митинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miting/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 13:02:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png митинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miting/ 32 32 Трамп ќе го одржи својот прв предизборен митинг по обидот за атентат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ke-go-odrzhi-svojot-prv-predizboren-miting-po-obidot-za-atentat/ Sat, 20 Jul 2024 13:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=798738

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе го одржи својот прв предизборен митинг откако пред една недела за малку ќе го загубеше животот во обид за атентат, објавија британските медиуми.

Трамп се врати на сцената неколку дена откако републиканската национална конвенција, одржана во Милвоки, Висконсин, ја одобри неговата кандидатура за претседател.

Трамп ќе се појави во градот Гранд Рапидс, во спорната држава Мичиген, заедно со неговиот нов кандидат за потпретседател, сенаторот од државата Охајо, Џеј-Ди Венс. Ова ќе биде нивна прва заедничка изборна кампања како сега официјален републикански избор за претседателски тандем.

Сè уште не е јасно каков тип на говор ќе одржи денеска поранешниот претседател, но неговите верни поддржувачи обично се собираат на такви настани за да ја слушнат потрадиционалната потпалувачка реторика на Трамп.

Трамп и Венс ќе излезат на сцената во Гранд Рапидс со обединета Републиканска партија зад нив, откако Националната конвенција се состана претходно оваа недела. Спротивно на тоа, демократите се во превирања и веќе не е сигурно дали претседателот Џо Бајден ќе биде избран за официјален демократски кандидат за соочување со Трамп на претседателските избори на 5 ноември.

The post Трамп ќе го одржи својот прв предизборен митинг по обидот за атентат appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе го одржи својот прв предизборен митинг откако пред една недела за малку ќе го загубеше животот во обид за атентат, објавија британските медиуми. Трамп се врати на сцената неколку дена откако републиканската национална конвенција, одржана во Милвоки, Висконсин, ја одобри неговата кандидатура за претседател. Трамп ќе се појави во градот Гранд Рапидс, во спорната држава Мичиген, заедно со неговиот нов кандидат за потпретседател, сенаторот од државата Охајо, Џеј-Ди Венс. Ова ќе биде нивна прва заедничка изборна кампања како сега официјален републикански избор за претседателски тандем. Сè уште не е јасно каков тип на говор ќе одржи денеска поранешниот претседател, но неговите верни поддржувачи обично се собираат на такви настани за да ја слушнат потрадиционалната потпалувачка реторика на Трамп. Трамп и Венс ќе излезат на сцената во Гранд Рапидс со обединета Републиканска партија зад нив, откако Националната конвенција се состана претходно оваа недела. Спротивно на тоа, демократите се во превирања и веќе не е сигурно дали претседателот Џо Бајден ќе биде избран за официјален демократски кандидат за соочување со Трамп на претседателските избори на 5 ноември.

The post Трамп ќе го одржи својот прв предизборен митинг по обидот за атентат appeared first on Република.

]]>
Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-vredi-ke-go-odrzhi-zavrshniot-miting-vo-tetovo-grubi-da-ne-provotsira/ Thu, 02 May 2024 12:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=773427

Албанските коалиции „Европски фронт“ и „Вреди“ не се откажуваат од одржување на завршните митинзи во ист ден во Тетово.

Носителот на листа за пратеници во ИЕ6 од коалицијата „Вреди“, актуелниот градоначалник на Тетово – Билал Касами, денеска рече дека тие ќе го имаат завршниот митинг на 6 мај на плоштадот „Илирија“ во Тетово, посочувајќи дека имаат добиено одобрение од Општина Тетово.

Коалицијата `Вреди` ќе организира завршен митинг на 6 мај во Тетово. Согласно законот, коалицијата `Вреди` се обрати до Општина Тетово, како единствена институција одговорна за јавните простори, плоштадите и другите јавни простори и Општина Тетово има дадено позитивно мислење, односно одобрување за користење на плоштадот на 6 мај – рече Касами.

Според него, „Европски фронт“ предводен од ДУИ побарал дозвола од Општината откако веќе бил закажан завршниот митинг на „Вреди“ и посочи дека организаторите немаат обврска да ја информираат полицијата за организирање на вакви собири.

