митко бојмацалиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitko-bojmacaliev/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 09:32:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png митко бојмацалиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mitko-bojmacaliev/ 32 32 Кривична против поранешниот шеф на кабинет на Спасовски и началничката од кадрово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-protiv-poraneshniot-shef-na-kabinet-na-spasovski/ Fri, 16 Aug 2024 08:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=807079

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против М.Б. и М.С. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на правата од работен однос“ по член 166 од Кривичниот законик.

Првопријавениот М.Б. - виш полициски советник за контрола, надзор и превенција на полицијата, стандарди и управување со квалитет во БЈБ, а во моментот на сторување на делото на работно место државен советник – шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи и второпријавената М.С. - началник на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување во Оддел за правни работи и управување со човечки ресурси, не придржувајќи се на законските одредби од Законот за внатрешни работи, кои се однесуваат на засновање на работен однос, повредиле, одзеле или ограничиле право што на работникот му припаѓа, информираат денеска од МВР.

Како што е наведено во соопштението М.Б., свесно и со намера да не се склучи договор за работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и С.Т. од Прилеп, на 27 октомври 2023 година издал наредба на второпријавената М.С. да го повлече веќе изработениот, потпишан од министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР, договор за работа на С.Т., а второпријавената М.С. постапила по издадена наредба од првопријавениот и го повлекла веќе изработениот и потпишан договор за работа.

На тој начин на С.Т. ѝ го одзеле и ограничиле правото да заснова работен однос во МВР како дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност Скопје, а била вклучена во постапката за вработување како еден од најдобрите студенти од факултетот по препорака на Деканот на факултетот за безбедност, а која воедно успешно ги поминала сите фази од постапката за вработување и ги исполнила сите потребни услови за засновање на работен однос во МВР, се посочува во соопштението од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.Б. и М.С. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки да бидат отстранети од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post Кривична против поранешниот шеф на кабинет на Спасовски и началничката од кадрово appeared first on Република.

]]>

Прес-концеренција на министерот за внатрешни работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pres-kontserentsija-na-ministerot-za-vnatreshni-raboti/ Wed, 08 May 2024 18:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=775658

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе дадат изјави за медиумите по завршување на парламентарните избори и вториот круг од претседателските.

The post Прес-концеренција на министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

Тошковски до Бојмацалиев: Да не се расфрла со пердуви, новите пасоши може да ги види во магацините на МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-do-bojmatsaliev-da-ne-se-rasfrla-perduvi-novite-pasoshi-mozhe-da-gi-vidi-vo-magatsinite-na-mvr/ Sat, 20 Apr 2024 22:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=768665

Техничкиот министер Панче Тошковски вели дека 30 илјади обрасци за пасоши вчера стигнале во Македонија, но за застојот вината ја насочи кон претходното раководство на МВР.

„Доколку претходниот менаџмент на МВР обезбедел најмалку уште две три -три машини, кои ќе можеа да принтаат, не по 3 илјади, туку по 6 илјади патни исправи на ден, во тој случај немаше да се чека по два месеци, туку ќе се чекаше многу пократко. Но фактот е таков каков што е. Би ги замолил сите политичари во наредниот период да не расфрлаат пердуви и да не ја манипулираат јавноста“, реагираше министерот Тошковски.

Тргнувајќи од фактот што на една од предходните пратки пасоши заменикот технички премиер од СДСМ Бојмацалиев отиде да се слика на граничен премин, Тошковски иронично му порачува на својот заменик дека не мора да оди на граница за да прави пропаганда.

Бојмацалиев не мора да се слика на Меџитлија, новите пасоши може да ги види во магацините на МВР”, му порачува Тошковски во изјавата.

Предходно дополнителниот заменик-министер го обвини Тошковски дека неефикасно се справува со проблемите што му ги остави Оливер Спасовски.

„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиаа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот денл, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

The post Тошковски до Бојмацалиев: Да не се расфрла со пердуви, новите пасоши може да ги види во магацините на МВР appeared first on Република.

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojmatsaliev-508-kandidati-za-politsiski-sluzhbenitsi/ Sat, 20 Apr 2024 12:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=768420

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев бил информиран за генерацијата која обуката ја почна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика била презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: БОЛУ – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев извршил увид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

The post Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука. Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев бил информиран за генерацијата која обуката ја почна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма. Во оваа прилика била презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: БОЛУ – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението. На крајот од посетата Бојмацалиев извршил увид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

The post Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници appeared first on Република.

