мировни сили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirovni-sili/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 09:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мировни сили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirovni-sili/ 32 32 Неприфатливо е да се пука кон мировниците, велат од САД и Европа осудувајќи ги израелските напади во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neprifatlivo-e-da-se-puka-kon-mirovnitsite-velat-od-sad-i-evropa-osuduvajki-gi-izraelskite-napadi-vo-liban/ Sat, 12 Oct 2024 09:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=825803

САД и европските држави го повикаа Израел да ја осигура безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица беа повредени во израелски напади во јужен Либан изминатата недела.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „апсолутно“ бара од Израел да престане да пука кон мировниците, по вториот напад врз персоналот на силите за два дена.

Во телефонски разговор со неговиот израелски колега, американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја истакна „важноста од обезбедување на сигурноста“ на силите на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, соопшти Пентагон.

По неколкунеделните засилени напади врз либанската милитантна група Хезболах, Остин исто така го повика Израел „да се сврти од воени операции на дипломатски пат што е можно поскоро“.

И Европа упати остри критики кон Израел.

Лидерите на Италија, Франција и Шпанија во заедничка изјава изразија „гнев“ поради „неоправданите“ напади на Израел врз мировниците и побараа тие „веднаш да прекинат“.

Германското Министерство за надворешни работи ги нарече „неприфатливи“.

The post Неприфатливо е да се пука кон мировниците, велат од САД и Европа осудувајќи ги израелските напади во Либан appeared first on Република.

]]>

САД и европските држави го повикаа Израел да ја осигура безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица беа повредени во израелски напади во јужен Либан изминатата недела. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „апсолутно“ бара од Израел да престане да пука кон мировниците, по вториот напад врз персоналот на силите за два дена.
Во телефонски разговор со неговиот израелски колега, американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја истакна „важноста од обезбедување на сигурноста“ на силите на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, соопшти Пентагон.
По неколкунеделните засилени напади врз либанската милитантна група Хезболах, Остин исто така го повика Израел „да се сврти од воени операции на дипломатски пат што е можно поскоро“. И Европа упати остри критики кон Израел. Лидерите на Италија, Франција и Шпанија во заедничка изјава изразија „гнев“ поради „неоправданите“ напади на Израел врз мировниците и побараа тие „веднаш да прекинат“. Германското Министерство за надворешни работи ги нарече „неприфатливи“.

The post Неприфатливо е да се пука кон мировниците, велат од САД и Европа осудувајќи ги израелските напади во Либан appeared first on Република.

]]>
За Москва испраќањето меѓународни мировни сили во Украина би било „многу непромислено“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-moskva-isprakjanjeto-megjunarodni-mirovni-sili-vo-ukraina-bi-bilo-mnogu-nepromisleno/ Wed, 23 Mar 2022 13:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=477229

Официјална Москва го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање меѓународни мировни сили во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен конфликт меѓу руските војници и силите на НАТО.

Полска минатиот петок соопшти дека официјално ќе поднесе предлог за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.

Запрашан за иницијативата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека „тоа би била многу непромислена и крајно опасна одлука“.

Тој за време на конференцискиот повик им рече на новинарите дека секој можен контакт меѓу руските и силите на НАТО „може да има јасни последици што би било тешко да се поправат“.

Лидерот на полската владејачка партија, Јарослав Качински, минатата недела во Киев оцени дека „ е неопходно да се има мировна мисија на НАТО и можеби некои пошироки меѓународни структури, но одбранбена мисија која ќе дејствува на украинска територија“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска, исто така, го критикуваше предлогот во својот говор пред студентите и професорите на Московскиот државен институт за меѓународни односи.

Тоа би бил директен конфликт меѓу вооружените сили на Русија и на НАТО, кој сите не само што се обидоа да го избегнат, туку рекоа дека во принцип тоа не треба да се случи, додаде шефот на руската дипломатија

The post За Москва испраќањето меѓународни мировни сили во Украина би било „многу непромислено“ appeared first on Република.

]]>

Официјална Москва го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање меѓународни мировни сили во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен конфликт меѓу руските војници и силите на НАТО. Полска минатиот петок соопшти дека официјално ќе поднесе предлог за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО. Запрашан за иницијативата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека „тоа би била многу непромислена и крајно опасна одлука“. Тој за време на конференцискиот повик им рече на новинарите дека секој можен контакт меѓу руските и силите на НАТО „може да има јасни последици што би било тешко да се поправат“. Лидерот на полската владејачка партија, Јарослав Качински, минатата недела во Киев оцени дека „ е неопходно да се има мировна мисија на НАТО и можеби некои пошироки меѓународни структури, но одбранбена мисија која ќе дејствува на украинска територија“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска, исто така, го критикуваше предлогот во својот говор пред студентите и професорите на Московскиот државен институт за меѓународни односи. Тоа би бил директен конфликт меѓу вооружените сили на Русија и на НАТО, кој сите не само што се обидоа да го избегнат, туку рекоа дека во принцип тоа не треба да се случи, додаде шефот на руската дипломатија

The post За Москва испраќањето меѓународни мировни сили во Украина би било „многу непромислено“ appeared first on Република.

]]>