После тоа се обрати коалицијата на ДУИ, кои ги информиравме дека за тоа време плоштадот е веќе зафатен и даден е на друга организација, односно друга коалиција. Завршено е времето кога дозвола за организирање се земаше од полицијата, според законот и според Уставот ние сме европска држава и за организирање на вакви собири се информира само полицијата или ако се чита прецизно законот вика организаторот може да ја информира полицијата, значи никој од организаторите нема обврска да ја информира полицијата и не е полицијата таа која одлучува кој ќе организира митинзи – посочи Касами.

Тој го повика „Европскиот фронт“ да се повлече од одржување на завршниот митинг на 6 мај во Тетово, бидејќи според Касами, се работи за провокација на тетовчани од страна на Артан Груби.

Ја повикуваме коалицијата на ДУИ, го повикуваме лично Артан Груби да се повлече од оваа провокација на граѓаните, оваа провокација на тетовчани затоа што одговорот ќе го добие на 8 мај. Целата процедура е според законот и не може Артан Груби да кажува кој каде ќе организира митинзи – рече Касами.

The post Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира appeared first on Република.

]]>

Албанските коалиции „Европски фронт“ и „Вреди“ не се откажуваат од одржување на завршните митинзи во ист ден во Тетово. Носителот на листа за пратеници во ИЕ6 од коалицијата „Вреди“, актуелниот градоначалник на Тетово – Билал Касами, денеска рече дека тие ќе го имаат завршниот митинг на 6 мај на плоштадот „Илирија“ во Тетово, посочувајќи дека имаат добиено одобрение од Општина Тетово.
Коалицијата `Вреди` ќе организира завршен митинг на 6 мај во Тетово. Согласно законот, коалицијата `Вреди` се обрати до Општина Тетово, како единствена институција одговорна за јавните простори, плоштадите и другите јавни простори и Општина Тетово има дадено позитивно мислење, односно одобрување за користење на плоштадот на 6 мај – рече Касами.
Според него, „Европски фронт“ предводен од ДУИ побарал дозвола од Општината откако веќе бил закажан завршниот митинг на „Вреди“ и посочи дека организаторите немаат обврска да ја информираат полицијата за организирање на вакви собири.
После тоа се обрати коалицијата на ДУИ, кои ги информиравме дека за тоа време плоштадот е веќе зафатен и даден е на друга организација, односно друга коалиција. Завршено е времето кога дозвола за организирање се земаше од полицијата, според законот и според Уставот ние сме европска држава и за организирање на вакви собири се информира само полицијата или ако се чита прецизно законот вика организаторот може да ја информира полицијата, значи никој од организаторите нема обврска да ја информира полицијата и не е полицијата таа која одлучува кој ќе организира митинзи – посочи Касами.
Тој го повика „Европскиот фронт“ да се повлече од одржување на завршниот митинг на 6 мај во Тетово, бидејќи според Касами, се работи за провокација на тетовчани од страна на Артан Груби.
Ја повикуваме коалицијата на ДУИ, го повикуваме лично Артан Груби да се повлече од оваа провокација на граѓаните, оваа провокација на тетовчани затоа што одговорот ќе го добие на 8 мај. Целата процедура е според законот и не може Артан Груби да кажува кој каде ќе организира митинзи – рече Касами.

The post Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира appeared first on Република.

]]>
Албанската пејачка во првите редови на митингот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albanskata-pejachka-vo-prvite-redovi-na-mitingot-na-vmro-dpmne/ Wed, 01 May 2024 09:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=772948

Пејачката Аделина Тахири на својот Инстаграм објави неколку фотографии на кои е во првите редови, на партиски митинг на ВМРО ДПМНЕ.

Не е познато во какво својство се појавила на митингот, како пејачка или како поддржувач.

Таа пред две години беше во првиот ред на протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Премногу е!“, против Францускиот предлог.

The post Албанската пејачка во првите редови на митингот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Пејачката Аделина Тахири на својот Инстаграм објави неколку фотографии на кои е во првите редови, на партиски митинг на ВМРО ДПМНЕ. Не е познато во какво својство се појавила на митингот, како пејачка или како поддржувач. Таа пред две години беше во првиот ред на протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Премногу е!“, против Францускиот предлог.

