Митко Панов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitko-panov/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 06:11:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Митко Панов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitko-panov/ 32 32 Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prva-sredba-na-noviot-tim-makedonski-istorichari-vo-zaednichkata-komisija-so-timot-od-bugarija/ Thu, 24 Oct 2024 06:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=830363

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.

Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

The post Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.
За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.
Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.
Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.
Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година. Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

The post Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-tim-makedonski-istorichari-vo-zaednichkata-komisija-utre-na-prva-sredba-so-timot-od-bugarija/ Wed, 23 Oct 2024 18:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=830326

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија утре, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи  минатиот месец, во интервју за ТВ Сител вечерва изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

-За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање  на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.

Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

- Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.

Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

The post Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија утре, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи  минатиот месец, во интервју за ТВ Сител вечерва изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.
-За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање  на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.
Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.
- Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.
Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

The post Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Проф. Панов: Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-panov-kiril-i-metodij-nemaat-nishto-zaednichko-so-bugarija/ Tue, 23 May 2023 06:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=643760

Kaj нас, но и во овој дел на Европа 24 мај треба да биде ден на просветата, учениците, учителите. Создавачите на словенската азбука дале придонес и за Македонија и за целиот словенски свет.

Универзалниот карактер на Св.Кирил и Методиј треба да биде водилка во контекст на сите овие политички премрежија, нагласува професорот во Институтот за национална историја Митко Панов пред утрешниот ден 24 мај, денот на Светите браќа.

 

Историчарот во интервју за „Република“ вели дека имало обиди и тенденција за присвоување на Кирил и Методиј но нивните житија покажуваат нешто сосема друго.

Несомен факт е дека тие потекнуваат од Македонија, родени се во Солун.Во житието на Методиј се говори дека тие зборувале чист словенски јазик и дека словенскиот јазик и азбука се креирани од страна на Кирил и Методиј токму врз основа на говорот на македонските Словени.Тоа неспорен факт а сето друго потоа е интерпетрација и политизација на нивната дејност објаснува Панов за „Република“.

Според него очигледна е намерата на Бугарија за присвојување на Кирил и Методиј.

Тоа доаѓа до израз во 19-от век кога под влијание на Русија и градењето на проектот Голема Бугарија ја инкорпорира историјата за Кирил и Методиј претставувајќи ја како дел од тој наратив и да се оправда тој проект а со цел да се инкорпорира Македонија во таа Голема Бугарија. Самите руски автори во тоа време говореле дека азбуката потекнува од Македонија и е создадена врз основа на говорот на македонките Словени во околинта на Солун. Методиј дури и работел на заштита на пограничните области од нападите од Бугарија. Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, ниту ја посетиле ниту имале некаква реакција со бугарската држава.Нивната дејност била насочена наспроти бугарската држава а во тоа време бугарските владетели биле и пагани.Така што христијанизацијата на Кирил и Методиј и словенската азбука биле во функција на обединување на словенскиот свет во контекст на обезбедување рамноправност на Словените со другите народи -објаснува историчарот.

Тој објаснувајќи го протоколот за историските личности кој што е договорен од историската комисија вели дека е класична политизација.

Нема историска вистина ниту пак има заедничка историја. Кирил и Методиј може да бидат дел од некаква заедничка прослава, но само меѓу Македонија и Бугарија туку и Чешка и Словачка како и Русија.Кирил и Методиј се обединувачи на цела Европа и ние така треба да ги третираме. Не смееме како држава да дозволиме тоа да се национализира без разлика од кого туку да укажеме дека Македонија е заслужна за зачувување на традициите бидејќи по смртта на Кирил и Методиј, во османлискиот период во Македонија  се зачувува преку Охрид и Охридската архиепископија. Со промената на самиот наслов на празникот кој стана „ден на бугарската азбука“ се присвои целиот контекст на Кирил и Методиј, иако историскиот контекст покажува сосема нешто друго односно дека нема никаква релација меѓу Кирил и Методиј и Бугарија. Бугарите се обидоа да направат друг контекст, односно да покажат дека од седмиот век во Солун биле Бугарите како бугарски Словени но тоа не постои во науката.Но, ја влечат таа генеза за да докажат дека Кирил и Методиј биле Бугари.

Коментирајќи го историскиот атлас од 1886 година на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен кој во картата наведува дека Самоиловото царство на територијата на денешна Република Македонија е именувано како „Македонско царство на Словените“ и оти во неговите граници ја нема територијата на Бугариа, Панов вели:

Самите Бугари во почетокот на 20-от век во периодот на Првата светска војна ангажираат бугарски етнографи, историчари со цел да се оправда нивната окупација на територијата на Македонија.Самоиловата држава не била идентификувана како бугарска во време на Самоил.Нема ниту едеn извор кој ќе укаже дека Самоил бил Бугарин.Дури и името се сокрива.Не се зборува за Самоил додека е жив и додека постоела Самоиловата држава.Важно е да се напомене дека Самоиловата црква е дел од традициите на Охридската архиепископија и јадрото е во Македонија. Се што е потоа е интерпетрција а изворите кажуваат сосема друго.

Во однос на уставните измени и влезот на Бугарите професорот има јасен став дека е клучна Преамбулата.

Доколку се менува тој сегмент на историскиот контекст и се вметнат како државотворен народ од еднa страна, а од друга страна тоа значи ревизија повторна на АСНОМ тогаш ќе има несогледливи последици.Не треба да се чепка АСНОМ, тој е фундаментот и не смее да биде доведен во прашање.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=TiVHZZNhkMc

 

The post Проф. Панов: Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Kaj нас, но и во овој дел на Европа 24 мај треба да биде ден на просветата, учениците, учителите. Создавачите на словенската азбука дале придонес и за Македонија и за целиот словенски свет. Универзалниот карактер на Св.Кирил и Методиј треба да биде водилка во контекст на сите овие политички премрежија, нагласува професорот во Институтот за национална историја Митко Панов пред утрешниот ден 24 мај, денот на Светите браќа.   Историчарот во интервју за „Република“ вели дека имало обиди и тенденција за присвоување на Кирил и Методиј но нивните житија покажуваат нешто сосема друго.
Несомен факт е дека тие потекнуваат од Македонија, родени се во Солун.Во житието на Методиј се говори дека тие зборувале чист словенски јазик и дека словенскиот јазик и азбука се креирани од страна на Кирил и Методиј токму врз основа на говорот на македонските Словени.Тоа неспорен факт а сето друго потоа е интерпетрација и политизација на нивната дејност објаснува Панов за „Република“.
Според него очигледна е намерата на Бугарија за присвојување на Кирил и Методиј.
Тоа доаѓа до израз во 19-от век кога под влијание на Русија и градењето на проектот Голема Бугарија ја инкорпорира историјата за Кирил и Методиј претставувајќи ја како дел од тој наратив и да се оправда тој проект а со цел да се инкорпорира Македонија во таа Голема Бугарија. Самите руски автори во тоа време говореле дека азбуката потекнува од Македонија и е создадена врз основа на говорот на македонките Словени во околинта на Солун. Методиј дури и работел на заштита на пограничните области од нападите од Бугарија. Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, ниту ја посетиле ниту имале некаква реакција со бугарската држава.Нивната дејност била насочена наспроти бугарската држава а во тоа време бугарските владетели биле и пагани.Така што христијанизацијата на Кирил и Методиј и словенската азбука биле во функција на обединување на словенскиот свет во контекст на обезбедување рамноправност на Словените со другите народи -објаснува историчарот.
Тој објаснувајќи го протоколот за историските личности кој што е договорен од историската комисија вели дека е класична политизација.
Нема историска вистина ниту пак има заедничка историја. Кирил и Методиј може да бидат дел од некаква заедничка прослава, но само меѓу Македонија и Бугарија туку и Чешка и Словачка како и Русија.Кирил и Методиј се обединувачи на цела Европа и ние така треба да ги третираме. Не смееме како држава да дозволиме тоа да се национализира без разлика од кого туку да укажеме дека Македонија е заслужна за зачувување на традициите бидејќи по смртта на Кирил и Методиј, во османлискиот период во Македонија  се зачувува преку Охрид и Охридската архиепископија. Со промената на самиот наслов на празникот кој стана „ден на бугарската азбука“ се присвои целиот контекст на Кирил и Методиј, иако историскиот контекст покажува сосема нешто друго односно дека нема никаква релација меѓу Кирил и Методиј и Бугарија. Бугарите се обидоа да направат друг контекст, односно да покажат дека од седмиот век во Солун биле Бугарите како бугарски Словени но тоа не постои во науката.Но, ја влечат таа генеза за да докажат дека Кирил и Методиј биле Бугари.
Коментирајќи го историскиот атлас од 1886 година на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен кој во картата наведува дека Самоиловото царство на територијата на денешна Република Македонија е именувано како „Македонско царство на Словените“ и оти во неговите граници ја нема територијата на Бугариа, Панов вели:
Самите Бугари во почетокот на 20-от век во периодот на Првата светска војна ангажираат бугарски етнографи, историчари со цел да се оправда нивната окупација на територијата на Македонија.Самоиловата држава не била идентификувана како бугарска во време на Самоил.Нема ниту едеn извор кој ќе укаже дека Самоил бил Бугарин.Дури и името се сокрива.Не се зборува за Самоил додека е жив и додека постоела Самоиловата држава.Важно е да се напомене дека Самоиловата црква е дел од традициите на Охридската архиепископија и јадрото е во Македонија. Се што е потоа е интерпетрција а изворите кажуваат сосема друго.
Во однос на уставните измени и влезот на Бугарите професорот има јасен став дека е клучна Преамбулата.
Доколку се менува тој сегмент на историскиот контекст и се вметнат како државотворен народ од еднa страна, а од друга страна тоа значи ревизија повторна на АСНОМ тогаш ќе има несогледливи последици.Не треба да се чепка АСНОМ, тој е фундаментот и не смее да биде доведен во прашање.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=TiVHZZNhkMc  

