мисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/misija/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 18:42:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/misija/ 32 32 Преименувана мисијата на НАТО во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/preimenuvana-misijata-na-nato-vo-ukraina/ Tue, 11 Jun 2024 18:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=786706

НАТО договори ново име за својата мисија во Украина: Проектот повеќе нема да се вика НАТО Мисијата Украина (НМУ), туку Безбедносна помош и обука на НАТО за Украина (НСАТУ).

Дипломати за ДПА изјавиле дека новото име се смета за победа за Германија, бидејќи појаснува дека мисијата се однесува на активности за поддршка и обука.

Повеќето земји-членки го поддржаа името НАТО Мисија Украина, но германската влада тврдеше дека ова може да биде погрешно протолкувано како Алијансата да има намера да испрати војници во Украина и може да биде искористено од Русија за пропаганда против Алијансата.

Другите членки тврдеа дека Кремљ ќе го осуди проектот на НАТО во својата пропаганда како и да се нарекува.

Улогата на НСАТУ првенствено ќе биде меѓународна координација на испораките на оружје и активностите за обука за украинските вооружени сили. Тоа се смета и како мерка на претпазливост во случај Доналд Трамп да се врати како претседател на САД во јануари 2025 година.

Претходните изјави на Трамп предизвикаа сомнежи дали САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина под негово водство.

Во алијансата се стравува дека промената на политиката во Вашингтон ќе влијае на координацијата на испораката на оружје и активностите за обука на украинските вооружени сили, пишува ДПА

Оваа задача досега ја извршуваа САД. На крајот на 2022 година, тие формираа единица од околу 300 војници наречена Група за безбедносна помош-Украина (SAG-U) во европскиот штаб на американските вооружени сили во Визбаден, Германија.

Мисијата на НАТО сега ќе има приближно ист број персонал

The post Преименувана мисијата на НАТО во Украина appeared first on Република.

]]>

НАТО договори ново име за својата мисија во Украина: Проектот повеќе нема да се вика НАТО Мисијата Украина (НМУ), туку Безбедносна помош и обука на НАТО за Украина (НСАТУ). Дипломати за ДПА изјавиле дека новото име се смета за победа за Германија, бидејќи појаснува дека мисијата се однесува на активности за поддршка и обука. Повеќето земји-членки го поддржаа името НАТО Мисија Украина, но германската влада тврдеше дека ова може да биде погрешно протолкувано како Алијансата да има намера да испрати војници во Украина и може да биде искористено од Русија за пропаганда против Алијансата. Другите членки тврдеа дека Кремљ ќе го осуди проектот на НАТО во својата пропаганда како и да се нарекува. Улогата на НСАТУ првенствено ќе биде меѓународна координација на испораките на оружје и активностите за обука за украинските вооружени сили. Тоа се смета и како мерка на претпазливост во случај Доналд Трамп да се врати како претседател на САД во јануари 2025 година. Претходните изјави на Трамп предизвикаа сомнежи дали САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина под негово водство. Во алијансата се стравува дека промената на политиката во Вашингтон ќе влијае на координацијата на испораката на оружје и активностите за обука на украинските вооружени сили, пишува ДПА Оваа задача досега ја извршуваа САД. На крајот на 2022 година, тие формираа единица од околу 300 војници наречена Група за безбедносна помош-Украина (SAG-U) во европскиот штаб на американските вооружени сили во Визбаден, Германија. Мисијата на НАТО сега ќе има приближно ист број персонал

The post Преименувана мисијата на НАТО во Украина appeared first on Република.

]]>
Русија со своја мисија на Месечината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-so-svoja-misija-na-mesechinata/ Mon, 07 Aug 2023 08:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=669468

Русија на 11 август почнува со евакуација на село на далечниот исток на земјата, како подготовка за лансирањето на првата руска мисија за слетување на Месечината. Ова ќе биде прво лансирање на руско летало на Месечината по 1976 година, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Жителите на селото Шахтински во руската област Хабаровск, југоисточно од местото на лансирање, ќе бидат евакуирани рано наутро в петок, бидејќи селото се наоѓа во област каде што се предвидува дека ќе паднат ракетните стабилизатори по лансирањето.

Месечевото летало „Луна-25“ ќе биде лансирано од космодромот „Восточни“ којшто се наоѓа на околу 5.550 километри источно од Москва. Во соопштението се додава дека тоа ќе биде првото вселенско летало што ќе слета на јужниот пол на Месечината и дека целите на мисијата се развивање технологии за меко слетување, истражување на внатрешната структура на Месечината и барање ресурси, како вода и друго.

 

The post Русија со своја мисија на Месечината appeared first on Република.

]]>

Русија на 11 август почнува со евакуација на село на далечниот исток на земјата, како подготовка за лансирањето на првата руска мисија за слетување на Месечината. Ова ќе биде прво лансирање на руско летало на Месечината по 1976 година, објави руската вселенска агенција Роскосмос. Жителите на селото Шахтински во руската област Хабаровск, југоисточно од местото на лансирање, ќе бидат евакуирани рано наутро в петок, бидејќи селото се наоѓа во област каде што се предвидува дека ќе паднат ракетните стабилизатори по лансирањето. Месечевото летало „Луна-25“ ќе биде лансирано од космодромот „Восточни“ којшто се наоѓа на околу 5.550 километри источно од Москва. Во соопштението се додава дека тоа ќе биде првото вселенско летало што ќе слета на јужниот пол на Месечината и дека целите на мисијата се развивање технологии за меко слетување, истражување на внатрешната структура на Месечината и барање ресурси, како вода и друго.  