The post Албанската пејачка во првите редови на митингот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-gorche-petrov/ Mon, 29 Apr 2024 17:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=772322

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во скопската општина Ѓорче Петров кој се одржува во пресрет на претседателските и парлементарните избори кои се закажани за 8 мај.

The post ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров appeared first on Република.

Мицкоски: Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е пред историска шанса од опозиција да освои мнозинство во Парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-koalitsijata-predvodena-od-vmro-dpmne-e-pred-istoriska-shansa-od-opozitsija-da-osvoi-mnozinstvo-vo-parlamentot/ Mon, 29 Apr 2024 15:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=772284

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. И ни беше прилично јасно дека ќе се случи голема победа, и дека разликата ќе биде исклучително голема“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Јегуновце.

Но, тоа што се случи на 24-ти април морам да признам и да бидам како и секогаш искрен со вас, ги надмина и нашите очекувања. Ние мислевме дека ќе биде до 150.000, а излезе 183.000 гласа разлика, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот изминативе години испишува историја и прави историски резултати.

„Да се навратиме кога ни предвидуваа дека нема да биде така како што ние очекуваме, дека власта ќе издвојува апсолутна победа и дека тоа е крајот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. Ние заедно со вас, заедно со народот на Македонија успеавме да издвојуваме две убедливи победи на тие локални избори и во првиот и во вториот круг, и за првпат во независна Македонија, во демократска Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да има мнозинство од градоначалниците во Македонија. Тоа беше првиот историски резултат, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа продолжи во првиот круг на претседателски избори каде резултатот во однос на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова со актуелниот и претседател во заминување Стево Пендаровски е 2:1. И тоа е за првпат во Македонија се случува ваков резултат“, нагласи тој.

Тој посочи дека тука не треба да се застане, туку да се продолжи до крај, до 90-та минута и минута после 90-та.

Сега следната наша цел повторно историска е за првпат некоја коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент. Потребно е мнозинство во македонскиот Парламент и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова“, додаде Мицкоски.

„Јас сум убеден гледајќи го тоа што се случува овие пет дена од кога заврши првиот круг на претседателски избори дека и тоа ќе се случи. Ни остана помалку од една недела до денот на изборите и убеден сум од оваа енергија и емоција која што ја чувствувам од народот македонски дека и тоа ќе се случи“, укажа тој.

The post Мицкоски: Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е пред историска шанса од опозиција да освои мнозинство во Парламентот appeared first on Република.

]]>

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. И ни беше прилично јасно дека ќе се случи голема победа, и дека разликата ќе биде исклучително голема“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Јегуновце.
Но, тоа што се случи на 24-ти април морам да признам и да бидам како и секогаш искрен со вас, ги надмина и нашите очекувања. Ние мислевме дека ќе биде до 150.000, а излезе 183.000 гласа разлика, рече тој.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот изминативе години испишува историја и прави историски резултати.
„Да се навратиме кога ни предвидуваа дека нема да биде така како што ние очекуваме, дека власта ќе издвојува апсолутна победа и дека тоа е крајот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. Ние заедно со вас, заедно со народот на Македонија успеавме да издвојуваме две убедливи победи на тие локални избори и во првиот и во вториот круг, и за првпат во независна Македонија, во демократска Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да има мнозинство од градоначалниците во Македонија. Тоа беше првиот историски резултат, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И тоа продолжи во првиот круг на претседателски избори каде резултатот во однос на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова со актуелниот и претседател во заминување Стево Пендаровски е 2:1. И тоа е за првпат во Македонија се случува ваков резултат“, нагласи тој. Тој посочи дека тука не треба да се застане, туку да се продолжи до крај, до 90-та минута и минута после 90-та.
Сега следната наша цел повторно историска е за првпат некоја коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент. Потребно е мнозинство во македонскиот Парламент и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова“, додаде Мицкоски.
„Јас сум убеден гледајќи го тоа што се случува овие пет дена од кога заврши првиот круг на претседателски избори дека и тоа ќе се случи. Ни остана помалку од една недела до денот на изборите и убеден сум од оваа енергија и емоција која што ја чувствувам од народот македонски дека и тоа ќе се случи“, укажа тој.  