]]>
Бојмацалиев: Истрагата за убиениот лекар продолжува и очекувам наскоро завршница на случајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bojmatsaliev-istragata-za-ubieniot-lekar-prodolzhuva-i-ochekuvam-naskoro-zavrshnitsa-na-sluchajot/ Sat, 30 Mar 2024 16:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=760416

Во МВР во моментов се работи на одобрување на 50 000 пасоши и на 33 000 лични карти и се очекува набрзо да се надмине проблемот со одобрување на личните документи, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев кој беше денеска во посета на Кривогаштани, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има проблем со обрасците за пасошите. Бојмацалиев е категоричен дека обрасци има, а проблемот бил во одобрувањата.

-Со обрасците за пасоши никогаш не сме имале проблем. Тоа беше лажна вест која се пласираше од една политичка партија. Обрасци за пасоши има, колегите работат. Имаше проблем во одобрувањето. Јас иницирав состанок на кој го решивме проблемот, така што колегите во моментов работат на одобрување на тие 50 000 пасоши и 33 000 лични карти, така денеска и утре, како и наредниот викенд се очекува дека и тој проблем ќе го надминеме, рече тој.

На прашањето до каде е истрагата за убиениот лекар и дали има нови осомничени или приведени, Бојмацалиев кусо рече дека истрагата продолжува и наскоро очекува завршница на овој случај.

-Истрагата продолжува, се собираат докази, се вршат испитувања во новата лабараторија во МВР што ја отворивме изминатата година и очекувам набрзо да имаме завршница на овој случај, изјави Бојмацалиев.

The post Бојмацалиев: Истрагата за убиениот лекар продолжува и очекувам наскоро завршница на случајот appeared first on Република.

Бојмацалиев: Се работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojmatsaliev-se-raboti-na-sluchajot-so-hakerskiot-napad-vrz-mepso/ Sat, 16 Mar 2024 14:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=755414

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за време на денешната посета на СВР Струмица одговорајќи на новинарско прашање, изјави дека се работи на случајот на хакерскиот напад врз МЕПСО и кога ќе имаат информации, ќе ги споделат со јавноста. Истрагата, како што рече, треба да покаже кој стои зад нападот.

Прашан да ја коментира веста дека е поднесена пријава до надлежно Јавно обвинителство против вработените во СВР Струмица кои наводно дозволиле да застари дисциплинска постапка, Бојмацилев одговори дека не е поднесена кривична пријава против ниту еден вработен.

-Има известување до Одделот за внатрешна контрола и известување до јавниот обвинител да се провери целиот случај. За конкретниот случај, се работи дека на некое лице му е затаена целата дисциплинска постапка. И до мене и до министерот Тошковски има акт, во кој се вели дека тој случај е застарен и треба да се затвори и е потпишан од двајцата, одговори Бојмацалиев.

Прашан како ја коментира фотографијата на која наводно командир на ТТПЕ Велес пребарува во документи во СВР Велес, дополнителниот заменик министер потврди дека е излезена таква фотографија и дека дел од Управните служби на овој Сектор пред две недели се пренесени во ТППЕ Велес.

-За ова е известена Внатрешна контрола, СВР Велес и јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографијата и на ликовите кои се таму и се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста, одговори Бојмацалиев.

Тој додаде дека не сака да поверува дека некој од друга институција се дрзнал да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните кои треба да се строго заштитени и доколку се утврди дека е така Бојмацалиев најави најстроги казни.

Инаку, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи покрај СВР Струмица ги посети и Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и Валандово, а безбедноста состојба на подрачјето на овој Сектор ја оцени како поволна. Бојмацалиев посочи дека СВР Струмица ќе продолжи со несмален интензитет во полициското работење со цел одржување на поволната безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски изборен процес.

