Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната и ќе седи дома до 21 ноември.
Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица. Двајца од нив, Александар Јаневски - Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот. Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.
The post Митко Чавков ќе биде дома до 21 ноември appeared first on Република.
]]>The post Митко Чавков ќе биде дома до 21 ноември appeared first on Република.
]]>Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната до 21 ноември.
Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица.
Директор на штипскиот затвор Дејан Здравков, за МИА ги потврди информациите дека со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември). На Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот.
Од Кривичниот суд, за МИА потврдија дека пет лица, осудени за настаните од 27 април, побарале од судот прекин на казната. Судот на тројца им дозволил прекин за еден осуденик решението е во фаза на изготвување, а едно од барањата е одбиено заради некомплетна документација.
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.
Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност(БЈБ), кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.
The post Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков appeared first on Република.
]]>The post Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков appeared first on Република.
]]>Твојата загриженост, очај и страв се последица на бруталната злоупотреба на правото на кривично гонење, подеднакво слугувајќи на поранешни и сегашни функционери! Ова е дел од писмото на Митко Чавков, поранешниот висок функционер во МВР кој е осуден во случајот 27 април, по повод синоќешното јавно обраќање на обвинителката Вилма Русковска. Писмото насловено како „Крикот за Русковска“ е објавено од ќерката на Чавков.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-gi-povika-ambasadite-na-sad-i-eu-da-stavat-kraj-na-pritisocite-vrz-obvinitelite-od-strana-na-vlasta-ednash-zasekogash-mora-da-se-znae-koj-e-kriminalec-a-koj-se-bori-protiv-kriminalot/
„’Македонија ниту е диктатура, ниту e монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни и поранешни функционери’. Силно ќе извика Вилма! Неспорно е дека и самата е заплеткана во ‘мрежа’ во чие развивање имаше клучен удел. Но, неспорно е и тоа дека на сцената се одвива судир на ‘мрежи’.
Се заплеткаа самите и нека им е, не навлегувам во тоа…
Во овие судири кои ќе ескалираат, се повикува на 8% од јавноста и ги повикува највлијателните амбасади со што индиректно им наштетува во очите на јавноста.
Се повикуваш на образ, чест и углед или поточно на вредности и на професионален интегритет?
Ниту образ, ниту углед, ниту чест, ниту интегритет имаш!
Но, да се вратам на вистинската причина, суштина и природа на твојот крик. Веднаш да потенцирам, твојот крик ниту е од болка, ниту е од изненадување, ниту е од ужас, твојот крик е од очај и страв. Но не страв поради немањето на образ, чест и углед, ниту страв заради кршењето на темелните принципи за постапување на еден обвинител – законитост, легалитет, леитимитет, објективност и непристрасност во континуитет од 2004 година па наваму!
Твојата загриженост, очај и страв се последица на бруталната злоупотреба на правото на кривично гонење, подеднакво слугувајќи на поранешни и сегашни функционери!
Неморалноста и нестручоста се твоите заштитни знаци и од тука е и твоето слугување од 2004 година до денеска, со злоупотреба на правото на кривично гонење. Премногу се случаите на злоупотреба на правото на гонење кои се вистинската причина за твојот очај и страв.
За политички конструирано обвинение за 27 април и за судскиот процес во кој ја имаше клучната извршителска улога мене и еден дел од претходно обвинетите според политичката ждрепка не прогласивте за државни непријатели. Нема да зборувам за квалификацијата, нема да зборувам за незаконитостите во преткривичната постапка, за незаконските притвори, за прекршувањето на правото на фер судење, за заканите и уцените према сообвинети да сведочат лажно против мене доколку сакаат да бидат ослободени. Не, нема да зборувам за тоа, сѐ до изјаснувањето на Врховниот суд, до завршувањето на последната инстанца.
[caption id="attachment_19093" align="aligncenter" width="520"] Митко Чавков и Вилма Рускоска[/caption]
Да се вратам на твојот минат труд.
Во ноември 2008 година пред да истече твојот мандат во обвинителството за организиран криминал беше разрешена од тогашниот јавен обвинител кој, по силни политички притисоци, мораше да ја повлече својата писмена одлука. Не знам тогаш за твое одење по амбасади на кои и сега се повикуваш ама лично знам дека пет дена помина висејќи пред и во кабинетот на УБК. Тоа висење даде резултат за тебе, но и непишан, но траен доверителско-должнички однос.
Поради твојата нестручност и непрофесионалност, но и пред сѐ поради порачките од твоите доверители, тогашни и сегашни, многу случаи квалитетно изработени од Одделот за борба против организиран криминал, ги упропасти што резултираше со долги и неправедни постапки. Ги има многу, но и тие што беа последица само на твојата нестручност, воопшто не те загрижуваат.
Очајот и стравот потекнуваат токму од порачаните, а особено од оние кои се водеа со примена на посебни истражни мерки, а мораше со злоупотреби да ги затвориш…
Многу се на број и оние кои ги упропасти поради нестручност на штета на правата за обвинетите и на правдата вооошто. Тука се и случаите кои мораше да ги прекинеш во преткривична и истражна постапка и оние кои не требаше вооошто да ги процесираш. Тука се и случаите кои беа процесирани, меѓутоа селективно водени без проширување кон одредени моќници.
Само ќе те потсетам на ‘Змиско око’ и на ‘Детонатор’, упропастени како случаи и за gazeweto по правата на обвинетите, на ‘Феникс’ кој мораше да го затвориш и покрај неспорнати докази за организиран криминал обезбедени со примена на посебни истражни мерки и случајот за ‘за изборни нерегуларности’ во изборниот процес на изборите во 2016 година.
Но има и многу конкретни факти и докази кои се вистинската причина за твојот крик за твојот очај и страв.
За 27 април има време кога ќе се расправа во судска постапка каде ќе ја имаш една од главните улоги, ама не како овластен тужител!
Очај и страв“, напиша Чавков.
The post Чавков ѝ пиша на Русковска: Им служеше и на бившите и на сегашните, сега си во страв и очај заради 27 април appeared first on Република.
]]>The post Чавков ѝ пиша на Русковска: Им служеше и на бившите и на сегашните, сега си во страв и очај заради 27 април appeared first on Република.
]]>