The post Мицкоски: Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е пред историска шанса од опозиција да освои мнозинство во Парламентот appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Јагуновце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-jagunovtse/ Mon, 29 Apr 2024 14:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=772258

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во општина Јагуновце, во пресрет на вториот круг претседателски избори и парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај.

The post ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Јагуновце appeared first on Република.

Голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров: Мисајловски ги повикува граѓаните да се приклучат на промените! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golem-miting-na-vmro-dpmne-vo-gorche-petrov-misajlovski-gi-povikuva-graganite-da-se-prikluchat-na-promenite/ Mon, 29 Apr 2024 14:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=772253

Почитувани пријатели од Ѓорче Петров, Ве покануваме денеска, 29 април, на голем народен митинг пред Црквата Св. Петар и Павле во 18.30 часот.

Биди дел од промените!

Биди дел од тимот за Македонија повторно горда и твоја!

Се гледаме!, пишува Мисајловски во својата објава на Фејсбук.

</blockquote>

The post Голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров: Мисајловски ги повикува граѓаните да се приклучат на промените! appeared first on Република.

]]>

Почитувани пријатели од Ѓорче Петров, Ве покануваме денеска, 29 април, на голем народен митинг пред Црквата Св. Петар и Павле во 18.30 часот.
Биди дел од промените! Биди дел од тимот за Македонија повторно горда и твоја! Се гледаме!, пишува Мисајловски во својата објава на Фејсбук. </blockquote>

The post Голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров: Мисајловски ги повикува граѓаните да се приклучат на промените! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-dpmne-partnerot-ke-go-bara-vo-albanskata-opozitsija-vo-partiite-so-koi-ke-spodeluvame-isti-vrednosti-i-printsipi-a-za-dui-vreme-e-za-opozitsija-i-odgovornost/ Sun, 28 Apr 2024 20:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=772029

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност appeared first on Република.

Сајкоски со порака до сите граѓани: Приклучете се на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за Македонија да биде подобро место за живеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-so-poraka-do-site-gragani-prikluchete-se-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-tvoja-makedonija-za-makedonija-da-bide-podobro-mesto-za-zhiveene/ Sun, 28 Apr 2024 20:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=772021

Ќе направиме повеќе за инфраструктурата, ќе го направиме патот Градско – Прилеп, за Битола повторно ќе има инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи рамен терен за сите за да можат да се натпреваруваат. Ќе направиме спортски комплекс, рече Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата на изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола.

Сајкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да даде и за пензионерите, за сите категории граѓани, ќе има раст од 5 проценти, ќе ја намалиме невработеноста.

Ќе има надеж, ќе направиме почитувана држава од Македонија, пристојна за живот за сите“, кажа Сајкоски.

Сајкоски и со порака до оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

„Праќам порака до сите приклучете се кон големата победничка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Твоја Македонија, сите сакаме подобро образование, здравство, судство. Твоја ќе дојде само со влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе испорача повеќе за секој еден од нас“, кажа Сајкоски.

The post Сајкоски со порака до сите граѓани: Приклучете се на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за Македонија да биде подобро место за живеење appeared first on Република.

]]>

Ќе направиме повеќе за инфраструктурата, ќе го направиме патот Градско – Прилеп, за Битола повторно ќе има инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи рамен терен за сите за да можат да се натпреваруваат. Ќе направиме спортски комплекс, рече Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата на изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола. Сајкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да даде и за пензионерите, за сите категории граѓани, ќе има раст од 5 проценти, ќе ја намалиме невработеноста.
Ќе има надеж, ќе направиме почитувана држава од Македонија, пристојна за живот за сите“, кажа Сајкоски.
Сајкоски и со порака до оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
„Праќам порака до сите приклучете се кон големата победничка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Твоја Македонија, сите сакаме подобро образование, здравство, судство. Твоја ќе дојде само со влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе испорача повеќе за секој еден од нас“, кажа Сајкоски.

