кратово, вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основани сомненија дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394, „примање поткуп“ по член 357 во врска со член 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 во врска со член 23 од Кривичниот законик, информираат денеска од МВР.
Оттаму посочуваат дека во рамки на криминалистичкото истражување од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин „Табановце“ од страна на група полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување на 25-ти овој месец биле извршени претреси во службените простории на на Граничен премин „Табановце“ и во домовите на дел од кривично-пријавените.
По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициската станица за граничен премин – Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања, се наведува во соопштението од МВР.
Членовите на оваа организирана криминална група, како што посочуваат од МВР, активно дејствувале на Граничниот премин „Табановце“ од септември 2020 година, како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.
Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“, се посочува во соопштението.
Од МВР информираат дека при претресите извршени на 25-ти овој месец по наредба од судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка. По извршените претреси по наредба од јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

The post Кривични пријави за 12 полициски службеници после акцијата на ГП „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
АА: Сценарио со полиција на Табановце за покривање на срамот од Назим Буши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-stsenario-so-politsija-na-tabanovtse-za-pokrivane-na-sramot-od-nazim-bushi/ Mon, 26 Dec 2022 14:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=590168

За Алијанса за Албанците (АА) нема дилеми дека има мито и корупција на граничните премини меѓу цариниците и полицајците, но и дека нема дилеми ниту за граѓаните кои синоќа преку Табановце се враќале во татковината дека се применуваат груевистички сценарија со полициска акција да се  покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е, нагласува партијата, видеото на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши од прескапиот хотел во Истанбул каде за едно ноќевање се плаќаат 20 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/

Мала плата, голем профит, нагласува Алијанса за Албанците потсетувајќи на старата мисла со која се опишува состојбата во која нашата земја е опфатена во секоја сфера од чумата на корупцијата.

Корупцијата сега стана генерализирана и мотив да се влезе во политика, да се работи во кое било министерство, државна агенција, во судство, на универзитет или на клиника, за значителен дел од државните функционери партизирани и недопирливи од правдата, веќе не е подобрување на животот на граѓаните или платата во јавниот сектор. Главен мотив за овие функционери е процентот добиен од јавниот тендер, поткупот и подароците од мрежите на организиран криминал. А безбедносниот сектор веќе е еден од најпогодените од корупцијата, наведува Алијанса за Албанците како вовед во соопштението во кое уште се нагласува дека така се објаснува и како рускиот олигарх, санкциониран од САД, стекнал македонско државјанство.

Според Алијанса за Албанците, тоа објаснува и како политичарите, судиите, обвинителите но, и високите полициски и царински службеници водат луксузен живот, со скапи автомобили и одмори во далечни земји коишто нашите граѓани ги гледаат само на филмови.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-komandir-zamenik-i-osum-politsajtsi-na-tabanovtse-kriele-pari-vo-kutii-od-tsigari/

Оваа јавна тајна синоќа ја потврди и акцијата на граничниот премин Табановце, при што беа запленети значителни суми пари. Јавна тајна, затоа што секој граѓанин на оваа земја знае дека митото и рекетот се правило на граничните точки на државата, кои се гнездо на криминалот и корупцијата. Граѓаните знаеја дека уапсените полицајци и цариници синоќа, се криминализирани. На граѓаните им е јасно и зошто оваа холивудска акција се случи синоќа и за време на големиот бран на иселениците кои се враќаат во татковината, бидејќи веќе се навикнати на груевистичките сценарија кои ја карактеризираат 20-годишната влада на ДУИ. Затоа и ние немаме зошто да не се сомневаме дека оваа акција е спроведена за да се покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е видеото на заменик министерот Буши, кое стана вирално на социјалните мрежи. На таа снимка го гледаме заменик министерот за внатрешни работи како се забавува во претседателскиот апартман на еден од најлуксузните хотели во Истанбул, кадешто една ноќ чини ни помалку ни повеќе туку 20.000 евра. Така, министер со месечна плата од 1.000 евра и без пријавен имот на негово име во Антикорупциска комисија, се забавува со семејството во хотел каде што ноќевањето чини 20.000 евра, наведува партијата.

