мировници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirovnici/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 08:51:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мировници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirovnici/ 32 32 ЕУ: Напади врз мировниците на ОН е кршење на меѓународното право https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-napadi-vrz-mirovnitsite-na-on-e-krshene-na-megunarodnoto-pravo/ Wed, 30 Oct 2024 08:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=832305

Европската Унија го осуди вчерашниот ракетен напад врз припадниците на Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ), најверојатно извршен од движењето Хезболах или милитантна група поврзана со него, при кој беа ранети осуммина австриски мировници.

Нападите врз мировниците на ОН претставуваат кршење на меѓународното право и се целосно неприфатливи, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во името на Европската Унија.

Во изјавата се додава дека ЕУ го повторува својот повик до сите страни целосно да ги почитуваат обврските за гарантирање на сигурноста и безбедноста на персоналот на ОН во секое време.

ЕУ ја реафирмира својата непоколеблива поддршка на улогата на УНИФИЛ, додава Борел во изјавата.

The post ЕУ: Напади врз мировниците на ОН е кршење на меѓународното право appeared first on Република.

]]>

Европската Унија го осуди вчерашниот ракетен напад врз припадниците на Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ), најверојатно извршен од движењето Хезболах или милитантна група поврзана со него, при кој беа ранети осуммина австриски мировници. Нападите врз мировниците на ОН претставуваат кршење на меѓународното право и се целосно неприфатливи, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во името на Европската Унија. Во изјавата се додава дека ЕУ го повторува својот повик до сите страни целосно да ги почитуваат обврските за гарантирање на сигурноста и безбедноста на персоналот на ОН во секое време. ЕУ ја реафирмира својата непоколеблива поддршка на улогата на УНИФИЛ, додава Борел во изјавата.

The post ЕУ: Напади врз мировниците на ОН е кршење на меѓународното право appeared first on Република.

]]>
Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mirovnitsi-na-on-povtorno-napadnati-od-izraelskite-sili-vo-liban/ Fri, 25 Oct 2024 15:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=831040

Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нивните објекти повторно бил нападнат од израелската војска, јави ДПА.

Мировниците кои биле на дежурство во градот Деира набљудувале израелски војници, кои откако виделе дека се набљудувани, отвориле оган. Во друг инцидент во средата, медицински тимови биле нападнати при трансфер на пациент.

УНИФИЛ истакна дека ситуацијата во регионот ескалира, но дека мисијата продолжува со својата задача.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите актери да ја обезбедат безбедноста на персоналот на ОН,“ се вели во изјавата.

The post Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан appeared first on Република.

]]>

Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нивните објекти повторно бил нападнат од израелската војска, јави ДПА. Мировниците кои биле на дежурство во градот Деира набљудувале израелски војници, кои откако виделе дека се набљудувани, отвориле оган. Во друг инцидент во средата, медицински тимови биле нападнати при трансфер на пациент. УНИФИЛ истакна дека ситуацијата во регионот ескалира, но дека мисијата продолжува со својата задача. „Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите актери да ја обезбедат безбедноста на персоналот на ОН,“ се вели во изјавата.

The post Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан appeared first on Република.

]]>
Шаленберг: Земјите членки на ЕУ нема да ги повлечат своите мировници од Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shalenberg-zemjite-chlenki-na-eu-nema-da-gi-povlechat-svoite-mirovnitsi-od-liban/ Wed, 16 Oct 2024 08:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=827448

Земјите-членки на Европската унија кои имаат контингенти во привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) немаат намера да се повлечат од јужен Либан и покрај повиците од Израел, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг.

Позициите на УНИФИЛ се под оган откако почна израелската копнена операција во јужен Либан против борците на Хезболах, а два израелски тенкови ја урнаа главната капија на една од нивните бази, соопштија Обединетите нации. Петмина мировници се повредени.

Шеснаесет земји-членки на ЕУ, вклучително и Австрија, придонесуваат за УНИФИЛ. Неодамнешните инциденти во Либан вознемирија многу европски влади.

Во неделата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да го повлечат УНИФИЛ „од упоришта на Хезболах и од борбената зона“.

-Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за ова прашање во понеделникот и немаат намера да ги повлечат војниците на север или надвор од земјата, рече Шаленберг.

„Немаше дебата за повлекување на војниците“, изјави тој.

Тие се таму за да останат, но безбедноста на нашите војници е најважна и мора да биде гарантирана од сите, рече Шаленберг, чија земја има околу 160 војници во УНИФИЛ.

Европските земји придонесуваат со околу 3.600 воен персонал во вкупниот персонал на УНИФИЛ од 10.000 лица.

Претставници на израелската влада изјавија дека „нивните сили не го нападнале намерно УНИФИЛ, туку дека Хезболах ги користел позициите на мировниците како покритие за нападите и Израел има право да одговори“.

Шаленберг рече дека Израел има право да се брани од Хезболах, но дури и ненамерните напади на мировните позиции се кршење на меѓународното право.

Постои јасно барање Израел да биде многу внимателен во врска со ова, рече тој.