The post Сајкоски со порака до сите граѓани: Приклучете се на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за Македонија да биде подобро место за живеење appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг во Битола – Македонија повторно твоја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-vo-bitola-makedonija-povtorno-tvoja/ Sun, 28 Apr 2024 18:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=772011

The post ВО ЖИВО: Народен митинг во Битола – Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

Сајкоски: Патот Кичево- Демир Хисар- Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sajkoski-patot-kichevo-demir-hisar-bitola-ke-go-zavrshime-a-opshtina-demir-hisar-ke-dobie-sredstva-od-predvidenite-250-milioni-evra-za-opshtinite-za-da-mozhe-da-se-razviva/ Sun, 28 Apr 2024 18:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=772005

Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

The post Сајкоски: Патот Кичево- Демир Хисар- Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива appeared first on Република.

]]>

Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар. Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.
„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.
Тој продолжи и додаде:
„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

The post Сајкоски: Патот Кичево- Демир Хисар- Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-demir-hisar/ Sun, 28 Apr 2024 17:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=771978

The post ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар appeared first on Република.

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-vmro-dpmne-ke-se-stavi-kraj-na-nashite-eu-perspektivi-kraj-na-nezavisnite-mediumi-i-sudstvo-i-na-dobrite-meguetnichki-odnosi/ Fri, 26 Apr 2024 20:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=771548

„Никогаш и по ниту една цена нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност, нема да дозволиме никој да ја уназадува државата, нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред граѓаните кои присуствуваа на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во општина Центар.

Ковачевски, ги повика граѓаните, пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат која партија ја управуваше државата демократски и донесе позитивни одлуки за иднината, а која партија владееше авторитарно и се коцкаше со иднината за лични интереси.

„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече Ковачевски.

Говорејќи за енергетската и економската криза, лидерот на СДСМ, порача дека партијата никогаш не се откажала од своите социјал-демократски вредности и постојано била рамо до рамо со граѓаните.

„Јас никогаш ниту побарав благодарност ниту некој од мојот економски тим побара благодарност за тоа што кога Скопје немаше парно заради ВМРО и нивната градоначалничка Арсовска, обезбедивме парно за Скопје. Кога успеавме да обезбедиме електрична енергија по цена 90% помала од пазарната исто така не баравме и не треба да бараме благодарсност, затоа што тоа е наша обврска. Кога трошоците за живот се зголемија, брзо реагиравме ги зголемивме и платите и пензиите и социјалните трансфери за сите граѓани а особено за оние од најранливите категории. Но, оние кои што го критикуваа тоа, тие треба барем да се извинат за тоа што ширеа хистерија и страв кај граѓаните“, истакна Ковачевски.

Дел од говорот, Ковачевски посвети и на меѓуетничките односи, велејќи дека СДСМ никогаш нема да се откаже од градењето едно општество за сите граѓани, но искучиво преку почитување на европските вредности на солидарност, правичност, чесност и одговорност. Ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на реториката на која ја гледаме деновиве, која како што рече, е опасна и претставува закана за мултиетничкото ткиво на нашето општество.

The post Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи appeared first on Република.

]]>

„Никогаш и по ниту една цена нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност, нема да дозволиме никој да ја уназадува државата, нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред граѓаните кои присуствуваа на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во општина Центар. Ковачевски, ги повика граѓаните, пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат која партија ја управуваше државата демократски и донесе позитивни одлуки за иднината, а која партија владееше авторитарно и се коцкаше со иднината за лични интереси.
„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече Ковачевски.
Говорејќи за енергетската и економската криза, лидерот на СДСМ, порача дека партијата никогаш не се откажала од своите социјал-демократски вредности и постојано била рамо до рамо со граѓаните.
„Јас никогаш ниту побарав благодарност ниту некој од мојот економски тим побара благодарност за тоа што кога Скопје немаше парно заради ВМРО и нивната градоначалничка Арсовска, обезбедивме парно за Скопје. Кога успеавме да обезбедиме електрична енергија по цена 90% помала од пазарната исто така не баравме и не треба да бараме благодарсност, затоа што тоа е наша обврска. Кога трошоците за живот се зголемија, брзо реагиравме ги зголемивме и платите и пензиите и социјалните трансфери за сите граѓани а особено за оние од најранливите категории. Но, оние кои што го критикуваа тоа, тие треба барем да се извинат за тоа што ширеа хистерија и страв кај граѓаните“, истакна Ковачевски.
Дел од говорот, Ковачевски посвети и на меѓуетничките односи, велејќи дека СДСМ никогаш нема да се откаже од градењето едно општество за сите граѓани, но искучиво преку почитување на европските вредности на солидарност, правичност, чесност и одговорност. Ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на реториката на која ја гледаме деновиве, која како што рече, е опасна и претставува закана за мултиетничкото ткиво на нашето општество.