Наведувајќи дека примерот на Буши е илустрација како со мала плата се прави голем профит.

Или заменик министерот излажал во изјавата за имотна состојба или некој му платил 20.000 евра од ноќевање во Истанбул. Ако лажел, треба да одговара според законот. Ако ова било подарок, тој сепак треба да даде отчет, бидејќи подароците што ги добиваат владините функционери од трети лица се регулирани со закон поради ризикот од судир на интереси, уште повеќе во чувствителен сектор како внатрешните работи. Постои уште една изрека што ја карактеризира нашата корумпирана реалност. Рибата скапува од главата. Затоа, наместо функционерите од Табановце, кои се опашка на корупцијата, го повикуваме обвинителството да ја истражи главата на корупција во МВР. Овој случај е уште една причина зошто не може да се бориме против криминалот и корупцијата без точките што веќе ги презентираше Алијанса за Албанците за воспоставување владеење на правото: ветинг во политиката, ветинг во правдата, конфискација на неоправдани имоти и двојно зголемување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупцијата. Овој случај е еклатантен пример и за тимот истражители од САД кои се подготвуваат да ја прошират црната листа на корумпирани функционери во Македонија, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

The post АА: Сценарио со полиција на Табановце за покривање на срамот од Назим Буши appeared first on Република.

]]>

За Алијанса за Албанците (АА) нема дилеми дека има мито и корупција на граничните премини меѓу цариниците и полицајците, но и дека нема дилеми ниту за граѓаните кои синоќа преку Табановце се враќале во татковината дека се применуваат груевистички сценарија со полициска акција да се  покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е, нагласува партијата, видеото на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши од прескапиот хотел во Истанбул каде за едно ноќевање се плаќаат 20 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/ Мала плата, голем профит, нагласува Алијанса за Албанците потсетувајќи на старата мисла со која се опишува состојбата во која нашата земја е опфатена во секоја сфера од чумата на корупцијата.
Корупцијата сега стана генерализирана и мотив да се влезе во политика, да се работи во кое било министерство, државна агенција, во судство, на универзитет или на клиника, за значителен дел од државните функционери партизирани и недопирливи од правдата, веќе не е подобрување на животот на граѓаните или платата во јавниот сектор. Главен мотив за овие функционери е процентот добиен од јавниот тендер, поткупот и подароците од мрежите на организиран криминал. А безбедносниот сектор веќе е еден од најпогодените од корупцијата, наведува Алијанса за Албанците како вовед во соопштението во кое уште се нагласува дека така се објаснува и како рускиот олигарх, санкциониран од САД, стекнал македонско државјанство.
Според Алијанса за Албанците, тоа објаснува и како политичарите, судиите, обвинителите но, и високите полициски и царински службеници водат луксузен живот, со скапи автомобили и одмори во далечни земји коишто нашите граѓани ги гледаат само на филмови. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-komandir-zamenik-i-osum-politsajtsi-na-tabanovtse-kriele-pari-vo-kutii-od-tsigari/
Оваа јавна тајна синоќа ја потврди и акцијата на граничниот премин Табановце, при што беа запленети значителни суми пари. Јавна тајна, затоа што секој граѓанин на оваа земја знае дека митото и рекетот се правило на граничните точки на државата, кои се гнездо на криминалот и корупцијата. Граѓаните знаеја дека уапсените полицајци и цариници синоќа, се криминализирани. На граѓаните им е јасно и зошто оваа холивудска акција се случи синоќа и за време на големиот бран на иселениците кои се враќаат во татковината, бидејќи веќе се навикнати на груевистичките сценарија кои ја карактеризираат 20-годишната влада на ДУИ. Затоа и ние немаме зошто да не се сомневаме дека оваа акција е спроведена за да се покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е видеото на заменик министерот Буши, кое стана вирално на социјалните мрежи. На таа снимка го гледаме заменик министерот за внатрешни работи како се забавува во претседателскиот апартман на еден од најлуксузните хотели во Истанбул, кадешто една ноќ чини ни помалку ни повеќе туку 20.000 евра. Така, министер со месечна плата од 1.000 евра и без пријавен имот на негово име во Антикорупциска комисија, се забавува со семејството во хотел каде што ноќевањето чини 20.000 евра, наведува партијата.
Наведувајќи дека примерот на Буши е илустрација како со мала плата се прави голем профит.
Или заменик министерот излажал во изјавата за имотна состојба или некој му платил 20.000 евра од ноќевање во Истанбул. Ако лажел, треба да одговара според законот. Ако ова било подарок, тој сепак треба да даде отчет, бидејќи подароците што ги добиваат владините функционери од трети лица се регулирани со закон поради ризикот од судир на интереси, уште повеќе во чувствителен сектор како внатрешните работи. Постои уште една изрека што ја карактеризира нашата корумпирана реалност. Рибата скапува од главата. Затоа, наместо функционерите од Табановце, кои се опашка на корупцијата, го повикуваме обвинителството да ја истражи главата на корупција во МВР. Овој случај е уште една причина зошто не може да се бориме против криминалот и корупцијата без точките што веќе ги презентираше Алијанса за Албанците за воспоставување владеење на правото: ветинг во политиката, ветинг во правдата, конфискација на неоправдани имоти и двојно зголемување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупцијата. Овој случај е еклатантен пример и за тимот истражители од САД кои се подготвуваат да ја прошират црната листа на корумпирани функционери во Македонија, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