The post Проф. Панов: Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Панов: Тенденциозна е употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд за да се покаже заедничка историја до 1944 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/panov-tendenciozna-e-upotrebata-na-iminjata-na-car-boris-treti-i-car-ferdinand-za-da-se-pokaze-zaednichka-istorija-do-1944/ Mon, 10 Oct 2022 14:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=559519

Употребата на имињата на Цар Борис Трети и на новото здружение на бугарската заедница во земјава во најава со името на Цар Фердинад има за цел да се поврзе историјата на Бугарија со  Македонија, и да се покаже дека тие имаат заедничка историја од средновековието до 1944 година, во што очигледно има политичка димензија. Како земја победник во антифашистичката војна треба да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа мрачно минато и да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, вели историчарот Митко Панов од Институтот за национална историја.

Тоа е некоја тенденција која што на некој начин се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис Трети се симбол на окупацијата на Македонија, едниот во Втората светска војна, Борис и Фердинанд во Првата светска војна, и симболиката е таа со која што Фердинанд всушност ги обединува т.н. две царства во Бугарија, кога се прогласува за цар 1908 година и на тој начин се создава таа традиција која што еве бугарското раководство, сега не можам да кажам бугарското раководство, меѓутоа очигледно дека тука има некаква политичка димензија. Во секој случај симболиката е таа, дека Првата и Втората светска војна, овие личности ја симболизираат и окупацијата на Македонија во тој период. И затоа не случајно беше избран и Охрид како седиште на Здружението на Борис Трети. И не случајно беше избран 7 октомври којшто треба да ги спои јубилејот на 6 октомври, смртта на Самоил и таа традиција која што треба да се презентира во континуитет, а што кореспондира со актуелната политика на тенденцијата да се презентира една заедничка историја која што датира од средновековието, па се до1944 година. Таа заедничка историја всушност е Бугарија - вели Панов на новинарско прашање во врска со употребата на контроверзните имиња на цар Борис Трети и Цар Фердинанд за како име на ново здружение кое се обидува да се регистрира за што потврдуваат од Централниот регистар.

Според Панов, токму тие личности треба да ја симболизираат таа политика на Бугарија и оттаму смета дека особено личностите коишто симболизираат таков вид војни, страдања, што на некој начин имаат негативна асоцијација, особено Борис Трети со асоцијацијата со фашизмот, вели, треба категорично да бидат санкционирани од страна на државата, независно дали е потребно да има некаков закон и слично.

Тој е на ставот дека државните институции задоцнето реагирале кога станува збор за отворање и регистрација на вакви културни центри со провокативни имиња.

Да, јас мислам дека сите личности коишто асоцираат такво страшно минато треба да бидат веднаш санкционирани од државата. Па земете пример доколку некој регистрира здруженија со името на Адолф Хитлер, дали ќе се чека некаков закон и слично. Работата е во суштина дека треба ние како земја која што е победник во антифашистичката војна да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа страшно и мрачно минато и на тој начин да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа - потенцира историчарот Панов.

Запрашан дали смета дека ваквите случувања ќе се одразат во односите меѓу Бугарија и Македонија и во понатамошните преговори, тој опстојува на неговиот како што вели научен став.

Тука јас не би навлегувал, бидејќи е политичка релација. Јас зборувам како научник којшто ги следи овие тенденции историски и на некој начин реагирам од аспект на тоа, бидејќи ја знам генезата на бугарската политика од 19 век и како таа сега се проектира во современието со цел да се реализираат тие агенди коишто немаат никаква врска со добрососедските односи, а уште помалку со науката, дециден е историчарот Панов, кој изјавата ја даде по презентацијата на најдобрите ликовни и литературни дела на конкурсот организиран во рамки на активности на ИНИ за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, чии мошти на денешен ден во 1946 година биле пренесени од Софија во Скопје.

The post Панов: Тенденциозна е употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд за да се покаже заедничка историја до 1944 appeared first on Република.

]]>

Употребата на имињата на Цар Борис Трети и на новото здружение на бугарската заедница во земјава во најава со името на Цар Фердинад има за цел да се поврзе историјата на Бугарија со  Македонија, и да се покаже дека тие имаат заедничка историја од средновековието до 1944 година, во што очигледно има политичка димензија. Како земја победник во антифашистичката војна треба да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа мрачно минато и да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, вели историчарот Митко Панов од Институтот за национална историја.
Тоа е некоја тенденција која што на некој начин се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис Трети се симбол на окупацијата на Македонија, едниот во Втората светска војна, Борис и Фердинанд во Првата светска војна, и симболиката е таа со која што Фердинанд всушност ги обединува т.н. две царства во Бугарија, кога се прогласува за цар 1908 година и на тој начин се создава таа традиција која што еве бугарското раководство, сега не можам да кажам бугарското раководство, меѓутоа очигледно дека тука има некаква политичка димензија. Во секој случај симболиката е таа, дека Првата и Втората светска војна, овие личности ја симболизираат и окупацијата на Македонија во тој период. И затоа не случајно беше избран и Охрид како седиште на Здружението на Борис Трети. И не случајно беше избран 7 октомври којшто треба да ги спои јубилејот на 6 октомври, смртта на Самоил и таа традиција која што треба да се презентира во континуитет, а што кореспондира со актуелната политика на тенденцијата да се презентира една заедничка историја која што датира од средновековието, па се до1944 година. Таа заедничка историја всушност е Бугарија - вели Панов на новинарско прашање во врска со употребата на контроверзните имиња на цар Борис Трети и Цар Фердинанд за како име на ново здружение кое се обидува да се регистрира за што потврдуваат од Централниот регистар.
Според Панов, токму тие личности треба да ја симболизираат таа политика на Бугарија и оттаму смета дека особено личностите коишто симболизираат таков вид војни, страдања, што на некој начин имаат негативна асоцијација, особено Борис Трети со асоцијацијата со фашизмот, вели, треба категорично да бидат санкционирани од страна на државата, независно дали е потребно да има некаков закон и слично. Тој е на ставот дека државните институции задоцнето реагирале кога станува збор за отворање и регистрација на вакви културни центри со провокативни имиња.
Да, јас мислам дека сите личности коишто асоцираат такво страшно минато треба да бидат веднаш санкционирани од државата. Па земете пример доколку некој регистрира здруженија со името на Адолф Хитлер, дали ќе се чека некаков закон и слично. Работата е во суштина дека треба ние како земја која што е победник во антифашистичката војна да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа страшно и мрачно минато и на тој начин да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа - потенцира историчарот Панов.
Запрашан дали смета дека ваквите случувања ќе се одразат во односите меѓу Бугарија и Македонија и во понатамошните преговори, тој опстојува на неговиот како што вели научен став. Тука јас не би навлегувал, бидејќи е политичка релација. Јас зборувам како научник којшто ги следи овие тенденции историски и на некој начин реагирам од аспект на тоа, бидејќи ја знам генезата на бугарската политика од 19 век и како таа сега се проектира во современието со цел да се реализираат тие агенди коишто немаат никаква врска со добрососедските односи, а уште помалку со науката, дециден е историчарот Панов, кој изјавата ја даде по презентацијата на најдобрите ликовни и литературни дела на конкурсот организиран во рамки на активности на ИНИ за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, чии мошти на денешен ден во 1946 година биле пренесени од Софија во Скопје.

The post Панов: Тенденциозна е употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд за да се покаже заедничка историја до 1944 appeared first on Република.