The post Бојмацалиев: Се работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за време на денешната посета на СВР Струмица одговорајќи на новинарско прашање, изјави дека се работи на случајот на хакерскиот напад врз МЕПСО и кога ќе имаат информации, ќе ги споделат со јавноста. Истрагата, како што рече, треба да покаже кој стои зад нападот. Прашан да ја коментира веста дека е поднесена пријава до надлежно Јавно обвинителство против вработените во СВР Струмица кои наводно дозволиле да застари дисциплинска постапка, Бојмацилев одговори дека не е поднесена кривична пријава против ниту еден вработен.
-Има известување до Одделот за внатрешна контрола и известување до јавниот обвинител да се провери целиот случај. За конкретниот случај, се работи дека на некое лице му е затаена целата дисциплинска постапка. И до мене и до министерот Тошковски има акт, во кој се вели дека тој случај е застарен и треба да се затвори и е потпишан од двајцата, одговори Бојмацалиев.
Прашан како ја коментира фотографијата на која наводно командир на ТТПЕ Велес пребарува во документи во СВР Велес, дополнителниот заменик министер потврди дека е излезена таква фотографија и дека дел од Управните служби на овој Сектор пред две недели се пренесени во ТППЕ Велес.
-За ова е известена Внатрешна контрола, СВР Велес и јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографијата и на ликовите кои се таму и се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста, одговори Бојмацалиев.
Тој додаде дека не сака да поверува дека некој од друга институција се дрзнал да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните кои треба да се строго заштитени и доколку се утврди дека е така Бојмацалиев најави најстроги казни. Инаку, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи покрај СВР Струмица ги посети и Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и Валандово, а безбедноста состојба на подрачјето на овој Сектор ја оцени како поволна. Бојмацалиев посочи дека СВР Струмица ќе продолжи со несмален интензитет во полициското работење со цел одржување на поволната безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски изборен процес.

The post Бојмацалиев: Се работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО appeared first on Република.

]]>
Кој да му објасни?: За Бојмацалиев туркањето и стоењето со часови пред „Пролет“ е исто со „Земи бројче“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-da-mu-objasni-za-bojmatsaliev-turkaneto-i-stoeneto-so-chasovi-pred-prolet-e-isto-so-zemi-brojche/ Fri, 15 Mar 2024 10:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=755081

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев продолжува со инсистирањето дека чекањето во редици со часови и денови пред полициската станица „Пролет“ беше успешен проект.

https://republika.mk/vesti/makedonija/printsipot-prv-dojden-prv-usluzhen-funktsionirashe-tvrdi-bojmatsliev-iako-slikanite-tamu-koi-chekaa-po-denovi-ushte-nemaat-pasoshi/

Во изјава за „Сител“ тој тврди дека новиот пилот проект на МВР „Земи бројче“ кој стартуваше денеска во Куманово, е всушност исто како чекањето пред „Пролет”.

Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен. Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово. Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат, рече Бојмацалиев.

За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна.

Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци.

Во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски пред неколку дена го промовираа системот „Земи бројче“.

Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи. Со овој систем се поедноставува постапката за закажување, фотографирање и подигање на патните исправи.

Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ, потенцираше министерот Тошковски.

Тој посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие што пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани. Тошковски најави и дека ќе се бара начин листите да се прочистуваат на дневно ниво за да се овозможи максимално да се користат слободните термини за поефикасно спроведување на процесот, на пример во случај кога некој од редовна пристапил кон итна постапка за вадење документ, неговиот термин да го добие друг граѓанин.

Врз принцип на правичност, гледаме да го избуткаме овој процес. Бројот на термини, луѓе што треба да пристапат во наредниот период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален придонес од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на една недела да ги чистиме листите со термини, за сите што имаат завршена работа – се премислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините, рече Тошковски.

Министерот оцени дека претходниот систем по принципот „прв дојден, прв услужен“ во Скопје се покажал како хаотичен, особено кога има 2,1 милион лични документи што треба да се издадат.

Мислам дека некој друг требало да мисли на тоа претходно. Она што ние сега можеме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамките на систем, да се обидеме да го регулираме овој процес и ќе сториме сè што можеме да сториме за да граѓаните достоинствено си ги обезбедат личните документи. Факт е дека има разлика. Се сеќавате на 5.000 луѓе пред врата, а внатре фотографираат на дневна основа по 300 лица, потсети Тошковски на ситуацијата во ПС Пролет во Скопје.

Министерот Тошковски истакна дека пилот-проектот „Земи бројче“ во Куманово се спроведува ефикасно и на овој начин се регулира метежот.

Можам да кажам дека првично, од она што го видов, задоволен сум како функционира овде во Куманово соработката што ја имавме досега и се надевам дека овој пилот-проект ќе може да го спроведеме во иднина, како системско решение што би требало да го олесни процесот на спроведување на целокупната постапка поврзана со личните документи. Куманово е одбрано како општина за старт на пилот-проектот, бидејќи бројките во градот не се мали, станува збор за просечно 500 луѓе што се фотографираат на дневно нив, рече Тошковски и му се заблагодари на МИОА, чиј предлог бил овој проект.

