Мишел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mishel/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:48:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мишел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mishel/ 32 32 Средба Џафери – Мишел: Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-mishel-severna-makedonija-mora-da-ja-iskoristi-shansata-za-chlenstvo-vo-eu/ Wed, 14 Feb 2024 11:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=744050

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.

На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.

Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија.

Премиерот Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот.

Соговорниците на средбата истакнаа дека Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан. Минатата година, како земја претседавач со ОБСЕ, Македонија потврди дека во континуитет е кредибилен партнер на ЕУ и на меѓународната заедница.

Премиерот Џафери упати благодарност до претседателот на Европскиот совет, Мишел за поддршката во процесот на европско интегрирање на земјата.

 

The post Средба Џафери – Мишел: Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец. На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот. Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија. Премиерот Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот. Соговорниците на средбата истакнаа дека Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан. Минатата година, како земја претседавач со ОБСЕ, Македонија потврди дека во континуитет е кредибилен партнер на ЕУ и на меѓународната заедница. Премиерот Џафери упати благодарност до претседателот на Европскиот совет, Мишел за поддршката во процесот на европско интегрирање на земјата.  

The post Средба Џафери – Мишел: Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mishel-prvpat-po-mnogu-godini-imame-debata-na-visoko-nivo-za-proshiruvaneto/ Fri, 06 Oct 2023 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=688437

За да има проширување на Унијата кандидатите за членство мора да ги спроведат реформите, а ЕУ од своја страна мора да се подготви за нивниот прием и ова е првпат по многу години да имаме дебата на високо ниво за вакво фундаментално и важно прашање, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада.

Ова ќе биде важен состанок на Европскиот совет, бидејќи ќе претставува стартна точка за стратешката агенда на ЕУ. За нас е важно да расчистиме неколку работи - што сакаме во иднината, кои се нашите приоритети и која е нашата идна политика, за да дојдеме до перспективата на проширувањето, додаде Мишел.

Според него, во рамки на ЕУ треба да се реши и прашањето за начинот на носење на заеднички одлуки, како и за тоа како ќе биде платена реализацијата на заедничките цели и политики.

Во одговор на новинарско прашања околу подготвеноста на ЕУ за проширувањето, Мишел истакна дека тоа што Унијата ја отвора дебатата за ова прашање значи дека е подготвена за тоа.

Демократската дебата е легитимна и лидерите на 27-те земји ја почна оваа дискусија и сега треба да идентификуваме и да решиме што сакаме на краток рок, што на среден рок, за да постигнеме напредок. Ова е стартна точка и целта е да се добие некаква ориентација по која треба да работи белгиското претседателство следната година, додаде Мишел.

Во однос на азербејџанско-ерменските односи, тој потсети дека ги поканил лидерите на двете земји на средба во Брисел, кон крајот на октомври и дека тие ја прифатиле поканата, оценувајќи дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу двете земји, но дека ЕУ ќе ги искористи сите алатки да се дојде до таа цел.

The post Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето appeared first on Република.

]]>

За да има проширување на Унијата кандидатите за членство мора да ги спроведат реформите, а ЕУ од своја страна мора да се подготви за нивниот прием и ова е првпат по многу години да имаме дебата на високо ниво за вакво фундаментално и важно прашање, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада.
Ова ќе биде важен состанок на Европскиот совет, бидејќи ќе претставува стартна точка за стратешката агенда на ЕУ. За нас е важно да расчистиме неколку работи - што сакаме во иднината, кои се нашите приоритети и која е нашата идна политика, за да дојдеме до перспективата на проширувањето, додаде Мишел.
Според него, во рамки на ЕУ треба да се реши и прашањето за начинот на носење на заеднички одлуки, како и за тоа како ќе биде платена реализацијата на заедничките цели и политики. Во одговор на новинарско прашања околу подготвеноста на ЕУ за проширувањето, Мишел истакна дека тоа што Унијата ја отвора дебатата за ова прашање значи дека е подготвена за тоа.
Демократската дебата е легитимна и лидерите на 27-те земји ја почна оваа дискусија и сега треба да идентификуваме и да решиме што сакаме на краток рок, што на среден рок, за да постигнеме напредок. Ова е стартна точка и целта е да се добие некаква ориентација по која треба да работи белгиското претседателство следната година, додаде Мишел.
Во однос на азербејџанско-ерменските односи, тој потсети дека ги поканил лидерите на двете земји на средба во Брисел, кон крајот на октомври и дека тие ја прифатиле поканата, оценувајќи дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу двете земји, но дека ЕУ ќе ги искористи сите алатки да се дојде до таа цел.

The post Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Мишел ќе побара од Кина да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mishel-ke-pobara-od-kina-da-vlozhi-poveke-napori-za-da-ja-pottikne-rusija-kon-praveden-mir-vo-ukraina/ Wed, 20 Sep 2023 08:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=683356

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, директно ќе побара од Кина во Советот за безбедност на Обединетите нации да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина, се наведува во нацртот на неговиот говор на Генералното собрание на ОН, во кој имале увид британски медиуми.

На денешниот состанок на Советот за безбедност за време на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, Мишел ќе повика на „праведен мир кој ќе ја почитува Повелбата на ОН и нејзините основни принципи – територијалниот интегритет на суверена држава“

Како што е наведено во нацртот, во директното обраќање до кинеската делегација, Мишел ќе објави: „Како одговорни земји, да ги здружиме силите, да ја убедиме Русија да стави крај на оваа криминална војна која боли толку многу“.