]]>
Проф. Панов: Промената на историскиот наратив во учебниците треба да резултира со градење на свест на припадност кон друга нација, а не кон македонската https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-panov-preku-promenata-na-istoriskiot-narativ-vo-uchebnicite-treba-da-rezultira-so-gradenje-na-svest-na-pripadnost-kon-druga-nacija-a-ne-kon-makedonskata/ Wed, 17 Aug 2022 10:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=541319

Тенденцијата е македонскиот народ да остане без свои македонски национални херои, а идентитетската придавка македонски да се поврзе исклучиво со „Бугарите“, добивајќи во историски контекст исклучиво значење на „македонски Бугари“. Воскреснувањето на личности ги симболизираат големобугарските агенди и фашистичкото. Холокаустот е моќна историска порака, која предупредува за да не се повтори, вели за емисијата „Трилинг“  професорот Митко Панов од Институтот за национална историја, истражувач на Самоиловото царство.

Трилинг: Објавени се најавените основи за одбележување на личностите што се заеднички или беа одделно или противречно посвоени од  Македонија или Република Бугарија. Дали промената во историските учебници за 5 и 6 оддделение е почеток на заеднички читања на средниот век или прифаќање на заеднички корени на двата народи?

Панов: Кога велите „посвојување“ на личностите, претпоставувам ги имате предвид најновите политички тенденции на Бугарија и Грција, на што сме сведоци последните пет години, манифестирани преку експлоатирањето на договорите со Р. Македонија во функција на обезбедување историска ексклузивност на „сопственоста“ на културно-историското наследство на Македонија. Само еден поглед на билатералниот протокол со Бугарија oд јули годинава, јасно покажува како историјата е третирана од политиката, односно како комисијата политички се легитимира како орудие на Софија за присвојување на македонската историја.
Од друга страна, самото прифаќање на концептот „заедничка историја“, кој произлегува од интерпертацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, ја прави работата на комисијата научно невалидна, бидејќи однапред политички ја предодредува „бугарската“ историска карактеризација на личностите од Македонија и нивната соодветна контекстуализација во современието. Притоа, досегашната селекција на личностите евидентно се прави исклучиво врз основа на поврзаноста со Македонија, а препораките се ставаат во функција на потврдување на едностраниот бугарски поглед на историјата на Македонија, што преку „заедничката историја“ треба да резултира со историска „бугаризација“ на македонскиот народ и на културно-историското наследство на Р. Македонија.
Оттаму, јас не би се согласил дека ова ќе биде почеток на заедничко читање на средновековието со Бугарија преку променетите учебници, бидејќи комисиските интерпретации преточени во препораките, се сведуваат на еднострано прифаќање на бугарскиот национален наратив. Тоа во крајна линија, преку промената на историскиот наратив во учебниците, треба да резултира со градење на свест на припадност кон друга нација, а не кон македонската.

 

The post Проф. Панов: Промената на историскиот наратив во учебниците треба да резултира со градење на свест на припадност кон друга нација, а не кон македонската appeared first on Република.

]]>

Тенденцијата е македонскиот народ да остане без свои македонски национални херои, а идентитетската придавка македонски да се поврзе исклучиво со „Бугарите“, добивајќи во историски контекст исклучиво значење на „македонски Бугари“. Воскреснувањето на личности ги симболизираат големобугарските агенди и фашистичкото. Холокаустот е моќна историска порака, која предупредува за да не се повтори, вели за емисијата „Трилинг“  професорот Митко Панов од Институтот за национална историја, истражувач на Самоиловото царство. Трилинг: Објавени се најавените основи за одбележување на личностите што се заеднички или беа одделно или противречно посвоени од  Македонија или Република Бугарија. Дали промената во историските учебници за 5 и 6 оддделение е почеток на заеднички читања на средниот век или прифаќање на заеднички корени на двата народи?
Панов: Кога велите „посвојување“ на личностите, претпоставувам ги имате предвид најновите политички тенденции на Бугарија и Грција, на што сме сведоци последните пет години, манифестирани преку експлоатирањето на договорите со Р. Македонија во функција на обезбедување историска ексклузивност на „сопственоста“ на културно-историското наследство на Македонија. Само еден поглед на билатералниот протокол со Бугарија oд јули годинава, јасно покажува како историјата е третирана од политиката, односно како комисијата политички се легитимира како орудие на Софија за присвојување на македонската историја. Од друга страна, самото прифаќање на концептот „заедничка историја“, кој произлегува од интерпертацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, ја прави работата на комисијата научно невалидна, бидејќи однапред политички ја предодредува „бугарската“ историска карактеризација на личностите од Македонија и нивната соодветна контекстуализација во современието. Притоа, досегашната селекција на личностите евидентно се прави исклучиво врз основа на поврзаноста со Македонија, а препораките се ставаат во функција на потврдување на едностраниот бугарски поглед на историјата на Македонија, што преку „заедничката историја“ треба да резултира со историска „бугаризација“ на македонскиот народ и на културно-историското наследство на Р. Македонија. Оттаму, јас не би се согласил дека ова ќе биде почеток на заедничко читање на средновековието со Бугарија преку променетите учебници, бидејќи комисиските интерпретации преточени во препораките, се сведуваат на еднострано прифаќање на бугарскиот национален наратив. Тоа во крајна линија, преку промената на историскиот наратив во учебниците, треба да резултира со градење на свест на припадност кон друга нација, а не кон македонската.
 

The post Проф. Панов: Промената на историскиот наратив во учебниците треба да резултира со градење на свест на припадност кон друга нација, а не кон македонската appeared first on Република.

]]>
Mитко Панов: Чистиот јазик или чистиот идентитет кој ни се сервираше паѓа во вода со протоколот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitko-panov-chistiot-jazik-ili-chistiot-identitet-koj-ni-se-servirashe-ili-koj-shto-se-ushte-ni-se-servira-pagja-vo-voda-so-protokolot/ Mon, 18 Jul 2022 21:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=530828

Всушност протоколот е дел од преговарачката рамка, независно од тоа што се претставуваше во јавноста и едноставно комисијата сега е условена да ја заврши сопствената работа по диктат или по желба на Бугарија, а тоа е условот на крајот за членство. Всушност завршувањето на работата на комисијата станува клучен критериум и услов за влез во Европската Унија, изјави Митко Панов, научен советник и редовен професор, во Тема на Денот на Сител ТВ.

Дополнително тој потсети на вчерашната изјава на министерот Османи кој јасно упатил кон тоа дека говорот на омраза односно натписите за бугарскиот фашистички окупатор и сите понатамошни ревизии вклучувајќи го и АСНОМ ќе станат дел од обврските односно интерпретациите на комисијата.

Според Панов погубно е тоа што формулациите до сега договорени од комисијата ќе мора да се имплементираат не само во учебниците, не само во натписите, не само во јавниот простор туку и во говорите за официјално чествување на историските личности. Ова не се однесувало само на државниот врв, туку и на научни институти и и институции финансирани од државата ќе мора да ги следат формулациите на комисиите и во ниту едно официјално чествување нема да смее да се каже дека е само македонско историско и културно наследство. Според него ова е апсурд без преседан во меѓународните односи.

-Чистиот јазик или чистиот идентитет кој ни се сервираше или кој што сеуште ни се сервира, веднаш паѓа во вода со протоколот. Само проверете го протоколот и ќе видите дека никаде не се спомнуваат македонци, македонски народ, напротив се спомнува бугарскиот народ кој треба да влезе во Уставот. Со самото тоа што министерот Османи во Бугарија не ја негираше позицијата на негација на македонскиот јазик и македонскиот народ покажува дека се согласува со истото. Каков е тој говор на омраза кога соседот кој што ве условува за членство во Европска Унија не ве признава. Кој е тој говор на омраза кој што ние го шириме, посочи Минов.

The post Mитко Панов: Чистиот јазик или чистиот идентитет кој ни се сервираше паѓа во вода со протоколот appeared first on Република.

]]>

Всушност протоколот е дел од преговарачката рамка, независно од тоа што се претставуваше во јавноста и едноставно комисијата сега е условена да ја заврши сопствената работа по диктат или по желба на Бугарија, а тоа е условот на крајот за членство. Всушност завршувањето на работата на комисијата станува клучен критериум и услов за влез во Европската Унија, изјави Митко Панов, научен советник и редовен професор, во Тема на Денот на Сител ТВ. Дополнително тој потсети на вчерашната изјава на министерот Османи кој јасно упатил кон тоа дека говорот на омраза односно натписите за бугарскиот фашистички окупатор и сите понатамошни ревизии вклучувајќи го и АСНОМ ќе станат дел од обврските односно интерпретациите на комисијата. Според Панов погубно е тоа што формулациите до сега договорени од комисијата ќе мора да се имплементираат не само во учебниците, не само во натписите, не само во јавниот простор туку и во говорите за официјално чествување на историските личности. Ова не се однесувало само на државниот врв, туку и на научни институти и и институции финансирани од државата ќе мора да ги следат формулациите на комисиите и во ниту едно официјално чествување нема да смее да се каже дека е само македонско историско и културно наследство. Според него ова е апсурд без преседан во меѓународните односи. -Чистиот јазик или чистиот идентитет кој ни се сервираше или кој што сеуште ни се сервира, веднаш паѓа во вода со протоколот. Само проверете го протоколот и ќе видите дека никаде не се спомнуваат македонци, македонски народ, напротив се спомнува бугарскиот народ кој треба да влезе во Уставот. Со самото тоа што министерот Османи во Бугарија не ја негираше позицијата на негација на македонскиот јазик и македонскиот народ покажува дека се согласува со истото. Каков е тој говор на омраза кога соседот кој што ве условува за членство во Европска Унија не ве признава. Кој е тој говор на омраза кој што ние го шириме, посочи Минов.