The post Шаленберг: Земјите членки на ЕУ нема да ги повлечат своите мировници од Либан appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската унија кои имаат контингенти во привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) немаат намера да се повлечат од јужен Либан и покрај повиците од Израел, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг. Позициите на УНИФИЛ се под оган откако почна израелската копнена операција во јужен Либан против борците на Хезболах, а два израелски тенкови ја урнаа главната капија на една од нивните бази, соопштија Обединетите нации. Петмина мировници се повредени. Шеснаесет земји-членки на ЕУ, вклучително и Австрија, придонесуваат за УНИФИЛ. Неодамнешните инциденти во Либан вознемирија многу европски влади. Во неделата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да го повлечат УНИФИЛ „од упоришта на Хезболах и од борбената зона“. -Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за ова прашање во понеделникот и немаат намера да ги повлечат војниците на север или надвор од земјата, рече Шаленберг. „Немаше дебата за повлекување на војниците“, изјави тој. Тие се таму за да останат, но безбедноста на нашите војници е најважна и мора да биде гарантирана од сите, рече Шаленберг, чија земја има околу 160 војници во УНИФИЛ. Европските земји придонесуваат со околу 3.600 воен персонал во вкупниот персонал на УНИФИЛ од 10.000 лица. Претставници на израелската влада изјавија дека „нивните сили не го нападнале намерно УНИФИЛ, туку дека Хезболах ги користел позициите на мировниците како покритие за нападите и Израел има право да одговори“. Шаленберг рече дека Израел има право да се брани од Хезболах, но дури и ненамерните напади на мировните позиции се кршење на меѓународното право. Постои јасно барање Израел да биде многу внимателен во врска со ова, рече тој.

The post Шаленберг: Земјите членки на ЕУ нема да ги повлечат своите мировници од Либан appeared first on Република.

]]>
Мировните сили на ОН во Либан, меѓу кои има српски војници, не сакаат да ги напуштат своите позиции по барањето на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mirovnite-sili-na-on-vo-liban-megu-koi-ima-srpski-vojnitsi-ne-sakaat-da-gi-napushtat-svoite-pozitsii-po-baraneto-na-izrael/ Sat, 05 Oct 2024 17:29:07 +0000 https://republika.mk/?p=823130

Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), во чии рамки има значителен контингент српски војници, соопштија дека нема да ги напуштат своите позиции на југот на земјата и покрај, како што велат, израелското барање за „преместување“.

На 30 септември, ИД (израелската армија) го извести УНИФИЛ за својата намера да преземе ограничени копнени упади во Либан.

Тие, исто така, побараа од нас да се преместиме од некои од нашите позиции“, се вели во соопштението на привремените сили на ОН во Либан.

Во соопштението се додава дека „мировниците остануваат на сите позиции, а знамето на ОН продолжува да се вее“.

The post Мировните сили на ОН во Либан, меѓу кои има српски војници, не сакаат да ги напуштат своите позиции по барањето на Израел appeared first on Република.

]]>

Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), во чии рамки има значителен контингент српски војници, соопштија дека нема да ги напуштат своите позиции на југот на земјата и покрај, како што велат, израелското барање за „преместување“.
На 30 септември, ИД (израелската армија) го извести УНИФИЛ за својата намера да преземе ограничени копнени упади во Либан. Тие, исто така, побараа од нас да се преместиме од некои од нашите позиции“, се вели во соопштението на привремените сили на ОН во Либан.
Во соопштението се додава дека „мировниците остануваат на сите позиции, а знамето на ОН продолжува да се вее“.

The post Мировните сили на ОН во Либан, меѓу кои има српски војници, не сакаат да ги напуштат своите позиции по барањето на Израел appeared first on Република.

]]>
Лавров: Испраќањето мировници во Украина, ќе доведе до директен конфликт меѓу НАТО и Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-isprakjanjeto-mirovnici-vo-ukraina-kje-dovede-do-direkten-konflikt-megju-nato-i-rusija/ Wed, 23 Mar 2022 09:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=477015

Испраќањето мировници на НАТО во Украина би довело до директна конфронтација меѓу руските вооружени сили и алијансата, изјави шефот на руската дипломатија Лавров.

Говорејќи пред учениците и наставниците, Лавров рече дека преговорите со Украина се тешки, бидејќи Киев постојано ја менува својата позиција.

Русија ќе бара од Украина да го укине законодавството насочено против населението што зборува руски“, додаде тој. Лавров се осврна и на напорите на Западот да испорачува оружје во Украина, велејќи дека Западот очекува да ја задржи Русија во состојба на непријателства што е можно подолго.

Сегашната русофобија во западните земји е пресуда на западната цивилизација“, додаде тој. Зборувајќи за санкциите што Западот ги воведе кон Русија, Лавров рече дека замрзнувањето на резервите на руската централна банка на Запад стана „обична кражба“.

The post Лавров: Испраќањето мировници во Украина, ќе доведе до директен конфликт меѓу НАТО и Русија appeared first on Република.

]]>

Испраќањето мировници на НАТО во Украина би довело до директна конфронтација меѓу руските вооружени сили и алијансата, изјави шефот на руската дипломатија Лавров.
Говорејќи пред учениците и наставниците, Лавров рече дека преговорите со Украина се тешки, бидејќи Киев постојано ја менува својата позиција.
Русија ќе бара од Украина да го укине законодавството насочено против населението што зборува руски“, додаде тој. Лавров се осврна и на напорите на Западот да испорачува оружје во Украина, велејќи дека Западот очекува да ја задржи Русија во состојба на непријателства што е можно подолго. Сегашната русофобија во западните земји е пресуда на западната цивилизација“, додаде тој. Зборувајќи за санкциите што Западот ги воведе кон Русија, Лавров рече дека замрзнувањето на резервите на руската централна банка на Запад стана „обична кражба“.

The post Лавров: Испраќањето мировници во Украина, ќе доведе до директен конфликт меѓу НАТО и Русија appeared first on Република.

]]>