The post Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со порака од Кавадарци: Mасовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-poraka-od-kavadartsi-mobilizatsija-i-masovna-izleznost-kolku-poveke-glasaat-tolku-pogolema-ke-bide-silata-za-promeni/ Fri, 26 Apr 2024 20:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=771545

Во првиот круг издвојувавме огромна победа, која покажа дека народот е свесен за тоа што се случува во нашата татковина. Ова е револуција на народот, пред се затоа што преовладува чувството дека во сопствената земја народот стана кираџија. И тоа токму поради дуото СДСМ-ДУИ, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци.

Мицкоски посочи како ништо не функционира и како институциите не се во корист на граѓаните.

„Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување. Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Корупција насекаде, правда никаде“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека проблемот е што ДУИ е газдата во државата.

„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС. Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека овие денови силно се ангажирани на две сценарија кои во суштина се завера против Македонија.

„Првото е сценарио на бојкот. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ. И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека решението за сето ова е масовна излезност.

„Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е само едно масовно гласање на избори. Колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски со порака од Кавадарци: Mасовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени appeared first on Република.

]]>

Во првиот круг издвојувавме огромна победа, која покажа дека народот е свесен за тоа што се случува во нашата татковина. Ова е револуција на народот, пред се затоа што преовладува чувството дека во сопствената земја народот стана кираџија. И тоа токму поради дуото СДСМ-ДУИ, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци. Мицкоски посочи како ништо не функционира и како институциите не се во корист на граѓаните.
„Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување. Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Корупција насекаде, правда никаде“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека проблемот е што ДУИ е газдата во државата.
„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС. Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.
Мицкоски рече дека овие денови силно се ангажирани на две сценарија кои во суштина се завера против Македонија.
„Првото е сценарио на бојкот. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ. И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека решението за сето ова е масовна излезност.
„Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е само едно масовно гласање на избори. Колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски со порака од Кавадарци: Mасовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени appeared first on Република.

]]>
Николоски: На 8-ми мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-8-mi-maj-potrebna-e-masovna-referendumska-izleznost-za-vlada-na-vmro-dpmne-koja-nema-da-e-utsenuvana-od-nikogo-za-sdsm-i-dui-vo-opozitsija/ Fri, 26 Apr 2024 20:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=771542

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци.

Тој продолжи и додаде:

„Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.

Тој истакна дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.

„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски.

The post Николоски: На 8-ми мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција appeared first on Република.

]]>

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци. Тој продолжи и додаде:
„Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.
Тој истакна дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.
„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски.

The post Николоски: На 8-ми мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-kavadartsi/ Fri, 26 Apr 2024 18:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=771529

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-osvoivme-20-poveke-glasovi-od-zbirot-na-glasovite-na-vladinite-kandidati-vlasta-na-dui-i-sdsm-e-delegitimirana-i-posle-8-maj-zaminuva-vo-opozitsija/ Fri, 26 Apr 2024 17:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=771504

Имаме во првиот круг историска разлика од 183 илјади гласа предност во однос на кандидатот Стево Пендаровски. Идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од двапати повеќе гласови од тоа што освоил Стево Пендаровски и тоа е нешто кое што е многу важно. Да бидам уште попрецизен, како коалиција „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ имаме освоено во првиот круг претседателски избори за 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати. Ние имаме 360, а тие имаат 300 илјади гласа, што значи дека владата е делегитимирана. Владата која што е составена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминуваат во опозиција, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Градско.

Мицкоски исто така истакна дека оваа огромна победа истовремено е и огромна одговорност и затоа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после 8 мај ќе треба да ги засука ракавите и да испорача тоа што го ветува пред македонскиот народ.