The post Mитко Панов: Чистиот јазик или чистиот идентитет кој ни се сервираше паѓа во вода со протоколот appeared first on Република.

]]>
Не само што Македонците ќе останат без Македонија, туку Македонија ќе остане без Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-samo-shto-makedoncite-kje-ostanat-bez-makedonija-tuku-makedonija-kje-ostane-bez-makedoncite/ Tue, 05 Jul 2022 09:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=524116

Претседателот на Здружението на историчарите на Република Македонија проф. д-р Митко Б. Панов, дава најдетална и најпрецизна научна анализа за последиците од прифаќањето на бугарските позиции преку францускиот предлог.

Ја пенесуваме целата анализа на Панов за expres.mk:

Финалната верзија на Францускиот предлог, со кој билатералните протоколи со Бугарија стануваат составен дел од преговарачкиот процес, македонскиот народ и македонскиот јазик ќе ги сведе на еднострано декларирана само-определба, без историска генеза за идентитетско постоење.

Прифаќањето на Францускиот предлог ќе значи согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство.

Ако кон тоа се додаде дека придавката „македонски“ со Преспанскиот договор е веќе забранета идентитетска придавка за нацијата и за државата, на патот кон ЕУ трасиран со Францускиот предлог, Македонците не само што ќе останат без Македонија, туку Македонија ќе остане без Македонците!

Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое претстои да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање!

Пред и во текот на преговарачкиот процес, Македонците ќе бидат сведени на вештачки конструкт од 1944 година. Тоа ќе се постигне преку историското ремоделирање во согласност со националните наративи на соседите како прифатени европски историски „вистини“, кои ќе ги претворат македонскиот народ и македонската нација во современ идентитетски продукт на Договорите со Бугарија и Грција, без своја историја и без свое културно-историско наследство.

Ревизијата на историјата на македонскиот народ станува составен дел од преговарачката рамка и услов за интеграцијата во ЕУ
Во Францускиот предлог преточен во „Општиот став на ЕУ“, „Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција“ и „Предлог заклучоците на ЕУ“, како клучни критериуми стануваат билатералните протоколи со Бугарија за ревизија на историјата. Во точка 5 од „Преговарачката рамка“ од Меѓувладината конференција, „Македонија“ се обврзува да постигне „видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“.

Во „предлог заклучоците“ во точка 2, се повторува обврската за целосно имплементирање на билатералните договори. Притоа, во точка 3 од „предлог заклучоците“ и во точка 14 од „Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, ЕУ го „поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана според членот 12 од договорот“ со Бугарија.

Ваквата содржина недвосмислено упатува дека усвојувањето на предлог заклучоците во Францускиот предлог е условено со претходно потпишување на билатералниот протокол, кој станува клучен за преговарачкиот процес. Овие документи, директно ја засегнуваат историјата која го дефинира идентитетот на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик.

Еднострано деклариран македонски јазик – историски непостоечки за ЕУ
Во точка 3 од „Генералната позиција на ЕУ“, се наведува дека „ЕУ ќе ги земе предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“.

Содржината на декларациите за македонскиот јазик не се наведува, ниту се соопштува, но според Португалскиот предлог (кој претседателот Пендаровски во контекст на Францускиот предлог веќе го оцени како прифатлив), тоа би изгледало вака: За Бугарија „’македонскиот јазик’ не постоел пред 1944 година и овој термин во било кои идни документи на ЕУ ќе биде сметан во согласност со Уставот на Македонија“, додека „Македонија“ ќе декларира „дека македонскиот јазик, како што се наведува во нејзиниот Устав, е официјален јазик на земјата и бил кодифициран во 1945 година”.

Независно од формулациите (кои за претседателот на државата се прифатливи во Португалскиот предлог), забележливо е дека во едностраните декларации во Францускиот предлог, на прво место е позиционирана Бугарија, а не Македонија. Кога некоја нација го декларира својот јазичен идентитет, нејзиниот став треба да биде прво нотиран, а не на другата нација која го оспорува. Тоа имплицира дека бугарската декларација за непостоењето на македонскиот јазик всушност ќе го рефлектира генералниот став на земјите членки на ЕУ.

Воедно, треба да се земе предвид дека во билатералниот протокол од втората меѓувладина конференција, македонската страна де-факто го признава дефинирањето на македонскиот јазик, „според Уставот на Република Македонија“.

Затоа уверувањата на државното раководство дека имаме „чист јазик“, не кореспондираат со реалноста, бидејќи во Францускиот предлог не постојат никакви гаранции за заштита на македонскиот јазик во текот на преговарачкиот процес.

Напротив, преку процесот на преговори за историските прашања (поставени како клучни за Бугарија и со Францускиот предлог како критериум за ЕУ), македонскиот јазик ќе ја изгуби историската посебност и ќе биде сведен на еднострано само-декларирање, согласно со уставот. Со промените на македонскиот Устав, поставен како услов за отпочнување преговори во Францускиот предлог (точка 4 од „предлог заклучоците“), „бугарскиот јазик“ како веќе признат во ЕУ ќе може да стане официјален и за Р. Македонија.

Историски делегитимираниот македонски јазик, сведен на еднострана декларација, ќе биде соодветно означен, кога ќе дојде на ред отворањето на кластерот во кој се регулираат институционалните прашања.

Оттаму, несреќната флоскула „чист македонски јазик“ форсирана од државното раководство и од владејачката политичка елита, во суштина значи дека јазикот ќе биде „исчистен“ од историската содржинска посебност и сведен на едноставна декларациска само-определба. Не постојат никакви гаранции дека македонскиот јазик ќе биде официјално признат на ниво на ЕУ, освен што неговата историска посебност ќе биде негирана.

Историското „прочистување“ ќе се одвива преку комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија (како и со Грција), чиишто резултати во согласност со билатералните протоколи, стануваат клучен критериум за мерење на прогресот во преговарачкиот процес.

Тоа подразбира дека Бугарија, како и Грција, ќе го условат преговарачкиот процес со нивното видување на имплементацијата на договорите, во што приоритетно прашање ќе има „прочистувањето“ на македонската историја во согласност со нивните национални наративи.

Прифаќањето на националните наративи на Бугарија и Грција ќе претставува клучен предуслов и главен критериум во преговарачката рамка, што ќе ги сведе македонскиот народ и македонскиот јазик на еднострана современа декларација, со одземена историска посебност.
Македонски народ со одземена историја
Точката 4 од „предлог заклучоците“, ги содржи едно од клучните барања на Бугарија, со што Бугарите стануваат „народ“ во Р. Македонија.

За разлика од првичниот Француски предлог, кадешто беше нотирано дека „Македонија“ ќе „посвети посебно внимание на заштитата и недискриминацијата на граѓаните кои припаѓаат на малцинствата или заедниците (дел кој сега е поместен во Изјавата за меѓувладината конференција), во променетиот финален текст целосно се артикулираат барањата на Бугарија.

Во таа смисла, во текстот се додава дека „Советот ја поздравува намерата на Македонија како приоритетно прашање да ги иницира и постигне соодветните уставни промени, во смисла на вклучување во Уставот на граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од друг народ, како Бугарите“. Индикативно е што покрај Бугарите, македонскиот народ не е наведен, кој останува негиран.

Тоа во суштина значи дека државното раководство веќе се согласило на промена на Уставот и тоа преку воведувањето на Бугарите како „народ“, а не како малцинство или заедница. Државното раководство не ја соопштува формулацијата на уставните промени, но истата, имајќи ги предвид изјавите на бугарското раководство, ќе значи прифаќање дека бугарскиот народ бил „државотворен“.

Отсуството на реципроцитетно барање од страна на Р. Македонија за признавање на малцинските права на Македонците кои живеат во Бугарија, де-факто значи признание дека македонски народ историски не постоел. На тој начин, државното раководство ќе признае дека македонскиот народ нема свое малцинство во соседните земји, што само по себе ќе ги потврди тезите на Бугарија (како и на Грција), дека македонскиот народ и македонската нација биле вештачки конструкт на Титова Југославија.

Македонскиот народ ќе остане без своја автентична историја, која ќе биде коригирана со прифаќање на историските „вистини“ на соседите, кои стануваат европски, што ќе го направи непостоечки, исто како и јазикот.