The post Кој да му објасни?: За Бојмацалиев туркањето и стоењето со часови пред „Пролет“ е исто со „Земи бројче“ appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев продолжува со инсистирањето дека чекањето во редици со часови и денови пред полициската станица „Пролет“ беше успешен проект. https://republika.mk/vesti/makedonija/printsipot-prv-dojden-prv-usluzhen-funktsionirashe-tvrdi-bojmatsliev-iako-slikanite-tamu-koi-chekaa-po-denovi-ushte-nemaat-pasoshi/ Во изјава за „Сител“ тој тврди дека новиот пилот проект на МВР „Земи бројче“ кој стартуваше денеска во Куманово, е всушност исто како чекањето пред „Пролет”.
Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен. Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово. Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат, рече Бојмацалиев.
За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна.
  Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци. Во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски пред неколку дена го промовираа системот „Земи бројче“. Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи. Со овој систем се поедноставува постапката за закажување, фотографирање и подигање на патните исправи.
Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ, потенцираше министерот Тошковски.
Тој посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие што пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани. Тошковски најави и дека ќе се бара начин листите да се прочистуваат на дневно ниво за да се овозможи максимално да се користат слободните термини за поефикасно спроведување на процесот, на пример во случај кога некој од редовна пристапил кон итна постапка за вадење документ, неговиот термин да го добие друг граѓанин.
Врз принцип на правичност, гледаме да го избуткаме овој процес. Бројот на термини, луѓе што треба да пристапат во наредниот период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален придонес од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на една недела да ги чистиме листите со термини, за сите што имаат завршена работа – се премислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините, рече Тошковски.
Министерот оцени дека претходниот систем по принципот „прв дојден, прв услужен“ во Скопје се покажал како хаотичен, особено кога има 2,1 милион лични документи што треба да се издадат.
Мислам дека некој друг требало да мисли на тоа претходно. Она што ние сега можеме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамките на систем, да се обидеме да го регулираме овој процес и ќе сториме сè што можеме да сториме за да граѓаните достоинствено си ги обезбедат личните документи. Факт е дека има разлика. Се сеќавате на 5.000 луѓе пред врата, а внатре фотографираат на дневна основа по 300 лица, потсети Тошковски на ситуацијата во ПС Пролет во Скопје.
Министерот Тошковски истакна дека пилот-проектот „Земи бројче“ во Куманово се спроведува ефикасно и на овој начин се регулира метежот.
Можам да кажам дека првично, од она што го видов, задоволен сум како функционира овде во Куманово соработката што ја имавме досега и се надевам дека овој пилот-проект ќе може да го спроведеме во иднина, како системско решение што би требало да го олесни процесот на спроведување на целокупната постапка поврзана со личните документи. Куманово е одбрано како општина за старт на пилот-проектот, бидејќи бројките во градот не се мали, станува збор за просечно 500 луѓе што се фотографираат на дневно нив, рече Тошковски и му се заблагодари на МИОА, чиј предлог бил овој проект.

The post Кој да му објасни?: За Бојмацалиев туркањето и стоењето со часови пред „Пролет“ е исто со „Земи бројче“ appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Внатрешна контрола утврди дека во време на Бојмацалиев е направен пропуст при издавањето лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vnatreshna-kontrola-utvrdi-deka-vo-vreme-na-bojmatsaliev-e-napraven-propust-pri-izdavaneto-lichni-dokumenti/ Mon, 11 Mar 2024 11:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=753589

Во однос на наводните пропусти во издавањето на готови лични документи за кои во изминатиот период во медиумите зборуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по негово барање беа извршени проверки и за истите е изготвен извештај во кој е констатирана фактичката состојба, односно е утврдено е дека конкретниот пропуст е направен во време кога Бојмацалиев извршувал работни задачи на позиција шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи, се вели во демантот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во ОУР-Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на конкретното лице, односно наместо во редот со азбучна буква „П“, истата била ставена во редот на азбучната буква „Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок. Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи, истакнува Тошковски.

The post Тошковски: Внатрешна контрола утврди дека во време на Бојмацалиев е направен пропуст при издавањето лични документи appeared first on Република.

Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikat-na-politsijata-ne-mozhe-chovekot-koj-zaedno-so-oliver-go-stvori-ovoj-haos-so-dokumentite-da-glumi-deka-go-reshava-haosot/ Fri, 08 Mar 2024 18:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=752790

По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ, излегоа со јавна реакција.

Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.

Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост.

Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев,

Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти.

Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“.
Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“.

НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️

Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти.

До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи.

Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️
Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

The post Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот appeared first on Република.