The post Мишел ќе побара од Кина да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, директно ќе побара од Кина во Советот за безбедност на Обединетите нации да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина, се наведува во нацртот на неговиот говор на Генералното собрание на ОН, во кој имале увид британски медиуми. На денешниот состанок на Советот за безбедност за време на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, Мишел ќе повика на „праведен мир кој ќе ја почитува Повелбата на ОН и нејзините основни принципи – територијалниот интегритет на суверена држава“ Како што е наведено во нацртот, во директното обраќање до кинеската делегација, Мишел ќе објави: „Како одговорни земји, да ги здружиме силите, да ја убедиме Русија да стави крај на оваа криминална војна која боли толку многу“.

The post Мишел ќе побара од Кина да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина appeared first on Република.

]]>
„Фајненшл тајмс“: Мишел на Бледскиот стратешки форум ќе каже дека ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fajnenshl-tajms-mishel-na-bledskiot-strateshki-forum-ke-kazhe-deka-eu-treba-da-bide-podgotvena-da-prifati-novi-chlenki-do-2030/ Mon, 28 Aug 2023 11:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=676586

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Бледскиот стратешки форум ќе изјави дека Европската унија треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година, објави „Фајненшл тајмс“.

Според британскиот весник, Мишел ќе каже дека ЕУ мора да се позанимава со проширувањето како еден од главните предизвици.

Дводневниот Бледски стратешки форум денеска ќе го отвори словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, а потоа говори ќе имаат премиерот на Словенија Роберт Голоб и Шарл Мишел.

Веднаш по обраќањето, Мишел и Голоб ќе учествуваат на првиот панел, заедно со премиерите на Западнобалканската шесторка (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија), Хрватска и Бугарија.

The post „Фајненшл тајмс“: Мишел на Бледскиот стратешки форум ќе каже дека ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Бледскиот стратешки форум ќе изјави дека Европската унија треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година, објави „Фајненшл тајмс“. Според британскиот весник, Мишел ќе каже дека ЕУ мора да се позанимава со проширувањето како еден од главните предизвици. Дводневниот Бледски стратешки форум денеска ќе го отвори словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, а потоа говори ќе имаат премиерот на Словенија Роберт Голоб и Шарл Мишел. Веднаш по обраќањето, Мишел и Голоб ќе учествуваат на првиот панел, заедно со премиерите на Западнобалканската шесторка (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија), Хрватска и Бугарија.

The post „Фајненшл тајмс“: Мишел на Бледскиот стратешки форум ќе каже дека ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 appeared first on Република.

]]>
Радев денеска преку видео-конференциска врска му се пожалил на Мишел за „антибугарската кампања“ во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-deneska-preku-video-konferentsiska-vrska-mu-se-pozhalil-na-mishel-za-antibugarskata-kampana-vo-makedonija/ Tue, 07 Feb 2023 12:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=606012

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска преку видео-конференциска врска остварил разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој меѓу другото му се пожалил на официјалниот претставник на ЕУ за последните тензии и заострување на односите на релација Скопје-Софија.

„Декларираните амбиции на Република Македонија за влез во ЕУ во позадината на ескалацијата на антибугарската кампања во земјата, што доведе до злосторства од омраза, како што се палење и пукање врз бугарските културни клубови и насилство врз македонските Бугари и бугарските граѓани, беше меѓу ставовите искажани од Радев“, информираат од прес-центарот на бугарскиот претседател.

Ваквиот епилог на настаните следува после претепувањето на генсекот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Тој по излегувањето од болницата во Софија вчера се сретна токму со Радев. Бугарскиот претседател упатил честитки до мајката на Пендиков, како што се вели во официјалното соопштение, што одгледала достоен син, а на македонскиот државјанин со бугарска самосвест за храброста да го одбрани своето бугарско име.

Според него, „односот на Македонија кон злосторствата врз македонските Бугари е од клучно значење не само за билатералните односи, туку и за европската перспектива на земјата“.

The post Радев денеска преку видео-конференциска врска му се пожалил на Мишел за „антибугарската кампања“ во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска преку видео-конференциска врска остварил разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој меѓу другото му се пожалил на официјалниот претставник на ЕУ за последните тензии и заострување на односите на релација Скопје-Софија. „Декларираните амбиции на Република Македонија за влез во ЕУ во позадината на ескалацијата на антибугарската кампања во земјата, што доведе до злосторства од омраза, како што се палење и пукање врз бугарските културни клубови и насилство врз македонските Бугари и бугарските граѓани, беше меѓу ставовите искажани од Радев“, информираат од прес-центарот на бугарскиот претседател. Ваквиот епилог на настаните следува после претепувањето на генсекот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Тој по излегувањето од болницата во Софија вчера се сретна токму со Радев. Бугарскиот претседател упатил честитки до мајката на Пендиков, како што се вели во официјалното соопштение, што одгледала достоен син, а на македонскиот државјанин со бугарска самосвест за храброста да го одбрани своето бугарско име. Според него, „односот на Македонија кон злосторствата врз македонските Бугари е од клучно значење не само за билатералните односи, туку и за европската перспектива на земјата“.

The post Радев денеска преку видео-конференциска врска му се пожалил на Мишел за „антибугарската кампања“ во Македонија appeared first on Република.

]]>