Македонскиот народ ќе се сведе на еднострано деклариран народ, вештачки врамен во границите на „Македонија“ – современ политички продукт на „Македонија“.

Тоа може да и овозможи на Бугарија да побара уставните промени да бидат придружени со бришење на деловите кои за неа претставуваат „говор на омраза“ (т. 4 и т. 34 од „Општиот став на ЕУ“). Во таа смисла, Софија ќе може да го услови процесот на уставните промени со ревизијата на историскиот карактер на АСНОМ и на антифашистичката борба.

Со други зборови, Бугарија ќе може да го услови бришењето или модификацијата на АСНОМ, бидејќи таму Бугарите се претставени како фашистички окупатори, што за неа е навредливо и не кореспондира со историската „вистина“ за „државотворноста“ на „бугарскиот народ“.

Во таа смисла, сосема сигурно ќе биде побарано бришење на Прогласот oд Првото заседание на АСНОМ, бидејќи не само што во овој документ му се обзнануваат одлуките на македонскиот народ како државотворен и конститутивен, туку истиот го содржи и терминот „бугарски фашиски војски“.

Францускиот предлог ќе и овозможи на Бугарија да ја услови историската ревизија на АСНОМ при промената на Уставот и воведувањето на државотворноста на „бугарскиот народ“. Со тоа ќе се заокружи целосното бришење на АСНОМ, иницирано со Преспанскиот договор, со кој веќе се отстранети од Уставот, Манифестот и одлуките на АСНОМ!

Кон ваквиот заклучок водат и досегашните заложби на македонското државно раководство за отстранување на бугарскиот предзнак пред „фашистички“ и пред „окупатори“ на натписите и спомениците во Р. Македонија, како непосредни историски сведоштва. Воедно, ко-претседателот на македонскиот дел од комисијата за историски и образовни прашања, неодамна jавно го негираше фашистичкиот карактер на бугарската држава во времето на Втората Светска Војна, отворено залагајќи се ваквото историско редефинирање да биде рефлектирано и во македонските учебници низ процесот на комисиското договарање.

Р. Македонија ќе биде единствената држава, во која државното раководство го поима Уставот не како вечен стратешки документ со кој се заштитува нацијата, туку како средство за задоволување на националните интереси на соседите. Со тоа владејачката елита дозволува други нации да го проблематизираат македонскиот идентитет, а со своите барања издигнати на ниво на ЕУ, да ја делегитимираат историска посебност и постоењето на македонскиот народ и нација.

Македонски народ и нација без свое културно-историско наследство

Согласно очекувањата на Бугарија, македонскиот народ историски ќе биде делегитимиран, исто како и јазикот, бидејќи Францускиот предлог, преку поставувањето на билатералните протоколи како критериум за преговорите, ги внесува билатералните историски прашања во преговарачкиот процес на ниво на ЕУ. Работата на комисијата за историски и образовни прашања на тој начин станува дел од преговарачкиот процес и клучен критерум за ЕУ интеграциите (точка 5 од „Преговарачката рамка“).

Иако владејачката елита не ги обелоденува билатералните протоколи, истите веќе се објавени во јавноста од бугарските медиуми. Врз основа на нивната содржина, во текот на натамошното историско „прочистување“ во рамките на комисијата, бугарскиот народ ќе стане носител на културно-историските традиции во Р. Македонија од средновековието до денес, како државотворен народ, а во согласност со променетиот Устав.

„Заедничката историја“ согласно со Договорот со Бугарија ќе добие само едно значење – „вистинска“ историја на „бугарскиот народ“, која ги обединувала и обединува двете држави.

Сето тоа, согласно билатералните протоколи, ќе треба соодветно да се одбележи на сите натписи, споменици, музеи, државни институции, јавниот простор, наставните програми, учебниците, кои ќе станат „бугарски“. На тој начин ќе се маркира „бугарската“ сопственост на културно-историското наследство од средновековието до денес.

Со билатералниот протокол со Бугарија, преку комисиските договарања (вклучително и со Грција) ќе се исклучи било каква идентитетска врска на Словените со термините Македонија и Македонци (со исклучиво историско значење на хеленско наследство), кои врамени во политичкиот концепт на „заедничка историја“ со Бугарија ќе добијат „бугарски“ предзнак.

Македонските Словени ќе станат етнички Бугари уште од 7 век, а придавката македонски во историска смисла ќе се претвори во исклучива регионална ознака, без етничка содржина. Од тоа ќе произлезе дека постоеле и постојат само „македонски Бугари“, кои живееле и живеат во „Македонија“.

Оттаму, историјата на Македонија, на македонските преродбеници, револуционерите, интелектуалците, ВМРО, Илинденското востание, ќе добие „бугарска“ етничка ознака, прогласени како дел од „заедничката“ историја на „бугарскиот“ народ.
Со тоа ќе се раскине врската помеѓу националниот наратив и македонскиот народ.
Тоа ќе се одвива преку историската контекстуализација во рамките на веќе „реформираниот“ образовен систем и преку ревидираните програми и учебници, усогласени со комисиските договорени интерпретации, што се издигнува во клучен индикатор за преговорачкиот процес на ниво на ЕУ.

Во адаптираните хибридни учебници, учениците ќе учат дека во Македонија биле населени „Бугарски Словени“ уште од 7 век, кои говореле на „старобугарски“ јазик. Од тоа тие ќе извлекуваат заклучок дека светите Кирил и Методиј ја креирале азбуката за потребите на Бугарите врз основа на „старобугарскиот“ јазик.

Ќе се изучува дека Светите Климент и Наум Охридски делувале меѓу сонародниците Бугари, пришто средновековната држава Бугарија одиграла клучна улога во зачувувањето на Кирилометодиевските традиции и на „старобугарскиот“ јазик.

Ќе се редефинира и историскиот контекст поврзан со богомилите, за да се претстави дека нивното учење и движење во суштина не било автономно македонско и дека не било насочено против бугарската власт.

Самуиловата држава ќе биде претставена како „Бугарско Царство“, со оглед дека комисијата веќе го определила тоа со првиот протокол. Тоа ќе значи дека Самуил не формирал независна држава и црква, туку ги продолжил „бугарските“ царски и црковни традиции, иако несомнено Бугарија како држава и црква била ликвидирана од Византија во 971 година.
Аналогно, Охридската Архиепископија, ќе стане дел од „заедничката историја“ и интерпретирана како продолжение на Бугарската Патријаршија.

Исто како и востанијата на Петар Делјан, Георги Војтех, кои ќе бидат интерпретирани како политичка мобилизација на Бугарите за обнова на Самуиловото Бугарско Царство, или на Кралот Марко, кој како дел од „заедничката историја“, ќе биде доведен во „бугарски“ историски контекст.
И така преку Гоце Делчев, Илинденското востание … сѐ до 1944 година, а преку ревидираниот историски АСНОМ до денес.
Во учебниците ќе се имплантира националниот наратив на „бугарскиот“ државотворен народ, со што ќе се гради свест за припадноста на еден ист народ, поделен поради историските контексти во различни држави.

Заклучок

Со оглед дека со Преспанскиот договор повеќе не постои „македонска нација“, бидејќи придавката „македонски“ е забранета како именска и идентитетска ознака за државата и нацијата, останува преку Францускиот предлог чијшто интегрален дел е билатералниот протокол со Бугарија, македонскиот народ и македонскиот јазик да се сведат на еднострано декларирање, што ќе значи само-прифаќање на сопственото историско непостоење пред 1944 година.

Тоа ќе значи признание дека постоењето на македонскиот народ и македонската нација е засновано на вештачки конструкт и декрет на Тито, со што дотогашните Бугари, биле насилно идеолошки конвертирани во непостоечки етнички Македонци.

Македонскиот народ и македонски јазик ќе ја изгубат историската посебност. Историската генеза на јазикот и на народот, еднострано декларирани како „македонски“ ќе станат „бугарски“, бидејќи така ќе декларира Бугарија како земја членка (користејќи ги механизмите на ЕУ и билатералните протоколи). Во историска смисла, преку бугарската историска „вистина“ на ниво на ЕУ, македонскиот народ и јазик ќе станат „бугарски“.

Врз основа на едностраното декларирање во Францускиот предлог, македонскиот нема да може да стане официјален јазик на ниво на ЕУ, бидејќи со комисиските ревизии, јазикот ќе остане без историското постоење пред 1944 година, со што ќе стане вештачки конвертиран „бугарски“ јазичен дијалект.

Затоа, бугарскиот јазик, говорен од „бугарскиот народ“ како државотворен во „ Македонија“, ќе може да остане единствениот историски легитимиран постоечки јазик и оттаму официјален на ниво на ЕУ.