]]>

По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ, излегоа со јавна реакција.
Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.
Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост. Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев, Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти. Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“. Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“. НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️ Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти. До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи. Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️ Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

The post Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот appeared first on Република.

]]>
Бoјмацалиев спремен за нов дочек, најави дека доаѓаат нови 85.000 обрасци за патни исправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojmatsaliev-spremen-za-nov-dochek-najavi-deka-doagaat-novi-85-000-obrastsi-za-patni-ispravi/ Thu, 29 Feb 2024 15:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=749719

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши. Според Бојамацалиев системот за издавање патни исправи функционира нормално.

Како што е информирана македонската јавност, стигнаа 50 илјади, па 20 илјади обрасци пред некое време, пред една недела точно стигнаа 140 илјади обрасци и доцна вечерва или утре сабајле стигаат 85 илјади обрасци. Ја заокружуваме таа бројка од 300 илјади обрасци што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие. Обрасците стигаат, граѓаните се услужени тука и во Тетово и во Скопје, се функционира како што треба, ниту има саботажа, ниту има хаос. Имаше само лажна пропаганда и собирање на политички поени дека ќе се укине Преспански договор што ги доведе граѓаните во заблуда, изјави Бојмацалиев.

Бојамацалиев рече дека со старите пасоши нема да може да се патува бидејќи нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата.

Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Cеверна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа, подвлече, ќе биде можно кога ќе има нова Влада.

The post Бoјмацалиев спремен за нов дочек, најави дека доаѓаат нови 85.000 обрасци за патни исправи appeared first on Република.

Што е вистина: Османи тврди дека БиХ не дозволува да се патува со стари лични карти, Бојмацалиев вели може https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shto-e-vistina-osmani-tvrdi-deka-bih-ne-dozvoluva-da-se-patuva-so-stari-lichni-karti-bojmatsaliev-veli-mozhe/ Tue, 27 Feb 2024 10:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=748842

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, утрово оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република  Македонија со лична карта.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Во оваа прилика Бојмацалиев го истакнал значењето на градење мостови со пријателските земји, и рекол дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со, Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права.

The post Што е вистина: Османи тврди дека БиХ не дозволува да се патува со стари лични карти, Бојмацалиев вели може appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, утрово оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република  Македонија со лична карта. Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година. Во оваа прилика Бојмацалиев го истакнал значењето на градење мостови со пријателските земји, и рекол дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со, Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права.

The post Што е вистина: Османи тврди дека БиХ не дозволува да се патува со стари лични карти, Бојмацалиев вели може appeared first on Република.

]]>
Mинистерот на СДСМ кој свечено ги чекаше обрасците вели дека нема хаос со пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-na-sdsm-koj-svecheno-gi-chekashe-obrastsite-veli-deka-nema-haos-so-pasoshite/ Mon, 26 Feb 2024 22:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=748696

Не е вистина дека некој нешто сменил, се работи за уште една лажна вест. Ако ги земеме бројките од 29 јануари, до денеска, ќе видиме дека на самиот ден на примопредавање имало 50.000 обрасци, потоа уште 20.000 обрасци, доаѓаат 140.000 обрасци и до крај на неделата уште 85.000 обрасци, тоа е бројка од приближно 300.000 обрасци, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за ТВ Стар, прашан дали била променета нарачката на обрасци во МВР.

-Со тие обрасци, машините на МВР, со капацитетот кој го имаат слободно до крајот на мај, почеток на јуни секојдневно ќе може со фул капацитет по 3000 печатење, без застој... а на крај од мај, почеток на јуни ја добиваме и последната тура пасоши, од предвидени околу 2 милиони за промена на пасошите. Потенцирам уште еднаш, во службите нема никаков хаос, нема никаква саботажа, службите внатре во МВР и претходно раководени од Спасовски го планираа ова и одлично менаџирано обрасците доаѓаат навремено и граѓаните ќе бидат услужени. Пак ќе кажам, некој го користи тоа за дневнополитички поени на штета на граѓаните, рече Бојмацалиев.

Прашан колку лични документи преостануваат за промена, Бојмацалиев рече дека со старото име имало вкупно 1.803.000 пасоши, а со новото се нарачани околу два милиони., а за останатите документи додаде дека е продолжен рокот на важење.

-Возачките дозволи знаете дека го продолживме рокот. Тие можат граѓаните до крајот на годната да ги променат, тоа е помала бројка, и за личната карта важат до датумот кој  е втиснат на личната карта. Одамна е демантирана таа работа дека ќе има казнување, или нема да можат луѓето да вадат плати, пензии, таа лажна вест не успеа, посочи Бојмацалиев.

