мирување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miruvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 15:49:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мирување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miruvanje/ 32 32 Во мирување штрајкот на Струковиот синдикат на контролори на летање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-miruvane-shtrajkot-na-strukoviot-sindikat-na-kontrolori-na-letane/ Tue, 09 Jan 2024 15:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=731235

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ.

По одлуката на Владата го ставаме штрајкот во мирување. Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави за МИА Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Претходно, од Владата за МИА информираа дека на денешната седница е дадена насока на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорачала на Надзорниот одбор „М-НАВ“ за извршен директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ.

Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по инцидентот што се случи на 4 месецов со упад во оваа институција и напад на вработени, а претходно ССКЛ реагираше за спроведувањето на последниот оглас за вработување во М-НАВ од страна на раководството.

Во М-НАВ од денеска проверки врши Управата за финансиска полиција.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти, отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Претходно ССКЛ побара директорите да си поднесат оставки или да бидат разрешени од Владата, која најави соопштение за денешните одлуки.

 

The post Во мирување штрајкот на Струковиот синдикат на контролори на летање appeared first on Република.

]]>

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ.
По одлуката на Владата го ставаме штрајкот во мирување. Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави за МИА Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.
Претходно, од Владата за МИА информираа дека на денешната седница е дадена насока на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорачала на Надзорниот одбор „М-НАВ“ за извршен директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ. Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по инцидентот што се случи на 4 месецов со упад во оваа институција и напад на вработени, а претходно ССКЛ реагираше за спроведувањето на последниот оглас за вработување во М-НАВ од страна на раководството. Во М-НАВ од денеска проверки врши Управата за финансиска полиција. За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти, отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Претходно ССКЛ побара директорите да си поднесат оставки или да бидат разрешени од Владата, која најави соопштение за денешните одлуки.  

The post Во мирување штрајкот на Струковиот синдикат на контролори на летање appeared first on Република.

]]>
Штрајкот ставен во мирување: Со обидот да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе ќе ги оштетевте матурантите, му пишаа од ДИЦ на министерот Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-staven-vo-miruvane-so-obidot-da-realizirate-matura-bez-vkluchenost-na-vrabotenite-na-dits-vie-ke-ke-gi-oshtetevte-maturantite-mu-pishaa-od-dits-na-ministerot-shakiri/ Fri, 12 May 2023 11:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=640108

Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување.

Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура - процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.

Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.

Со ова известување штрајкот се става во мирување!, наведува СОДИЦ во пораката до матураните.

Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци.

Според инфорамциите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на првиот екстерен испит на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар на вработени од МОН, за да може да ги завршиме работните задачи, рече Шаќири.

Во пораката до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, подвелекуваат дека сите негови досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дале на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.

Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, му порачува Синдикатот на Државниот испитен центар на министерот Шаќири.

Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопираше сите процеси за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура која треба да почне на 27 мај.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-mora-i-ke-se-polaga-na-27-maj-kako-shto-e-predvideno-so-rokot-reche-ministerot-za-obrazovanie-shakiri/

The post Штрајкот ставен во мирување: Со обидот да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе ќе ги оштетевте матурантите, му пишаа од ДИЦ на министерот Шаќири appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување. Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура - процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата. Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.
Со ова известување штрајкот се става во мирување!, наведува СОДИЦ во пораката до матураните.
Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци. Според инфорамциите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на првиот екстерен испит на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар на вработени од МОН, за да може да ги завршиме работните задачи, рече Шаќири. Во пораката до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, подвелекуваат дека сите негови досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дале на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.
Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, му порачува Синдикатот на Државниот испитен центар на министерот Шаќири.
Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопираше сите процеси за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура која треба да почне на 27 мај. https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-mora-i-ke-se-polaga-na-27-maj-kako-shto-e-predvideno-so-rokot-reche-ministerot-za-obrazovanie-shakiri/

The post Штрајкот ставен во мирување: Со обидот да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе ќе ги оштетевте матурантите, му пишаа од ДИЦ на министерот Шаќири appeared first on Република.

]]>
Постигнат е договор за платите во „Пошта“, штрајкот е ставен во мирување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/postignat-e-dogovor-za-platite-vo-poshta-shtrajkot-e-staven-vo-miruvanje/ Wed, 26 Oct 2022 13:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=565954

Протестот во националната Пошта да се стави во мирување, платата за септември да се исплати најдоцна до задутре, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15-ти во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски.

За исходот од средбата преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата.

Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти на Република Македонија, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.

– Владата на Република Македонија ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти на Република Македонија, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти.Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение.

Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата.

На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протетест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов.

Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти на Македонија, стои во соопштението.

Вработените во националната „Пошта“ пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

The post Постигнат е договор за платите во „Пошта“, штрајкот е ставен во мирување appeared first on Република.

]]>

Протестот во националната Пошта да се стави во мирување, платата за септември да се исплати најдоцна до задутре, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15-ти во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски. За исходот од средбата преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата. Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти на Република Македонија, согласно со измените во Законот за поштенски услуги. Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.
– Владата на Република Македонија ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти на Република Македонија, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти.Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение.
Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата.
На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протетест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов.
Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти на Македонија, стои во соопштението. Вработените во националната „Пошта“ пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

The post Постигнат е договор за платите во „Пошта“, штрајкот е ставен во мирување appeared first on Република.

]]>