Истото се однесува и на културно-историско наследство на Р. Македонија кое од средновековието до денес ќе стане сопственост на Бугарија, што ќе биде соодветно етикетирано и маркирано на севкупниот јавен простор, споменици, институции, учебници, медиуми. Исто како што историските имиња Македонија и Македонци, според Преспанскиот договор се веќе прогласени за хеленско културно-историско наследство и маркирани како сопственост на Грција.

Кога граѓаните и туристите ќе ги посетуваат културно-историските споменици во Р. Македонија, ќе можат да прочитаат на натписите, во туристичките водичи, медиумите, дека истите се дел од хеленското или бугарското културно-историското наследство, односно сопственост на Грција или на Бугарија.

Во спротивно Р. Македонија ќе биде обвинета за кражба на историјата.
Македонскиот народ ќе остане без своја историја, традиции и наследство, туѓ на своето и на себеси, историски непостоечки, исто како и македонската нација!
Придавката „македонски“ ќе ја изгуби историската содржина, станувајќи „бугарска“ или „грчка“ во зависно од историската контекстуализација на комисиските договарања.

Македонскиот народ и нација ќе се сведат на унилатерална декларација и современ политички продукт на Договорите со Бугарија и Грција, прифаќајќи ја националната историја од соседите како своја „вистинска“, стекнувајќи се со тоа со „правилен“ идентитет за ЕУ.

Учениците во учебниците ќе ја изучуваат „прочистената“ историја, „осознавајќи“ дека нивните татковци, мајки, дедовци, баби … не биле Македонци, туку всушност биле „Бугари“ и говореле „бугарски јазик“, само што биле идеолошки заблудени од комунистичката пропаганда и не биле свесни за тоа, што нивните потомци сега можат да го согледаат.

Новите генерации „граѓани на Македонија“, преку учебниците ќе градат свест за национална припадност, но не на македонската, која нема да постои, исто како и македонскиот народ и јазик, кои историски делегитимирани ќе се сведат на современ продукт на договорите со соседите.
Со тоа ќе биде ставен крај на македонското прашање како проблем за ЕУ – бидејќи Македонците ќе ги нема повеќе.

Затоа големо НЕ за Францускиот предлог!
Во контекст на ваквите современи негации во 21 век, треба сите да ја препрочитаме интимната порака на Коста Рацин кој од пред повеќе од 80 години предупредил дека во напорите за извојување на слобода и државност, современиот македонски народен писател „мора да ја издржи комбинираната навала од противникот, што си го присвојува правото на историска тапија врз срцето и свеста на народот“.

За Коста, народната книжевност претставува значајна културна појава и културна придобивка, бидејќи е пишувана на јазик на кој тој народ најинтимно си мисли, најдлабоко ги чувствува и изразува своите вековни патила и најблагородните човечки стремежи. Затоа книжевноста која е тесно поврзана со народниот живот и е инспирирана од народните потреби, претставува „верен и жив одраз“ на свеста на народот. Таа е плодоносна кога го олицетворува вековниот народен идеал, а станува наполно залудна кога ја „губи врската со народот“.

Затоа, според Рацин, „врз самопожртвуваните одделни луѓе паѓа голема историска чест, но и голема општествена одговорност, да го извршат чесно својот позив. Тие мораат безобѕирно да ги надвијат сите лични и други тешкотии, сите искушенија и сите лични кризи, за да го заслужат достојно вистинското име — народен писател на овој храбар и напатен народ“.

Јас би додал, дека секој чесен македонски граѓанин, независно од припадноста и професијата, мора да го крене гласот против Францускиот предлог, за напатениот македонски народ да не остане без историската тапија врз срцето и свеста, без запис за себе, со туѓ спомен на друг!
Треба сите Мисирковски да се преиспитаме каде одиме и што правиме, бидејќи како што тој самиот велел пред повеќе од стотина години, во прашање е „вековното културно издигнување и националното самозачувување на Македонците“.

Вековно културно-историско наследство, кое сега со леснотија се раздава и отстапува во име на безидентитеската и неизвесната иднина во ЕУ.

 