Кога зборуваме конкретно за пасошите, додаде, во државата кога сме го правеле целиот проект за промена на личните документи, кога се завршени сите законски процедури кои траеле неколку години, опструирани од одредени политички партии, во државата има 1.803.000 граѓани кои поседуваат пасош со Република Македонија.

-Кога е правена проекцијата за нарачката направена е на приближно 2 милиони. Досега, со овие што ќе дојдат 85.000 обрасци, ќе бидат 1.700.000. Пак ќе кажам, нема хаос, нема опструкции, има само работа од страна на МВР, од колегите во управните служби, кои искрено и посветено си ја работат целата работа во целиот овој процес, рече Бојмацалиев

The post Mинистерот на СДСМ кој свечено ги чекаше обрасците вели дека нема хаос со пасошите appeared first on Република.

Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/polnoken-teatar-od-sdsm-go-ispratija-zamenikot-da-precheka-obrastsi-za-pasoshi/ Fri, 23 Feb 2024 07:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=747228

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело.

Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .

Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.

Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.

МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.

The post Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело. Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .
Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.
Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.

The post Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши appeared first on Република.

]]>
Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, тврди Бојмацлиев иако сликаните таму кои чекаа по денови уште немаат пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/printsipot-prv-dojden-prv-usluzhen-funktsionirashe-tvrdi-bojmatsliev-iako-slikanite-tamu-koi-chekaa-po-denovi-ushte-nemaat-pasoshi/ Thu, 22 Feb 2024 09:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=746832

Според дополнителниот заменик министер за внатрешни работи од техничката влада Митко Бојмацалиев од СДСМ - принципот на работата на пунктот за сликање во пунктот „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен“ - функционираше.

Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет“ со модел „прв дојден, прв услужен“. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен“ бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна“ и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва, рече Бојмацалиев за ТВ21.

[caption id="attachment_722111" align="aligncenter" width="749"] Брзата помош интервенира откако на човек му се слоши по долго чекање пред пунктот (фото: Плусинфо)[/caption]

На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев вели дека граѓаните во моментот се жалат дека кол-центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.

Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет“ во режим на работа „прв дојден, прв услужен“, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа, вели Бојмацалиев.

https://youtu.be/NoYyYIifpFI?si=Bzk7CGsOk-D9amHF

За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна.

Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци.

The post Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, тврди Бојмацлиев иако сликаните таму кои чекаа по денови уште немаат пасоши appeared first on Република.

]]>

Според дополнителниот заменик министер за внатрешни работи од техничката влада Митко Бојмацалиев од СДСМ - принципот на работата на пунктот за сликање во пунктот „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен“ - функционираше.
Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет“ со модел „прв дојден, прв услужен“. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен“ бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна“ и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва, рече Бојмацалиев за ТВ21.
[caption id="attachment_722111" align="aligncenter" width="749"] Брзата помош интервенира откако на човек му се слоши по долго чекање пред пунктот (фото: Плусинфо)[/caption] На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев вели дека граѓаните во моментот се жалат дека кол-центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.
Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет“ во режим на работа „прв дојден, прв услужен“, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа, вели Бојмацалиев.
https://youtu.be/NoYyYIifpFI?si=Bzk7CGsOk-D9amHF За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна. Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци.

The post Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, тврди Бојмацлиев иако сликаните таму кои чекаа по денови уште немаат пасоши appeared first on Република.

]]>
Тошковски и заменик-министерот на средба со словенечкиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-i-zamenik-ministerot-na-sredba-so-slovenechkiot-ambasador/ Tue, 20 Feb 2024 19:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=746282

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев, имаа работна средба со амбасадорот на Словенија, Грегот Пескор на која се заблагодарија за продуктивната соработка со Амбасадата и Министерството за внатрешни работи на Словенија, особено за време на миграциската криза, како за и големата поддршка дадена во тој период.

Од МВР информираат дека во таа насока, министерот Тошковски изразил уверување дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина.

Тошковски накратко го запозна амбасадорот Пескор за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, како гарант дека истите ќе бидат фер и демократски. Ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во таа насока укажа и дека сме обврзани на почитување на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните, се наведува во соопштението на МВР.

Во соопштението се додава дека на средбата, амбасадорот Пескор ја потенцирал досегашната поддршка дадена на МВР од страна на Словенија, особено за миграциската криза на билатерално ниво и сега во рамки на Фронтекс, но и онаа за воздухопловните единици.