„Оваа голема победа е и одговорност. Народот очекува брзи резултати и немаме време за изговори. Веднаш после 8 мај ќе треба да ги засукаме ракавите за најпрвин да ја формираме владата и веднаш да почнеме да испорачуваме тоа што сме го ветиле пред народот, пред граѓаните. Но, она што е важно и што сакам да го споменам е фактот дека полека но сигурно Македонија и народот македонски, граѓаните во Македонија се чувствуваат слободни и полека надежта се враќа. Тоа е амбиентот, таа е емоцијата која што ја чувствувам овие два дена каде и да одам низ Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Тој потенцираше дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е изготвена заедно со граѓаните и резултатите од реализацијата на истата ќе се почувствуваат веднаш после 8 мај.

Она што сакам да го кажам е дека многу внимателно ја креиравме програмата наречена „Платформа 1198“ која што заедно со народот изминативе месеци ја креиравме таа програма многу внимателно без чуда, секаде тоа го зборувам, чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци. Многу внимателно сакавме тоа што е дел од таа програма веднаш да го почувствувате, веднаш да почувствувате брзи резултати, без изговори и без да зборуваме претходниците беа лоши. Сите вие знаете дека не беа лоши, беа катастрофални и најлоши досега, немало полоши“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Сакаме веднаш, од првиот ден да почнеме жестоко да работиме и затоа тоа што е таму ветено, верувајте дека ќе биде реализирано до последната буква, до последната точка“.

The post Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција appeared first on Република.

]]>

Имаме во првиот круг историска разлика од 183 илјади гласа предност во однос на кандидатот Стево Пендаровски. Идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од двапати повеќе гласови од тоа што освоил Стево Пендаровски и тоа е нешто кое што е многу важно. Да бидам уште попрецизен, како коалиција „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ имаме освоено во првиот круг претседателски избори за 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати. Ние имаме 360, а тие имаат 300 илјади гласа, што значи дека владата е делегитимирана. Владата која што е составена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминуваат во опозиција, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Градско. Мицкоски исто така истакна дека оваа огромна победа истовремено е и огромна одговорност и затоа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после 8 мај ќе треба да ги засука ракавите и да испорача тоа што го ветува пред македонскиот народ.
„Оваа голема победа е и одговорност. Народот очекува брзи резултати и немаме време за изговори. Веднаш после 8 мај ќе треба да ги засукаме ракавите за најпрвин да ја формираме владата и веднаш да почнеме да испорачуваме тоа што сме го ветиле пред народот, пред граѓаните. Но, она што е важно и што сакам да го споменам е фактот дека полека но сигурно Македонија и народот македонски, граѓаните во Македонија се чувствуваат слободни и полека надежта се враќа. Тоа е амбиентот, таа е емоцијата која што ја чувствувам овие два дена каде и да одам низ Македонија“, потенцираше Мицкоски.
Тој потенцираше дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е изготвена заедно со граѓаните и резултатите од реализацијата на истата ќе се почувствуваат веднаш после 8 мај. Она што сакам да го кажам е дека многу внимателно ја креиравме програмата наречена „Платформа 1198“ која што заедно со народот изминативе месеци ја креиравме таа програма многу внимателно без чуда, секаде тоа го зборувам, чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци. Многу внимателно сакавме тоа што е дел од таа програма веднаш да го почувствувате, веднаш да почувствувате брзи резултати, без изговори и без да зборуваме претходниците беа лоши. Сите вие знаете дека не беа лоши, беа катастрофални и најлоши досега, немало полоши“, потенцираше Мицкоски и додаде:
„Сакаме веднаш, од првиот ден да почнеме жестоко да работиме и затоа тоа што е таму ветено, верувајте дека ќе биде реализирано до последната буква, до последната точка“.

The post Мицкоски: Освоивме 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати – власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција appeared first on Република.

]]>
Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-sds-ne-e-protivnik-samo-na-vmro-dpmne-tuku-protivnik-na-narodot-i-makedonija-zatoa-na-8-mi-maj-da-se-obedinime-za-brojot-2-i-da-gi-srozime-za-site-kriminali-i-katastrofalni-politiki/ Fri, 26 Apr 2024 17:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=771501

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.

-Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.

Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен.

-Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде:

„СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија“.

Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.

-Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден, рече тој.

Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.

-Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.

Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.

-Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.

За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:

-Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.

Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози. На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, рече тој.

The post Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија appeared first on Република.