The post Не само што Македонците ќе останат без Македонија, туку Македонија ќе остане без Македонците appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Здружението на историчарите на Република Македонија проф. д-р Митко Б. Панов, дава најдетална и најпрецизна научна анализа за последиците од прифаќањето на бугарските позиции преку францускиот предлог. Ја пенесуваме целата анализа на Панов за expres.mk: Финалната верзија на Францускиот предлог, со кој билатералните протоколи со Бугарија стануваат составен дел од преговарачкиот процес, македонскиот народ и македонскиот јазик ќе ги сведе на еднострано декларирана само-определба, без историска генеза за идентитетско постоење. Прифаќањето на Францускиот предлог ќе значи согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство. Ако кон тоа се додаде дека придавката „македонски“ со Преспанскиот договор е веќе забранета идентитетска придавка за нацијата и за државата, на патот кон ЕУ трасиран со Францускиот предлог, Македонците не само што ќе останат без Македонија, туку Македонија ќе остане без Македонците! Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое претстои да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање! Пред и во текот на преговарачкиот процес, Македонците ќе бидат сведени на вештачки конструкт од 1944 година. Тоа ќе се постигне преку историското ремоделирање во согласност со националните наративи на соседите како прифатени европски историски „вистини“, кои ќе ги претворат македонскиот народ и македонската нација во современ идентитетски продукт на Договорите со Бугарија и Грција, без своја историја и без свое културно-историско наследство. Ревизијата на историјата на македонскиот народ станува составен дел од преговарачката рамка и услов за интеграцијата во ЕУ Во Францускиот предлог преточен во „Општиот став на ЕУ“, „Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција“ и „Предлог заклучоците на ЕУ“, како клучни критериуми стануваат билатералните протоколи со Бугарија за ревизија на историјата. Во точка 5 од „Преговарачката рамка“ од Меѓувладината конференција, „Македонија“ се обврзува да постигне „видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“. Во „предлог заклучоците“ во точка 2, се повторува обврската за целосно имплементирање на билатералните договори. Притоа, во точка 3 од „предлог заклучоците“ и во точка 14 од „Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, ЕУ го „поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана според членот 12 од договорот“ со Бугарија. Ваквата содржина недвосмислено упатува дека усвојувањето на предлог заклучоците во Францускиот предлог е условено со претходно потпишување на билатералниот протокол, кој станува клучен за преговарачкиот процес. Овие документи, директно ја засегнуваат историјата која го дефинира идентитетот на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик. Еднострано деклариран македонски јазик – историски непостоечки за ЕУ Во точка 3 од „Генералната позиција на ЕУ“, се наведува дека „ЕУ ќе ги земе предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“. Содржината на декларациите за македонскиот јазик не се наведува, ниту се соопштува, но според Португалскиот предлог (кој претседателот Пендаровски во контекст на Францускиот предлог веќе го оцени како прифатлив), тоа би изгледало вака: За Бугарија „’македонскиот јазик’ не постоел пред 1944 година и овој термин во било кои идни документи на ЕУ ќе биде сметан во согласност со Уставот на Македонија“, додека „Македонија“ ќе декларира „дека македонскиот јазик, како што се наведува во нејзиниот Устав, е официјален јазик на земјата и бил кодифициран во 1945 година”. Независно од формулациите (кои за претседателот на државата се прифатливи во Португалскиот предлог), забележливо е дека во едностраните декларации во Францускиот предлог, на прво место е позиционирана Бугарија, а не Македонија. Кога некоја нација го декларира својот јазичен идентитет, нејзиниот став треба да биде прво нотиран, а не на другата нација која го оспорува. Тоа имплицира дека бугарската декларација за непостоењето на македонскиот јазик всушност ќе го рефлектира генералниот став на земјите членки на ЕУ. Воедно, треба да се земе предвид дека во билатералниот протокол од втората меѓувладина конференција, македонската страна де-факто го признава дефинирањето на македонскиот јазик, „според Уставот на Република Македонија“. Затоа уверувањата на државното раководство дека имаме „чист јазик“, не кореспондираат со реалноста, бидејќи во Францускиот предлог не постојат никакви гаранции за заштита на македонскиот јазик во текот на преговарачкиот процес. Напротив, преку процесот на преговори за историските прашања (поставени како клучни за Бугарија и со Францускиот предлог како критериум за ЕУ), македонскиот јазик ќе ја изгуби историската посебност и ќе биде сведен на еднострано само-декларирање, согласно со уставот. Со промените на македонскиот Устав, поставен како услов за отпочнување преговори во Францускиот предлог (точка 4 од „предлог заклучоците“), „бугарскиот јазик“ како веќе признат во ЕУ ќе може да стане официјален и за Р. Македонија. Историски делегитимираниот македонски јазик, сведен на еднострана декларација, ќе биде соодветно означен, кога ќе дојде на ред отворањето на кластерот во кој се регулираат институционалните прашања. Оттаму, несреќната флоскула „чист македонски јазик“ форсирана од државното раководство и од владејачката политичка елита, во суштина значи дека јазикот ќе биде „исчистен“ од историската содржинска посебност и сведен на едноставна декларациска само-определба. Не постојат никакви гаранции дека македонскиот јазик ќе биде официјално признат на ниво на ЕУ, освен што неговата историска посебност ќе биде негирана. Историското „прочистување“ ќе се одвива преку комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија (како и со Грција), чиишто резултати во согласност со билатералните протоколи, стануваат клучен критериум за мерење на прогресот во преговарачкиот процес. Тоа подразбира дека Бугарија, како и Грција, ќе го условат преговарачкиот процес со нивното видување на имплементацијата на договорите, во што приоритетно прашање ќе има „прочистувањето“ на македонската историја во согласност со нивните национални наративи. Прифаќањето на националните наративи на Бугарија и Грција ќе претставува клучен предуслов и главен критериум во преговарачката рамка, што ќе ги сведе македонскиот народ и македонскиот јазик на еднострана современа декларација, со одземена историска посебност. Македонски народ со одземена историја Точката 4 од „предлог заклучоците“, ги содржи едно од клучните барања на Бугарија, со што Бугарите стануваат „народ“ во Р. Македонија. За разлика од првичниот Француски предлог, кадешто беше нотирано дека „Македонија“ ќе „посвети посебно внимание на заштитата и недискриминацијата на граѓаните кои припаѓаат на малцинствата или заедниците (дел кој сега е поместен во Изјавата за меѓувладината конференција), во променетиот финален текст целосно се артикулираат барањата на Бугарија. Во таа смисла, во текстот се додава дека „Советот ја поздравува намерата на Македонија како приоритетно прашање да ги иницира и постигне соодветните уставни промени, во смисла на вклучување во Уставот на граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од друг народ, како Бугарите“. Индикативно е што покрај Бугарите, македонскиот народ не е наведен, кој останува негиран. Тоа во суштина значи дека државното раководство веќе се согласило на промена на Уставот и тоа преку воведувањето на Бугарите како „народ“, а не како малцинство или заедница. Државното раководство не ја соопштува формулацијата на уставните промени, но истата, имајќи ги предвид изјавите на бугарското раководство, ќе значи прифаќање дека бугарскиот народ бил „државотворен“. Отсуството на реципроцитетно барање од страна на Р. Македонија за признавање на малцинските права на Македонците кои живеат во Бугарија, де-факто значи признание дека македонски народ историски не постоел. На тој начин, државното раководство ќе признае дека македонскиот народ нема свое малцинство во соседните земји, што само по себе ќе ги потврди тезите на Бугарија (како и на Грција), дека македонскиот народ и македонската нација биле вештачки конструкт на Титова Југославија. Македонскиот народ ќе остане без своја автентична историја, која ќе биде коригирана со прифаќање на историските „вистини“ на соседите, кои стануваат европски, што ќе го направи непостоечки, исто како и јазикот. Македонскиот народ ќе се сведе на еднострано деклариран народ, вештачки врамен во границите на „Македонија“ – современ политички продукт на „Македонија“. Тоа може да и овозможи на Бугарија да побара уставните промени да бидат придружени со бришење на деловите кои за неа претставуваат „говор на омраза“ (т. 4 и т. 34 од „Општиот став на ЕУ“). Во таа смисла, Софија ќе може да го услови процесот на уставните промени со ревизијата на историскиот карактер на АСНОМ и на антифашистичката борба. Со други зборови, Бугарија ќе може да го услови бришењето или модификацијата на АСНОМ, бидејќи таму Бугарите се претставени како фашистички окупатори, што за неа е навредливо и не кореспондира со историската „вистина“ за „државотворноста“ на „бугарскиот народ“. Во таа смисла, сосема сигурно ќе биде побарано бришење на Прогласот oд Првото заседание на АСНОМ, бидејќи не само што во овој документ му се обзнануваат одлуките на македонскиот народ како државотворен и конститутивен, туку истиот го содржи и терминот „бугарски фашиски војски“. Францускиот предлог ќе и овозможи на Бугарија да ја услови историската ревизија на АСНОМ при промената на Уставот и воведувањето на државотворноста на „бугарскиот народ“. Со тоа ќе се заокружи целосното бришење на АСНОМ, иницирано со Преспанскиот договор, со кој веќе се отстранети од Уставот, Манифестот и одлуките на АСНОМ! Кон ваквиот заклучок водат и досегашните заложби на македонското државно раководство за отстранување на бугарскиот предзнак пред „фашистички“ и пред „окупатори“ на натписите и спомениците во Р. Македонија, како непосредни историски сведоштва. Воедно, ко-претседателот на македонскиот дел од комисијата за историски и образовни прашања, неодамна jавно го негираше фашистичкиот карактер на бугарската држава во времето на Втората Светска Војна, отворено залагајќи се ваквото историско редефинирање да биде рефлектирано и во македонските учебници низ процесот на комисиското договарање. Р. Македонија ќе биде единствената држава, во која државното раководство го поима Уставот не како вечен стратешки документ со кој се заштитува нацијата, туку како средство за задоволување на националните интереси на соседите. Со тоа владејачката елита дозволува други нации да го проблематизираат македонскиот идентитет, а со своите барања издигнати на ниво на ЕУ, да ја делегитимираат историска посебност и постоењето на македонскиот народ и нација. Македонски народ и нација без свое културно-историско наследство Согласно очекувањата на Бугарија, македонскиот народ историски ќе биде делегитимиран, исто како и јазикот, бидејќи Францускиот предлог, преку поставувањето на билатералните протоколи како критериум за преговорите, ги внесува билатералните историски прашања во преговарачкиот процес на ниво на ЕУ. Работата на комисијата за историски и образовни прашања на тој начин станува дел од преговарачкиот процес и клучен критерум за ЕУ интеграциите (точка 5 од „Преговарачката рамка“). Иако владејачката елита не ги обелоденува билатералните протоколи, истите веќе се објавени во јавноста од бугарските медиуми. Врз основа на нивната содржина, во текот на натамошното историско „прочистување“ во рамките на комисијата, бугарскиот народ ќе стане носител на културно-историските традиции во Р. Македонија од средновековието до денес, како државотворен народ, а во согласност со променетиот Устав. „Заедничката историја“ согласно со Договорот со Бугарија ќе добие само едно значење – „вистинска“ историја на „бугарскиот народ“, која ги обединувала и обединува двете држави. Сето тоа, согласно билатералните протоколи, ќе треба соодветно да се одбележи на сите натписи, споменици, музеи, државни институции, јавниот простор, наставните програми, учебниците, кои ќе станат „бугарски“. На тој начин ќе се маркира „бугарската“ сопственост на културно-историското наследство од средновековието до денес. Со билатералниот протокол со Бугарија, преку комисиските договарања (вклучително и со Грција) ќе се исклучи било каква идентитетска врска на Словените со термините Македонија и Македонци (со исклучиво историско значење на хеленско наследство), кои врамени во политичкиот концепт на „заедничка историја“ со Бугарија ќе добијат „бугарски“ предзнак. Македонските Словени ќе станат етнички Бугари уште од 7 век, а придавката македонски во историска смисла ќе се претвори во исклучива регионална ознака, без етничка содржина. Од тоа ќе произлезе дека постоеле и постојат само „македонски Бугари“, кои живееле и живеат во „Македонија“. Оттаму, историјата на Македонија, на македонските преродбеници, револуционерите, интелектуалците, ВМРО, Илинденското востание, ќе добие „бугарска“ етничка ознака, прогласени како дел од „заедничката“ историја на „бугарскиот“ народ. Со тоа ќе се раскине врската помеѓу националниот наратив и македонскиот народ. Тоа ќе се одвива преку историската контекстуализација во рамките на веќе „реформираниот“ образовен систем и преку ревидираните програми и учебници, усогласени со комисиските договорени интерпретации, што се издигнува во клучен индикатор за преговорачкиот процес на ниво на ЕУ. Во адаптираните хибридни учебници, учениците ќе учат дека во Македонија биле населени „Бугарски Словени“ уште од 7 век, кои говореле на „старобугарски“ јазик. Од тоа тие ќе извлекуваат заклучок дека светите Кирил и Методиј ја креирале азбуката за потребите на Бугарите врз основа на „старобугарскиот“ јазик. Ќе се изучува дека Светите Климент и Наум Охридски делувале меѓу сонародниците Бугари, пришто средновековната држава Бугарија одиграла клучна улога во зачувувањето на Кирилометодиевските традиции и на „старобугарскиот“ јазик. Ќе се редефинира и историскиот контекст поврзан со богомилите, за да се претстави дека нивното учење и движење во суштина не било автономно македонско и дека не било насочено против бугарската власт. Самуиловата држава ќе биде претставена како „Бугарско Царство“, со оглед дека комисијата веќе го определила тоа со првиот протокол. Тоа ќе значи дека Самуил не формирал независна држава и црква, туку ги продолжил „бугарските“ царски и црковни традиции, иако несомнено Бугарија како држава и црква била ликвидирана од Византија во 971 година. Аналогно, Охридската Архиепископија, ќе стане дел од „заедничката историја“ и интерпретирана како продолжение на Бугарската Патријаршија. Исто како и востанијата на Петар Делјан, Георги Војтех, кои ќе бидат интерпретирани како политичка мобилизација на Бугарите за обнова на Самуиловото Бугарско Царство, или на Кралот Марко, кој како дел од „заедничката историја“, ќе биде доведен во „бугарски“ историски контекст. И така преку Гоце Делчев, Илинденското востание … сѐ до 1944 година, а преку ревидираниот историски АСНОМ до денес. Во учебниците ќе се имплантира националниот наратив на „бугарскиот“ државотворен народ, со што ќе се гради свест за припадноста на еден ист народ, поделен поради историските контексти во различни држави. Заклучок Со оглед дека со Преспанскиот договор повеќе не постои „македонска нација“, бидејќи придавката „македонски“ е забранета како именска и идентитетска ознака за државата и нацијата, останува преку Францускиот предлог чијшто интегрален дел е билатералниот протокол со Бугарија, македонскиот народ и македонскиот јазик да се сведат на еднострано декларирање, што ќе значи само-прифаќање на сопственото историско непостоење пред 1944 година. Тоа ќе значи признание дека постоењето на македонскиот народ и македонската нација е засновано на вештачки конструкт и декрет на Тито, со што дотогашните Бугари, биле насилно идеолошки конвертирани во непостоечки етнички Македонци. Македонскиот народ и македонски јазик ќе ја изгубат историската посебност. Историската генеза на јазикот и на народот, еднострано декларирани како „македонски“ ќе станат „бугарски“, бидејќи така ќе декларира Бугарија како земја членка (користејќи ги механизмите на ЕУ и билатералните протоколи). Во историска смисла, преку бугарската историска „вистина“ на ниво на ЕУ, македонскиот народ и јазик ќе станат „бугарски“. Врз основа на едностраното декларирање во Францускиот предлог, македонскиот нема да може да стане официјален јазик на ниво на ЕУ, бидејќи со комисиските ревизии, јазикот ќе остане без историското постоење пред 1944 година, со што ќе стане вештачки конвертиран „бугарски“ јазичен дијалект. Затоа, бугарскиот јазик, говорен од „бугарскиот народ“ како државотворен во „ Македонија“, ќе може да остане единствениот историски легитимиран постоечки јазик и оттаму официјален на ниво на ЕУ. Истото се однесува и на културно-историско наследство на Р. Македонија кое од средновековието до денес ќе стане сопственост на Бугарија, што ќе биде соодветно етикетирано и маркирано на севкупниот јавен простор, споменици, институции, учебници, медиуми. Исто како што историските имиња Македонија и Македонци, според Преспанскиот договор се веќе прогласени за хеленско културно-историско наследство и маркирани како сопственост на Грција. Кога граѓаните и туристите ќе ги посетуваат културно-историските споменици во Р. Македонија, ќе можат да прочитаат на натписите, во туристичките водичи, медиумите, дека истите се дел од хеленското или бугарското културно-историското наследство, односно сопственост на Грција или на Бугарија. Во спротивно Р. Македонија ќе биде обвинета за кражба на историјата. Македонскиот народ ќе остане без своја историја, традиции и наследство, туѓ на своето и на себеси, историски непостоечки, исто како и македонската нација! Придавката „македонски“ ќе ја изгуби историската содржина, станувајќи „бугарска“ или „грчка“ во зависно од историската контекстуализација на комисиските договарања. Македонскиот народ и нација ќе се сведат на унилатерална декларација и современ политички продукт на Договорите со Бугарија и Грција, прифаќајќи ја националната историја од соседите како своја „вистинска“, стекнувајќи се со тоа со „правилен“ идентитет за ЕУ. Учениците во учебниците ќе ја изучуваат „прочистената“ историја, „осознавајќи“ дека нивните татковци, мајки, дедовци, баби … не биле Македонци, туку всушност биле „Бугари“ и говореле „бугарски јазик“, само што биле идеолошки заблудени од комунистичката пропаганда и не биле свесни за тоа, што нивните потомци сега можат да го согледаат. Новите генерации „граѓани на Македонија“, преку учебниците ќе градат свест за национална припадност, но не на македонската, која нема да постои, исто како и македонскиот народ и јазик, кои историски делегитимирани ќе се сведат на современ продукт на договорите со соседите. Со тоа ќе биде ставен крај на македонското прашање како проблем за ЕУ – бидејќи Македонците ќе ги нема повеќе. Затоа големо НЕ за Францускиот предлог! Во контекст на ваквите современи негации во 21 век, треба сите да ја препрочитаме интимната порака на Коста Рацин кој од пред повеќе од 80 години предупредил дека во напорите за извојување на слобода и државност, современиот македонски народен писател „мора да ја издржи комбинираната навала од противникот, што си го присвојува правото на историска тапија врз срцето и свеста на народот“. За Коста, народната книжевност претставува значајна културна појава и културна придобивка, бидејќи е пишувана на јазик на кој тој народ најинтимно си мисли, најдлабоко ги чувствува и изразува своите вековни патила и најблагородните човечки стремежи. Затоа книжевноста која е тесно поврзана со народниот живот и е инспирирана од народните потреби, претставува „верен и жив одраз“ на свеста на народот. Таа е плодоносна кога го олицетворува вековниот народен идеал, а станува наполно залудна кога ја „губи врската со народот“. Затоа, според Рацин, „врз самопожртвуваните одделни луѓе паѓа голема историска чест, но и голема општествена одговорност, да го извршат чесно својот позив. Тие мораат безобѕирно да ги надвијат сите лични и други тешкотии, сите искушенија и сите лични кризи, за да го заслужат достојно вистинското име — народен писател на овој храбар и напатен народ“. Јас би додал, дека секој чесен македонски граѓанин, независно од припадноста и професијата, мора да го крене гласот против Францускиот предлог, за напатениот македонски народ да не остане без историската тапија врз срцето и свеста, без запис за себе, со туѓ спомен на друг! Треба сите Мисирковски да се преиспитаме каде одиме и што правиме, бидејќи како што тој самиот велел пред повеќе од стотина години, во прашање е „вековното културно издигнување и националното самозачувување на Македонците“. Вековно културно-историско наследство, кое сега со леснотија се раздава и отстапува во име на безидентитеската и неизвесната иднина во ЕУ.  