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодарил за досегашната соработка со Словенија и изразил желба за нејзино продлабочување.

The post Тошковски и заменик-министерот на средба со словенечкиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев, имаа работна средба со амбасадорот на Словенија, Грегот Пескор на која се заблагодарија за продуктивната соработка со Амбасадата и Министерството за внатрешни работи на Словенија, особено за време на миграциската криза, како за и големата поддршка дадена во тој период. Од МВР информираат дека во таа насока, министерот Тошковски изразил уверување дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина.
Тошковски накратко го запозна амбасадорот Пескор за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, како гарант дека истите ќе бидат фер и демократски. Ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во таа насока укажа и дека сме обврзани на почитување на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните, се наведува во соопштението на МВР.
Во соопштението се додава дека на средбата, амбасадорот Пескор ја потенцирал досегашната поддршка дадена на МВР од страна на Словенија, особено за миграциската криза на билатерално ниво и сега во рамки на Фронтекс, но и онаа за воздухопловните единици. Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодарил за досегашната соработка со Словенија и изразил желба за нејзино продлабочување.

The post Тошковски и заменик-министерот на средба со словенечкиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи ги злоупотреби личните податоци на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dopolnitelniot-zamenik-minister-za-vnatreshni-raboti-gi-zloupotrebi-lichnite-podatotsi-na-graganite/ Fri, 16 Feb 2024 19:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=744989

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска беше во посета на управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонската телевизија од каде и објави видео на својот Фејсбук профил.

Видеото немаше да биде на мета на критика во јавноста додека не се злоупотребеа личните податоци на македонските граѓани за политички цели.
Имено на дел од видеото се гледа како тој додека го посетува просторот за подигнување на патни исправи, камерманот во крупен кадар снима два пасоша на наши сограѓанки без да се заштитат нивните лични податоци.

Тоа лесно може да се забележи и преку направениот „принтскрин“ кој може секој да го направи и од телефон и од компјутер…

The post Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи ги злоупотреби личните податоци на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска беше во посета на управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонската телевизија од каде и објави видео на својот Фејсбук профил. Видеото немаше да биде на мета на критика во јавноста додека не се злоупотребеа личните податоци на македонските граѓани за политички цели. Имено на дел од видеото се гледа како тој додека го посетува просторот за подигнување на патни исправи, камерманот во крупен кадар снима два пасоша на наши сограѓанки без да се заштитат нивните лични податоци. Тоа лесно може да се забележи и преку направениот „принтскрин“ кој може секој да го направи и од телефон и од компјутер…

The post Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи ги злоупотреби личните податоци на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Во декември и јануари за пасоши се сликале 176.159 граѓани, најголем дел од нив уште ги немаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-dekemvri-i-januari-za-pasoshi-se-slikale-176-159-gragani-najgolem-del-od-niv-ushte-gi-nemaat/ Fri, 16 Feb 2024 11:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=744847

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев декеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел, како што велат, увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

Како што информираат од МВР, раководството на Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ, го информирал Бојмацалиев за процесот на промена на личните документи на граѓаните.

Ако ги земеме месеците декември 2023 и јануари 2024 во однос на процесот на промена на патните исправи на граѓаните вкупната бројка изнесува 176.159, што е четирикратно зголемување споредбено со истиот период од два месеци од 2023, 2022 и 2021 година, кога таа бројка месечно не надминувала 24.000. Со тоа можам слободно да констатирам дека е постигнат рекорден број во овие два месеца, вели Бојмацалиев.

Во оваа прилика дополнителниот заменик министер Бојмацалиев потсети на исплатената дополнителна плата на вработените вклучени во процесот на промена на личните документи, кои неуморно и посветено работат за време на викенди и празници, за што уште еднаш упати благодарност до колегите.

Она што дополнителниот заменик-министер од СДСМ заборави да напомене е дека најголемиот дел од тие 176.159 граѓани сè уште не ги добиле своите документи, два месеца по сликањето. Дел од нив ја чекаат новата пратка обрасци и нивните документи уште не се готови, на дел, пак, им се готови, но не се донесени на местото за подигнување.