The post Русија со своја мисија на Месечината appeared first on Република.

]]>
Донесена одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction 23“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-donese-odluka-za-isprakane-pripadnitsi-na-armijata-za-uchestvo-na-vezhbata-saber-junction-23/ Tue, 01 Aug 2023 14:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=667700

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction 23“.

Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и претставници од неколку земји членки на НАТО и земји од партнерството за мир.

Целта е обнова на знаења и споделување искуства, што се неопходни за персоналот на Армијата, за извршување на мултинационални операции.

The post Донесена одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction 23“ appeared first on Република.

]]>

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction 23“. Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и претставници од неколку земји членки на НАТО и земји од партнерството за мир. Целта е обнова на знаења и споделување искуства, што се неопходни за персоналот на Армијата, за извршување на мултинационални операции.

The post Донесена одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction 23“ appeared first on Република.

]]>
Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-isprakja-voeno-diplomatska-misija-vo-kiev-vo-znak-na-poddrshka-za-ukraina/ Wed, 23 Mar 2022 11:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=477108

Словенечката влада не успеа да натера дипломат да замине во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми.

Според ПОП-ТВ, премиерот Јанез Јанша не успеал да најде доброволец во Министерството за надворешни работи да замине во Киев, па владата се обратила до Министерството за одбрана.

Договорено е должноста началник да ја преземе офицер со чин потполковник кој привремено ќе биде вработен во МНР и со соодветна екипа да биде испратен во Киев.

На денешната седница треба да биде донесена одлуката за испраќање на привремениот вршител на должност и владиниот тим, а премиерот Јанша утре на вонредна седница во Брисел ќе ги информира лидерите на НАТО и ЕУ.

Станува збор за напорите на Јанша, кој неодамна го посети Киев со полскиот и чешкиот премиер, да испрати „невообичаена воено дипломатска мисија“ во главниот град на Украина, која нема да има голем дел од вообичаената дипломатска работа, но присуството ќе биде силен симбол на поддршка за Украина, иако носи и многу ризик“, наведува ПОП-ТВ.

The post Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>

Словенечката влада не успеа да натера дипломат да замине во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми. Според ПОП-ТВ, премиерот Јанез Јанша не успеал да најде доброволец во Министерството за надворешни работи да замине во Киев, па владата се обратила до Министерството за одбрана. Договорено е должноста началник да ја преземе офицер со чин потполковник кој привремено ќе биде вработен во МНР и со соодветна екипа да биде испратен во Киев. На денешната седница треба да биде донесена одлуката за испраќање на привремениот вршител на должност и владиниот тим, а премиерот Јанша утре на вонредна седница во Брисел ќе ги информира лидерите на НАТО и ЕУ. Станува збор за напорите на Јанша, кој неодамна го посети Киев со полскиот и чешкиот премиер, да испрати „невообичаена воено дипломатска мисија“ во главниот град на Украина, која нема да има голем дел од вообичаената дипломатска работа, но присуството ќе биде силен симбол на поддршка за Украина, иако носи и многу ризик“, наведува ПОП-ТВ.

The post Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>
Русија планира самостојна мисија на Марс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-planira-samostojna-misija-na-mars/ Fri, 18 Mar 2022 07:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=474691

Шефот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин изјави дека таа ќе може сама да спроведе мисија на Марс за неколку години.

Ваквата изјава на Рогозин доаѓа откако Европската вселенска агенција (ЕСА) одби да соработува со Москва на мисијата со роверот „Егзо-Марс“.

Да, ќе изгубиме неколку години, но оваа истражувачка експедиција ќе ја спроведеме од новиот комплекс за лансирање на космодромот Восточни - изјави Рогозин на својот канал на „Телеграм“.

Рогозин ја коментираше и одлуката на шефот на ЕСА, Јосеф Ашбахер, која се однесува на повлекувањето на Западноевропејците од проектот „Егзо-Марс“.

Ова е лошо за сите љубители на Вселената. Заедничката руско-европска мисија на Марс е откажана - изјави кусо Рогозин.

The post Русија планира самостојна мисија на Марс appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин изјави дека таа ќе може сама да спроведе мисија на Марс за неколку години. Ваквата изјава на Рогозин доаѓа откако Европската вселенска агенција (ЕСА) одби да соработува со Москва на мисијата со роверот „Егзо-Марс“.
Да, ќе изгубиме неколку години, но оваа истражувачка експедиција ќе ја спроведеме од новиот комплекс за лансирање на космодромот Восточни - изјави Рогозин на својот канал на „Телеграм“.
Рогозин ја коментираше и одлуката на шефот на ЕСА, Јосеф Ашбахер, која се однесува на повлекувањето на Западноевропејците од проектот „Егзо-Марс“.
Ова е лошо за сите љубители на Вселената. Заедничката руско-европска мисија на Марс е откажана - изјави кусо Рогозин.

The post Русија планира самостојна мисија на Марс appeared first on Република.

]]>