The post Не само што Македонците ќе останат без Македонија, туку Македонија ќе остане без Македонците appeared first on Република.

]]>
Бугарија сака да ни го земе и Крали Марко! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-saka-da-ni-go-zeme-i-krali-marko/ Fri, 29 Apr 2022 10:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=495206

Во делот на историските личности кои Бугарија сака да и ги земе на Македонија на ред дојде и Крали Марко. Како што дознаваме, оваа историска личност е ставена на маса во разговите меѓу историските комисии и како што досега се случи со речиси сите личности и настани голема е веројатноста и Крали Марко да стане Бугарин.

За ова вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ проговори и историчарот и професор Митко Панов.

Тој вели дека Крали Марко ќе се проблематизира од страна на Бугарија и оти средновековието веќе е дефинирано како дел од заедничката историја.

Фундаментот на Бугарија е средновековието бидејќи врз основа на тоа го легитимираат своето пристуство на територијата на Македонија и се поврзвуваат со црквата  и со христијанизацијата. На тој начин градат еден континуитет од средновековието до денеска-изјави Панов во емисијата.

Крале Маркo последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на Турција. Tој е најпознатиот јунак на народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со сeдиште во Прилеп.

The post Бугарија сака да ни го земе и Крали Марко! appeared first on Република.

]]>

Во делот на историските личности кои Бугарија сака да и ги земе на Македонија на ред дојде и Крали Марко. Како што дознаваме, оваа историска личност е ставена на маса во разговите меѓу историските комисии и како што досега се случи со речиси сите личности и настани голема е веројатноста и Крали Марко да стане Бугарин. За ова вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ проговори и историчарот и професор Митко Панов. Тој вели дека Крали Марко ќе се проблематизира од страна на Бугарија и оти средновековието веќе е дефинирано како дел од заедничката историја.
Фундаментот на Бугарија е средновековието бидејќи врз основа на тоа го легитимираат своето пристуство на територијата на Македонија и се поврзвуваат со црквата  и со христијанизацијата. На тој начин градат еден континуитет од средновековието до денеска-изјави Панов во емисијата.
Крале Маркo последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на Турција. Tој е најпознатиот јунак на народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со сeдиште во Прилеп.

The post Бугарија сака да ни го земе и Крали Марко! appeared first on Република.

]]>