The post АА: Сценарио со полиција на Табановце за покривање на срамот од Назим Буши appeared first on Република.

]]>
Уапсени командир, заменик и осум полицајци на Табановце, криеле пари во кутии од цигари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-komandir-zamenik-i-osum-politsajtsi-na-tabanovtse-kriele-pari-vo-kutii-od-tsigari/ Mon, 26 Dec 2022 10:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=590047

Во големата вчерашна акција на ГП Табановце биле уапсени командир, заменик командир и осум полицајци, објави „А1он“.

Претреси имало и во домовите на командирот и заменик-командирот.

Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, пишува порталот.

Уапсените негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. Од МВР официјално се уште се немаат огласено во врска со случајот, а се очекува деталите да бидат изнесени денеска.

The post Уапсени командир, заменик и осум полицајци на Табановце, криеле пари во кутии од цигари appeared first on Република.

]]>

Во големата вчерашна акција на ГП Табановце биле уапсени командир, заменик командир и осум полицајци, објави „А1он“. Претреси имало и во домовите на командирот и заменик-командирот. Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати. Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, пишува порталот. Уапсените негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. Од МВР официјално се уште се немаат огласено во врска со случајот, а се очекува деталите да бидат изнесени денеска.

The post Уапсени командир, заменик и осум полицајци на Табановце, криеле пари во кутии од цигари appeared first on Република.

]]>
Денари, евра, франци, долари: Митото на ГП „Табановце“ пронајдено во картонска кутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/denari-evra-franci-dolari-mitoto-na-gp-tabanovce-pronajdeno-vo-kartonska-kutija/ Mon, 26 Dec 2022 07:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=589863

Во картонска кутија на ГП ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, потврдија за Телма полициски извори.

Вечерва на Граничниот премин Табановце имаше акција на Обвинитрлството за гонење на организиран криминал и корупција и полицијата,  во рамки на истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници.

Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policijata-apsi-policajci-i-carinici-na-tabanovce/

The post Денари, евра, франци, долари: Митото на ГП „Табановце“ пронајдено во картонска кутија appeared first on Република.

]]>

Во картонска кутија на ГП ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, потврдија за Телма полициски извори. Вечерва на Граничниот премин Табановце имаше акција на Обвинитрлството за гонење на организиран криминал и корупција и полицијата,  во рамки на истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници. Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policijata-apsi-policajci-i-carinici-na-tabanovce/