Утрово МВР ја информираше јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-koi-se-fotografirale-za-pasosh-vo-prolet-i-mrtv-ke-dobijat-sms-koga-ke-im-bide-izgotven/

The post Во декември и јануари за пасоши се сликале 176.159 граѓани, најголем дел од нив уште ги немаат appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев декеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел, како што велат, увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните. Како што информираат од МВР, раководството на Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ, го информирал Бојмацалиев за процесот на промена на личните документи на граѓаните.
Ако ги земеме месеците декември 2023 и јануари 2024 во однос на процесот на промена на патните исправи на граѓаните вкупната бројка изнесува 176.159, што е четирикратно зголемување споредбено со истиот период од два месеци од 2023, 2022 и 2021 година, кога таа бројка месечно не надминувала 24.000. Со тоа можам слободно да констатирам дека е постигнат рекорден број во овие два месеца, вели Бојмацалиев.
Во оваа прилика дополнителниот заменик министер Бојмацалиев потсети на исплатената дополнителна плата на вработените вклучени во процесот на промена на личните документи, кои неуморно и посветено работат за време на викенди и празници, за што уште еднаш упати благодарност до колегите. Она што дополнителниот заменик-министер од СДСМ заборави да напомене е дека најголемиот дел од тие 176.159 граѓани сè уште не ги добиле своите документи, два месеца по сликањето. Дел од нив ја чекаат новата пратка обрасци и нивните документи уште не се готови, на дел, пак, им се готови, но не се донесени на местото за подигнување. Утрово МВР ја информираше јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат. https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-koi-se-fotografirale-za-pasosh-vo-prolet-i-mrtv-ke-dobijat-sms-koga-ke-im-bide-izgotven/

The post Во декември и јануари за пасоши се сликале 176.159 граѓани, најголем дел од нив уште ги немаат appeared first on Република.

]]>
Раководството на МВР на средба со американската амбасадорка Агелер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rakovodstvoto-na-mvr-na-sredba-so-amerikanskata-ambasadorka-ageler/ Thu, 15 Feb 2024 16:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=744500

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Заменик министерот Назим Буши и Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денес остварија работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н.Е. Анџела Агелер.

Министерот Тошковски ја запозна амбасадорката Агелер за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое ја има првенствената улога во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, а тоа е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето фер и демократски изборен процес.

Во тој контекст, Министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки осумте раководни работници во секторите за внатрешни работи да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје.

Министерот Тошковски ги образложи преземените активности во врска со важноста на патните исправи и го потенцираше решавањето на овој проблем на идентичен начин како и со возачките дозволи, односно преку промена на Законот за патни исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните.

На средбата, амбасадорката Агелер изјави дека го разбира целокупниот процес во насока на решавање на проблемот со личните документи и истакна дека нуди целокупна поддршка во насока на решавање на проблемот, од аспект на технички или кои било други ресурси. Воедно изрази уверување дека Министерството за внатрешни работи професионално ќе ги изврши своите обврски за организирање безбедни, фер и демократски избори и ја поздрави успешната билатерална соработка, ставајќи притоа акцент на тековните проекти започнати во соработка со Програмите кои работат на нивна реализација од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција.

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со САД, особено за остварувањето на неодамнешната посета на Вашингтон. Воедно нагласи дека раководството на МВР во овој состав на техничката Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијанија и на истиот начин треба да продолжи во целиот свој мандат.

The post Раководството на МВР на средба со американската амбасадорка Агелер appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Заменик министерот Назим Буши и Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денес остварија работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н.Е. Анџела Агелер. Министерот Тошковски ја запозна амбасадорката Агелер за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое ја има првенствената улога во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, а тоа е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето фер и демократски изборен процес. Во тој контекст, Министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки осумте раководни работници во секторите за внатрешни работи да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје. Министерот Тошковски ги образложи преземените активности во врска со важноста на патните исправи и го потенцираше решавањето на овој проблем на идентичен начин како и со возачките дозволи, односно преку промена на Законот за патни исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните. На средбата, амбасадорката Агелер изјави дека го разбира целокупниот процес во насока на решавање на проблемот со личните документи и истакна дека нуди целокупна поддршка во насока на решавање на проблемот, од аспект на технички или кои било други ресурси. Воедно изрази уверување дека Министерството за внатрешни работи професионално ќе ги изврши своите обврски за организирање безбедни, фер и демократски избори и ја поздрави успешната билатерална соработка, ставајќи притоа акцент на тековните проекти започнати во соработка со Програмите кои работат на нивна реализација од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција. Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со САД, особено за остварувањето на неодамнешната посета на Вашингтон. Воедно нагласи дека раководството на МВР во овој состав на техничката Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијанија и на истиот начин треба да продолжи во целиот свој мандат.

The post Раководството на МВР на средба со американската амбасадорка Агелер appeared first on Република.

]]>