]]>

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања. Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.
-Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.
Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен. -Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде:
„СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија“.
Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.
-Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден, рече тој.
Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.
-Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.
Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.
-Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.
За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:
-Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.
Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози. На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, рече тој.

The post Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг во општина Неготино- Македонија повторно твоја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-vo-opshtina-negotino-makedonija-povtorno-tvoja/ Fri, 26 Apr 2024 16:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=771492

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во општина Неготино. Следете на овој линк

The post ВО ЖИВО: Народен митинг во општина Неготино- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

Силјановска Давкова од Штип: Од вас зависи што ќе се случи на 24 април, очекувам политички земјотрес, а на 8 мај вулкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-od-shtip-od-vas-zavisi-shto-ke-se-sluchi-na-24-april-ochekuvam-politichki-zemjotres-a-na-8-maj-vulkan/ Mon, 22 Apr 2024 21:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=769504

Ви ветувам дека на 24 април и на 8 мај повторно ќе славиме на сите плоштади, доаѓа времето на градителите на Македонија, татковината не се менува, таа се наследува, немаме друга и мора да ја сочуваме гордата татковина Македонија, рече пред штипјани кандидатката за претседател, подржана од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Зборувајќи за политичките опоненети рече дека државата не може да има полза од човек кој нема свој став, кој секогаш се согласува пред да го прашаат.

Првиот премиер вториот премиер, оној неформалниот премиер, господинот Ахмети и секогаш истото го прави со сите однадвор. Видете не смееме идоли да правиме од меѓународните претставници, да треба да сме дипломати, но сепак ние имаме право, иако живееме во мала прекрасна држава да ги изложиме и да ги браниме, државните и национални интeреси - рече Силјановска Давкова.

Таа истакна дека власта не се однесувала демократски, туку автократски, дека престедателот не смее да се отуѓува од граѓаните. Пред штипјани кажа дека ќе се консултура со народото во народните канцеларии, за кои рече дека сега ги нема, во обраќања во Собранието и особено ќе води сметка за усогласена политика. Во однос на ингеренциите на престедателот, кажа дека на судството му се потребни реформи, дека е важно да дојдат истаканти правници и најави дека надвор ќе одат вистински дипломати од кариера.

Од вас зависи што ќе се случи на 24-ти јас реков очекувам политички земјотрес, и на 8 мај вулкан, а потоа ќе се смират македонските води и мирно ќе тргнеме во демократски промени - рече Силајновска  Давкова.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Штип повика на мобилизација.

Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова - истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Штип.

Тој упати порака и до младите и додаде дека не ја прифаќа тезата дека се незаинтересирани за политиката, туку како што рече многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина.

Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите - вели Мицкоски.

Носителот на листата за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки порача дека овие избори се и за тоа да ја вратиме Македонија. Македонија која има надеж и иднина. Македонија на луѓе со гордо кренати глави и сила која создава промени.

Стојам овде пред вас и ви велам овие избори се последната шанса да си ја спасиме државата. Затоа е важно да излезете и гласате. А првиот чекор е веќе во среда. Во среда не се само претседателски избори, туку првиот голем удар за детронизирање на оваа власт. Затоа ве повикувам сите луѓе од Штип, од славниот исток, да излеземе и масовно заеднички да испишеме историја за денот кога народот ја вратил Македонија во своите раце - вели Ковачки.

Ковачки додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план за работа и конкретна понуда содржана во програмата Платформа 1198 каде луѓето се на прво место. На завршниот митинг на ВМРО ДПМНЕ за првиот круг на претседателските избори пред штипјани се обратија и кандидатите за пратеници, Душко Иванов и Никола Мицевски.

The post Силјановска Давкова од Штип: Од вас зависи што ќе се случи на 24 април, очекувам политички земјотрес, а на 8 мај вулкан appeared first on Република.

]]>

Ви ветувам дека на 24 април и на 8 мај повторно ќе славиме на сите плоштади, доаѓа времето на градителите на Македонија, татковината не се менува, таа се наследува, немаме друга и мора да ја сочуваме гордата татковина Македонија, рече пред штипјани кандидатката за претседател, подржана од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Зборувајќи за политичките опоненети рече дека државата не може да има полза од човек кој нема свој став, кој секогаш се согласува пред да го прашаат.