Мишел Павловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mishel-pavlovski/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Nov 2023 08:11:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мишел Павловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mishel-pavlovski/ 32 32 Мишел Павловски ќе ја промовира „Траума и театар: Горан Стефановски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mishel-pavlovski-ke-ja-promovira-trauma-i-teatar-goran-stefanovski/ Fri, 24 Nov 2023 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=715730

Културно информативниот центар – Скопје ја организира промоцијата на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски на 29 ноември во 10 часот во Салон Империјал 2. Книгата ќе ја промовираат Емил Ниами и Мишел Павловски.

Мишел Павловски е редовен професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговото поле на истражување вклучува културолошки студии, студии за медиумите и студии за театарот. Раководител и главен истражувач во проектот „Македонската литературна дата база“. Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Спектар“(2010-2012). Еден од оснивачите и член на Редакцијата на меѓународното научно списание Култура/Culture. Коуредник на книгата Креативни економии: Нови знаења за нови иницијативи (2014). Ги има објавено следните трудови: Од првична идеја до држава (заедно со Јован Павловски, 1993), Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1996), Чиста игра: биомеханиката во режисерскиот систем на В. Е. Мејерхољд (1998), Театарот и митот (2005) и Тесписовите светови (2014). Член на Друштвото на писателите на Македонија. Член на претседателството на ДПМ и негов секретар за внатрешни активности. Мишел Павловски е добитник на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за книгата Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1997) и колективната награда за наука „Гоце Делчев“ за проектот „Театарот на македонска почва“ (2003).

Книгата „ Траума и театар:Горан Стефановски“ на проф. д-р Мишел Павловски се бави со три исклучително значајни теми: културната траума, идентитетите и со театарот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски. Имено – со театарот на Стефановски, бидејќи Мишел Павловски не го анализира и не го обработува само драмскиот текст на Стефановски туку драмите ги разгледува во нивата севкупност со театарската претстава. Ова е една важна карактеристика на трудот на Павловски: театролошкиот пристап во обработката на темата. Втората значајна карактеристика на ракописот на Мишел Павловски е културолошкиот пристап кој е присутен низ целиот ракопис и кој му дава белег на ова дело. На тој начин, комбинирајќи ги теоретските и методолошките премиси на културологијата и театрологијата, Мишел Павловски создава оригинално, сериозно и пред сè и над сè квалитетно дело кое се базира на цврсти и современи теоретски основи.

Натаму, треба да се одбележи уште еден теоретски дискурс кој Павловски го користи: прашањата на траумата и на културната траума, кој во светската теоретска мисла е многу актуелен последниве години.

The post Мишел Павловски ќе ја промовира „Траума и театар: Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>

Културно информативниот центар – Скопје ја организира промоцијата на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски на 29 ноември во 10 часот во Салон Империјал 2. Книгата ќе ја промовираат Емил Ниами и Мишел Павловски. Мишел Павловски е редовен професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговото поле на истражување вклучува културолошки студии, студии за медиумите и студии за театарот. Раководител и главен истражувач во проектот „Македонската литературна дата база“. Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Спектар“(2010-2012). Еден од оснивачите и член на Редакцијата на меѓународното научно списание Култура/Culture. Коуредник на книгата Креативни економии: Нови знаења за нови иницијативи (2014). Ги има објавено следните трудови: Од првична идеја до држава (заедно со Јован Павловски, 1993), Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1996), Чиста игра: биомеханиката во режисерскиот систем на В. Е. Мејерхољд (1998), Театарот и митот (2005) и Тесписовите светови (2014). Член на Друштвото на писателите на Македонија. Член на претседателството на ДПМ и негов секретар за внатрешни активности. Мишел Павловски е добитник на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за книгата Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1997) и колективната награда за наука „Гоце Делчев“ за проектот „Театарот на македонска почва“ (2003). Книгата „ Траума и театар:Горан Стефановски“ на проф. д-р Мишел Павловски се бави со три исклучително значајни теми: културната траума, идентитетите и со театарот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски. Имено – со театарот на Стефановски, бидејќи Мишел Павловски не го анализира и не го обработува само драмскиот текст на Стефановски туку драмите ги разгледува во нивата севкупност со театарската претстава. Ова е една важна карактеристика на трудот на Павловски: театролошкиот пристап во обработката на темата. Втората значајна карактеристика на ракописот на Мишел Павловски е културолошкиот пристап кој е присутен низ целиот ракопис и кој му дава белег на ова дело. На тој начин, комбинирајќи ги теоретските и методолошките премиси на културологијата и театрологијата, Мишел Павловски создава оригинално, сериозно и пред сè и над сè квалитетно дело кое се базира на цврсти и современи теоретски основи. Натаму, треба да се одбележи уште еден теоретски дискурс кој Павловски го користи: прашањата на траумата и на културната траума, кој во светската теоретска мисла е многу актуелен последниве години.

The post Мишел Павловски ќе ја промовира „Траума и театар: Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>